Тамам сакав да кажам имам една кутија uncle bens ама и поминал рокот, сега ич да не ми е криво што поминал. Малава се успа, големиов мрзлив на таблет ја уште помрзлива на телефон. Мм уште на работа поручек ќе биде отепан а мене ќе ми се оди негде Вчера излегов после работа со 2 другарки што не сме се виделе долго, убаво ми дојде. Они продолжија ја де прибрав, не ми држи повеќе од 2 саати во кафана а и мм почна со порачиња, до кај си, уште колку.... Ги најдов дома он легнал на спална двајцава скокаат врз него живо среќни, ги шетал им купил колачи ги напукал со благо ги направил хиперактивно во 8 вечер. И му викам што ти фали де, ме гледа исцрпено вика папсав Заспа ко бебе за 20м па го будевме. Немаат енергија маживе бре ко нас
Добар ден мајки Еве ме и мене. Пржам ручек, сакав да пишам што ама ми текна има мешиња па може стрв да ги фати. Јас не бев ич стрвна кога бев трудна, ама малата е многу стрвна ама не јадачка. Дури и во градинка ми рекоа многу е шланк како јас да не гледам. Многу слабо ми напредува од кога почна да лази само е во движење. Па рано прооди и не седе мирна. Претходната докторка и велам не напредува , добра е што сакаш па и ти си слаба , а сегашниот др вели не е уште под кривата значи во нормала е. Треба ли да дојде под за да превземе нешто Вчера малта будна во 3часот не мрдам да си презаспие не и не нешто си дува си збора ама не спие. Зимам во 3 и 30 ја галам и велам да спие и кога ја фаќам на вреќичката утоп. Пелената пак и пропуштила. Уште која не ја пробав , бидејќи спие со газето нагоре лом се прави. Најдобри ми беа памперс гаќите ама вчера потфлија. Не знам што да правам веќе.Ајде мени памперс боди, вреќичка, пиџами и до дека ја успав 4 и 30 стана. Пак се буди во 4 и 50 . Леле че се шекнев среќа брзу ја презаспав и спиевме до 8 и 40. Средивме стан уште WC ми остана да јадеме па може да одиме до Божиќниот пазар на 20 мин од нас. Не е голем како тој во центарот ама таму ми е страв од луди глави @Belabelinakinder вечна слава и за многу години нека е празникот @M&M стварно немаат енергија или така им одговара и мојот кога ќе ја почува малата после 2саати кома е спие Тоа мами нема ништо интересно кај нас се тоа па тоа. Имајте убав остаток од денот, ајде јас частам по едно мартини да се отпуштиме малку
Денеска денов помина како и сите други.Јас решив да перам прекривачи времево се расипа почна да врне дожд Се потскаравме со мм но јас бев во право.Понекогаш ми иди еден бокс да му удрам. Секој месец со синко сме по доктори сите педијатри не знаат веќе страм ме фаќа,,но јас многу сакам да одам да ги гледам..одам од мака. Еве како неколку денови му солзи десното око и почнува гурелчина да му собира.Ова е трет пат годинава што имаме проблем со очите.Премногу е склон на бактерии,понеделник треба одиме по резлутат од контр.брис од нос. Вечерва или утре треба да одиме до кај баба ми да ја однесеме баклавата,(славата му е понеделник)и реков на мајка ми јас ќе ја направам брза е.Нема да канат луѓе само ние и брат ми ќе бидиме. Ѕверчево се разбуди. Имајте убав остаток од денот
Fala na info, iskreno ne sum znaela. Dobro e sto sum go zamenila so toj na zlatno polje ili kako i da se vika )) poentata mi bese instant da bide, obicniot se lepi, pa ne e tolku uspesno rizototo
@stevemila мм гуглаше и има многу статии за овој "проблем". Според некој психолог до 6тиот месец бебето мисли дека е единка со мајката и затоа ја бара нејзината топлина, мирис.. со секое спуптање во креветче бебето мисли дрка е "напуштено". Кога го оставаме да плаче, тоа "тестира" дали некој ќе дојде или е осѕавено само. Да се чудиш Едно понудено решение е (ова ние го пробавме) да се загрее со топло шише креветчњто пред да се спушти бебето. Така ќе му се "задржи" топлината која ја има од мајката и ќе мисли дека не е само. Ние дополнително шишето го допревме до него Човек мора да се снаоѓа
