Моево е многу немирно, мислам прави и работи што не смее, фаќал и во штекери и се, ама не можам да го удрам, особено не по раче. Знам дека удирање по пелена не е тепање или насилство, ама се трудам со збор да му кажам, а некогаш и повишувам тон на што не сум горда. Мм смета дека мора да се плесне по газе ко ќе ја претера многу, и еднаш во овие две години го направи тоа, па бев лута неколку дена. Толку ме здоболи што не можев да си објаснам, а знам дека ќе има ситуации со други деца ко ќе е повеќе да се удрат, ама некако друго ми е со дете. Јас не сум за таков начин на дисциплинирање. И во целост се согласувам со @LiliBoz, а и исти коментари добивам од другите, освен од мајка ми. Всушност и јас и брат ми не бевме тепани воопшто, па и не бевме проблематични деца.
@RainBow ме освести со постот! Се сетив кога мајка ми ме тепаше со стап зошто сум играла со братучетка ми (а мајка ми не збори со стрина ми). Пораснав во кавги, тепање, дерење, негативна енергија. На моменти се чувствувам како мајка ми, кога сум нервозна ради бебето. А оно душичка мала жално и греота е да расте така. Јас сум свесна за себеси, но твојот пост уште повеќе ме освести и ме наведе на заклучок за моето мајчинство. Жално е колку бебиња растат во еден таков суров свет. @danichap @vitamina среќни родендени! И воедно би сакала @danichap да ја сподели тајната за нејзиното мајчинство? По ова што те читам ти си идеална мајка но незамисливо ми е јас да го применам во мојата пракса. На пример немам време да јадам (денес ми се слоши како и речиси секој ден од прегладнетост па оставив бебе да плаче јас пржев јајца и јадев набрзина). Како успеваш да постигнеш се? @LiliBoz јас сум за тоа се да се решава смирено и со разговор. Мислев таква мајка ќе бидам. Но мн сум нервозна на моменти се дерам на 9 месечно бебе. Немав пишано со денови некоја мрза ме фати и покрај убавото време ми мириса на болест во воздухот. Какво ли ќе биде во Скопје летово? Дали да бегаме на време? Да се пофалам бебе легнува кај 9-10 (за разлика од 2-3 ноќта кога цела вечер јас нервозна оно плаче) е сега сме раат после неколку дена будење рано сабајле. Многу ми се спиеше насабајле ама реков ќе го будам па што сака нека е. Одлична одлука. Ми се пишува уште но и ова е многу да не претерувам. Добра ноќ мајки да поработиме на нашата енергија. Да бидеме ведри, смирени, позитивни, силни мајки со темни кругови околу очите и мрсна коса. Деновиве шетаме и си мислам сите гледаат во мојата мрсна коса и несредено лице но тоа е, мајка!
Па кога зборувањето,зборувањето не пали,искрено мене не ми е жал и ако го плеснам по газе.Моето дете е веќе 3.5 год,возраст на која веќе разбира што треба а што не да се прави. Многу добро и разбира кога го учам,кога го советувам,и најмногу криво ми е што на друг од страна кажува се што сум го учела, а дома со мене води инает. Проблеми со штекери,фаќање на недозволени места сме немале, знае дека ако фаќа на недозволено место ќе се случи незгода(пожар,ќе не фати струја и сл) и приказната тука завршува. Детето на пријатели 22месеци е страшно немирно со акнување на глава од земја ако не добие тоа што сака,кршење на се што гледа пред себе, намерно фаќање во штекови,уклучување на шпорет полн со пластични играчки... На тоа знаете ли како реагираат родителите?Таткото го кара,мајката се лути на таткото,се караат меѓу себе, па го гушкаат детето.Тотална грешка! Детето треба да ја сфати грешката со казна, вака само го ,,мотивираат,, да прави уште полоши работи затоа што нели ,,наградено,, е со прегратка. Мене ми успева само зборувањето,може затоа што сме нон стоп заедно и само совети од мене прима, со татко му е поинаку,он повеќе е нервозен,вика при што реагирам но не пред дете.Ама таков е карактерот на мм. Исто и игнорирањето пали,особено кога сме излезени а посака нешто.Нема плачки,јас го оставам и заминувам полека,он прачка пред мене
