Eve me i mene bliznacive da nw gi urocam se super si spikat mirni se vo cetvetok pravat eden mesec pomos za vecerno hranenje imam preku den sum povejke sama neznam do koha ke se nojnive stanuvanja se nadevam nabrzo ke zavrsat ajde mami na bliznaci iskustva
Добра вечер. Јас си варам шпагети сега денес апетитот ми е на завидно ниво . Бебе спие веќе два саати. Денеска се изнагушкавме. Не можам да му се наситам. Се подновивме со нов кревет и душек па утре чекам достава. Чудно како пред само неколку месеци се плашевме како ќе постигнеме многу работи финансиски, си зададовме високи таргети богами, и едно по едно почнаа да се редат коцките. Постигнавме повеќе од што се надевавме.. Кога ќе ми текне колку се нервирав не спиев, ама ете, само да е човек жив и здрав се се постигнува. Од утре мм пак турбо со работа. Јас и бебо сами, се враќаме во шема. Вирусот не не одмина, ама добро е помина и тоа. Отидов да јадам. Добра ноќ.
Близнаци немам ама тоа со будењето е индивидуално кај секое дете Момава ми е скоро 21 месец ј станува 2-3 пати Синко нема уште 2 месеци и се буди еднаш само
Добро утроооо Ајде на кафе кој какво сака Дома испив само пола кафе (толку имав време) па ова со вас ќе го рачунам за прво @Bebulleee честитки мајка, жив и здрав да е и гордост да ти е цел живот. Бубале која тешко се тагнува, среќен роденден на малиот, голем да расте Ние сме добри, уствари супер. Празнициве ги пројдовме убаво, малку турбулентно на моменти ама ништо страшно. Се изремети со спиењето. Недела вечер стана во 11 и до 3 седеше. Потоа заспа и стана во 6. Ај викам дремка ќе има порано. Како не. Тек во 1. Што за него тоа е многу касно. И синојќа во 9 и 20 си легна. Не знам дали е некој скок ова што вака се изреметува па пак на старо се враќа... Има некој скок на 15 месеци? Одамна прекинав да пратам табели.. Инаку паричката му се падна на него Сам си го фати тоа лебче и оп париче Мама среќна ко џек пот да добила Шетнавме малку меѓу народ (колку што може да се рече народ за продолжен викенд плус празници) и така. Вчера како се извадив од ум еј. Демек кумот муабет му прај за секунд се свртев накај мм, вртам глава тој пошол накај скалите. Луѓе се скаменив! Тие 2 секунди дур стигнам до него мислам тонев. Ми идеше кумон да го отерам знаете каде. Јас не знам како може така бе.. Му збориш го држиш и го пушташ позади тебе да појде накај скалите.. Нозе ми се пресекоа не можев да се смирам, влагање дома и жими се ви кажувам диазепам се напив. Слики во глава што можело да се случи... Маж ми запрепастен и тој. Почнав себе да си префрлам зошто воопшто го пуштив од раце, ама чоеков чучна да го гушнел демек , муабет да му направел..Сето тоа траеше 10 секунди од почеток до крај ама јас уште не можам да си дојдам при себе, е до толку сум извадена од ум. Да сменам тема. Конечно и 7мо забче имаме. Не му излегол баш вчера (иако вчера му го видов) , се гледа дека е од пред неколку дена, ама пусто таму доле на вилицата ич не ми дава да видам да погледнам борби е за долна вилица да се види. Сега и осмо ќе чекаме (друга двоја долу). Викендов ништо не блендиравме за јадење, дека немаше месо во оброк, освен риба ама таа проаѓа и без блендер. А вчера си дозволив лабав ручек да му дадам без три саати припрема претходно. Омлет со спанаќ сирење лисната кифла и гурче (јогурт во превод). Па се си изеде чоечето Со соков од цвекло што го пие почна многу да сака и да јаде цвекло така да денес некоја комбинација таква за ручек ќе има. Мешан зеленчук, да одмори од месишта и тој малце. Утре ќе му печам макаронки со месо И така мајки. Мислам време е да станам да ставам кафе овде... Ќе ве читнам после пак, имајте убав ден и гушкајте деца
Добро утро женски Прво кафе испиено. Раскренав по дома уште да поминам со правосмукалка ама тоа попосле. Бебе седи во љуљашката, а јас се мислам што ручек да правам. Ништо не ми се јаде после деновиве натрупани со тони храна . За бебе ручекот смислен само да се направи. Денеска самички со бебе. Мм дека беше 10 дена дома некако се навикнав се заедно па денеска малце како тешкичко ми е . А може и дека добив па ми е се наопаку. Одам да си направам уште едно кафе, кој е за нека повели
Добар ден Синко заспа и јас си легнав.СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА .Еден куп играчки на под,Алишта за перење 2-3 машини, ја чекам правосмукалкана сама да ми замети.Но работата ќе почекаат можи и за утре ќе оставам,не можам да мрднам. Имам ужасна главоболка сигурно ми е низок притисокот Сношти убаво си поминавме на слава дури си легнавме не фати 3 и пол.Синко го пративме дома рано со свеки ко си заминуваа. Малку се опуштивме,но затоа сега имам мака. Ај да мигнам неколку минути додека синко спие.