Мајки да ве поздравиме... Да искористам малата додека спие,мислам дека од кога сме дојдени око не сум склопила,е ако де 33 години мислам ги отспав,доволно е Имам помош од мм оној дел кога не е на работа,од свеки,ама ете беба си бара мајка. Успешно се доиме,најголем проблем ми беше додека дојде млекото,помина патронажната сестра па ме упати како треба,сега е полесно.Остатокот се измолзувам,ама денес забележав мали мозолчина околу брадавицата,незнам дали од вакумот на пумпата би можеле да бидат. Тоа мајки 1 пат сум во темава,се сакам да пишам,а истовремено и незнам што да пишам..засега доволно е ве
Еве не и нас. Бебе заспа околу 6, па дождов и мене ме примами на дремка. По некои 45мин бебе побара цице, цицаше и заспа пак врз мене. Не го спуштив во креветче. Лежиме во темница, единствени звуци се дождот и неговото спокојно, рамномерно дишење. Уживам. Неговото мало телце го топли моето. Совршено е. Денот помина во шетање и пазарување. Вечерва ако дозволи синко ќе гледам филм... Тоа мами на кратко. Среќна слава на тие што чекаат. Среќен роденден на роденденковците и топло добро дојде на новите мами во темава
Морам да пишам додека не се скарам со сите да избројам до 10 пред нешто да кажам Отидовме на гости прд одењр го надоив и го оставив со баба сервис и ете ги за саат ми звонат беба плаче и не престанал како сме излегле и марфи ние доаѓаме оно спие и сега ќе седеме ќе гледаме звезде гранда наместо малку да се релаксирам ама моја грешка од сега со нас нема оставање,памет за друг пат.
Јас ја дојам и оставам шишенце со млеко пред да излезам. Најмногу што сум била излезена без неа е 2-3часа.
Dobre dojde vo svetot na majkite Eve pak se najdovme niz forumov Ti blagodaram za poddrshkata site ovie godini, do tebe i malata princeza
Здраво најубаво друштво, прво да се пофалам после незнам колку време синоќа бевме на гости. На мм му се заарни, на маса со мезенце, жеатоко и погоден муабет во 12 едвај го кандисв да си одиме, се гледа дека одамна не бил на гости, ми стана непријатно луѓето со бебе се. Од др страна ме фати нерва јас по детево тој ниту да трепне, нареден пат сам нека си оди по гости, јас не сум во план во детска со деца цела вечер кловн да бидам, и јас сакам муабет со возрасни хихих. Сабајле верувале или не си поспв, девојката стана, мм ја симна кај свеки а јас си поспав до 09:30, и убаво ми дојде. Цел ден чистев, перев завеси, генерално чистење за 2017 последно. До вцто не стигнав него утре ќе го средам. Да се пофалам и торта направив, тоа што купив хопла за солени работи е др проблем, среќа имаше од на свеки залихите шлаг крем па се најде. Некако овој мој маж почнува да ми се подзанесува, се по негово да е, ќе треба да стегам узди изгледа. Тоа е женски, девојката заспана е да одам да пуштам уште една машина па да спијам, се надевам од утре ќе почнам да учам. Поздрав.
Денес се фатив во една ситуација која ме натера да се преиспитам за некои постапки во комуникацијата со ќерка ми. Ќе споделам со вас неколку примери кои ќе се трудам во иднина да ги применувам: - Кога му се обраќаат на детето не одговарајте во негово име (доколку знае да зборува) оставете го да се искаже - Кога не сака да комуницира со некоја личност позната или непозната не го терајте, - не барајте од него да ги забавува гостите или пријателите, да танцува или да пее, нека го направи тоа спонтано ако така се чувствува, - кога плаче надвор од дома без разлика на причината гушнеме го силно и заштитете го Размислував и свативме дека ние како родители во некои ситуации сакајќи да му помогнеме на детето му правиме лоша услуга, му наметнуваме ограничувања и однесувања кое ние мислиме дека се исправни пред да дозволиме самото да се искаже.
