Здраво од мене во новата година Денес Бадник,лани бебуш во меше а сега со нас Лани како тазе домаќинка се си направив сама за трпезата а оваа година комбинација Чекаме да дојде тато од работа и да видиме каде ќе се падне паричката, во меѓувреме бебе тера трета дремка. @Ano со лесно нека е Имајте убави празнични денови мајки
Па не пишував баш, ама сега реалноста почна да ме стига и да ме фаќа паника. Како и да е мора да помине и тоа и конечно да се заврши тоа поглавје од приказната. @mal.ecka гушкај ја принцезата и уживај максимално. За некој ден ќе почнете повеќе да шетате и ти ќе уживаш повеќе.
Среќни новогодишни и Божиќни празници на сите. На бебуш овој Бадник и Божиќ му се први и да се пофалиме кај него се падна паричката гуга бебе се радува како да разбира што е П.с Не му ја наместивме паричката
Христос се роди! ^^Вистина се роди! Вечер мајки, убава Бадникова вечер Јас вредна денес, ептен и тоа, спржив риба и испеков лепче рибата преубаво испржена, а лепчето така малку престасано, ама фино на јадење Богата трпеза испадна, да ми е жива и здрава мајка и оваа година Бејби душа ни извади дури се спремаше маса, уствари јас смири, мм ќе го расплаче, ич не им оди дружбата ама умно маже мое, го ставив во транспортерот и на столче на маса, па од воодушевување како мама сервирала се успа самото Инаку ние во пижами се наредивме на маса, се избањавме, стокмивме, па луксуз ни е да трошиме време во пресоблекување по два пати Паричето инаку ме одмина и бејби исто, тато е среќлијата Сабајле истеравме и коледе, па се сликавме и со Дедо Мраз. Татко ми се дотера како Мразко па ги сликав, преубави слики излегоа, па и јас и мм се наредивме за слик, јас и во скут му седнав и пакетче ми додаваше се разбуди детето во мене Утре кај мајка на ручек, ќе се изнајадеме, дружиме.. сестра нема да дојде болна е па ни отстапува место, уствари денес е таму, па ќе дојде дека се поделивме @mal.ecka чекај првин да се наканам слика да ставам, некако ич не сакам да го експонирам бејби, па и не давам да го сликаат А за заборавеност, не се секирај не си единствена, како изгубена сум и ептен се грижам да не заборавам нешто околу бебуш За шетање чим е толку криза, зеди бебе и кај мајка ти појди, до надвор малку. Јас 40те дена ги издржив, ама сега какво е, такво е надвор, Мол-Мол еднаш неделно се шеткаме по саат/два @Ano @danichap Се ќе биде добро! Бејби ми е во раце нана, колку е посебно, спокојно, не можам да му се изнагледам и уште не ми се верува дека е мое Божиќен филм нема, па Гранда на Бадник се гледа Убав остаток од вечер
Dobra vecer mamicki Nakratko da pisam,vi cestitam bozikni praznicizdravi zivi i veseli so vasite najmilimnogu berejket i ljubov nasite Umorna sum a i mese me boli,cel den so gosti rucek pà vecera,pa eden saka ova drugi ona doma e se naopaku ama ostaviv za denes... Cekam mm da ja sprema cerka da krevet i gotova sum da sekund Pominete najubavo za praznicivemnogu ljubov da site
