Добар ден мајки. Да шкртнам некој збор додека не дошло време големава да си иде од градинка. Од сабајле турбо додека ги спремив двете и ранците им ги наполнив...1.5 саат ми треба за нив и храна за во градинка да спремам и 5 минути за мене ако одвојам. Се чуствувам како од поплава да сум избацена. Навечер божем вадам алишта за деца, за мене, ја приспаструвам косата, ранци на виделина, кутии за храна спремни...ама кога ќе почнеме со будење/спремање, времево лета. Малово само еден час беше. И другата недела пак толку да било, само во покасен термин. Важно дете пресреќно, лазеше, се смееше, се радуваше кога и свиреа гитара. А мене половината ми зина од наведнување и кревање. Тешка е и со последни сили кревам. Со количката додека се враќавме дома не фати малку свеж воздух и си заспа. Саатов мине, а големава кога ќе дојде ќе треба да руча. Минатата недела не ја пишале со ручек, па ја земаме порано. А и како врапче јадела денес. Срце јуначко едвај се воздржува да не погледне во другата просторија додека сум со малото во соседната. Утринав, од ходникот, ја видов само дека сама седеше на едно коњче за лулање. Тажна После ја прашав воспитачката рече не сакала ни да јаде. Со надеж татко и да најде некој час слободно да прошетаме. Преку ноќ и омалеа работите за во градинка. Последен шопинг кој ни беше за од Септември веќе се е кратко во рачињата, па сакав да ја подновиме. МАлото не мора, ќе доносува од нејзе. Па уз дете може и јас ќе фанам нешто. Сама да си изберам роденденски поклон за другата недела. Убав ден мајки
Хеллоо Како сте мамички? Ние, воглавно добри.. Освен малата со носот што е пак затната Вчера бевме на ОРЛ, кај еден од подобрите доктори да речам, и ни рече вадење на третиот крајник Знаев дека го има, но се тешев дека ќе рече да се почека, може ќе се повлече со тек на време. А тој ни еден ни два одма ваде. Па кога ми се стресоа нозе таму, ми се сврте ординацијата Дали себе да се гледам или ќере.. Па се прибрав за секунда, и го бомбардирав со прашања докторот. Но цврсто ме убедуваше дека допрва ќе почнат и поголемите проблеми со третиот крајник.. Со мм се договоривме да ја носиме на уште едно мислење, кај друг доктор. Па ако рече и тој вањеде, тоа и ќе биде.. Ај да знам дека ќе и олесни дишењето одма ќе го вадам, но ме загрижува тоа што големи се шансите по извесно време пак да се појави третиот крајник Тоа е, само нека е здрава и жива. Ако треба ќе собереме сили, и со верба во господ се ќе се заврши добро
Ај добра ден! Облачен, темен, дождлив... Деновиве сакам да ви пишам ама знам дека само едно ми е во мисла - пораѓајот и новиот член - бебката... па сфаќам дека едно те исто е .... па одлучивам да не пишам. Денес секако ќе го пратам постот. Очите едвај ги држам отворени, ништо не работам, чекам времето да мине и дома да си одам. Од работа пишам. Од 4 сум будна, де по мочкање бев, па бебе во стомак се размрда, не можев положба да си фатам... и ете ме нападнаа оние мисли и страв за она што следи, за пораѓајот, за обврските, па паника дека останаа некои работи незавршени а нема време кога... Се раздени и станав... толку од моето спиење. Во моментов чувствувам ,,часовник,, во стомакот Бебето ика?!?! Првпат осеќам такво нешто... Ќерка ми е супер, секој ден го бакнува мешко и сака да се роди... Сакам и јас...
Da ve pozdravam i jas duri spie malava...da stane pa da ja izbanjame.Uste taa obvrska e na sveki,mene mi e strav da banjam sama mnogu se nerviram sto sum straslivka...bebe stana pozz
Ај добро утро и од мене! Тмурен и врнежлив петок. Но, петок е петок Утрово беба стана порано, па ја донесов јас кај баба и. Инаку мм останува да ја чека да стане наутро и да ја носи, јас не можам да чекам, ептен сме стегнати на работа. Добро се снаоѓаат со свеки, блиску се, па на пауза ја посетувам..Единствено вчера и текна да штрајкува со глад, па морав да одам да интервенирам. Кога ме виде се изгушкавме и се си изеде Ептен се осеќа дека е радоста кога ќе дојдам. Почна да пушта сама неколку чекорчиња, за некој ден и постапалки ќе частам изгледа Ми порасна бебето, да се помирам треба дека не е веќе бебе. Голема е и разбира, комуницира со игри, некои и сама ги иницира да играме. Паметница Јас исто се навикнав на работа, добро се снаоѓам, се вратив на стари дружби. Убаво е не се жалам. Мм премногу се вклучува во обврските и многу ми е олеснување што ја носи и ја зема.Сама би можела, ама вака е полесно и побрзо. Не дека не паѓа некоја кавга наутро во спремање @chocolade Тешко е, ама од лично искуство и од искуство на блиски, каде каде е подобра состојбата по ваѓање на трет крајник. Сестра ми дури и слухот го губеше на крај и постојано затната во нос, од тоа потеше и настинуваше. Го извади и многу и олесна. Исто и детенцето на другар лани. Како мајка те разбирам, ама.ако и вториот доктор рече ваѓање ваѓај. Ќе стегниш заби. Сега е полесно од порано кога на сестра ми на живо и вадеа Барем не ги боли веќе. Инаку се приклучувам во клуб на кафеџики со цигарче, ајде давам по едно
I nie demek dobri, pa eve go spie poveke od saat sto e cudno za prvo dremnuvanje... Strav me fakja, dzmuckata e bas golema...
