Мајки среќна нова! Ви посакувам само да ви се здрави и живи малите, се друго е лесно и се надокнадува. Здравје пред се!!! Ме немаше зошто бевме за Маврово. Одлично поминавме си дојдовме денес и со последни атоми сила ви пишувам. Среќен роденден на кој му било, од мене за нг еве частам од пакетчињава кои се насобраа дури 8.. Повеќе утре ќе ви пишам
Срекна нова година мајки. Оваа да ни биде побогата, ние посрекни, а децата поздрави. Моиве заспаа во единаесет, па јас и мм си ја дочекавме, си честитавме и во еден нокта божикни колачи си правевме. супер испаднаа. Му викам сакам да ги направам, но не смеам сукалото од ѕверко да го извадам. И ми вика па ајде сега, спие,па ајде и така бидна, па затоа што и он работеше за четириесет минути беа готови. Денес од дома не мрднавме. Ваму таму и на крај никаде. Големиов од возбуда не легна да преспие попладнево и е не поднослив, па не сме за гости, на нос ке ни излезат. А возбуден е затоа што цел ден е претрпан со нови играчки и куп пакетчиња. Не можам да му ја заборавам фацката сабајле кога ги отвараше поклоните од нас ( дедо мраз не го сака и се плаши, па поклоните се од мама), па дојдоа едни гости, втори гости, па нешто ни пратија по мајка ми. И сега сме пооооолни. Собра околу дваесет пакетчиња и само ги вади и реди по кревет што има и скоро ништо не отвара. Некој се убави, ама некој боже сачувај некои производи и чоколада во уста што не се ставаат со сомнително потекло каде ли се продаваат, срека што не ги јаде. Убави празници мајки.
Среќна нова и од мене мајкички  Со оглед на тоа дека работам со болните кој се борат со најлошата болест со тек на годините научив дека најбитно од се е здравјето, затоа во новата година ви посакувам пред се здравје друго се по ред само ќе си дојде  Ние убаво поминавме бебе умно беше малку плачеше ама дека му се спиеше, а несакаше да заспие сe дур не си дојдовме дома. Денес на гости на ручек ступанети од јадење, ај се тешам после празниците диета @Lolipop23 Среќен роденден се најубаво @Mari* битно е вниманието
Среќна Нова 2018година Сите желби, сништа, надежи реалност ☃ Добра вечер, убава прва вечер од нова година Убаво ја дочекавме годинава, јас и бејби во прегратки на една страна од креветов, мм на друга, филмче на тв, грицки, блашко, сокче пред нас и ете ти 12ч куцна се изгушкавме, гледавме огномет, слушавме бао буф од петарди и во 12.30ч креветац, само што глава ми фати перница сум се комирала Денес до 7.45ч ме остави бејби да нанам, па почнавме со сите церемонии пред 10ч се нацртавме пред врата кај моите да ги изненадиме, па и ручек истеравме Сега сме кенкави, не знам дали меше мачи, пак некој скок или ни претходниот не завршил или ,,такво си е детето,, Следи вечера, блашко (вчера и денес дупка имам во стомакот ) филм и спиење. Убава вечер
Среќна Нова Година Ние добро поминавме. Бебе заспа во 10 . Ноќта се будеше неколку пати, дали од пукањето незнам што му беше. Па денеска бевме кај мајка ми на ручек. Таму сите собрани убаво си поминавме. Собравме пакетчиња и поклони еден куп , некои специјални за бебе а има неколку и за мама и тато . Бебе го оставивме кај мајка ми за сабајле мм има некој термин на лекар па да одам со него. После тоа и јас ќе одам па ќе поседиме некој ден. Иначе прејадени, препиени мислам ќе пукнам . Ама ајде нека поминат празнициве па ќе се ставиме на диети. Тоа е женички, се читаме
@Lolipop23 среќен роденден на убав ден си родена @danichap со лесно да поминете, мора се да биде во ред Откако памтам за себе 1 јануари е мрзлив ден ама и така треб да биде. Се сеќавате како деца дека секогаш супермен и брилијантин ги даваа (тие што сте од постарата генерација како мене ) и едвај чекавме да ги гледаме. Бевме на кратко на гости и се тркалавме на отвирен кауч во дневна цело попладне. Јас морав да се размрдам да средам малку, малоно не заспа и решив да ја оставам накај 8 да ја легнам. И се спиеше многу ама ме здиве, на крај и ептен бурно и изреагирав сега срце ме боли со плачење си заспа. Уморна бев ама се расонив, сите спијат јас се канам да легнам, убаво ми беше овие 3 дена дома не ми се враќа во реалност од утре ич
