@Klarisaa моето синче во август ќе има годинка, обавезно ќе го носиме на море. До Охрид исто секако, ама таму не знам дали би го ставила во вода, веројатно не, освен ако не забележам дека самиот сака, а водата не е исклучително ладна. Добар ден пријателки. Чекам малово да заспие па да си направам едно кафе, но тешко ни оди. Веќе се превртува, подигнува, смешка...не можам да останам рамнодушна и место да спие се заигруваме на спална Не го форсирам, пробувам 15тина минути, ако не бива, правец дневна, па за половина час - нов обид Попосле ќе дојде и другака на кафе, па таман нека спие тогаш..се токмам и едно цигарче да запалам А нели дојам па се предомислувам... Приквечер имаме термин на ортопед, па може ќе се тркне до сити мол, ама не ми се оди баш, после епизодите на трошење во џамбо и рамстор, страв ми е да одам во сити мол. Одбегнував скоро цел месец околу нова година да одиме низ трговски центри, па сега ко куче од ланец пуштено се понашав Многу ми е убаво дома, уште од сега не сакам на работа Ај далеку ми е да не мислам...знам социјализација ваму таму...ама како да си го оставам синчето да бидам отсутна кога ќе лази, станува, проодува...не не..не сакам да мислам.. Одам да пробам да го успијам пак ...
Јас не ја однесов мојата летото на 8 месеци. Многу ме направија будала, ама свесно ја донесов одлуката. Од оваа гледна точка не жалам. Не сакав да мени средина. Бенефитите од јодот многумина ги платија со цревни инфекции и малтретирање на бебе по жешко време. Јес да ви најжешкото ќе седиш во соба, ама калитеа кога бевме ни во соба не се седеше. Друго е кога ќе е малку поголемко, барем годинка. Го однесов охрид, ама во мој стан и уживавме цело лето. Долг пат со бебе, на непознато да одам, јас не сакав.
Зошто да ти биде незгодно да му дадеш на бебе да јаде. Сите би требало да разберат дека гладно бебе така се рани. Ако сте на гости рачунај ќе биде и малку повознемирен па баш тогаш ќе си бара близина и топлина со тебе. Ајде тазе е па може ти е незгодно. Кога ќе видиш дека не е толку „баук„ ќе јадете секаде. На пример на клупа во парк, на лежалка на плажа и слично. Мојот прв пат беше на езеро на 6 и пол месеци, потоа на море на 8. прво бевме во Охрид во жештините и кога во Скопје не се спиеше ние таму накавме супер покрај езеро. Потоа на почеток ан Септември кога стивна жешкото бевме на Халкидики. Супер искуство имам од двете места. Најпаметниот совет што ми го даде педијатар за одбегнување на проблеми со цревни вируси и слично е во деновите кога сме на одмор бебе да јаде готови купечки кашички. Ова од аспект што стомачињата им се уште нежни, навикнати на домашните ни бактерии и вируси ама потешко се снаоѓаат во нова средина. Затоа отвараш тегличка и тоа што останало фрлаш. Миеш само лажичка и имаш помалку можност за контаминација. Тоа што имав помалку за миење, готвење и слично ми дојде и мене вистински одмор. На двете места не се соочовив ама баш со никакви проблеми. Во Охрид само нозе му стававме во вода, во Грција имавме гума за бебиња и си влегувавме еднаш дневно со него во вода остатокот играше во песок. Ајде сега да пишам збор два и за нас. Јас пак ептен со работа се си земам нови обврски што да правам. Дете се навикна да сум дома па сега секое сабајле е плачки кога треба да одам на работа. Ај ќе се навикне. Додуше викендов одиме на планина па пак ќе се гушкаме.
@Klarisaa мојата беше 9 месеци кога ја однесовме на море. Иако смени околина,не покажа никакви значи дека не и одговара,преубаво поминавме и ние и таа. Цело време си играше со песок,купивме малецко базентче па и на плажа го носевме за да си се капи и внатре. Мое мислење е да си го носиш малото на одмор,сепак на крај одлуката е ваша. Инаку,ви немам пишано од пред нова година Кај нас се случи огромна промена во животот,на позитивно па сега користиме и уживаме. Откако дојдовме малава фати сипаници,дали си ги донесовме од Мк или од тука не знам,битно и со нив лесно поминавме. Туку сакав да ги прашам мајкиве што имаат 2 годишни деца дали е нормално ова што ми го приредува малава...во маркет ако не и купам нешто,вришти. Дома вришти,ко ќе стани од спиење вришти,едноставно се сака да биди по нејзино не знам дали е период или таков карактер е,само знам дека почнувам со казни.Не можам повеќе да издржам да се вртат сите накај нас кога ќе почни да хистериша кога сме излезени. Овде едно дете немам слушнато вака да се дери како моево,моево само дели од сите. П.С - на мм пред некој ден му кажав дека сум скоро 100% сигурна дека не сакам второ и некако како да не ја прифаќа мојава одлука,сакал тој 2 деца...борбата ќе биди долга,осеќам (ама не му попуштам)
Во септеври го носев, бебе беше 2 и пол месеци. Плус постариот две годишен. Сместени во убав хотел до плажа. Се изнауживавме за сите пари . Дека септември не беше пре топло. Бебе беше само на цицање , што значи цуцли шишиња ништо не носев. Првенствено одев ради поголемиот и страшно ке се зезнев ако слушав баби. Многу опуштен одмор си поминавме. Бебе се изнаспа. Валда има разлика прво и второ дене . Првото не го извадив од Скопје цела година, а второво до третиот месец беше на море, планина, езеро, на село.