Добар ден. Денов ми почна наопачки и така си поминува. Сама сум со ѕверчињава дома. Големиот имаше еден ден тт па прави пауза од градинка. Што е работава мајки, во последно време ке кренат температура децава еден ден и една нок и толку. Вирус ли, што е? И едниот и другиот. Грло малку црвено, крвта е ок. Инаку сабајле дур уште спиеја си ставив кафе, кога се напив кисело, ке повратев се чудам што е. Тоа мм сабајле во 6 ( замисли) бокалот го чистел со алк.оцет и заборавил да го исплакне. Добро вреден, ама во 6 пред работа бог да чува. Инаку не сме мрднати од дома 3 дена, па викендов има да се шета по молови, еден куп работи ми требаат. Ама со две деца ништо не можеш да видиш, па едно ке го пратам кај баба. Незнам дали е до мене, ама пазарење со двајцата не ми успева. Уште се мали или мене не ме бива
Прво да пишам па после ќе ве дочитам..Се разбудив со главоболка,мислам дека од времево е.КОга се менува,не ми чини. Во некои филмови сум одсабајле за детево,што че биде коа ќе тргне градинка...Тој сега колку е за мене приврзан,а па тогаш че се корне од плачење.Башка некако неам баш доверба зашто многу деца се,а малку учителки..Ама тоа е,као за сите,така и за моево.Додуше моево можеше комотно да си тера дома докај 3год свеки да покажеше добра воља да го чува,ама другоно и е помило. Петок е денес,ама шо ако...Не планирам да чистам ништо освен машиниве.Неми се ни искача со луѓе да се гледам,зашо со празнициве доволно се социјализирав. Изгледа денес ептен се вклопувам во шемата “јануари нај депресивен месец“.
Не се секирај, трет крајник се вади трајно, не се појавува пак. Мене на 3 годишна возраст ми ги извадиле сите три зошто постојано сум била болна и со антибиотици од гнојна ангина. После вадењето ич не сум се разболувала. Не му ја мисли, подобра ќе биде после операција. Кога лежев на орл, имаше девојка што вадеше крајници и многу потешко помина за разлика од дечиња до 6 годишна возраст. Подобро ја поднесоа и операцијата и закрепнувањето. Со лесно да поминете Јас гроги, не сум ич спиена, мали после само три дена градинка почна да корне, да кашла цела ноќ, ми здосади веќе ептен. Викенд ќе го подопоравам и од понеделник пак иста песна. Инаку се по старо, затоа и не пишувам нешто многу тука. Ве поздравувам друшки
Кога се вадат сите три тогаш не се појавува пак. А доколку се вади само третиот, над 20% има шанси да се појави пак за жал.. Нејзе крајниците и се здрави фала богу, и докторот рече дека нема потреба да се вадат сите три.. Ај ќе одиме и на второ мислење, па ќе се решиме што-како... Фала мајка Иначе и нас ни почнаа проблемите одкако тргна во градинка.. ?Докторот рече дека и претходно го имала она третиот крајник, но во градинка заради голем број на вируси бактерии почнал да се воспалува често. Има пишувано, порано беше здраво право дете..
