Добра вечер мами Јас стандард касно пишувам како вампир сум станала. Синко уште болен, душата ме боли кога кашла, колку се мачи со инхалациите. Не можам да го натерам да цица, може од што му е затнато носето па не може, денес цел ден градите камен ми беа, па се измолзев малку за да му дадам со лажичка млеко, пред малку одвај заспа па така заспан го излажав да цица. На се оваа мака изгкеда и заб ќе му излага, а сега гледам и тт почна да крева, од тт имам најмногу страв, нема многу 37.4 ама јас секако и оваа вечер нема да спијам, ќе го пратам. Утре сме на веридба а не ми се оди ич. Мм кашла и само офка кога ќе дојде од работа, какл кој знае колку тешка болест да има, тој е поголемо бебе и од бебево. Се надевам дека ќе помине настинкава, зошто од нервоза желудникот ме боли. Не ми се пишуваат вакви негативни постови. Ве поздравувам и ве
Добро утро рано во сабота Од 6 се разбудив ама не можев да станам да не ги разбудам двајцата, а мрднев одма де едниот де другиот. На крај се разбуди малово накај 7 па го оставивме батко да поспие. Денес сум малку на работа ги оставив да се чуваат со тато. @danichap нека и е среќен роденден на малата кукла, здрава весела и среќна Ќе заборавев @kristina.k честито работно место, со среќа па и пензија да си дочекаш
Добро утро мајчиња! Кафе?  Повелете алкохол нема, за вечер се чуваме Прв пат јас кафе да пијам сама наутро додека синко спие. Стана во 7, се врткаше до 8 и пак заспа. Еве уште спие, јас и кафе испив и алишта пружив. Денес осеќам дома нема да се прибереме надвор ќе биде +10 степени. @kristina.k честитки!!! Со среќа и со лесно да ти оди работата. @danichap среќна и весела да е куклата цел живот! Среќен роденден! Убав ден имајте
Добро утро мајки Среќен роденден на принцезата на @danichap Јас ја мислев бебе таа веќе годинка наполнила Кога те читам за градинката, за логопедот, за прегледите, за бременоста...се појасно ми станува во колку различни светови живееме. Јас со најмалиот, една недела после вакцина ми настина, затнат е и раскашлан, гласот му е фатен, вчера по анализи на доктор, со антибиотик е сега. Утрово средниот, среќа сестра ми е тука па го однесе таа на преглед. Не се издржува сама со три деца Честитки за сите кои имате некаков повод. Не сум во тек со ништо...
Добро утро. Што убаво вака кога сме од сабајле сите дома. Мм правеше доручек за деца и нас и кафиња, јас пресоблекував. Се наранивме, сега правиме план за денот, а планот е едно дете кај баба и во шопинг . @danichap срекен роденден на девојката, жива, здрава, срекна, весела. Убав ден мајки.