Добро утро мајки. Да ве поздравам само накратко. Честито име на сите што слават денес, и на моето му е именден. Да ни се здрави, живи и умни. Бевме в црква, уште рано сабајле. Таму не застана, трчаше мм по него. Ќе шетавме денес ама магловито е многу, ништо не се гледа надвор. А многу беше убаво до вчера, ама тоа е, друг ден. Имајте убав ден.
Добар ден пријателки Повелете на кафе, го пијам оптегната на клацкалка ама ми фали друштво Мм од денес на работа, бебе спие...се враќаме на стара шема сакале или не Мислев да чистам денес ама не фаќам ништо! Протест дека сум пак сама по дома Сестра ми ќе дојде после работа, планиравме да одиме до сити мол, но еве се предомислувам некако, па ќе видам што ќе биде до вечер. Тоа е..ќе нафрлев уште неколку работи но ајде да се прекратам...доста е како за прв старо шемаџиски пост во новава година Убав ден!
Честит именден на сите кои го носат името Стефан, Стефанија и сл. Господ на сите да дарува здравје и среќа! Честит Божиќ и за многу години празниците! Ги оставив дечињата кај мајка ми и татко ми, ние од утре здравје боже почнуваме со организација за преселбата...ќе биде интересно!
Добар ден. Посебен празничен поздрав за сите и среќни празници, здравје љубов благосостојба и бериќет нека го скраси секој ваш дом. Ние со лош период. Уствари веќе некој период се соочуваме со срушени кули и растројства. Ама секогаш имав надеж, имав воља за подобро утре.. но и денес сметам дека колку повеќе чекам толку полошо за нас правиме, чекаме нешто што едноставно како што рекле со глава во ѕид не бидува или со сила убавина не бидува поточно. А не е период веќе година е.. Господ на помош не чека пребурен период. Нема да се откажам и нема да се задоволам со малку и со она има и полошо оти знам дека капацитетите и шансите за повеќе ги има во голем број за среќа. Ние не бевме добри, се маткавме по болници, здраството овде е полошо од секое можно друго здраство што сум наишла. Катастрофа е мал збор. Имено бебето имаше темп и осип не сакаа да не примат, по 10 пати молење отодовме и чекавме цела ноќ без некој да не праша дали сме на работа и дека едно отсуство може да не кошта многу. Страна на се друго. Имено го прегледаа и според нив водата е решение за сите проблеми како кај даничап воздухот. Му велам на маж ми ќе умрам нема да ме слушнат и видат. Нека одминува зад нас. Празници како празници убаво поминати, човек на вакви денови има некоја еуфорија во себе си, нека животот оди напред на подобро и поисполнети денови друго не ни сакам. Тешко е мајки, тешко кога одиш на работа, менуваш бебе со маж, трчаш постојано и брзаш за некаде, па доаѓа марфи и вика "не бидува вака" само што почнав на работа отидовме по болници. Тоа е.. мало дете, се е тоа нормално. Посакувам одишка, промена, голема промена. И време беше да се одлучиме на истата. За сега толку, ве поздравувам и подакувам убави денови со вашите малички за кои вреди да се живее и љуби.. Нема еден антидепресив на светов ниту лексилиум што вреди повеќе од малечките. Живи и здрави, да ве прочитам среќни и исполнети тоа ми е желбата.
@vitamina Англија, како што слушам, периодов се соочува со епидемија на грип каква што немало во последните 50 години. Уште не е во полн ек а во болници нема место, луѓе лежат во ходници, шатори на отворено се отвараат и таму се примаат пациенти. Моментално ситуацијава не е показател за тоа какво е всушност здравството таму.
Пренатрупано е, насалението е во енормни размери а персонал нема. Тоа е главната причина за целава голгота овде. Па после се друго. Не за џабе излегуваат од еу целта им е таа да не доаѓаат луѓево оти е навистина се измешано и пренатрупано. Со тоа ги кинат сите бенефиции од државава. Јас кога слушнав што се им овозможува гррманија на луѓево се фатив за глава.
Муабетот ми беше, може сега не посветуваат внимание толку затоа што нормално прво се третираат покритични примери. А и паметно е прво дома да пробаш да се лечиш ако не е нешто сериозно отколку по болници па уште толку да се доразболиш. Инаку, претходно, ја немаше основната грижа за пациент? Да те прими, да те прегледа...лековите бесплатни се?
