Добро утрооооо Кој спиел синојќа едно , за тие што не спиеле по две кафиња и гратис-баба сервис со кафето за да одморат Стандард, на работа пред правење кафе. Дете дома се рани со татко му , за доручек има овесни снегулки, мелен бисквит, козјо млеко, лажица мед и малинки. Ручекот готов му седи во фрижидер за после, од вечер го правам кога е нешто како зајче со тава, бидејќи ни мм ни баба не знаат да се снајдат околу тоа месо т,.е. страв им е. Не сфаќам ич зашто ама нема везе. Ние сме арни, вчера нешто ми се раскива ама гледам утрово ништо не му е. Денес се префрламе на телеком и конечно после година дена амин од бејби тв. Гледам кога одиме на гости и бејби бокс ги загледува па затоа сменив, инаку само ради него останавме на Близу. Сега мм ми врти-не го јаде ова вика, едвај третина изеде. Детево периодов се навлече на доручек-биксвити млеко и мед. Се надевам период е, како и да е менува. Синојќа дадов путер на кифла намачкан , читајќи ја @eleni27 дека нејзиното ручка така. Мислев дека ќе ме одбие ама не, си изеде се. Ред има од само почеток, не одбива ,ама ете, изгледа сака навики сам на себе да си створи па еден те ист доручек сака Не се бунам, дур јаде овошје за ужинка и ручек здрав и убав се е дозволено друго. Мајки ве поздравувам. Имајте убав ден. Ќе ве читнам подоцна
Добро утро на сите. Мојава вчера го доби првото пакетче ( од кај тато на работа ) и нормално се навечера кики бомбони . И така јас сигурна дека нема да јаде друго си направив јуфки со павлака кашкавал и кечап. Леле луѓе кога им седна, сама со лажица јаде ли јаде, на крај ми вика, сега весела си мамо? Ми идеше да ја изедам. Не сака да спие во градинка, зошто, како не знам, претходно си спиеше. Сега ќе ја земам порано па ја легнувам дома едно час, час и половина да си поспие, инаку будалите ја фаќаат. Убав ден на сите, јас денес ќе шеткам малку
Добро утро и од мене Конечно најдов малку време да шкртнам некоја реченица.Работава ме убива,турбо сме сега со празниците и работиме со еден слободен ден неделно.Ама смените катастрофа,бев трета,па од 20,па од 18,па од 12 денес и утре прва.Детето неможам да си го видамНе сум спиена со недели.... Се пожалив малку сега да го сменам текот на постот. Малата на градинка ја однесов со ранче на грбот дека сакала да биде како големите дади што одат на школо. Вчера ги сликаа со дедо мраз и немало плачки оваа година.Едвај чекам да ја земам сликата Се почесто сум изненадена од неа и веќе зборува како голем човек,во прво лицеПред тоа зборуваше во трето лице и беше многу смешна.Како поминува времето така се повеќе ќе ми фалат нејзините глупости. Подароци не добива многу,од моите,од чина и чичо,од две,три другарќи што сеуште не ми се мажени и од нас.На братучедите оваа година не давам.Лани се истрошив а они на мојата не дадоа ништо.На една колешка носев некни дека отидов на кафе и ми беше незгодно така да влезам а она има 10 годишен син, Детето битно се израдува.А и нема ништо поубаво од детската насмевка. Од нас доби табла за пишување,бебе,некои играчќи што сама ги одбра и алишта.Не беше нешто воодушевенаСеуште ме прашува кога ќе добие подарокПа така ке морам барем едно мало паќетче да и спремам. Да помине и јануари и да здивнам со трошоците,а не чекаат уште 2 родендена.Па за некој месец и на колата и е роденден(регистрација)па малку треба да стегнеме кесите Чекаме да има забава за децата на работа.Секоја година има на почетокот на јануари доаѓа дедо мраз и дели паќетчиња.Воедно и има музика се разбира детска и јадење.Децата многу се радуваат. Доста се изнапишав рано на сабалје,да чепнам некоја работа и да се спремам. Имајте убав ден...
Добро утро и од мене. Работава кај мене е ме нема ме нема па ќе се изгубам . Туку немам ни време ни сила. Синко по цели вечери само гличи и по цела вечер е на цице. Он си цица и си нана а јас жива не наспана. До кога ќе трае воа не знам веќе. Друго нема ништо некако нема ни предновогодишно расположение. Никој не знае каде за н.г. и така. Туку не ми се верува колку брзо си мине времево како некна да чекавме н.г. гледам на слики со меше а сега синко со нас ќе си чека . Јас на работа пијам кафе некако не ми се работи денес па ќе забушавам . Се распишав јас поздрав мамј и убав ден. Ве гушкам сите.