Едвај да пишам, а постојано се канам. Ние добри, почнав на работа, беба ја носам кај баба и. Арна е, не плаче, јаде, ама кога ќе се вратам е друга песна, шизнува дете буквално. Само вришти, не смеам да мрднам. Мислам дека ја осеќа промената Денес прво се изнагушкавме, ми фалеа нашите утра, потоа заминавме на коледе кај бабите. Искрено едвај чекав да дојдиме дома и да си тераме стара шема. Ама, некако напнато оти постојано ми се лепи во раце, а морав да спремам. За Бадник еднаш на мм му направив посна пита со компир и оттогаш само за Бадник ја правам, човекот пека целата година И денес иако ми беше тешко со беба, едноставно морав, цела недела ми ја зборува, па правев тоа, правев питулици со лук тоа е задолжително, друго зедов од кај бабите. Мм се прејаде пита, јас лук и сега на двајцата ни е лошо, мислам кај и да е ќе повратам Утре пак по ручеци ќе бидеме, такви се празнициве Ние на Бадник не правиме лепче, во нашиот крај паричка се врти во мазник за Василица на повеќе места. Дома, на работа, со друштво ехееееееее @Seline Ме потресе женче, сите ти посакуваме убавини и тоа на ваков празник, мора се да биде добро @danichap Како што разбрав од читање со прескакулица, се е во ред со вашите испитувања и многу ми е мило. Гушки за мадам и малото @Ano Ќе поминат и тие денови, силата сама доаѓа за децата. Со лесно Поддршка за вас! Отидов да легнам во исчекување да ја повратам вечерата Како можев да се прејадам, на моменти се понашам како дете од пет години Среќен Божиќ мајки! Имајте убав помин, ова се најубавите фамилијарни празници
Среќен божиќ девојки Кај големиот падна паричето без местење, малово па душа се изнарадува, весело викаше *кај бато паднало паичето* . Мислев ќе плаче ќе се лути ама изгледа не разбира баш. Во секој случај некако низ нос ми излезе не можев да ја поуживам вечерва, со Т е скоро цел ден. До 39 качува на 2 пати парацетамол, околу 7.30 и дадов за 4 саати пак качи. Сега и дадов блокмакс, колку им давате? Пишува од 1-3г 2.5мл 3-4 пати или 5мл до 3 пати на 24ч. Јас и дадов 3мл ми беше страв повеќе втор пат и давам блокмакс до сега. И одозгора на се не сакаше пак да се искака, утре ќе биде хорор . Има вирус некој пак? И кашла, а она кога кашла секогаш е некако грубо кашлање срце да ти застане. Ќе ја носам утре на лекар обавезно. Извинете вака празнично со болештии ама мачно ми е ептен да се искукам негде морам. @Ano со лесно, и јас сега разбрав дека ве чека операција, се надевам ќе помине се како што треба
И јас се приклучувам во прејадените јадев ко да немам видено, до душа прегладнета бев и кога седнав сега веке 6 часа ми е мачно и киселини имам и се по ред, пак нема спиење вечерва Синко заспа порано денеска, порано нас ни е 11 ипол инаку легнува 1-2 мене ми се спие ми се плаче тој зел си игра гајле нема , ама кога ке ми рече мама , мама и доага до мене да ме баци уствари ме лигави само не знае да бацува душава ми се топли, и колку и да ме нервира некогаш а често знае зашто е лошичко пак го сакам највеке на свет и да треба за него и цела нок нема да спијам Утре ден со гости, се најавија моите кумови и тетка ми, во понеделник ги очекувам моите Честит Божик мајки
Добра вечер мајки. Христос се роди Ме нема често на темава да пишам, ама ве читам сите до една! Многу се пронаоѓам во вашиве постови Ете на пример на малечка постот исто како јас да сум го пишала. Заборавена и затупавена од дома седење сум Штета што нема кој да ми ја чува беба да си почнев на работа некаде. Во градинка не ми се пушта, ептен е болежлива Денес бевме коледари само до кај моите отидов. Времево лепота беше, само за шетање, уште да имав со кого, да не одеа сите на работа, супер ќе беше. За Божик направив некои мафинчиња, ручек ќе правела свеки. Едно гајле помалце. Маже слободен па сигурно ќе искористиме кафе на сонце пред ручекот @Seline и @Ano и на двете ви посакувам здравје на вас и на дечињата ваши. Со лесно нека помине за двете Добра ноќ