Добро утро мајки Буфтам кашлам, ужасно се чуствувам... Во 02.30 ме разбуди малово за млекце а јас едвај душа собрав од што кашлав. Па мм ме мачкаше со една маст од тамјан, ми правеше чај, среќа најдов едни бонбони со мед, па се намали раздразливоста во грлото и никако да презаспијам. Ми се вртат црни сценарија со бронхитиси или предвремен пораѓај испровоциран од кашлицата . @gjoker4e јас не се доживувам како идеална мајка ниту моето мајчинство како идеално. Ниту сум безгрешна ниту сум сезнајна...едноставно ме носи водата и балансирам најдобро што можам во моментот со сите обврски. Веројатно има вистина дека најголем број прашања и несигурности исчезнуваат со секое наредно дете или бременост поради искуството, но далеку од тоа дека секое дете е исто и дека доаѓа до повторување на идентични ситуации, дека нема нешто ново и непознато на патот. Најчесто би рекла дека е стекнувањето на рутината во помал временски период да се завршат некои обврски. Пример, времето кое порано ми било потребно да спремам едно дете и јас да се спремам пред испаѓање во град сега ми е потребно и за две деца. Не се мултиплицирало истото. Едноставно рутината си го прави своето. Исто и со појадокот. Отварам очи, првен пијам еуториксот, само наметнувам мантил и "крадам" 2-3 минути за во веце и првен го вадам малото од креветче и го спремам/облекувам. Додека се готви/спрема нејзниото јадење она седи на хранилка а јас подготвувам двата ранци за во градинка и појадокот за големата. Кога ќе завршам, прелетувам назад во соба, да ја измкнам големата од кревет и ја облекувам во дневна каде одвечер сум оставила алишта, за на малото да сум во видик, и ја облекувам таму. Во меѓувреме стасало јадењето за малото, големата седната на стол и апнува лебче со некој намаз, кај мене поминал пола час од апчето па можам да апнам и јас едно рибанче лебче/мафин или слично. Големата јаде сама(ако сака да јаде) а јас апнувам измеѓу залците и ранењето на малото. Најчесто така функционирам во текот на денот. Сто варијанти сме поминале додека се појавила најуспешната или најбрзата. Всушност и катчево ми е како дневник, секојдневието ми е тоа...како на секоја мајка со мали деца. Најчесто сум си досадна и сама на себе да се читам . Готвење, менување памперси, играње, термини и обид да украдам миг за себе и за со мм. Најчесто успешно, но бидејќи мм ми помогнал порано деца да легнеме и да ги спремиме и слично па во делче од денот останува и време за мене/нас. Се соочуваме со некои предизвици како родители и се трудиме да го направиме најдоброто за нашите деца, но тоа го правиме заеднички. Можеби сум сама во текот на денот, при извршување на секојдневието со децата, но во ниту секунда од денот не сум се почуствувала сама во вистинска смисла на зборот. Сите овие предизвици треба да ги чекориме заедно со партнерите, ако ништо друго да ја добиеме емоционалната поткрепа и поддршка која на крајот на денот и те како ни е потребна. Кога гори не дотурам масло, пред да пресечам мерам, и се трудам да се фокусирам само на важните нешта во животот. Мојата фамилија, и да ја црпам позитивната енергија од нив. Во екстремни ситуации, кога сум била болна и од кревет не можам да станам, или неопходен ми е транспорт а мм не е во состојба да ми помогне на помош пристапила и свекрва ми. Сама, баш баш сама, да нема ама баш никој, би било многу тешко. Верувам многу мајки се во таква полижба. Јас сум благодарна за човечкиот однос со неа и не би рекла дека се правам секогаш сама. Добивам помош кога е најпотребно и се обидувам да возвратам на истата на соодветен начин. Целосниот мир некогаш "трпи", но се трудам, најчесто успешно, да не се замарам за ситници и неважни работи од секојдневието, прифаќам и барам помош кога е потребна за поголемата цел. Секогаш нагласувам дека нема идеални луѓе, не сум ни јас во туѓите можеби, но човек со човек ќе се разбере. Можам само да речам дека сите сме идеални мајки за напите дечиња и дека нема подобри мајки од нас во очите на нашите дечиња. Ниту за момент не треба никоја од нас да посумља во истото. Мислам дека нема некој не бил фрлен буквално на земја од страна на судбината/животот и тоа што го носат истите. Дека нема некој кој се чуствувал беспомошен/исплашен во