Добро утро. Како и повеќето од вас утринското кафе се пие со чепкање низ фемина. Па кој е за кафе повелете ..... Вчера скоро цел ден го искористивме за одење по гости,да се видиме со најблиските и да си честитаме новава год.(нели ние сме помали) Синко цел ден само дрдореше нешто и само пееше (аааа ама што убо ритам фаќа поубаво од мене). Само една дремка имаше од 30 мин. и ми заспа уште во 8 и ми апиеше до 7. Денеска во план ништо ручек имаме само ќе чекаме гости. Имајте убав ден мајки
Добро утро. Го оставив малиот да спие и некако се измкнав од кревет да дојдам на работа. Цела сум укочена ! Спиеме на ивица, јас висам а тој е збутан во мене, спалната празна стои ете така ..за сваки случај што се вели Толку да сака да се гушка па дури и кога спие...ќе да не е на мене. Мада ми одговара кога он е во прашање Нова година ја поминавме лабаво во викендичка, винце мевце ракија синдром. Дете заспа уште рано, друштво запиено, кучиња уморни од игра па и тие ко да си честитаа се гушкаа Вчера како дојдовме абе мислам ќе се угушев, воздухов лом. Ич не ми се доаѓаше ради тоа. Бебе нешто со намален апетит, планината некако не му отвори дизна да речеш ко што си знае да јаде. Дали се заби дали е период поим немам ама цел ден нешто си чепнува ама никако цел оброк да изеде. Не го напнувам, сигурно ќе му пројде. Битно здрав да е. Сега погледнувам на календар и ми текна дека мм е во сабота на работа, па вртам да откаже дека празник... се накострешив кога видов зошто не пази на такви работи Ај и тоа до 15ти ќе пројде. После се префрла во друга многу поубава странска фирма и се надевам конечно ќе е друго. Сега дека полабаво ми е на работа па ќе побарам некој рецепт за лисната погача, малце да смениме овој Бадник, да не е се едно те исто, минатата година кај бебе се падна паричката и тоа не беше местено И така мајки. Ви исприкажав се што ми лежи на ум моментално, одам сега да видам дали нешто ќе се работи воопшто денес или да си муабетам со колеги. Имајте убав ден
Мајки најубави, нека ви е среќна новата година, се најдобро ви посакувам. Оваа година само убавини да има Не ве дружев зошто таков беше периодот, им се посветив на деците максимално. За нова година домче бевме сами, сите заспаа пред 12, само јас будна до 02,30 Вчера кај моите и кај свекрва ми бевме, убаво поминавме, децата среќни, старите насмеани, мене душа полна. И, морам да се пофалам дека мирно и убаво тргна годинава, не сум повишила тон, повеќе се смеам, не сум нервозна ко што бев и се надевам вака ќе терам, за доброто на сите де Инаку, незнам како е можно ама мали ми го скрши штитникот за плакарчето во кујна. Мислев дека е невозможно да се скрши, ама мали успеа Работава било, секое чудо за три дена Имајте убав ден
Добро утро мајки. Среќна нова, ви посакувам многу здравје и среќа во 2018 година. Се што сакате да ви се исполни Ние непланирано, цел ден си славевме. Прво денски бевме искочени на музика, после вечер во кафана Сестра ми дојде вечер во 22.00 ми вика спремај се искачаш Викам ок штом инсистираш Дете и онака заспа во 21.00..Се изнаиграв за сите парии Вчера кај мајка на ручек..Па дете запна ќе останела кај тетка и да спие. Знае да изненади некогаш. Толку од мене се читаме мамички, убав ден на сите
Таман се спремивме накај молот мали заспа. Го чекаме па да прошетаме. За ручек пица ( интегрална молам ) Златна мајка. Дури сме шетале она ќе напраела а ние да си ја земеме. Сувомеснато ми остана многу од нова год им викав не земајте, да имало. Македонче. Нека има. И никој не чепна.Па да го искористиме. Ептен сме хепи, дома сме сите заедно Синоќа бејби заспа во 10ипол а стана во 4ипол. Весел почеток на денот
Добро утрооо! Ама и Добар ден е веќе! Од работа ви пишам... Колешката спрема чај па дури да биде готов јас да шкртнам некој ред. Сакав и денес да не е работен, ама кој ме прашува мене. По празниците сме некако уморни и поспани... а и малата дефинитовно е со испореметен ред и до касно спие а и касно легнува. Синоќа дури во 1 по полноќ заспа. Синоќа не раздрма земјотрес, утрово во 5 пак уште еднаш малку посилен... И толку беше од спиењето... Ајде чајот стаса...одам! Убав ден!