Морам да ти се убацам бидејќи сме од исто место.. Во градинка и да сакаш не ти ја примаат малата, бидејќи си невработена, приоритет им се деца со двајцата вработени родители...Освен ако имаш врски Јас свекрва немам, мајка ми е вработена, па мора да го пуштам во градинка, ама ете не е примен Среќен Божик, за многу години
Христос се роди Денес изгледа кафето од мене ке да е Дури варам реков да пишам некој ред Кере сношти ми заспа во 20:30 мали во 01:00 Станати уште во 06:30 а ми се спие и ми се плаче Ако успеам да преспијам со кере попладне добро би било Имаме и гостин за ручек Морам да готвам а и чистењето не ми бега денес Се надевам ке стигнам да подсредам нешто во спротивно ке уживаме во нередов Вчера цел ден во готвење ми помина па истеравме и гости кај пријатели Со мали деца не се оди никаде Мали добар беше и спиеше ама момава е страшна Освен 5 мин што се срамеше,после тоа го прегледа секој ќош,се да се чепнело и да се земело Незнам дали е нормално ама воопшто несакам да ми прави така кога одиме некаде Со мм не сме во најдобри односи ама се откажувам од кавгите,доста беше Секој ден контирање,инаетење....нема крај Се смиривме сега малку ама немам заборавено ништо Секогаш сум на страна на вистината....колку и да е болна подобро би ја поднела него ли лагата А вистината кога тогаш излегува на видело.... Толку мајки,постот го пишам од 7 и никогаш да завршам @Kaetana аман друшке па и оваа година ке помине дури ни пишеш
Добро утро. Христос се роди. Станати од седум сме денес, ноќеска само еднаш ја презаспивав и тоа кратко. Една ноќ спие поубаво, друга полошо, ама барем не е секоја лоша, така си се тешам. Сабајле станува и ја гледа масата нераскрената и чисти ми вика, одма со наредби. Па си игравме со оревчиња, кршев и се изнајаде. Вчера ги доби од коледарење. Додуша јас пеев, она играше и дофрлаше, пеам паднало греде, утепало деде и она дополнува со бам, бам и така, мала театарска претстава. Паричката кај нејзе се падна, нека си е најсреќна годинава, а и секоја по неа. Сега стана татко и, па со него ги оставив малку да се дружат, а јас со кафе да ѕирнам што има. На ручек кај моите денес ќе се собереме. @Seline полесно и побрзо да помине. @Ano и кај вас исто. Имајте сите убав празничен ден со најмилите.
Женче те читам, ако ти е полесно пиши тука или лп олесни се.. Ве читам редовно иако не пишувам, среќни празници и Христос се роди!! Бидете здрави и живо пред се, сакани и исполнети!
Добро утро. Христос се роди. За многу години да ни е празников. Здравје и бериќет на сите. за сите. Благодарам на подршката. Знам дека се ќе помине и ќе заборавиме, ама тешки ми се овие денови. Едвај 5 месеци ќе е, а и операцијата иако ја сметаат за рутинска, самиот факт што е на срце ме преплашува. На никого не посакувам ништо слично. Затоа само да се здрави бебушите. Гушкајте ги и сакајте ги. Колку и да е тешко зошто не спијат, не јадат или имаат фази на плачење се е минливо. Радувајте им се и уживајте во секој момент со нив. Имајте убав празничен ден мамички.
Нека е со помин, господ е голем ќе помогне се да биде во најдобар ред ! Христос се роди, да сме живи и здрави на секого господ да дава мир здравје љубов спокој сила бериќет,за многу години да е празников!