оваа нова фаза за нас, мајчинството. Дека нема некој кој мислел дека не знае, не умее, не може.... Ама на крајот на денот секоја мајка испаднала јунак. Јунак за своето детенце. Непреспаните ноќи ќе останат зад нас, утрото ќе ги однесе мислите а сонот болката која можеби ја чуствуваме во телото. Се изнапишав Цело пакетче бинбони изедов. За грлото де. Се надевам дека утрото ќе ја однесе кашлицата со себе и ќе се чуствувам подобро. Долг ден не чека повторно. Големата со три термини, не оди во градинка, ама малото мора. Среќа барем не седам веќе таму. Тие два часа сама ги преседува. Малку солзи малку игра... но да се надевам дека адаптацијата ќе биде успешна и не многу долга. Едно кафе за ранобудните мајки
@danichap ќе те препрочитам повеќе пати. Ти благодарам на деталниот одговор. Синоќа таман се пофалив за редот за спиење бебе отвори очи и едвај презаспа во 2 со плачки дрн мрн. Јас будна од 6и50 му правам кафе и лимонада на мм за на работа па сега чекам да поспие уште малку ненаспан е и овааа ноќ па јас да легнам. Па во 8 кога ќе излезе пак се бидам за бакнеж и прегратка за чао. Го сакам! Бебето го држам по цел ден во раце што се вика а во џампер го ставам кога одам во веце и го слушам како вришти. Многу е приврзано за мене не можам една секунда да се одделам. Со втор пост после да го будам мм...
Добро утро! Кафе на репертоар,дете замина на школо,бебе сега призаспа .чекам ммда донесе нешто да јадеме,ми се пријаде купечко. Ништо ново, исти сите денови.Потполно се согласувам со @danichap ,дека мора да се организираме особено со две или повеќе деца.Токму истиот начинза подготовка го имам и јасза излагање некаде.И искрено побрзо се спремам сама со децата отколку со некој друг. Веројатно кога знаеш дека нема никој мора да се снаоѓаш како знаеш и умееш. Толку од кафето,бебе стана. Ексик од забиве.
Добро утро. Пиевте кафе??? Јас две до сега. Како успевам две, епа едното на работа го пијам мислам знаете веќе.. Дете тек сега стана, ми се јави мајка ми сега. Синоќа во 10 заспа а и јас со него. Цела сум укочена од што се бутка во мене и на ивица спијам. Не се жалам. Сакам со мене да спие. Некој ќе рече-си правиш проблем. Знам свесна сум. Но исто така сум свесна дека времето лета и дур да трепнам ќе сака своја соба, а не само свој кревет. Користам максимално што можам да уживам во него. Тој колегата што ви кажував вчера ми вели-ти не го чуваш во златно ѕвоно, ти во кристал го чуваш. Може е така, не велам не. Ама па зар децата не треба така да си ги чуваме?!? Не зборам за затворање дома и не мрдање за нешто да не му се случи. Зборам за галење, идење по кејф... сака кога заспива да заспива со двајцата нас и 2 мин лежи на раката на мм а 2 мин кај мене на рака. И заспива допирајќи го едниот со една рака другиот со друга. Вистина е дека не секогаш заспива така зашто мм знае и да е на работа до доцна, но секогаш кога е дома правиме така. Му пееме двајцата и си заспива. Ако не земам во предвид што има тантруми (кои се во поблага форма) 5 мин во денот, сето друго време детето е зен. Среќно е се гледа. И да, ќе спијам на ќош уште колку и да треба само тој да е таков. Вчера заспа накај 5 прво, зедов ручек да направам зошто знаев дека ќе поседи до покасно кога ќе стане. Но го разбудив во 6. Си игравме јадеше и си легна. Гледам дека не сум единствена што ја гледа за репер @danichap иако таа може не се осеќа така. Но јас чаша кревам у нејзино име за организираност па колку и да мисли дека е во хаос некогаш. Реално самото посветување 24/7 на деца не го може секој. Има мајки што ги дрма нервоза, сакаат да излезат, сакаат да работат....едноставно притисокот знае да е голем понекогаш. Јас па ич не сум во тие. Уште жалам за периодот кога бев на породилно и сакам да сум со бебе цело време... Синојка си велам замисли утре да треба да раѓам. Колку драстично ќе се смени животот. И приметив дека не сум спремна за тоа. Сакам 3 дечиња, цел живот го сакам тоа... Но не знам дали ќе можам. Знам само дека ако останам на едно може беља да сторам, ептен да го размазам...па да има контра ефект.. Може еден ден ќе сум спремна. Сега за сега не сум. Може и по грешка да останам бремена па да се спремам уз пат еве не знам Доволно беше, убав ден мајки. Фала ви на сите што пишавте за мојата дилема, неколку пати ги препрочитав вашите коментари и верувајте ми значи