Добар ден ,кој е за попладневно кафе нека повели Бебе си игра во подлогата ,добивме многу убави играчки за нова година морам да се пофалам ,а богами и со памперс и влажни марамици сме обезбедени во наредните 2-3 месеци мислам Вчера изутрина добивме неубава честитка некој за време на новогодишната ноќ му ја пукнал шофершајбната предна на колата на маж ми ,па така да годинава ни почна со непланиран трошок од 150евра . Денеска бебе прв пат проба крушка му се допадна ептен ,многу е смешен зинува уште пред да му го доближам лажичето ,убав на мајка Почнаа да не мачат многу забчињата изгледа се повеќе станува кенкав и од време на време од нигде никаде знае да заплаче силно со солзи .Денес во план ми е да одмараме ,јадење има од вчера така да нема да се готви нешто посебно .Толку одам мајкички му се здосади на бебе почна да вика . Убав ден на сите
Добар ден мајки. Нас денес ни е роденден, полниме 2 годинки Еве да почастиме Се спремаме за славење после во игротека
Фала Ели Инаку ова е слика од нет за тортата, нашата уште не е готова. После ќе ја земеме со Маша и Медо. Ќе ставам слика во соодветната тема од тортата
Добар ден. Денес сами со синко. Будни од 7 часот. Уствари синко буден, мама го зема на спална, му ја стави игралната и дремуцкаше со едно отворено око додека синко си играше уште еден саат. Во моментов трета тура дремнување, а мама одмара. Се стокмив да пеглам и ми текна дека денес што ќе прави човек цела година ќе тера, па се премислив. И онака не сум по пеглањето па да не се урочам Среќен нека е роденденот на малата @iloveyou29 . Вечно среќна Синко се разбуди и замислете си ќути. Си го фати магаренцето и си игра во корпата Имајте убав остатокод денот и внимавајте што правите.
Добар ден мами, срекна нова година само убавини сите да не пратат оваа година Немам време никако да седнам асално да пишам, деновиве ем со гости ем синко немирен секунда да го оставам одма бута нешто во уста сега заспа па ете време малку и за мене Мажле после 15ти најверојатно повторно заминува, а јас ете уште немам храброст да спакувам куферите и да заминеме сите едноставно страв ми е сама таму со мало дете, во држава каде ни јазикот не го знам, а мажле на работа секој ден во различни градови одалечен од нас некој пат и по 600 и кусур километри. Тешко ке ни е пак разделени ама ништо не може да го замени чувството на сигурност што го даваат финансиите, она чувство кога на своето чедо можеш да му пружиш се што сака, кога не броиш пари и не се стегаш цел месец. Се секавам пред некоја година кога се влечевме по болници и останувавме без денар ама буквално без денар, па купувавме леб со поените од клуб картичката од рамстор не сакам да помислам да ни се случи тоа пак, затоа мора вака да се жртвуваме само за он да има се. Срекен роденден на сите што славеа изминатиот период а не сум имала прилика да честитам и срекен родеден на @iloveyou29 голема да расте малата.
Среќен роденден на малата принцеза @iloveyou29 Годинава ми почна досадно и по малку разочарувачки, но што е тоа е, барем знам на што сум... Малиот ми е позитива, сѐ повеќе зборчиња кажува и ми е многу смешен Ве поздравувам