Среќен роденден на најмалиот батко, и тој порасна да е здрав и жив и најсреќен со сите вас. @Ano се ќе биде во ред. @Seline биди силна, ви посакувам лесно пребродување на сите проблеми. Ве исчитав сите, ама вчера немав време да пишам подолго. Бевме на гости кај моите, именден на брат ми, само ние и од кај свекрва ми. Многу убаво поминавме, малиот не изнасмеа. Не натера свадбата да ја пуштиме пак и сите еден по еден не стана да играме, а тој на колена пред нас. Бабите воодушевени дека англиски зборови кажува, и на се добро што направил си вели good job и со палчето нагоре. Тој па пресреќен што ги гледа сите на едно место, не знаеше што да направи попрво. За диета и јас од денес планирав, ама пушти баклава чоколадна мајка ми. Ќе почекам после празниците и мора некој режим. Убав ден на сите, Среќен Божиќ.
Ајде да напишам нешто и јас конечно тргнавме од 5 разбудена синко се разбуди за млеко па призаспав во 8 станав спремање па мала расправија со маже ама помина вчера се изнервирав на толку спремање дојде само деверот сакале денес ама им кажав дека не сме тука и за 10 минути си замина стварно ми е многу криво што не го поштова мажот ми побитни му се пријателите него брат му. Ама цела работа е од жена му ама ако гледа господ. По пат сме магла има ништо не се гледа синчето ми спие јас пишувам опуштено. Убав ден на сите
Хелоуу Среќни празници на сите . Ме немаше деновиве по гости, со гости супер поминавме. Ама редовно ве читам. Бебе заспа јас и мм одмараме. Ново нема ништо деновиве се такви јадење, пиење страв ми е на вага да се качам. Ама тоа ќе му ја мислиме за некој ден . @♡BuBaLe♡ среќен нека му е роденденот на малиот лепотан . Да уживаме уште денес сите заедно дома од утре иста песна сами јас и бебе.
Добар ден мајки. Среќен роденден на помалото синче. Јас покукав малку кај мешињата, па да си кажам и тука. Сабајле паднав . Ја носев големата во градинка, таман пред вратата кога се потспрепнав, односно нозе ми се заплеткаа... Среќа не беше на меше, а и на глава спрема тоа како направив неколку неконтролирани чекори. Во несреќа среќа терминот на гинеколог ми беше веднаш потоа, така имав испланирано, првен дете да оставам па таму да продолжам, па се потсмирив дека се е ок. Деца легнаа, прв ден градинка за малото, а и за големата после повеќе од две недели пауза, па уморни оти рано ги издигав. Инаку големава не преспива, не се дава лесно, ама среќа потера па да се истегнам и јас. Доколку до вчера мислев дека коски ме болат, е тоа било ништо. Делумно уморот од престојот од болница, делумно деновиве низ куќа, а највеќе што треснав. Притисок ужас, 90-80 крвна слика ужас на толку пазење на здрава и балансирана исхрана, уствари јас општо ужас се чуствувам. Во моменти на очај се мислам да посегнам по чоколадце. Не знам ни дали имаме, ако не ќе зедам од киндер јајцата на големава . Ми падна и шеќерот од стресниов ден . Барем душа да облажам. Ај, биче боље кога ќе си дојде мм од работа и ќе го гушнам. Море остај само гушкањето, да повртка деца додека се тегнам во када и да ме измасира. Убав ден мајки и пазете како одите
Да пишам збор два дур дете спие. @eli25 само јас бев будна цел ноќ. Имам несоница еве веќе некое време т.е јас како воопшто да немам потреба за сон. И не се чувствувам уморна иако можеби ви звучи нестварно. Функционирам со 3-4 часа сон. Бубалке, не се трудам да те означам, не можам , ама знам дека ќе ги прочиташ моите најискрени честитки за најсреќен роденден на малиот, само да ТЕ радува, да ти даваат сила и волја за напред во животот, а ти да им се радуваш и гордееш. Денес гости во најава и тоа повеќе парови скоро па од поручек и цела вечер. Мм запна да сме оделе надвор од градов денес, ама на толку слатко-солено спремно па сакам и кај нас некој да дојде. Слико ако не заборавам ќе доловам, дека вредна И ручек крчка, тава од стек со сланина печурки и сос од супа и павлака. Звучи бучкуруш ама е превкусна. Ајде вака скоро сите ве читам треба да означиме еден официјален ден, ден за почеток со диета на мајките од Фемина Ве поздравувам!
Среќен роденден да синчето,да е здрав и жив. Добар ден мајки. Ние сите сме заспале јас и синко кај нас во соба,а мм кај свеки уште грчи.Нели не се тука па цела куќа ни е на располагање. Поспијав малку синко си станал и вика над мене."еј,ааа". И толку станав му дадов да ручка манџа со телешко и сега сме на под играме,но никако дете да се заигра. Вечер сме на слава кај мајка ми.Можи ќе останеме да спиеме таму за да него малтретираме синко,оти ми заспива рано. Имајте убав остаток од денов.
Честит Божиќ, мамички. Честити родендени, имендени и тн. Знаете дека кога ќе најдам нешто интересно или во служба на здраваје и убавина одвреме-навреме објавувам. Еве уште нешто.