Хелоу, хелоу. Како сте мајки? Јас денес го носев малиот на контрола, немал веќе на плуќа, носот крш, антибиотик до понеделник вечер да давам. Ми вика докторката, носот што му тече постојано можно е да е алергија. Ама на толку мало не испитуваат алергии. Бактеријата не ја зимаат во предвид, не течел од тоа носот. Ама стретокока е да му се невиди, како може да очекуваат мирен нос, без секрет еве незнам. Ми вика, после антибиотикот две недели уште дома да седи. Ама како, и тоа незнам. Денес мајка ги чува, наредната недела цела ми се нафати, ама таа другата веќе мора да почнат да одат. Нека ојачува со имунитет, инаку ќе се мрднам од болестиве негови. Мене вчера дожд ме фати, цела накиснав, денес сум за никаде. Пиев парацетамол, глава ми пука, одвај чекам дома да си одам. Утре домче, продолжен викенд не чека, ќе гушкам деците дома цели три дена Убав ден мајки П.С. На одмор не успеавме да отидеме пошто малиот и мај и јули заглави во болница. Инаку сум за, од годинка па натаму. Мене со големата на година одморот ми беше пеколен, мачен, се само одмор не ми се виде. Плус, од промена на место и клима, два дена изгоре од температура. На три години пак ја однесовме, поминавме совршено, дете разбира, послушно, релаксинано, прав одмор. @m.i.g период е, дефинитивно. Јас го имав истиот со големата од две до три години. Ми направи сцена во Сити мол за ескалаторот, сакала цело време да се вози нагоре, надоле. Она се дере, вбришти, јас детето на рамо, си ќутев, сите гледаа во нас, ја пикнав во кола, тргнавме и магично престана да прави сцени. Еднаш во маркет сакала бони топ. Немаше, па почна да се треска, да вришти, па уз пат виде животинско царство на каса и сакаше цел рафт да го купиме (имаше преку 15 чоколатца) не купивме ништо, се утепа од дерење. И реков, до тогаш нигде нема да те носам зошто правиш сцени. После некое време се смири, друго дете беше секаде. Не е до детето, до периодот е. И јас како тебе викав, нема шанси второ дете да родам, ама направи големата 2,5 години и ми се појави желбата, Еве ги, скоро 4 години се разлика, и не се каам воопшто, поубав ни е животот сега со две. Кај нас мм беше малку воздржан, несакаше второ, од причина- мал стан. Се убедивме некако и сега вика, добро е што сум те послушал
Ние бевме крајот на јуни. Синко таму наполни 6 месеци. Многу убаво поминавме и по пат и таму, дури и запче извадивме и не сетивме ништо. Времето беше топло, но не и прежешко, по цел ден бевме на плажа. Уживаше да се бања, му купивме базентче, а го бањавме и во море. Јас препорачувам, ама само крај на јуни или септември. Во сезона не би, ем е многу жешко, ем многу гужва има. Еве слика некоја Spoiler: СЛИКИ
@m.i.g ист е Стефан. Неколку дена се разлика, ко за него да читам. Денес дома што ми приреди, не можам да се смирам. Се слече гол за да го бањам, едвај сама довлечкав коритце и вода, не сакаше да излезе никако, зградата ја крена од вриштење за малку коритото ќе ми го превртеше. Се што му дадов од сабајле да јаде ми истури, се измачка, на под исфрли, сега е гладен и дреми пред релна едвај чека ручек. Не ми се гледа пред очи од што е растурено дома, нема како да го залажам, се качува сегде секунда не е за оставање. Ко ќе му викам ме игнорира ко ништо да не било, после ќе се фрли да ме бакнува и гушка. За играчки да не зборувам, пред некој ден се тегневме во Џамбо. Не сум паметна како да постапам, некогаш е многу умен, особено со други па не ми веруваат ко ќе кажувам дека мене ми збеснува и вришти. Ајде мајките со поголеми дечиња нека не советуваат.