Добар ден мајки. Од сабајле турбо. Малото во градинка на еден час, големата на два термини, па ручек...и сега лежиме, божем ќе спие момава. Ама никако да заспие. Пред некој месец сакав да ја запишам на бебешка/детска гимнастика, ама немаше место. Неодамна ни кажаа дека сме примени. Термин вторник од 16.30. Вторниците веќе има она два термини, од сабајле, поради кои не оди во градинка, па не знам дали ќе има желба и сили... Ќе отидеме, ќе пробаме. Ако сака арно, ако не пак арно. Татко и рече ќе купувал од тие дрвените решетки кои се прицврстуваат на зидот, како што ги имаше во салите за спорт и по физичко. За да се качува нагоре надоле. Во комбинација со трамболината ќе имаме мини гимнастика и дома. @vitamina жал ми е за се низ што минете. Примарното здравство низ западна европа е такво... Можам само да речам не дај боже да има човек поголем проблем или потреба од сериозни испитувања и интервенции. Фала му на бога што сме тука. Испитувањата кои ни ги правевме не се прават Македонија на пример, тешко на дечињата и семејствата кои имаат потреба од истите. Исто и со некои операции и сл. за кои сме секој ден сведоци како се собираат пари. Тука, Германија, се е покриено и платено. Пак ќе речам, не дај боже да му притреба на човек, не е се и секаде идеално, ама во мои очи е неспоредливо секундарното и терцијалното здравство. Детево што не спие не спие. Туку едно кафе барем да си направам Убав ден мајки.
Добар ден мајки Мм замина на работа а јас го пијам правото кафе Од 6 сум станат и уште неможам да се освестам Сношти во 2 легнав и незнам колку пати станав до 6 слатки маки Во градинка момата поминала супер,освен што не сакала да јаде Преспала половина час,играла со дечињата и ниту еднаш не не побарала Мислев дека ке е потешко овој пат затоа што е поголема и повеќе разбира Едино проблем беше будењето мислам дека се чудеа комшиите со нас сабајле Врескање,плачење мм два пати се препоти дури ја стави во кола Така е кога заспива во 1 Се надевам вечерва ке заспие порано Синко овие два дена ми е нервозен и стално плаче И оние грчеви никогаш да престанат Денес се запролети кај нас комшито одма за пилата се фати ми иде да го пукам...вештер Иначе вчера му пратив на мм сарми за на работа,поточно за една колешка негова А нели кажав дека имаме проблеми со него,една друга колешка почна да го бара навечер и тука почна се Па ко ме фати некое лудило случајно да не јаде и таа од моите сарми абе мир немав Па ко му се запнав да го прашувам кој се јадеше од сармите греота,тој незаеше веќе како да ми објасни дека таа не пробала Луда жена Друго утре сум на контрола кај гинеколог да видиме дали е се во ред Толку мајки од мене се убив дури пишав од таблетот,телефонот ми цркна
@Mari* ме изнасмеа женче за колешката и сармите Среќни празници од мене со закаснување. Среќен роденден на сите дечиња што славеле деновиве. @Bebulleee добре ни дојде мајка, нека е живо и здраво бебулето, колку само се израдував кога видов. @Ano со помин нека е. @Seline со помин мајка, што и да е нека помине во најдобар ред. @danichap убави вести мајка, среќа се поминало супер. Стискам палци се да е добро, само убави работи да пишувате тука Ние сме добри, бурни деновиве, секој ден по гости, конечно денес се вративме на секојдневието. Денес прв ден во градинка после две недели, деците пресреќни, со трчање влегоа Инаку, имавме инцидент, на Бадник децата ко што рипаа на еден надуван делфин, се смееја, се клацкаа, мали изгуби рамнотежа и падна на чело, па си ја удри главата од една остра тврда коцка, малку го дупна челото, му помодре, му се набабри, малку крвареше ама среќа не стигнавме до шиење Паричето кај Господ, ама големата го собра кај неа и вика - Јас ќе ве чувам место Дедо Боже Па мали почна кога сака нешто да вика Нее, место Да. Го прашувам: Ме сакаш? Вика: Нее и почнува да се смее, црв И, тоа е, нема друго ништо инересно. Убав ден да имате
Што да ти одговорам бриџи? Едноставно не сум задоволна ниту од примарно ниту од секундарно здраство. Секој за себе си знае и со своја среќа и здравје си е. Да треба да зборувам детално ќе треба да се отворам тука а не би. Ние немаме ни матичен лекар појди од тоа.. Едноставно не секој е со конкретен став проблем и тежини низ животот тоа ќе го кажам. Јас лошо искуство имав на повеќе наврати.
Добар ден. Денес си купивме адаптер за шоља, малава вика на шоља ќе мочкала демек. Ај да видиме. Ми збеснува по дома, не знам веќе што да измислам. Има ли негде, нешто некој центар за активности или нема ништо такво, само за поголеми деца? Морам во градинка да ја запишам годинава, макар на неколку саати. Едно кафе да пијам додека си играат со татко и, па ќе се мислиме за после Убав ден на сите.