Добро утро мајчички. Јас пијам кафе, бебе пее и се вози во релаксаторот. Како лета времето. 2 месеца во љубов сме Убав денот денес. Бар на кратко ќе ја шетнам надвор. Греотка е дома да седи. Сакам и до сити мол да тркнам. Време е играчки да се купуваат за занимација. На тропалката ептен убаво реагира и една музичка играчка. Докторката вика дека реагира како 3 месечно бебенце, па мама се попали одма играчки да купува. Дека ми треба изговор за шопинг. Едвај чекам пасошот да и бидне. Кубурам со облека. Се омалело. Мм отиде да купи бурек. Што ме нервира деновиве. Се ненаспан е, се уморен е, а цела ноќ скоро ја спие. Бебе денес прв пат стана во 5, а легна во 9.30. Ја презаспав до 9.20. Греота е да се жалиме од бебе. Па и неговите. Не знам колку пати да им се каже да не носат мало дете што оди во градинка на гости?! Им кажав суптилно, ама изгледа треба да сум директна. Не правам проблем да дојдат, ама секој втор ден ми е премногу. Мало е моето за толку дружба. Кај не спие преку ден и пробувам некој ред да и направам ќе дојдат кога им е кажано да не идат. Отидов да јадам. @danichap среќен роденден на момата. Да бидете среќни сите со неа Ако не се лажам и малото на @vitamina ни порасна Среќен роденден на баткото
Доброутро мајки. Кај нас не е баш најсјајно.Температура имаме веќе трет ден,ама чудна температура варира од 38 до 37 и обратно.Највисока ни беше 38.4.Ајде можеби и топломерот не чинеше па си купив живин демек најпрецизен бил.Нит сум да давам сируп нит да не давам.Детето весело си игра послабо јаде ама цица постојано.Бев сабајле до Авицена и крвна слика и урина и уринокултура направивме.Резултатите ќе ги земам околу 1 па ќе видиме што ќе биде.И мокрачата како чудно да му мириса прво си мислев дека е од пелените нешто дајперсов смрдат во последно време,ама сега со температурата,па решив да видиме што ќе покаже.Си мислев и температурата дека можеби е од забите 6 заба истовремено излегуваат,се чувме со докторот вика нема шанса од заби 38.Ајде ќе ги чекаме резултатите. И згора на се ме изнервира мм што сум била упорна сум трчала со чашата за мокрача цело сабајле,на детето ништо не му било си играло свеж супер бил.Да му го оставам на него ни температурата не му ја примети,што повеќе.Он си отиде на работа јас со него сама,носи дете туширај,давај сируп мери тт на секој пола саат.Ако ми крене повеќе а сама полошо ќе е.И прави да се чувствувам ко лоша мајка вештерка што си го носи детето од чиста Мира на боцкање.Флегма човек.Битно јас раат ќе сум а не дете три дена чувам со тт. Инаку таму си се изнаигра со се можно.Ја превртевме цела Авицена.Па уште се пушти на едно девојче да и го земе балонот.Му викам синко и ти ќе стигнеш на ред,него кај ти е џентламенството. И така сега дур не ги видам резултатите нема да сум раат. @danichap среќен роденден на принцезата број два
Здраво. Ниk од вчера после ручек сме со растечен нос,мрсули долги еден метар,очи крвави полни со солзи и гурелки.Ноќеска добро поминавме,но сега почнува да качува тт.Сигурна сум дека е од оваа досадна бактерија,која си ја пренесува од нос во око.Матичната ни даде капки од диво оригано за нос и цитерал за во очи. Доманастана караница со стариве поточно со свекор ми зошто сакаме да провериме и ние дали ја имаме бакеријата.Ние сме ги правели болни шугосани.Значи стварно преку глава ми е од него. Дете заспа да одам да правам ручек за нас и за него додека спие. @danichap среќен роденден на принцезата @vitamina среќен роденден на баткото @kristina.k честирки и со лесно да ти поминуваат деновите на работа
Добро ден @danichap среќен нека и е на малата роденденот , да е жива и здрава и голема да расте Цела вечер на 30мин станување кашлање . Не знам веќе што да правам ќе полудам. Сабајле стана очињата и беа со гурли уште бактерија ни фали. Ми иде да фанам усвет веќе. Мислам да ја отпишам и од градинка ама што ако на 3 год задолжително е пак низ исто ли да минуваме?Ова со гурлите од кај докторот е. Имаше болно дете ама не можам да ја држам врзана за мене .Мм одма во раци да сум ја држела ма сваштаОд дома седење и мудрување е најлесно. Вчера шетавме со мм и ќере и и купивме една количка со коцки. Цел пат од маркето до дома плакаше сакаше да ја возе.Едвај ја смиривме.Денес не престанува да си игра Ајде мајки поздрав и убав ден.
@vitamina @danichap среќен роденден на малечките, да се здрави и живи, да ве радуваат секогаш! Фала ви на сите за честитките за работата, се што сакате да ви се врати! Убав ден на сите.