@Ano се ќе биде во ред, некогаш малите изгледаат нежни како памук, ама се силни како карпа Среќен Божик, здравје, среќа и спокој во секоја куќа . Убав празничен ден мами
Среќна нова, среќни празници, среќни родендени, среќни раѓања на бебуши, среќни денови, секојдневија, ... искрено од срце Ви посакувам на сите. Не е ред да пишувам без да ве исчитам сите, ама пак и времето е тоа - само колку да читнам, без да можам да пишам. Не знам после толку долго од кај да почнам но ако не се лажам завршив со неполн текст во возот накај аеродром летово каде што се борев со несоница и со интернетот на телефонот. Од тогаш наваму - и ништо и многу. После одморот кој беше вистински замор, назад се прибравме, и знаев дека веќе не можеме да живееме со камења во душата кои тежат од неисполнети обврски. Група за курс С1 не се оформи - одлично време да се искористи за да се здивне и да се направат планови. Она што највеќе тежеше беше тезата на маж ми која одамна требаше да е завршена. По одморот се посветивме на тоа, ајде помош и од мене затоа што за сам треба време, а време веќе се нема. Дојдовме пак тука, оставивме дете кај баби, и двајцата турбо работевме. Секое сабајле носи дете, навечер земи го за да си го разубавиш денот барем пред спиење. Едно е теорија. Следното е пракса: Одиш да го земеш детето - тоа плаче од разочарување, те брка да "се вратиш на работа". Семејна идила. После тоа, назад на северот, работа и таму, да се стигнат рокови, совети, рецензии, за да може да се заврши работа пред нова година сосе бранење. И тоа бидна. Дојдовме, се одбрани тезата, се затвори и тоа поглавје. Деновиве сме тука на ептен заслужен одмор, кој колку и да се трудиме да е casual повторно е исполнет со многу луѓе, средби, збиднувања. Нејсе. Ќе одмарам во Германија. Важно е душата да ми е исполнета. Друг настан во декември е што после милион светлосни години се натерав да вежбам. Немањето курс т.е. имањето на малку слободно време ми даде и те како инспирација да се затворам во кујна, да готвам конечно убавини и да се посветам на вежбање. Преубаво. Скоро 5 кг летнаа кои осеќам дека се наталожија назад во овие две недели на празници, стресови и копање по пакетчињата на мачорка. Како и да е, нек се таложи што ќе се таложи, по враќањето се знае - новите патичиња за вежбање и чичко Шон. Малата е добра, меле ко водениче со милион на час, овде строго македонски и дури е лута ако некој и зборува на германски. Во нејзиниот свет е буквално несфатливо зошто некој тука би зборувал на германски. Многу си игра со деца, дури е пресреќна што има дечиња со кои си зборува и си игра на македонски. Е сега маката е со одење во вц. Ама ќе пишам во соодветна тема без при тоа да должам тука. Сите ве поздравувам многу! @Mari* не држи лутина и пробај да разговарате. Секој момент со нерасчистени работи на душата само ќе ве направи понетрпеливи и позајадливи. Знам дека не ти е лесно особено што и скоро си породена па и не е баш емотивно најсјајниот момент, но, обидете се. Далеку сте, само вие си се имате. Мора да разговарате. Па што ќе испадне, здравје. @danichap многу ве поздравувам! Не знам какви испитувања сте правеле, но штом се резултатите добри, издиши! Леле не знам колку ти се восхитувам, со две, трето на пат, и плус нервози и што не. Ама убаво е што си реална, што знаеш дека животов е таков да мораш само напред, смело, и тоа е тоа. При тоа не заборавај само и на твојата душа да и се посветиш. Среќни празници! @Ano со лесно да поминете. Рутински или не, како мајка нормално е да се плашиш. Ви посакувам за брзо да го оставите денот зад себе и сè да помине во најдобар ред! Ние се спремаме за роденден, овој пат многу полабаво отколку лани. Се надевам дека мачорка убаво ќе си помине. И дека ќе дојдат дечињата викнати. Лани беше многу ладно и имаше многу дечиња што не дојдоа - што болни, што родителите се плашеа да не се разболат. Додека сме кај болни - нормално дека болеста нè мава кога треба да се патува. Па така по воз и авион со 39 - 40. Тука дојдовме, и после ден беше супер. Знаев дека е вирус некој, но баш се погоди кога патуваме за нервите да ги искинам и да не сме пак спиени со ноќи. Ама тоа ти е родителство - максимално трпение со минимален сон. Убав ден жени, уживајте во празниците, ви пишувам пак!