Добро утрооо Не се успав денес Ама тоа дека и бебе стана, па затоа Вчера троа заглавив , ај ручек да направам ај доручек и ... Да видиме од тоа што ќе се изеде денес. Баба му вели се си јадел. Е сега дали лаже за да не се секирам или стварно јаде ќе каже килажата и времето Битно кога дојдов од работа седна со мене да јаде и изеде десерт. Е вечерата едвај 2-3 залчиња ама ај си велам, и така беше прејаден претходно. Па вечерта цело млеко си го испи дека огладне во спиење. Ми се буди во 4 и 30 спремен за играње и поаѓа да се симне. Па пуштам приспивни на таблет и гушнати продолжуваме со спиење. Многу ми е страв мајки, а осети си легнам и јас одма се бутка во мене и многу ми е страв да не го повредам Јес да е голем и не се повредува така лесно ама,... мајка. Па затоа наутро станувам шпиртосана од што спијам како балзамирана да сум за да не го стиснам при вртење. Све ме боли со месеци. Не се жалам. Арно ми е . Кога сакаше во креветче да спие плачев дека нема да спие со мене па сеа ако и за ова се жалам срам да ми е Си ги гледам ноктиве, викендов не стигнав да ги средам. Или коса или нокти-бирај. Толку е времето. Ај вечер мож ќе стигнат на ред. И така мајки. Имајте убав ден, јас на пауза ќе одам да испазарам за дома и тоа е тоа. ГУшкајте деца
Добро утро. Јас демек наспана, беба станува на два саати, кенка, стенка, ни сама не знае што сака ја легнав до мене заспа одма. Не сакам да ја научам да спие со мене колку ми е убаво што дада и си спие во креветче. И еве ја сега нанка, си пиеше млекце и си уживка. Да ве прашам, носето малку и крчи, дали да ставам нешто или ова е она чистење после пороѓај? Убав ден на сите
Добро утро мајки Да частам и јас, денес ми е роденден. Уште еден роденден, годинава побројни од лани, плус со уште една љубов во мешето Подарок веќе добив од мм, еден прстен, но целосно неспоредливо со фештата која ми ја приреди малово синоќа. Точно после полноќ се разбуди и се кикотеше/смееше еден час. Ама такво смеење никогаш немало. И покрај временскиот термин кој не беше најповолен, срце ми се топеше. Чекам да стане и големата за да ја добијам и другата најубава на свет насмевка и прегратка. МАлото е од 10.00-11.00 во градинка, а големата има два термини од 11.00-11.45 и 11.45-12.30. Плус вечер е и на гимнастика од 16.30. Исполнет ден, нема градинка за неа, нека поспие. Имајте убав ден
Утро. Испив кафе со брзина на светлината, ама осеќам веќе уморот и ненаспаноста ме бутка. Пак ноќеска до ниедно време будна, мали уште премногу се поти, па морам да го чекам да се препоти и да го пресоблечам. Сабајлево ми се плачеше. Не функционирам со толку малку сон. 5 саати не ми се собраа овие 4 дена. Се нервирам плус, мали несака ништо да јаде, освен насабајле и навечер млеко и бисквити. Откако се разболе нервите ми попуштија. Друго што ме загрижува и плаши е болка во левата града, ја имам веќе неколку денови, и одма црни сценарија. А, никако време да најдам за да отидам на лекар. Сега се дома со татко им, два дена па пак еден ден со баба, и продолжен викенд. Реков, викендов има да спијам кога ќе спие и мали па што сака нека биде. Си го враќам времето назад, големата дур ми беше како мали, и сфаќам дека ми било далеку полесно. И помалку ми се разболуваше и повеќе спиевме. Сега сум во трка со времето, немам време баш за ништо. Се што е за мене одложувам. Закажав депилација, се разболе мали па морав да откажам, забар со месеци одложував, ама конечно во среда ќе одам за непцата. Требаше да се фарбам, одложив. Изморена сум, ненаспана, а со тоа и нервозата си доаѓа. Вчера и се развикав на големата за НИШТО. Цело време нешто ме прашуваше и се беше супер, се смеевме што се смеевме, отидов да мијам садови, пак дојде да ми кажува нешто и и свикав, да почека да досредам па да седнеме и да ми каже се што сака. Ама сега ми е криво и тешко, што за ништо и свикав. Заморот си го прави своето ама несмеам да викам за ништо, морам да се научам да се воздржувам, а тешко ми иде. И, се си мислам дека грешам, дека сум лоша мајка, дека моите деца заслужуваат подобра и потрпелива мајка, што ќе биде на располагање за се што сакаат да кажат во секое време без викање и без карање. Имајте убав ден, чувајте се, гушкајте се. Утре ќе биде подобро, се надевам... @danichap најсреќна да си. Само убавини ти посакувам