Не сум знаела. Јас дека мене извадени сите три, ослободена сум од таа мака за цел живот. Обавезно уште едно мислење, па тогаш да видиш што е правилно. А, штом се здрави другите два, убаво ти рекле, нема потреба од вадење. Искрено се ежам од крајници, моите двете имаат големи крајници, ама наводно никогаш не прават проблем, ако се толкави. се надевам така и ќе си остане. Ајде, што и да се одлучи, само со лесно да поминете
Здраво мајки. Лили за мене едно кило кафе. Не сум спиена се на се 1 час. Вчера ранејќи ја малата толку многу ми се слоши што се истурив. Мм преморен од работа му велам оди легни си јас ќе средам дете и јас си легнувам. Ама кога ми се слоши тој ја презема работата и ја заспа малата. Јас собрав сила и си легнав и се помолив малата само да не се буди често. Ама марфи ме чу и мслата на 10 мин цела вечер. Мерам тт нема леле сега ќе заспие. Само што ќе ја оставев и легнав таа пискаше. Не ми текна сируп за тт да дадам.Потоа мм ја зеде и отидоа да спијат во др соба. Тој стана во 5 и отиде на раб па јас ја зедов кај мене. Не ја однесов на градинка ни сила имав ни ништо. Од сабајле ништо нема јадено Многу ме загрижи гледам и тт качува оф мори мајко е работата пак вирус @chocolade и на мене како 6 год дете ми го извадија третиот крајник. Не ми порасна пак. Јас имав многу проблеми со ушите многу ме болеа и често бев болна. Дури престанав и да слушам , ако не го гледав човекот во уста не разбирав што ми зборува , глува бев. После тоа многу поретко се разболував со ушите и почнав да слушам.Знам дека по операцијата цело време спиев.Крајниците се зезната работа.Имав кол што и ги извадиле крајниците оти имала реума во колената, после тоа оздравела.Мене ми беше чудна ситуацијата крајници и раума ама ете Мајка ти најдобро ќе процениш Одам мајки малата заспа да поспијам и јас некој саат
Ај здраво и од мене На работа, малку поопуштено, демек петок. Бебо денес малку подолго во градинка, ама детево мислам од сафри кака по 3 пати додека е таму. Го зедоа, добар бил, малку плачел, ама тоа е, од понеделник не користам веќе „баба систем“, (ќе ги ослободам и нив малку), па ќе го носам цел ден (под цел ден мислам додека јас не го земам ) Викендов ќе тераме празници сами, конечно дома, со „софра„, со паричка, ќе си праам тортички, мафинки се со ред, домаќинка. Имајте убав викенд женски. Да се редактирам - рачунајтеме за кафе со цигаренце...
Има врска, оти крајниците се жариште на стрептокока пиогенис, ако не се лечи, удира на срце, бубрези и зглобови и може поголема беља да направи. Затоа и било подобро после операцијата.
Добар ден. Малава спие, јас читам по нет и читам по некоја страница. На диета сум малку, претерав со пакетчињата. Па, сега заедно ќе си јадеме варено и динстано. Не се сакам ич со кила плус, мм ми вика убава сум била, не се познавало, мхм, ама си познавам јас кога не можам патентот да го закопчам. Девојчулево ми збеснува по дома, а се свртам нешто е истурено, фрлено... Дете. Гледам цело време да не оставам работи на дофат, ама ќе се најде нешто што јас не сум мислела да го тргнам, а она му нашла намена. За крајниците @chocolade и мм го има извадено третиот крајник, цело време бил болен како мал додека не откриле од што е. Потоа се нема разболено, а и среќа не пораснал. Ми се пие кафе, ама ако станам ќе стане и она. Ај нека биде фина некоја мајка да свари. Па ќе варам јас кога нема да бидете во можност.
Добар ден Денес напорно на работа,петочки знае секогаш вака да биде да ме исцрпи,сега седнав едно кафе да пијам и да ве читнам. @chocolade јас сум за да консултирате уште еден орл,мислам дека кај вас не е до толку работата за одма да се вади крајникот,и мојава беше првата година во градинка нон стоп со вируси и затната во носот со бактерии па никој не ми ни посочил да испитам трет крајни,но еве две години се нема разболено освен затнат нос и мрсули повремено што не и прави некој проблем за два три дена и ко нова е.Освен тоа почесто им препорачуваат вадење кај тие што имаат проблем со грло и нон стоп се со гнојна ангина,и токму таа стрептокока во грло предизивикува проблем со коски и реума,ама сепак вие си знаете и секако докторите затоа подобро е уште со некој да се советувате. @EuHenIa те читав за малечката што е љубоморна на бебето,немој да се секираш со тек на време ќе се среди,јас сум со една ќерка па некогаш сум љубоморна дека само татко и го бара,по него вика,ептен се блиски ама па баш ми е мило што е така,сепак гледај да не ја запоставуваш ради бебето,ако имаш некој на помош помини сама со неа барем еден саат ,излезете макар и до продавница.Блиска пријателка во моментов се соочува со истото,има бебе од 2 месеци а поголемото и е 4 години и вика го мава кутрото,го штипи ,збеснува дома од љубомора. Поздрав,дужност ме зове
Тоа и се плашам, од трајни последици. Знам дека мава на уво, но она и со уши немала проблем до сега Мала ми е за вадење, само 3 години има Но недај боже ако е точно тоа дека допрва ќе и почнат проблеми, не сакам ни да помислам што може да се деси А за реума нека не ти биде чудно. Сличен случај сум и јас. Само наместо на колена мене од реума ми се појавуваше осип по тело и во уста внатре Одкако ги извадив за неполн ден се се повлече и од тогаш немам никакви проблеми фала богу @RainBow на колку години го има извадено, дали знаеш? @azelea ова е втор ОРЛ што го кажа истото. Ќе одиме на трет сега Првиот ОРЛ ми е некој непознат, затоа и барав второ мислење од добар ОРЛ.Имам уште еден што гласи за меѓуподобрите, ќе се консултирам и со него па ќе видиме Иначе и мене детево не ми изгледа како да е за под нож, немала гнојна ангина, ретко проблеми со грло, но носот е затнат од 9 октомври. Не помага ни оперил, ни капки антибиотик, ни инхалации.. Жално е ептен да гледаш како навечер се мачи, дише на уста и хрчи, некогаш како голем човек Фала ви