Добро утро мајкички Еве ние прва ноќ сами.Мм го испративме вчера отиде на пат.Секој пат кога заминува е се потешко а не лесно и дека ние сме свикнале како што слушнав од едни роднини.Ние најдобро си знаеме како е.Големово плачеше по него и не го пушташе беше многу жално и јас се расплакав.А малово спиеше и тој го бакна а ова само ги отвори очињата и пак заспа,мислам како да знаеше.И кога му викам тата дека е и го бара низ соба и врте со главчето дека го нема. А големово цело време се гушка до мене.Колку мн разбираат а дека се мали па секако и тие чувствуваат емоции кои ги искажуваат на некој свој начин. Во врска со тепање,го плескам по газе или раце големиов кога стварно претерува,кога зема ножеви или ножички или кога малово го бутка тепа мава и рита.Не помага ни со добро ни со лошо,устата пена ми фати од зборување ама може ќе се смири кога ке тргне у градинка.И јас израснав во семејство каде имаше нон стоп викање и дерење и затоа може и јас да се дерам имам некакви последици од се тоа.Јас и брат ми не сме тепани може чат пат кога се закачавме па и двајцата добивавме.Но во семејството немаше хармонија,мир љубов разбирање.Што е најбитно.Затоа сега гледам сетоа да го има,иако на моменти не можам и незнам да се контролирам.Почнувам да викам да се дерам и кажувам се и сешто за што после ми е многу криво.Си мислам дали ми е потребна некаква помош дали од психолог или психијатар или нешто за смирување.А најдоброто за смирување е мирот и среќата во домот кога сите се заедно.оваа недела што измина,бев многу среќна.Мм речиси секој ден го успиваше малото и правеше ручек добро тоа го прави од секогаш но овој пат некако сам се си извршувше без јас да ,,наредувам,. Си испив какао.На малото чај.Големиов спие.После ќе шетнеме низ маало или до парк а може и до кај баба ми ќе отидеме. Убав ден на сите .....
Добро утро и од нас Станати од 9 саат. Бебе ноќеска убаво спиеше, па и ние се наспавме. Ми се јаде нешто убаво, ама незнам што . Од вчера ми се уврте во глава, се што ќе ми понудат не ми се јаде а незнам што е тоа нешто убаво. Вака ни додека бев трудна не ми се случувало . Мм ми вика ти трудна да не си . Ама најверојатно не сум . Не сум спремна за второ, а така ќе биде подолго време. Барем додека не купиме стан. Бебе во лулашка, јас со телефонот ве читам и се мислам што ручек да правам. Бај бај
Добар ден мајки. Настинав и јас грло боли нос затнат,многу ми е страв за синко само што престана да му течи носот.Ако го повтори тешко мене ќе биде. Секој ден синко почна да ни приредува стресови.Вчера се удри на ивицата од масата почна да пишти и со рачето ја тепаше масата на,на,на,на.. Никој не можи да ги допази брзи се како сателит ,само Господ нека ги чува сите дечиња. Туку мајки кажувајте што му е "лекот"синко кога ќе пие од шише тура насекаде.Му зборувам но џабе .Ме гледа во очи,се смее,се кара сам со прстето и тура.Едно време го заборави тоа,но сега пак почна.Кажувајте мајки што му е мајката. Да станам да исцедам сок за синко и да го заспијам. Ќе правам торта која ќе може и синко да касни со бисквити. Имајте убав ден,се читкаме подоцна.
Добро утро. Се спремаме за надвор, сонце ко да е мај месец. Од четврток нова рутина. Се држам позитивно и се убедувам дека само мене ќе ми е тешко без него толку часа. Викендите ќе му ги посветам максимално, само да е се во ред. Имам несоница одреден период, а насабајле свежа и наспана. @24.07 шише со клунче што течи само на повлекување. Со такво почнав ко правеше исто моево. Сега сме исклучиво на чаша, не сака шишиња повеќе, ама тогаш ми беше спас. Само треба да се научи да повлекува посилно.
kristina.k. Од такво шише/чаша не се научи никако да пие.Некаде околу 11 месеци доби за подарок од девојката од девер ми и така стои во играчките му е игра со него.