Добро утро мамички Иако секој еен ве читам редовно, се помалку наоѓам зборови кои би ги напишала Избегавам да ширам негатива Кога ќе се сетам каква мајка бев пред две години, си ги чував двете дечиња очекувајќи го третото, си бев stay home mum па со трите си имав ред дури и со торти работев .. Често си кукав како сум сама,без помош,само дома, но од денешен аспект сфаќам колку само биле убави тие денови . Ми фалат и искрено плачам за нив. Среќна сум што сум ги имала воопшто. Сега, постојано сме разделени, јас на работа тие во градинка, па деновите кога се кај татко им јас заспивам во солзи. И кога се кај мене веќе не е исто. Се смена се и децата се поинакви. Не сум секок ден во тек со нивниот живот. Не сум таа која ја чека ќерка си од школо. А прваче е.Не сум во можност секој ден да ја дотерам и да и ја исплетам косичката. Дури и кога е кај мене мора да ја пуштам во продолжен престој зошто до 16 сум на работа... Тешко ми е мамички
Ме расплака, ме трогна ептен со постов. Ах мајка, тебе ти е најтешко. Се надевам искрено и од срце ти посакувам да дојдат подобри денови за тебе и малечките твои и дека ќе успееш поголемиот дел од времето да си со нив Добро утро од мене. Ви кажав дека сум ненаспана? Мали пак почна да кашла ноќеска, не се сопре некое време, па кога се смири пак ајде ме чепка, ме гали и сабајле гроги. Плус вчера ми дојде црвената гостинка и многу ме боли стомак, го прележав цело попладне со големата под ќебе а мали се заигра со катна гаража и колички и дома беше мир и тишина, се надевам дека веќе ќе почне да се заигрува како вчера и ќе имам повеќе време за големата Ми вика вчера, мамо јас многу се радувам кога е вака, ајде вака секој ден да си седиме и да си разговараме На тема подароци, искрено не се замарам ич, кој донел, дали донел. Ние купуваме подароци за децата, ги ставаме под елка за да се израдуваат, од градинка имаат пакетчиња, а дедовците и бабите до сега или пакетчиња или играчки купуваат, ама и да не купат нема да замерам навистина. А, би ме изнервирал муабетот од луѓе дека е бебе па не јадело и затоа нема пакетче. Или не ми кажувај, или има опција и за бебе, играчка, облека, кашички и што уште не да се спакува во пакетче. Нова година дома ќе си ја поминеме, откако е родена големата се така славиме и не ми смета, напротив, вечер посветена само за нас Убав ден да имате, јас одам кафе да допијам и да засукам ракави, имам тон работа
Lili фала за кафето, благо, погодено за мерак. За пакетчиња, исто и јас одлучив, кој ќе донесе за моето и јас за неговото. Срам не срам, безобразно или не. Не е за пакетчето, за непочитувањето е. И моето е дете, и заслужува пакетче како и твоето. И не само за пакетчиња, општо за подароци важи истото! Тетка му вика, леле па кај вас ептен се замараат со тие пакетчиња, пффф кај нас пакетче готово направено ако ти донесе некој случајно, иначе нема такво притресување ко кај вас. Супер! Ич ништо немој да пратиш, за да не треба да се "притресувам" јас до година за твоето (наскоро треба да се породи инаку). Кај нас и кај вас ќе си играме? Не мила, пакетчињата се радост секаде во светот, него вас така ви чини Ај доста е за пакетчињата и подароците. Има милион дешавки, последната беше кога спремив две кеси големи за повојница за бебе од другари, родено 3 мес после моето. Додека бев трудна, што за мое и за нивно купував, поклон огромен спремив од кеиф, од срце сум купила се. Верувате дека се ми стои во шкаф и дека уште не сме биле? Се заинатив бидејќи во 8 мес они уште не најдоа време да дојдат малиот наш да го видат, не одам ни јас. Мм на неколку пати вика ајде нема везе, ние ќе им одиме. Реков, ако моето не е заслужно за почит, нема зошто нивното да го удостојувам. Zu ende, што викаат комшииве. И денес маж дома, ништо не работи и денес по градов, па ќе седиме дома. Ладно е премн за надвор да сме два три часа. Ќе шетнеме ама топло чоколадо внатре некаде ќе пиеме и ќе се топлиме. Ручек не правам, капната сум од умор и спремање. Вчера вечерта и гости имавме до 10ч. Се замуабетија мажите, винце си тегнеа, ние жени доилки со деца, влечи кафето и сокот добивме пакетче и од нив, играчки преубави, хулахопки, кашички, сокчиња, бисквитки, се и сешто. Одам за дете доручек да правам, а за нас бурек ми се пријаде, ќе го праќам мм да купи. Ама се распишав вчера и денес, не замерувајте @Надежна ме расплака, уште со три дечиња да ве дарува Бог! Buballe, викаше еден дедо: "Нема се така да е" и стварно. Не се секирај, ќе си дојдат работите на свое место, само биди силна! Убав ден мамаситааас
