Здраво и од мене конечно да напишам нешто и јас да се исповедам славата помина напорно со спремање со гости на јагнево мое се му се изремети затоа денес куферите и кај мајка ќе останеме до вторник по иницијатива на мажот ми срцка е кога е ваков ми вика остани што ќе правите сами дома по цел ден тој ќе работи по цел ден да заврши со работа за ова година. Дури малку ме разгали синоќа излеговме сами па ми купи чизми а претходно ми даде пари да се почастам па си се подновив секако и за јагнето мое мора да се купи елката ја накитив стигна и подароците од тетките и стрината и така мами па кога ќе си појдиме ќе правиме фото сесија и ќе носиме пакетчиња за внуците тука е премногу ладно. Јагнето ми заспа во 7 душиче не е спиено како што треба може да спие до сабајле а може да стане овие три дена спие по цела ноќ не се буди ни за јадење ајде доста е за денес пишување
Убава вечер мајки. Кога и да тргнам да пишам бебе се буди па сега мм го чува за да пишам. Последен пост пред 12 дена. Добра сум. Мислев дека сум за на психијатар, но кога ве прочитав сфатив дека лесно ми е мене. Мирно бебе, си игра само, најмирно е кога лежи на стомаче, мислам цел ден може така да лежи и да си игра, но го земам да го прошетам низ стан и поиграм. Веќе два месеци плаче преку ноќ, може на два три саати ама мене ми се чини какко на две минути да плаче, многу ми беше тешко на почетокот ама се навикнав некако иако уште не открив зошто плаче, а претходно ја спиеше цела ноќ без будење, најнаспиена мајка бев. Брзам па нема да пишам се што сакам, но ајде накратко колку да ме има. @vitamina пред некое време те читав со депресивен пост, посилна ми изгледаше во сите претходни постови. Се надевам подобро си, немам прочитано неколкку страници наназад. Не чекајте времето да помине бидејќи ќе го барате да се врати ама нема да може.
Добро вечер Денов убаво тргна, ама неубаво заврши. Бебе прееска ми крена температура. Имаше 38.2, го избањавме и сега пред да заспие му измерив 37.5. Прв пат во овие пет месеци ми качува температура и малце сум исплашена . Цела ноќ ќе дежурам. Се надевам утре ќе биде подобар.
Хелооо. Постов беше почнат со добро утро и кафе а тоа дошло ноќ. Па ајде добра вечер. Среќна слава и имендени на сите што слават. Среќни родендените на куклите на @BirMelek и @azelea @Mari* баткото прав лепотан Не дека имам нешто ново да кажам,туку да пишам некој збор. Четвртокот малиов крена тт и толку беше,петокот разгледувавме со маже станови или не ни одговара станот или не чини,тешко било човек и стан да си најде Петокот вечерта заминавме за кај моите,поминав убав и релаксиран викенд. Ама синко се раскашла,има шлајм,се дави повраќа. Кој што прави ние само болни @iki26 добре ни дојде во Гв и убав помин кај мајка. Засега толку од мене,се одјавувам со леѓенот во раце,чекам се закашлува синко а јас изигравам брзата птица итрица со леѓенот до глава Добра ноќ. Убави соништа И на болните побрзо оздравување.
@Arien еднаш му кажував дека е голем, дека бебињата мали цицаат, нема веќе се потроши и цел ден кажуваше нема цице, нема цице, се до вечерта ко дојде време за спиење и толку беше. Исто не сака кај други да заспива и да го оставам со некој, не заспива, ме чека да се вратам. Тешко ќе оди навистина, а се си мислев до втората година одбиен ќе е.