Добро утро мајки. Кафе испиено и палачинка една од синоќа на нога изедена. Спиев 7 саати замислете. На 2 рати И уште ми се спие. Изгледа навикнав со малку сон и ова ми дојде премногу Конечно раскитивме ,неделата маж ми елката, а јас другите ситници вчера. Како да ми се смени дневната, како да почна да дише Елката е 1.85 и многу пакетчиња под неа имавме. Сите ги ставав под елка нејќев да ги тргам. И сега гледам прашина и светки насекаде ,ќе мора да средам до после. Ручек не правам денес ќе одиме да си пишеме матичен па успат ќе се касне нешто што не треба @danichap и @Capricorn Taurus со задоцнување најсреќен
Здраво мајки. Вчера малата се разбуди во 1 кашлаше и кога ја легнав погледнав надвор немаше ништо, во 2 и пол станувам пак кашлаше гледам се е бело. Снег завеало Мислев толку зимата помина ама има уште до април Сабајле станав гледам цел сообраќај парализиран автобуси стојат, коли се движат само по една лента, од 3 см снег се парализира цела населба. Уште е така. Кога ја носев малата до градинка едвај ја бутав количката , а таа само покажуваше изненадено. Лидл ни го реновират па Едека ни е најблиску и од неа само пазарам. Купам 3 работи 17евра, а од лидл ќе си купев 6 работи Туку вчера бевме со малата и една пријателка од курсот од Ерменија со незините деца во СОС детското село.Има кафетерија нудат доручек и ручек по смешни цени. Јадевме колач и пиевме кафе се на се 1 евро.Има и мала игротека.Малата се радуваше многу не сакаше да си оди. Децата на пријателката се направија лом. Ама деца и мојата не беше куса ама мама кога ќе и сржи одма се претвара во ангел Се договоривме почесто да се среќаваме , абе и летото тоа се договоривме ама испадна по 6 месеци скоро. А комшики сме @danichap среќен роденден се најубаво , секогаш остани позитивна како што си @RainBow туку ти си по тие научните статии, нема ли некоја статија како детето да преспие цела ноќ или од кога ќе почне?Не можам повеќе со ова темпо ваква сум Пијам по 3 кафиња , а порано пиев по едно и немаат ефектТуку мојата уште 1 тројка треба да извади и баш си велев до 2 год раат , а викаш 5ки почнале леле Нема спиење изгледа Поздрав мајки, убав ден
Ќути, ќути, пак цела ноќ ја нишав, кенка во полусон и се држи за устата. Сабајле ми вика апче пиј, апче да сум и дала. Се изнасмеав на сета мака. што ме гледа мене кога пијам бруфен, па и викам ја боли мама главата, сега ќе и помине. Убаво сум го научила детето. Никаква студија не ни помага, трпение спасение во случајов. Сите заби до еден така ги извади, со нишање по цели ноќи и залепена за мене. Ама се тешам дека е здрава. Научна статија немам, ова само. Наздравје. Еве заспа сега од што не е спиена асално, ама спие на мене и ја нишам повремено. Се надевам по излегувањето на петките ќе спие помирно. Иако и додека ми беше во стомак мрдаше постојано. Дење-ноќе, заспивав со нејзините удари и се будев со нив. И во одење ме маваше. Баш се прашував кога спие. Еве сега знам. Сабајле си пиевме смуди, што убава работа, се што не сакаш да јадеш измешај со нешто што сакаш и завршена работа. За ручек за мене варен компир и салата, за неа зеленчук варен со едно јајце најверојатно. Убав ден мајки. Упс, заборавив на @danichap роденден да и честитам. Нека ти е среќен и само убавини да ти се случуваат. Заборавив на уште некој, се извинувам, главата малку ми е измешана.