Добро утро мами! Денес сум катастрофа, немам за ништо сили, се разбудиив цела укочена, ушите ми се затнати, незнам што ми е. Веројатно има нешто, во последно време и желудникот навечер страшно ме боли, некои грчеви ме фаќаат, брзо огладнувам, а кога ќе каснам се осеќам прејадено.Веројатно е замор и стрес но ќе треба да си отидам и на доктор изгледа. Се осеќам малаксано, ми падна дрво од огнот, лом се направи., бебе истури бисквитчиња по тепих, се е хаос. Богами вака и ќе остане па да види мм што правам по цел ден ( нели се гледа само кога не правиш). Децата станаа си играат, јас уште си лежам, немам сила ич. НЕзнам како ќе се издржи денов. Никој не му текнува да дојде на помош. Ама ај. Инаку за пакетчињата, јас многу сакам да подарувам, онака убаво спакувано и со вкус одбрано спрема возраста. И за нова година, за велигден и за родендени. Но не секогаш сите се замарале и за моите деца. ЈАс никогаш не би однела поклон во обичен наклон,макар една панделка ќе ставам или нешто. Има и луѓе како мене, и искрено многу си го замараме мозокот. БАш на бебе може преубаво пакетче е малку поскапо е ама, има кашички, влажни марамици, крема некоја, мало паковање памперс, шампонче, пудра, тропалка ехе. Ај да одам,бебчо заврши работа да се мењаме памперс. Убав ден!
Го скокнав и петокот и понеделникот па да се искупам А ве читам сите до една секој ден. БуБаЛе само храбро, не можеме ни да замислиме како ти е воопшто, а камо ли за празници Карпа си, остани силна. Тука сме бар со збор. Јас како што и претпоставував уште не завршив со подароци купување ама не сум изненадена. Не можам да се изначудам додека читам дека на бебиња не се носеле подароци- не јаделе Па јас пакетче од продавница подарувам само ако нешто искрсне или непланирано излезе уште некое детенца а буквално се е затворено- на пример на 1ви па немам избор.На бебе да нема што да се купи??? Не ми е јасно. Оваа година имам и новороденчиња и 3-4 годишни дечиња и 9 и 14 и ... За сите е избран соодветен подарок и не мора да е поскап од пакетче. Не сум штедела на подароци ама па ни на моето не штеделе никогаш, Дури имам проблем со бабиве и теткиве зошто малку претеруваат. И моите пријателки никогаш пакетче со храна не му донеле. Не се сите исти ама ако не ти текнува ништо па еден пакет памперс купи- бебето нема појма ама мајката сигурно ќе се израдува Како и да е да привршуваме со темава подароци... освен тој за мене. Хахаха ми најавија дека и јас на 1ви под елка треба да барам. Се надевам дека не е секси долен веш... се чувствувам ко кит Инаку викендов беше lady's night после подолго време. Абе така ме мрзеше да се спремам и облекувам и шминкам па уште времево ладно и никакво, сакав само да останам во кревет и да си се гушкам со дете. Ама кога се мора... ете се издував и јас малку па следниот викенд пак да пробаме, да одржиме континуитет. Ми фалат понекогаш тие женски дружби. Уште не знам што за нова година и каде точно денски ќе се слави ама па ни немам време да мислам. Работно ич не го сакам крајот на годината и кој знае колку ќе може за празници дома да се остане. Се запишував а ќе сработев нешто Фемина ритуал не се прескокнува. Убав ден женски.
Еве и јас да пишам неколку збора. Мислев недела ќе биде порелаксирана од аспект на работа ама јок. Уште сум заглавена до гуша во работа. Сепак ме пукна некое убаво расположение. Дали е зашто малиов почнува да разбира и што и ние добиваме пакетчиња за под елка не знам ама убаво ми е. Инаку и јас чекав подолго време дете и носев пакетчиња на сите што имаат деца. Колку беше убаво толку беше и тажно тоа, барем за мене. Сега кога даваме пакетче добиваме едно назад. Секогаш правам пакетче од некоја играчка и плус нешто малку благо. Гледам и на малиов така му даваат благо и играчка. Ќе имаме чоколади за до наредна Нова Година по дома. Битно да се радува елката а и ние со неа.