Добровечер од мене легната во кревет со ококорени очи. Сон не ми доаѓа, па наместо да слезам да месам кифли што и ми беше во план јас лежам бесцелно. А утре кога ќе станувам ќе си велам што не легнав порано И се оставив за утре. И кифли и пеглање и се. Мислиш утре детево книга ќе чита па јас ќе работам. После немам време, е па немам кога ме мрзи навечерСега кој знае до кога ќе дремам и филозофирам за животот Друго, сакам да излезам утре, ама нема бебе кој да чува, мајка на работа, свеки настината. Со мене да ја земам нема шанси на ладново и онака ми е страв од што бев настината, па најверојатно ќе си седам дома. А, да не заборавам, со мм службено разговарам, па и тоаси има влијание на се....Веќе не се расправам, само игнорирам, кажав јас, до нова година додека не тргнам на работа, се се врти околу ќерка ми, со неа играм, за неа готвам, гости не сакам на гости не одам Ај да пробам да спијам оти страв ми е и да помислите како ќе ми биде рано наутро
Добро вечер и од нас Синко и маже одамна заспани само кере никогаш да заспие,сега и текнало со топка да игра Јас си зедов кикиритки и ја гледам Секоја вечер истото...никогаш пред 12 да сме заспани Најтрагично ми е кога ке заспие и ке воздивнам,време е јас да легнам...еве го синко се активирал за цице па од како ке го нацицам се искакал,мењај памперс И се тоа преку ноќ,преку ден го нема да прдне полудеЌу Друго ништо Деновите ни поминуваат внатре,надвор ладно,снег а и замрзнато е па едвај одам ѓубре да фрлам За со деца не е да се излегува многу @tincemajmunce Ти благодарам ајде побрзо и ти со уште едно Добра ноќ мајки
Добро утроо. Ајде на кафе Прво за вас па потоа за колешки Синојка се наспав конечно со време си легнав. Малиот се будеше со плачки ама продолжуваше да спие. Ќе се разбуди ќе голтне млеко ќе заплаче и збуткан во мене ќе заспие. Претпоставувам заби. Се надевам барем дека е од нив. Инаку вака се си е ок. Весел си јаде си пие... Денес имам закажано на очно и тоа државно замислете успеав државно да закажам. Наравно, со врски. Да не претеруваме без, не до толку луксуз сега. Кај можеш без врски, та не си пензионер Во бременост уште приметив дека видот бетер ми се расипа и покрај наочари. И до сега ништо не превземав па ајде еве, сега предпразнично ќе одам. Јес да од октомври барав термин. Малце ми е шубе меѓу болен народ да не донесам нешто дома ама стискам палци, јак ми е имунитетот моментално, вајда нема За десетина дена нова година.. а некој ден претходно заминуваме во викендица. Едвај чекам мајки. И дете да диши и јас да поуживам. Се надевам само ќе имам мрежа да ви пишам од таму како е што е Натрупав на брзинка што се ми прелета низ ум и еве станувам да правам кафе Бидете арни сите, гушкајте се и ќе ве читнам подоцна. Убав ден!
Добро утро мајчички. Зедов кафе да си направам и ако бепка убаво нани, ќе го испијам целото. Секој ден е ист. Пелени, полни, празни, бриши газе, боја на како Ако е умна денес малата кукличка, сакам едно кругче да направам во сити мол. Ќе се чуваат со тато. @BirMelek се заљубив во тортата и масата. Толку убаво и елегантно! Нека е жива и здрава и секогаш во радост да сте. Честитки и на другите кои имале повод за славење. Имајте убав ден.
Dobro utro i od mene! Se vrativ od rabota pred malku, a denes sum 2ra i bas koga imam malku za spienje mene son ne me faka. A kaj i da e ke stane sinko... Vcera mu bese imenden, go odbelezavme denot, spremav rucek za najbliskite, drugi gosti nemav, si pominavme ubavo vo domasna atmosfera. Utre prodolzuvame so slavje Imajte ubav den mami! @azelea sreken rodenden na malata!
@snegulkata јас мислам дека ти нема да имаш толку проблем со немање време, особено затоа што едното ти е поголемко, оди во градинка, а и имаш помош. Јас мислам дека кај поголема разлика на деца повеќе е истакната љубомората, па можно е поголема мака да мачиш со тоа. Не сакам да ме сфатиш погрешно, само кажувам што мислам, иако не мора да значи дека ќе биде така. Мое мислење, исто така, е во било каква ситуација да не ги делиш децата. Мислам дека најголемата грешка што родотелите ја прават е кога едното дете го праќаат кај баби/дедовци многу често (дури и на спиење), за да избегнат непријатности или умор. Мислам дека со почесто двоење на децата се продлабочува љубомората, а се нарушува и односот помеѓу дете-родител. Кратки раздвојувања се ок, позитивно влијаат. (Знам дека ти не сакаш секако да користиш многу баба-сервис, само сакав да напоменам и за другите мајки). Јас немам искуство со двоење, моите деца речиси и да не биле одвоени никогаш. Мене ми се како близнаци сега. Не само што се прават заеднички (јадење, пиење вода, играње, спиење, бањање...), туку и не можат еден без друг. Многу кратко уживаат сами, и одма ја бараат втората половина. П.С: денеска ќе си го земам теелефонот од сервис, па верувам поактивна ќе бидам. Ајде нека е добро утро!