@danichap Среќен роденден мајка,сите желби исполнети и еден куп насмевки! Добро утро од мене,кафе нарачано,студ во коски а 3 џемпери имам на мене.Вторник- пак мрзоволна за работа. Почнувам официјално по активно да гопланирам роденденот Треба во црква да се јавам да закажам за крштевката..Со колешкиве се зазборев,па косата им се миела на бебињава таму..Па како ќе го изнесам после до местово кај што ќе биде журката?! И друго што си мислев..Си купив преубав фустан за дотерување тој ден,ама како ќе го дојам?? Цел фустан нагое некако не иде..Значи нова комбинациај да си смислувам?? Ај може на попустиве да најдам сукња некоја... Денес му воведуваменов продукт на синко,ај со лесно...
Добро утро и од мене, ајде повелете по еден чај сабајлево станав со растечен нос и болно грло, кај ме најде сега да настинам Имавме закажано на ортопед денес, таму па гужва шо, среќа со бебе брзо завршивме. Супер е рекоа, уште една контрола за месец и пол. вчера и вакцина примивме, кутрото си поплачи малку, а до тогаш со сите се смееше. Одма купив сируп за температура за секој случај, цел ден со топломерот во раце, пусто мноогу ми е страв од тие температури. Ноќеска 5 пати го проверив, среќа немаше ич, со лесно поминавме овој пат. Сношти требаше да одиме на гости, му викам на мм да не одиме да не крени температура, тој пак ми вика ајде многу му се тресиш ти, ќе излезиме 1 сат и ќе се вратиме. Така бидна, отидовме таму се најдовме и со едни други, правевме пица, муабети, убо си поминавме, не се имавме видено одамна. Душичево мое само се смееше со сите, не му сметаше галама. Еве сега си спие, денес дома ќе си седиме, ни се најавија гости па да спремаме нешто благо солено. Барем побрзо ќе помине денов нема да е досадно. @danichap среќен роденден, убава тортата Убав ден на сите
Добар ден Скратена работна недела. Се радувам кога мм е дома, брзо ми поминува времето и помобилна сум отколку сама со бебе. Ќе се шетне некаде сигурно Вчера ја раскитив елката, собрав украсите и наеднаш дневнава со екстра место за релаксатор, хранилка, подлога за играње Ај екстра место, туку и почиста ми се виде Кашичката за бебе направена, почнав да му давам ама кутрото не знае дека е тоа оброк, па кога е гладно а јас давам кашичка он плаче за цице. И ништо со сила. Си го нацицувам. Полугладен кога е, ќе касне некоја лажичка и не сака повеќе...во текот на денот изедува цела кашичка со по две три лажички нудени на саат...ама не е тоа фората бре Дури и кога успевам да изеде пола кашичка, се врти и бара цице И така, се учиме, но не брзам...цицање е најлесниот начин на хранење, а и најубавиот за двајцата Бебе гледа цртани во релаксатор, јас пијам салеп и се мислам да се спремам и да одиме со бебе до рамстор. Ме мрзи малку, малку ми се оди и на два ума сум... си викам, ако не сега, ќе одиме кога ќе дојде мм Сум успеала да симнам уште кило..не знам како ама уште 4 до целта Не се малку ама ќе биде... Навечер многу се препотувам во спиење, се отскривам...па покривам и така во круг...ај себе си си погодувам некако...туку за малово ми е страв...облечено со боди и шпикозни, а јас само тенки пижами....ако мене ми е топло, како му е него... па го откривам до половина, кога се откривам и јас...па се предомислувам и го покривам иако јас сум откриена...и така цела вечер...а парното го исклучуваме во 11, не дека е многу топло во собата 19-20 степено макс... Веројатно мене ме маваат хормони или она надоаѓање млеко...и преку ден сум често де со блуза, де без неа, само по маичка на прерамки... Снег годинава изгледа нема, освен ако не изненади нареден месец А јас би да се затопли веќе...да се шета повеќе Убав ден имајте...останав без решение за рамсторов...улежена сум.
Добар ден од нас. Среќен роденден на мајките што задоцнив да честитам. @danichap среќен роденден, најсреќна да си. Ние сами дома од вчера. Брзо влеговме во шема, будење, преслекување, појадок, играње, па за време на преспивањето јас спремам ручек. Денес брз, потпечени макарони со сирење, јогурт и блитва. После доаѓањето на мм од работа, полесно е веќе. И јас почнав да аплицирам за работа, време е да се почне ама за малово се мислам. Во градинките нема место, бабите, дедовците сите работат во смени, не знам како ќе се снаоѓаме. Ама за тоа потоа, нека се јават од негде прво. Убав ден.