Добар ден. Има сонце, се радуваме, најверојатно после ќе шетаме. Многу сакаме надвор да сме, иако во последно време, кога и да и кажам ајде да одиме барем д о продавница, не сака. Најверојатно навикната нон-стоп да е во овие 4 зида, сама со мене. Сите некако ми свртеа грб,и роднини и пријатели или подобро речено, квазипријатели. Кога ќе се сетам на колку братучетки децата им ги чував, на колку комшивки им ги забавував, а моето сега е само и осамено. Имам пишувано, значи ситуацијата не се сменила. Би се сменила само јас прва ако пак им вртам,епа доста. Во врска со пакетчињата,планираме и мало велосипедче да и купиме, па здравје ќе видиме. И за нова год, мм запнал да одиме, а не ми се оди, знам таму тие како што реков квази пријатели што ми имаат зборувано позади грб, а сега треба да глумам, дека се е ок...Нз како да му кажам дека не ми се оди, а даде веќе пари.Поздрав мајкички садовите чекаат
Сум купувала пакетчиња и сум правела, од убави поубави. Кога немавме деца за сите деца од блиски пријатели сум носела и тоа и пакетче и играчка или кога пораснаа пакетче и пари плус. За моево кога дојде ред сите не заборавија, доаѓаа со колку да се рече, нивните деца пораснати па заборавиле изгледа како е. Мојава на ситници се радува, едно лабелце во ќесата и ќе се подмоча од среќа ама на кој да му текне.... Реков годинава не се замарам, ниту гости ќе примам ниту ќе одам а мм како сака нека дава, ако мисли дека имаме пари за фрлање нека фрла.
Здраво од мене! И денес сум вредна, чистам низ дома, со алиштенцата на бебката се занимавам... Јас мамици се спремам за бебето, сакам навреме да сум готова! За пакетчиња, омилено ми е на ќерка ми да и спремам, зашо знам што точно сака, зашто знам колку ќе е среќна и знам дека со неа и јас и ММ ќе сме насмеани кога нејзе ќе ја гледаме возбудена заради пакетчето од Дедо Мраз! Вчера купивме кученцата Патролне шапе (во писмото до Дедо Мраз беше тоа пишано), плус пакетче едно со слатки работи. Ова ќе биде од Дедо Мраз и ќе и го дадеме за Нова година. Многу го сака Спајдермен па и земавме и голем еден колку неа Спајди, и вчера и го дадовме. Колку беше само среќна, дури ни кажа дека Спајди бил нејзин маж, со него ќе се мажела! За подарување пакетчиња на други деца и јас сакам и спремам, скормно, ама од срце дадено.
Добар ден и од мене. Сега го пијам раат првото кафе. Децава заспаа, големата во градинка, ММ на работа. Едвај чекам да почнат празнициве. Во Сабота ќе одиме кај моите, таму ќе бидеме за Нова Година. Поздрав цурици
Бубалке, колку само искрено ја опуша суровата вистина на животов кај нас во неколку реченици. Каков дојде животов, чивек да нема време за сопствените деца, и пак за нив, за нивна егзистенција, за подобро утре. И не, немој да се обвинуваш, да знаеш дека твоите деца се благословени со мајка како тебе, по неколку години ти ќе се гордееш со нив, зашти токму ти си успеала да направиш луѓе од нив. Ние денес чистиме низ дома, ме гризе нешто во душава, секогаш кога дете ќе рече дека го боли нешто. За прв пат ќе спремаме рибја чорба, посака дете од вчера пире, па денес да исполнам желба. Мм рече ќе се приберел порано. Ако стигнам, ќе тркнам до град и ќе спремам огромен пакет за дете,мм ќр мрчи ама не ми е гајле. Оревуар за сега
@Надежна да си уживаш со бебпка твоја и мажето,и ич да не ти е гајле за другиве.Прости се они,вклучувајки ја и свеки(ако добро те разбрав дека и она е во групата „немало што да се купи за бебе“ ).Сега е ВАШЕТО време! Е женски,со сите вас се преживувам како ве читам.Може само виртуелно пријателство е ова,ама секоја од вас си има лик кај мене во главаЧ) Него еве ме мене на работа,тегнам кафе.Има гужва пред НГ ама мора малку да одморам уз кафица за да бидам ефективна после Ви кажав нели,бебето ми го чува мајка ми вокомбинација со некоја од сестрите(која како има време во денот поминува за да и помогне бидејкимајка ми е жена со 7 операции!)