Добар ден мајки. Пастицио денес на мени. Ќе беше со вкус на бурма ќе се печеше со макароните без да осетам ми паднала миејќи ги Значи колку малер имам со таа бурмата што да кажувам. Кога се регистриравме со мм бевме во бит пазар да бараме бурми и само што ќе се откажевме бидејќи сите исти ,ги најдовме нашите бурми. Многу убави бело, жолто, розе злато и многу скапи.Немавме пари па си ги купивме после 3 години. Златарот не разубеди да си земеме еден број поголем демек кога ќе сум родила ќе сум се поправила и немал да ми паѓа. Гола вода уште ми паѓа и ми стои не го носам.Па како да го носам кога еднаш додека се бањав ми падна во када и цирконот ми се одлепи па плаќав поправка 30евра, неколку пати ми летапше те позади фрижидер, де на висеч Пред една недела си го ставив пак и ќе го изедеше денес некој Второ кафе пијам, малата спие уморна од градинката. Вчера бевме кај братучетка ми и си доби малата пластелин со форми. Ги сликавме двете деца со снежен колаж многу убави слики имаме. Се изнасмеавме со децата ама многу бесни. И спомнав на братучетка ми второ дете вика не уште не. Исто и јас велам, а и да сакам мм вели не , објаснување треба измеѓу децата минимум 2 години да имало за да се регенерилало телото со витамини Научник е тој мојот Од каде му е податокот незнам , ама мене ми одговара @♡BuBaLe♡ среќен роденден на синчето да е жив и здрав и голем да расне.Не знам дали ова ви е вистинската торта ама преубава е за малку ќе си ја сликав за мојата ама ми текна дека во јули нема снег @danichap срце ми застана кога прочитав. Среќа што си добро и ти и бејби. Пази се мајче со поголемо меше поголем дисбаланс имаш Поздрав и убав ден
Добар ден мајкички Кој е за еден топол салеб ајде нека повели. Ние денес денов решивме да си го поминеме дома. За ручек свекорот спрема нешто вкусно. Бебе ручкаше и заспа, инаку незнам дали е нормално ама на моево синче сите вкусови му се допаѓаат да видите како зинува со устете по лажичето дури плаче, маже вика ќе бил буцко Будале нека му е среќен роденденот на малиот Сакам да ве прашам нешто се извинувам ако прашањево не е за тука дали некоја од вас знае да ми предложи некоја убава топла вила во Крушево? (Ние одевме во вила Папу и во Ла кола ама таму нема место) Убав ден на сите
Ви благодарам на честитките мамички Ми го направивте прекрасниов празничен дн уште поубав. И веста дека мојата драга @Bebulleee на свет го донесе денес своето доглоочекувано синче, ме растопи од нежност и среќа Баш пред три години се сретнавме во темата труднички муабети и термините за раѓање ни беа тука негде. И еве, две години покасно, наградата си ја дочека трпеливата мајка-лавица Добре ни дојде мила @Bebulleee во клубот на благословени жени. Инаку, тортата претходно не е нашата, туку Прославивме скромно дома, во најтесен круг па сега децата се на втора прослава кај татко им. Се тешам дека подобро да имаат дупли животи и дупли прослави отколку една лажна,вештачка, тензична :/ Ги поздравив до четврток а веќе ми фалат .. Уште еднаш, благодарам од срце !
Добар ден мајки Синко спие а на кере и пуштив цртани Алишта за средување еден тон па морав од некаде да почнам Утре момава поаѓа во градинка во истата каде што одеше 3 дена неделно само ама подобро нешто него ли ништо Мм не е во можност да ја вози секој ден па зато мама почна да ги учи тестовите за возачка и се надевам за некој месец ке биде и тоа Не ми оди баш решавањето дека поима немам од возење,закони,правила...од25 можни прашања да може 26 ке се неточни биче боље Ме чека работа мајки,спремање ранци,флаши,топлинки.....среќа па имаме се и не мора да трчам и по продавници Бубале среќен да му е роденденот на синко @Kaetana пишувај ни почесто и подетално
Добар ден и од мене Вчера два пара гости истеравме+ парк а денес сме цел ден дома,ние тројца Имавме во план и денес да шетаме ама воздухот катастрофа. Бебе тера 3та дремка за денес,ќе ручаме па вечер сакам некое филмче да гледаме. Од утре исто како и секој ден,јас и бебе се чуваме,тато на работа. Се надевам времето ќе биде убаво за да го прошетам,ептен му прија надвор Убава вечер мајки
Здраво! Прво да ви се заблагодарам на сите за подршката и за топлите зборови. Навистина многу ми значат во овој период. Кај мене се по старо немам многу што да кажам, ден за ден си мине кога подобро кога малку потешко. Малата ја испратив со дедо и да ја прошета, јас малку да одморам сама. Барем да искористам додека сме тука. Се видов со тие што сакав да се видам ама некако неможам да се радувам, најверојатно од тоа што ме мачи и ми тежи во мислите. Ми рекоа сум ослабела а вагата обратно покажува чудна работа. Срцето на мама е пресреќно и барем за неа се радувам. Си игра со дечиња, забавува возрасни како секој ден да е со луѓе. Ќе си сварам сега едно кафе оти заспав пред неа, место јас таа ќе ми пее нани нани. Поздрав женски.