Хелоу Ви пишувам од фризер . Конечно време за мене. Ќе се фарбам и ќе се шишам. Бебе со свеки се чуваат. Дома е не е на работа ме нервира по дома . Друго нема ништо малце да се средам конечно и јас да заличам на човек. Тоа е тоа да не ви пишувам сега како се нервирам со свеки дома да не си го расипувам денов убав ми е . @danichap најсреќен роденден да си жива и здрава се што сакаш да ти се исполни .
Еве ме и мене Сношти детево мое будно до 2 часот Незнам до кога ќе издржам со тоа темпо... А како да ја разбудам наутро рано, кога и јас сум кома... Се надевам дека ќе смени.. Кај нас ладно камен. Во градов каде што сме разбравме дека имало школо за јазици, ако верувате се радував како мало дете. Штета што не е изводливо никако да почнам побрзо. Ќе чекам до другата година, за тогаш најдовме место во градинка. Арно 'малку' време ќе чекам...но тоа е. @24.07 па ние сме биле од ист град ме потсети на адетот, со одењето кај мајка на мазник и колбаси Овде ги тераме празниците, но целокупниот впечаток е различен, ја нема таа атмосфера што ја има дома... Да не филозофирам, немам др. ништо паметно што да пишам, за жалење имам, ама и од тоа ќе ве поштедам @danichap ти посакувам најсреќен роденден, секоја желба реалност да ти стани Поздрав до сите
Го пијам првото утринако време но не можам да уживам во него. Цело време очекувам да се разбуди бебе и го пијам на штрек. Многу ми треба пауза. Да знам дека бебе е на сигурно а јас дљ одмарам во тишина, да пијам кафе, да се туширам со саати. Да отидам на фризер, да средам нокти, на депилација, на забар па и некој третман за лице. Претерав! Му порачав на мм Магнезиум да видам дали ќе помогне. Ајде убав е животот од пролет поубав ќе биде верувам! @danichap Среќен роденден најсреќен нека е!
Среќен роденден на сите што слават. Друштво знам дека е напорно да се издрже овој период со децава, спијат, се будт, заби им растат, плачат, тешко е навистина, но денес ми се случи нешто ужасно, дали беше состојба пред мозочен удар или како и соодветно да се вика не знам. Одеднаш прејака главоболка, ми се вкочани десната рака и десната нога, заматен поглед, блокада целосна, за момент не можев да зборувам, почнав само да плачам, почнав не поврзано да зборувам, се преплашив, помислив готово е, до тука е... му се јавив на мм, да дојде да ме земе од раб, се јавив кај шефицата дека навистина не ми е добро и дека морам да одам, ми рече оди слободно. Дома сум сега, покрај душата моја, подобро ми е, сеуште ме боли глава но сега сум ок. Поручек се надевам ќе отидам на лекар да земам упати за крвна слика, целосна, би сакала и една снимка на глава на мозок да ми направат, ќе разговарам ќе видам што ќе ѓи кажат. Човек сега сваќа колку е краток животот и колкуне треба да се оперетуваме со глупости... Гушкајте ги малите ангели, не се знае што носи животот. Поздрав убав ден на сите!
@gjoker4e морав да те цитирам,ама ко јас да сум го пишувала ова,и мене ми треба истото Го испив кафето, јадев ,бебе најадено. ..сега ќе земам да средувам малце и да исфрлам непотребни работи по дома. Денес не шетаме ,ладничко е,бар малце сонце да имаше. Бар да се проветри дома може,добар е воздухот Убав ден мајки
Бебе спие... Додека спие не сака тропање, поготово ако ја слушне чешмата одма станува... Па мама на прсти гази многу е тешко, сам и без помош... Мм на работа, свеки и таа, мајками живее во Србија и морав да земам неплатен одмор, а можеби и ќе се откажам од работа... Понекогаш ме фаќа депресија и не можам да издржам, ама брзо ми проаѓа кога го гледам синко... Синоќа беше весело, синко се успа во 22:30, па кога стана од 4 до 7 лудуваше мислам дека го мачат запчиња, немаме ниедно уште... Некогаш ме фаќа криза, сакам да се наспијам еве го царот стана јбг Може мама да пушти перална и да ги измие садовите... Поздрав мами