Едвај себе се гледа,ама ете,мајчичка,не ме остави на цедило и ускокна со помош за синко.МАЈКА-една и единствена! А свеки..па добро она е зафатена...нели другово се роди,а ова моево од улица го прибравме...Ај да не трујам со нејзе и онака сум у добро расположење денес Пакетчиња спремив за сите што мислам ке ми дадат.Да,многу сум прерачуната,ама мене ако некој не ми го цени детето да му подари нешто,тогаш нема ја што да се наметнувам и да изигравам светец. Париве на картичката се стопија,платата се потроши.Требаше божем туш кабина да купиме ама тоа после НГ ,од наредна плата.А после и роденден на синко се ближи...Хммм треба добра рачуница да направам! А сакам уше некое џемперче на попуст да си купам. Тоа е мајки,од сите моменти што ме засегаат ви пишав..Исто ко на терапија да сум Ч)Ве поздравувам
Добар ден мами, Бебо конечно заспа. Едвај. Кенкаше се будеше раце ми капнаа од нишкање. Овој период само јас можам да го заспијам. Не знам дали е така кај вас што имате бебуши околу 4 - 5 месеци? Завчера го оставив кај моите да пазарам и никако не сакал да заспие, колку ми беше жал кога дојдов очињата црвени, само што го земав во раце заспа. Ни кај мм не сака. Претпоставувам дека е фаза. Се надевам ќе се смени пред да почнам со работа. Вчера убав денот па се изнашетавме на кеј со количката. Инаку за подароци ние добивме неколку, од една другарка преубав мек снешко со шалче и капа, од друга другарка балон дедо мраз со хелиум за на елка. Моите му направиле пакетче памперс, марамици, играчка. Од другата страна му направиле пакетче со еден куп кашички сокчиња чајчиња (не сме почнале со дохрана ама нема врска имаат рок тие), од сестра ми облека блузичка, пантолонки, така да греота е да се пожалам. И јас купувам пакетчиња за најблиските секогаш. За внуците со најголем мерак. Поготово за девојчињата има избор. Лани им направив комплети: мали ташнички внатре, стегачи, шноли, лабело, огледалце и лак за нокти. Абе во несвест паднаа срцки Еве го пак се разбуди, уффф. Поздрав
Добар ден Да искористам додека бебе спие. Денеска сме катастрофа. Цел ден бебе вришти од плачење, никако неможам да го оставам одма плаче. Спие во раце, све во раце. Многу плаче и тт има 37 со 7. Најверојатно запче му пробива. Прееска проверував како да ме грепка нешто. И мм си дојде од работа да ми помогне. Од 8 саат ми е во раце. Раце ми паднаа не е баш лесен. Сега некако го оставив во релаксатор да поспие се надевам кога ќе стане ќе биде по смирен. Му дадовме и малце сируп Далерон. Незнаев дека е волку напорно со забиве. Поздрав мамички да одморам малце додека спие
Хелло мамии Како сте? Ние арни.. ќере затната уште, веќе не се ни чудам.. да се надоврзам на темата. Доби она 2 пакетчиња, едно од жената што ја чува направено од нејзе, со работи што малата ги јаде и една играчка. И второто од градинка. Мајка ми и даде пари, знае дека не јаде многу благо па еда и купам што сакам. Бидејки има се што и треба (и нетреба) тие ќе и ги ставам на сметка. Од баба ми си доби растурено пакетче Стара жена купувала но не спакувала Од сестра ќе добие тек денес претпоставувам. Од другата сестра доби папагалче Од мене и мм ќе добие играчки-сложувалка, сет за докторка и еден друг сет со играчки(незнам како да го опишам) Иначе за нова година јас добив од мм црвен долен веш(постиран во соодветна тема) и планирав истиот да го облечам за новогодишна ноќ. Арно ама се најави другар му дека ќе дошол искрено се надевам дека нема да дојде. Колку и да звучи дека сум лоша, ќе ми расипе цела атмосфера. Он е сам, па со мм ќе се занесат во муабет а јас ќе треба да дремам. Знам дека и мм го мисли истото, но не можеше да му рече ништо. Другар му е од странство и нема никој тука па валда му падна жал.. Туку кажете вие што ќе им зимате поклон на вашите м?? Освен боксерки со новогодиен дезен друго не ми текнува
,Хахах ме изнасмеа бре,како филингот ти се срушил со вешот.Јас на мм пижами ќе му купам и онака му се излитени старите .Леле со ова пижамите отеков хаха.