Хелоу женски, петок не е ама исто како да е се радувам на продолжениве викенди како мало дете. Па како и да не кога реално викенди се гледаме само саглам. Дури и прцлево разбира па вика:" Мама не оди на работа, јееееееее!!!" Ке си останеме во Скопјево и има да се гушкаме и гмечиме од сабајле до вечер. Ќе си се видиме со драги пријатели со дечиња со кои се поретко се гледаме, од очигледни причини и една вечер излегување за мама и тато. Немам грижа на совест за излегувањава (иако ретки) зошто го оставам заспан, а и дури сега ми се појави желба повторно за излегувања, дружби, гласна музика (повремено). До скоро сакав само да се стуткам во кревет до дете и да запијам. Не за џабе викале се во свое време. Е сеа тоа што не се излегува во тренерки и раширени дуксери е друг проблем ама не знам што ми стана од кога имам дете немам никаква желба да купувам за мене. Сега па и поправена знам само ќе се изнервирам па го одложувам шопингов до бескрај. Веројатно заради 532791 подароци кои ги спремав за празнициве веќе самата помисла на шопинг ме истоштува. А ќе мора и тоа, ајде кога ќе се оправи времево. За вечер ќе се дотерам со насмевка и тоа што ме собира од плакар Среќни родендени, имендени и слави на мајки, дечиња и семејства. Имајте убав продолжен викенд и гушкајте се најсилно, да не ви биде криво после
@BirMelek лесни чекорчиња на принцезата кон големи успеси. Кај нас ништо ново по дома со бебушка. Се тоа по тоа. Мм слободен за викенд па ќе се шетне некаде. За летово планирам да одиме за Црна Гора бебушка ќе има 11 месеци здравје до тогаш. Сум за одмор. Нема да е ептен мала.
@Klarisaa моево сега е 2м баш денес гледам понуди за да резервирам одмор за крај на мај/почеток на јуни за Грција. Планираме уште еден одмор и крај на август/септември подалеку Зошто не би?? Верувам дека ќе му годи, нас ни баби не ни садат лоши мисли (додуше и ние сме своеглави ) туку мајка и ми помага да најдеме прикладно сместување @JoyJoy лошо ме разбра, јас не сум тип што сака да ,,смета,, и пика по соби, тие не би имале никаква замерка да ни понудат тивка соба, а за доење во јавност, веќе се доиме на велико, не ми е срам, незгодно, најбитно ми е бебе да е среќно или да не вришти ****** Добар ден.. Бебе ми нана во прегратки и колку и да е тежок и раце да ми паднаа, не ми се испушта, се си викам сега ми е можност да го гушкам колку сакам, а и толку многу го чекав и му се радувам што не сакам да испуштам ни миг. Не знам како ќе успеам во иднина да се одделам од него на час-два, посесивна сум станала уште од сега Убав остаток од денот, се надевам ниедна нема да ја однесе ветров што носи се пред себе надвор
Јас во ситуации кога изведуваше и правеше сцени надвор од дома, ја игнорирав. Едноставно, ќе ја земев во раце и ја изнесував од просторот. После тоа ќе ја седнев и ќе и објаснев дека тоа што го прави е срамота, дека умните деца така не прават и дека ако така продолжи само дома ќе си седиме. Со долги денови зборење кај нас успеа. Дома никогаш не ми правела проблеми, освен еден период кога несакаше попладне да спие, па игравме брканица по соби, па ќе ја скарав малку и со плачки ќе легнеше. Некој ќе ми речеше дека не е добро што ја карам за спиење, ама ако не преспиеше попладне стануваше невозможна за чување. Трпение само, и многу зборење, што е добро а што не. Тој период се како сунгери, со многу јаки нерви има ефект
Добар ден мајкички Бебе само што заспа па се спремам да се почастам со едно кафе. Алиштата ми се спремни уште да спакувам се во едно мало куферче, да ви кажам искрено многу сум возбудена прв пат ќе одам негде на неколку дена со бебе и ептен ми е во мисла како ќе поминеме. Алишта сум спремила како за еден месец, ама стварно незнам што се ми треба, а што не Гледам на временска прогноза дожд, се молам да утнале ептен би се разочарала ако не ни се погоди времето.Јас сум оптимист па се надевам супер ќе биде се За одмор јас планирам уште крај на мај да одиме една недела веќе гледам понуди синко тогаш ќе биде 10 месеци ,испланирано ми е се да оставам три дена од одморот да ги спојам со неработните денови крај на мај и одиме се надевам ќе ми се реализира планот .Здравје во август пак да си одиме бидејки 2017 рипнавме одмор оваа година мора да надохнадиме и за ланската @BirMelek лесни чекорчиња @orhideea те нема ,пиши ни фалат твоите долги постови Убав ден на сите