Добар ден! Среќен Роденден на малите @danichap и @vitamina најсреќни да се, а на сите други што имаа за честитање исто ви посакувам се најубаво со задоцнување ама се надевам се важи. Се успавме, да јадам и планирам да излезам до град. Се договорив со една другарка да шетнеме па ус пат може и кафе да пиеме ама ќе видиме сега дали нејзиното ќе заспие скоро. Инаку ние уште сме тука не ни се брза за назад и користам максимално помош па затоа ме нема, секогаш има што да се прави и само ве читам набрзина а за пишување некако не ми е периодот. Дете секој ден нешто ново веќе е човече мало и опасно би рекла, знае да ме изнервира за секунда ама знае и да ме стопи од среќа. Моментално хит и е да кажува фала и само оди и ти дава нешто и вели фала. Тоа дека кога таа мене нешто ми дава и велам фала,само што таа го користи и кога и даваш и кога дава Тоа за сега, имајте сите убав ден.
Среќен роденден на милата принцеза на @danichap и на највеселото Витаминче @vitamina Ние уште болни, а времево мами за прошетка
Ви благодарам на сите од се срце за честитките и ви подакувам здравје и среќа и убавини во сите фамилии посебно на најмалите и најмилите. 1 година среќа, љубов и многу радости. Животот 1 година ни е најисполнет и разубавен од убавецот наш. Од денешна перспектива гледано си велам дека животот со бебиња и дечиња е многу убав без разлика на се, таа љубов и тие детски очиња се бесценети. Подоцна ќе прикачам слико да ве почастам лично од мојава маса и торта. А сега ќе одам да спремам за куп гости и да се радувам на денот. И лани се радував и сега, денес, непроценливо е без разлика на се. Поздрав мајки ви благодарам на сите
Добар ден мами Бејби ептен умен вчера во 18.30 си легна, денес во 07ч стана, се изнаспав/ме ама да не спомнувам дека од 18.30 до 21.30ч бев креветче Сабајле ме растопи со гугање и смеење додуше и писка И се така убаво ама на едно пресоблакање ме испомоча, па јас со моите рефлекси кога срипав, ме исплаши, не очекував а оно се смее, ли смее Огледалото ми вика дека треба да се ставам во ред, башка нели одмор уплатив, па за диета дојам, за вежбање немам време, ама за возење количка и шпартање се може, па и тоа е нешто. И така свртев едно 30тина круга со количката низ тераса, па после грабнав кенгурот и шпартав низ двор И сега се чувствувам како да е 20ч, а тоа уште ручек не сум спремила мм заврши со обврски и спомнува Мол нешто, ама не ми се оди некако, а сака да одиме да ми купи нешто што ветил, па прашање е сега да се оди или не плус нели и ручек некаде може да се истера Бејби демек спиеше ама еве се ококори и стиска ли стиска, шири нозе, кења, па ајде идам да припремам леѓенот за газ миење Убава сабота
Добар ден мајки. @danichap @vitamina среќни родендени на дечињата Ние исто, размрсулавени до колена па си седиме дома на вакво време. Ја извадив прееска некои 20 мин во двор, количка немаме ја оставив вчера кај моите немавме место во кола да ја спаковаме. Ќере вчера супер поминала со баба ѝ на чување, цел ден колку само ми недостигаше, ама морав иначе ни К од колачи ќе се видеше со неа Се изнаспала добри 4 часа рекордот го сруши. Кај баба и дедо секогаш спие И Многу е несмасна откако прооде само паѓа така вчера си направи една синица на образот Нек е здрава и жива, така растат деца нели? Убав викенд на сите
Добар ден мајки. Фала на сите за честитките. Да упатам и јас една до лепотанот на @vitamina. Секогаш среќни покрај него. Јас со големата во спална, божем да се успиваме, или не, ама малку да одмори. Марфи денес во полн елемент, па и двете се издигаа во 07.00, татко им од работа си дојде во 13.00 наместо во 10.00.... Душава ми знае како минав од сабајле во спремање заедно со двете околу мене . Малото ми е радости. Душа мајкина Убав ден на сите