Дечкото конечно заспа Мм отиде на вечера со колеги од фирмата, јас сама со тел. во рака плус телевизор друштво да ми прави Туку, детето ми се разболе. Така нема кашлано никогаш до сега, буфта со сета сила, срце ми се кине кога го слушам. Направив некои природни лекови што прочитав, го туширав да му олесни малку. Утре ако не се подобри состојбата ќе мора антибиотик изгледа @BirMelek среќен роденден на малата, само радости да ви дарува! @mal.ecka добредојде мајка, само за убавини да се читаме. @stevemila слободно може да ја прогласиме за најплачка на форумот (тоа дека во другите теми на сите слики плаче) Може има грчеви, не знам што ти вели педијатарот ама обично менуваат, нема се да биде ваква плачка, ќе видиш Добра ноќ жени!
Синко спие ама јас будна инсомнија ме спопадна а уморна и настината сум.Две години откако останав бремена а и уште дојам користам само парацетамол.Настинка парацетамол глава ме боли парацетамол мозок ме боли парацетамол мислам дека нема да сакам да го видам во наредните пет години.Кога сум веќе кај доењето сакам да го одбијам приметувам дека ми е постојано на града ама само ради игра или пак му делува смирувачки или едноставно навика.Сака да седам гола и ме пипка влече си игра ме гали на гости раат неможам да седнам а да не ме влече за цицање.Незнам како ќе го изведам тоа се наоѓам како пред се јас сум психички неспремна а од друга страна пак ми ствара нервоза да ме влече цел ден и си мислам повеќе ќе има апетит ако не цица.Можеби и ќе почне да преспива цела ноќ ма да само мислам не сум баш најоптимистична.После две год конечно се шишав коса до газ а сега до рамена,ама ако ми паднаа шест кила од глава.Другото секој ден е дежаву.Ми дали мм до мене ми фалат пари ми фали да шетнеме негде без да гледаме на саат оти мм е секој ден на работа.И да и за нова година ќе биде ма да не го прифатив тоа којзнае колку трагично.Убава ноќ
Што се сторивте мајки, се распишавте, едвај стигнав да ве дочитам. Новите мајки се освежување во катчево, да ти е мерак да читаш. Патем добредојде на @kukla21 и @mal.ecka , да ви се живи и здрави принцезите, само радости да ви носат! И на врсничката наша од @BirMelek , СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, голема да расте и ко што рече некој, повеќе да јаде за да не ја нервира мама! Секој ден неделава почнувам пост, ама никако да го довршам. Ноќна смена, си доаѓам сабајле во 07 ипол и само се молам синко да спие за да легнам и јас до него да отспијам 1-2 часа. Неделава беше умен, 4 од 5 дена го начекував како уште спие, па си поспивавме до кај 9ипол-10. После стануваме, се пресоблекуваме, му спремам за доручек и го хранам па го давам на баба и дедо да го прошетаат на свеж воздух 1 час, а јас за тоа време му го спремам ручекот и потсредувам нешто низ дома. Откако ќе завршам нему веќе му дошло време за спиење па го успивам и легнувам со него. Спиеме уште 2-3 часа заедно, таман во меѓувреме си доаѓа мм од работа, па откако ќе станеме го превзема синко и го храни, а јас пијам кафе на раат. Потоа си играме сите тројца низ дома или одиме до град да испазариме и пак дошло време за работа. Од спиење толку, секој ден по 4-5 часа, жива ненаспана сум, почетокот на неделата некако се издржува, ама веќе на крајот сум ептен раздразлива и нервозна и со секојдневни главоболки. Од градинка и кај нас уште нема одговор, можеби после Нова Година ќе го примат, од една страна едвај чекам да го примат да се вратиме во колосек, највеќе ми е за на работа, им го реметам редот на колегите со тоа што не одам 1ва смена, а од друга страна ич не ми се пушта, уште е мал, барем да прооди и да почне сам да јаде.... Тоа е друшки, имајте убава недела, шетнете некаде на чист воздух, еве и јас се мислам каде да го спотерам утре мм!