Хелооуу Си се наспав до 08:00 часот.Една е мајка,многу си ја сакам. Свеж и чист воздух,кафе на маса и децата јадени. За мене ова луксуз е. Денес може ќе направам некој шопинг низ Гостиваров мој,на кафе со пријателки и уживанција. Татко ми си игра со големата по цели денови а јас и мајка ми со бебушките. Само снег ни фали. @tincemajmunce добро ви дојдов, најубаво ми е овде. ММ дома сам е,ќе се снајде,ќе оди кај свеќи.Во Петок се враќам назад. Чаооооо
Добро утро мајки! Дојде зима, арно си беше топличко. Ја го испив кафето, јадев мусли ( сакам малку да се вратам во форма), се истуширав, испеглав коса, се спакував па чекам бебе да стане, ќе одиме кај моите, да го земам големиот од школо, ќе одат на претстава па договоравме со мајките кафе дур ги чекаме, ако седи малово со татко ми, зашто друг нема кој да го чува, баба му е на работа. Инаку и нас ни помина роденденот, ссега демек големи сме, сега сака да оди, само се исправа, станува од сегде и нема веќе работа низ дома со него. После роденденот, не можев да мрдам, другиот ден добив, следниот ми престана. Којзнае што се случува. Елката ја накитивме со големото, но кутрата не е баш донаредена со гранки и лампиони толку стасавме, ќе ја средам некоја вечер кога нема да се комирам со децава а богами и пред нив. Утре големото прави тест по математика, учевме, но многу ми е мака што немам време да му се посветам колку што ја сакам, а па од друга страна и велам може и поарно, побрзо ќе се осамостои. И ние со мм вчера се испокаравме, договорени да одиме на шетање во друг град, ја спремна спакувана и тој цело време се влечка, се матка, колку да помине време и да се изнервирам да речам не одиме. Можеше само да рече не ми се оди. Толку ме изнервира, му оставив деца и си излегов шетав 2 саата сама, Убаво ми дојде. Дури ни на слава не појдовме кај блиски луѓе. Епа, ако сакаше да кажеше а не само на мене да чека, па јас крива зошто вака зошто онака.Вака си легнав со се деца во 22 и чао. Незнам, веројатно хормони, постојана грижа и стрес околу децава, се на мене оставено епа и јас знам да пукнам. Да, работа има, мора да се работи но и јас имав еден живот едно време. Тоа е тоа, извинете вака што се изнажалив. Убав ден!
Хелоу Денес со подобро расположение сум, не сум наспана ама среќна што вчера беше почист воздухот и дома стигнавме во нормално време. Инаку се е стандард шема, мали е подобар со очињата, сабајле стана без залепени очиња и секрет и многу бев среќна Вчера ги гледам заедно си играат, се гушкаат, се бацуваат, што прави големата тоа и малиот по неа и конечно почна да ги вика дада и татеееее а јас пукнав од смеење како завлекува И ги гледам колку се во свој свет, никој не постои за нив дур си играат и душава ми се разнежни, како расте малиот се повеќе се согласуваат Пак на моменти има мала љубомора од страна на големата ама тоа се се поретки испади и се надевам дека во скоро време и ќе нема. Деновиве мама е растеретена, не ме бараат толку за играње, сами си наоѓаат занимација само има еден проблем, мали оди во кујна и отвара две плакарчиња и ги треска со сета сила на затварање, денес одам да најдам онакви пластики за да неможе да отвара веќе, не за друго, прстите може да си ги фати Убав ден да имате, среќен роденден на сите малишанчиња најубави, живи, здрави и среќни да се И да, со закаснување, среќна слава на сите што славеа и слават, за многу години нека е, а и среќен именден на сите (вчера пошто бев со китката на лева, заборавив да честитам )
Добро утро и од мене! Кај нас сонце , ама сепак студен , зимски ден каков што и личи на декември! Десетина дена пред Нова година, тапа расположение! Единствено малата е возбудена и нестрплива да го дочека подарокот од Дедо Мраз па секој ден проверува под елката! Ќе морам набрзо да го решам тоа и да купам конечно подарок за дете да биде среќно! Малата е во градинка, татко и ја оденсе сабајлето. Јас сум сама дома, допивам чај и се спремам за на работа! Денес ќе сум цел ден на работа, колешката си зема слободен ден... мириса на тежок и долг ден, ама нема чаре ќе морам да се наполнам со енергија и да издржам! @zuto Ти благодарам на искажаното миселње, и морам да кажам дека се согласувам со се што наведе. Детево ми е големко, самостојно во некои активности, плус оди во градинка, плус свеки ќе не посетува... така да нема простор за драматургии од моја страна. Ќе се организирам некако, ќе се најде начин! За дете делење од мене (мислам на големата) воопшто не помислувам, баш од причини што сакам да си ја задржам близината со големата дада и не сакам да се почувствува отфрлено. Јас дури планирам и еден месец од кога ќе се роди бебката да не ја пуштам во градинка, да остане дома за да и се радува на сестра си и да не мисли дека нејзе и е местото во градинка а на бебето до мене, ама ќе видам дали ќе можам ова да го изведам некако! Тема љубомора е во најава, , собирајте нерви да ме слушате, наскоро! Нема да ве поштедам од кукање и жалење и барање совети како да ги надминеме љубоморните испади на големата дада. Додуша, засега не сум приметила општо земено да покаже љубомора , ама ќе видиме како ќе гледа на сестра си, дали ќе ја доживува како ривал ! И така, долг пост излезе ова! Убав ви ден!