Добар ден. Мислев @Saraa да не пишала, ама гледам ја нема уште. Да се надоврзам на муабетот погоре, почна и моево рано рано да да го фаќа возот на тантрумите. Мали се уште, ама ми дава еден preview на тоа што ме очекува. Во трговски седнува доле и пишти. Мене искрено ми е така смешно малку. Скроз преминав преку тоа дека плачела во јавност, не ни приметувам дали некој не гледа или што мисли, тогаш е важна само она. Децата се дел од општеството и тоа мора сите да го прифатат. Да, ќе плачат во јавност, дел од воспитувањето се одвива во јавност. Прво ние како мајки треба да престанеме да судиме друга мајка ако и плаче детето, или и како се справува таа со тоа, второ и самите треба да се ослободиме од тие стеги за соодветно да реагираме. Вчера кај моите запнала да се бања. Одам да ја земам и гледам во корито во сред дневна ја ставиле и се шлапа. Не можеле на крај да излезат и морало така да биде. Океј, баба и дедо, не очекувам да ја воспитуваат, затоа и служат, да ја разгалат малку. Арно ама не сакала да излезе, па морав јас да ја извадам. Мене ми е сосема нормално да плаче, да бара нешто, турка граници да види до каде може да оди. До три години мозокот прекувремено им работи, премногу конекции остваруваат, имаат преголеми чувства со кои не знаат како да се справат. Јас само ја гушкам се обидувам со нешто да и одвлечам внимание, не планирам да ја игнорирам додека не се смири. Мора да им помогнеме, затоа сме тука, не да ги игнорираме кога не ни одговара нивното однесување. Но, тоа е мојот родителски пристап, секое е нормално различно. @BirMelek лесни чекорчиња. @danichap да уживаш во секоја секунда, а се надевам и си уживала. Убав ден на сите. Упс, грешка, не е дојдено времето за тоа. Ова требаше ете низ глава што ми се мота.
Еве овде значи едно дете нема правено скандали по шопинг центри и маркети како моево. Некни едно машко,на возраст колку моево малку само сквичи и мајка му му вика “сакаш да си одиме дома” и толку прекина. И мене ми беа овие испади ОК дури бевме таму,но гледам дека овде сме како од Марс паднати за околинава. Прееска и вика свекор ми “ела да се видиш со баба ти ан Скајп “ зеде легна на земја и плачи ... мислам стварно без причина е тажењево,на моменти ми иди да излезам од дома и да не се вратам цел ден хаха
Здраво женчиња Се спремам да пишам уште пред некој ден ама немам време.а редовно читам. Која среќа денес заспаа во исто време и тоа во ист кревет на поголемиот.Уште во јуни му го купувме и од тогаш на тука спие сам во него,беше во спална ама денес со мм го преместивме у дневна,ем на топло ем затоа што тој утре или сабота ќе оди на пат.А за струја ни дојде сметка 7000 оти вклучував една греалка од оние што дуваат и тоа само вечерно време. А веќе 12 дена на малово му тече носето зелени мрсули,денес земавме рез.од брис и има бактерија во носето а на грло не.Стварно не ми е јасно зошто и од кај се кај него!!?? Многу се нервирам.Се дома,не се меша мн со деца,нема градинки ништо и од лани прво имаше бронхопневмонија па вирус коксаки па сега оваа бактерија.А големиов е добар.Ама ќе пукнам веќе. Обврски секој ден тие се едни исти. Глава ме боли си направив кафе.Повелете кој може и сака. Убав ден...
Тука сум @RainBow аи на сите други ви благодарам што ме мислите. И вчера бев со јаки главоболки, денес веќе подруго е, сеуште не сум во топ форма, но тука сум!!! Луѓе го сакам она зверчето мое до небото и назАд, ме исполнува и тогаш кога се нервирам и тогаш кога плаче без врска, напорна е но барем имам за кого и да се нервирам, тоа е важното. Од денес со гости, утре си одат, вечер ме чека излегување, утре иако не работен ден ме чекаат на работа, не ми се оди ама ќе видам како ќе излезе на крај. Глава боли не боли за шопинг ќе се исправам, за викенд се движиме во Скопје, кажете има ли нешто добро на „попуст“. Поздрав мили, нели и на шопинг мислам се гледа дека ми е подобро, ве сакам најубави едни.
Леле, да бидам искрена не ми се верува дека не си отишла на лекар. Најсериозно. Имаш дете на кое треба да мислиш, а за да мислиш на него треба ти да бидеш здрава и да се грижиш за себе. Можеби и грубо звучам, ама уште и главоболки си имала, во каква состојба се опиша пред некој ден и да не отидеш на лекар? Зошто потоа не дај Боже со уште полошо да се справуваш ако можеш сега нешто да спречиш? Ни до матичниот ли не отиде? Барем на еден преглед и да му кажеш што ти се случило?