Кај нас и после полни 19 месеци знае кога ќе му кажам браво на малиот, ќе го погалам или гушнам , големата да отиде во ќош и да се мурти со скрстени раце па дури некогаш и да се расплаче. И до ден денес ми вика дека сака да спие со мене, дека не е фер со бато само и.т.н. Од една страна некогаш љубомора, од друга страна неможе без него и се дели со него, ако се две коцки чоколадо, обавезно една иде за бато. Почетокот се збунети, па малку љубоморни и после им се отвара душичката и имаат толку многу љубов кон братчето или сестричето, да се стопи човек. Јас ја оставив големата цело породилно со мене и не зажалив ниту еден ден, поубав период не сум имала мислам. И она задоволна зошто не беше тргната на страна и мене душата полна. Со поголеми деца е полесна адаптација на ново бебе. Стискам палци и ти ја пуштам целата среќа да биде се ок. И нормално каде, ако не тука да си се испукаш @danichap како сте мајче денес? Држи се и гали меше
Добео утро мајки @azelea @BirMelek нека ви се живи и здрави принцезите. @iki26 и јас би сега кај мајка. Користи ја секоја можност за посета и мала издишка. Јас на гинеколог, седам во чекална веќе пола саат. Го капнав брзајќи мм, да не касниме, а они не се штрекнуваат дека јас чекам. Големата ја оставивме во градинка, само 2 дечиња имало од нејзината група рече татко и. Ме удира страв да не префати нешто. Воспитачките му рекле на мм дека тоа заразата со пликови по телото владее во моментов. Она една недела скоро не одеше, со забите мака што имаше, па помислиле и она да не фатила нешто. Сега црни сценарија ми се вртат во глава. Она мора да е фит за снимањата во болница, јас трудна... Не ми се верува дека за некоја недела и малото ќе тргне во градинка. Душиче. Со две забчиња само, не миже ништо други освен пасирано да јаде. Сестра и имаше 20 заби, се си лапкаше со рачиња или непасирано. А појадокот сами им го спремаме на децата а ручекот ми рекоа не пасираат. Ќе мора и тоа од дома да спремам. Како ќе успеам сабајле двете да ги стокмам, дома да ги наранам, ранците со јадење за таму да ги спремам Се мислам денес да вметнам и посета на нуклеарна медицина во распоред. Упутот ми е до крај на месецов, ама еуториксот ми е на крај а и божиќ ќе фати тука. Сакам и посета до супермаркет за божиќното мени да докупам што треба. Во меѓувреме кев ме боцнаа и ме мереа. Пола кило мрднала вагата, барем една добра вест. Дека железото е слабо си знаев веќе. Сега цтг, преглед... аман, ќе заглавам тука. Убав ден мајки
Добро утро мајки. Ние станавме двајцата со кашлица, малово страшно кашла продуктивно, а и јас не сум добра. Па и ништо не прифаќа, ни спреј во носе, ни сирупче- од бршлен купивме вчера. Многу се нервирам. Мајка ми е и таа настината, а мм денес цел ден на работа. Па и на роденден сме во 17 во игротека, ама и откажав на мајката, не е добро вакви да одиме. Ќе однесам само подароче до врата. @danichap да не е се работи за коксаки вирус? Со пликови по тело, а и во уста исто се можни, од вирусот. На една година префати малово од детенце што одеше во градинка. Се надевам се ќе е во ред, пренослив е најмногу за време на инкубација, штом се дома дечињата, а не сте биле во контакт тогаш, нема многу шанси да префати. Со лесно на прегледите. Убав ден на сите.
Добро утро. Најпрво ќе им посакам добредојде во темава на @kukla21 и @mal.ecka се мислев синојка што заборавив да пишам ама дури сега се сетив. Ние со синко будни,тој гледа цртан јас да ве поздравам.Го чекам мм да стане да појадуваме и да излеземе малку. Синко подобар е,почнуваме дома,да се лечиме со чаеви,супи...... Отруено е детево од антибиотици. Да се пофалиме ги доби подароците под елка. Оставивме вечерта колачиња и чаша млеко да касне и да се напие кога ќе дојде заморен Дедо Мраз. Сабајлето срцето ми се преполни. Колку невини суштества се децата,и колку ситница може да ги израдува. Доби под елка багер,диносаурус со далинско и пакетче. Уште го држи еуфоријата и кому ќе стигне кажува дека дошол дедо мраз и што му донесол. За сега позз од мене. Одам да го будам маже доста му е спиење.