И моево не знаеше од почеток, ама му го тргнав од долу гуменото за да тече, па штом почна да пие и го засака шишето го вратив и се научи. После тоа такви шишиња ми беа спас и за во ташна, од обичните батеријата на телефонот ми се расипа.
@gjoker4e ние така што сме растени не можеме да си дозволиме несвесно да ги воспитуваме децата бидејќи ќе го правиме истото како и нашите мајки. Јас да ти кажам кога ми доаѓа да и викам, застанувам во моментот и го замислувам сценариото. Јас и се дерам, она плаче и бега зашто се плаши, потоа јас се чувствувам толку ужасно и виновно... Го преживувам тоа како да се случило и зашто го знам исходот се запирам и преќутувам да се смирам. И потоа рационално размислувам како да постапам. Тешко е, бара многу напор и енергија зашто одиш против себе и она што ти доаѓа да го направиш. Ама морам да го скршам кругот, морам. Ќе дадам се од себе, и што имам и што немам, само да не бидам таква мајка. Добар ден сега. Малава заспа, се истрча од сабајле и заспа брзо. Ноќеска пак кенкаше и се вртеше цела ноќ. @LiliBoz спиењето заедно ми е најпрекрасно нешто. Обожавам што спие со нас. За едно нешто што никогаш нема да си речам требаше повеќе е за повеќе гушкање. Спиеше на мене, уште ноќе знае да спие на мене, па и дење откако престана да цица, цело време ми беше во раце како бебе, порасна на мене, се хранеше од мене и сум пресреќна што имам толку моменти за сеќавање. За љубов никогаш не е премногу. Ми фали некоја мајка да имам во близина да ви кажам право, да си споделуваме и да си растат заедно децата... Ми се пие и пивце, онака лезетски да си седнам, ама ќе биде и тоа наскоро. Убав ден на сите.
@RainBow апсолутно се сложувам Исто и за пивцето се сложувам И мене искрено ми фали да седнам со некоја мајка, знам додуше во парк да налетам на некоја да си поправиме муабет, ама онака плански да тргнам ми фали. Да се договориме некаде да седнеме, деца да си играат ние да си муабетиме од бебешки ствари до шминки и одмори... Сега кога го пишувам ова сфаќам дека имам мајки во пријателки, но се некако ги избегнувам. Едната кога и да се јави во уста и е само -А малиот тргна во градинка? А колку пати се разболе откако тргна? Друга само ги споредува моето и нејзиното , трета врши некој непотребен притисок и кога ќе ми текне си велам -ај батали. Не знам , може јас сум терсене...
Добар ден мајки. Мене утро ми е оти сега станавме со малиов ѕвер. Да не ме разберете погрешно од полноќ до сега на 3 саати се буди и пие млеко па плаче итн ама јас не се давам, она спие јас спијам. Ја спремив големава за во градинка сабајле, ми се жали деновиве дека ја боли мешето, ко ќе ја прашам од што те боли ми вика јадев гравче . Срце на мајка. Вчера беше на роденден во "тека" денес пак, вчера ја носеше татко и денес јас ќе ја носам. Ја читам ЛилиБоз со спиењето така беше и мојава голема, прво со тато да игра па со мама да читаме па после се заспива, само што она стриктно во креветче заспива и спие. Да не беше така сега ќе ни беше лудница. Мн ми е жал што не можам да и обрнам внимание како претходно, малава си го бара своето, кога се породив се утепав од плачење, жал ми беше што сега нема да може да си функционираме со големиов ѕвер како претходно хормони. Се си мислам ко ќе почнеме да излегуваме подобро ќе биде за трите, ќе видиме. Инаку јас сум на режим, почнав по УН да јадам, не дојам и сега за сега ми е ок ама ќе видиме до кај ќе стасам. Убав ден на сите од мене
Здраво женски,еден брзински поздрав да ви пратам! Надвор сонце,додуша ладничко ама доволно ми е да пребарувам летни дестинации на интернет Немам ништо во план за шетање,а добро испаѓаат празнициве годинава за поврзување со викенд... Двојката доле изби,а со тоа и две ноќи преспиени.Додуша во зори “попив“ една глава у нос од синко Нешо мрдаше и да го поднаместам коа ме акнал по нос,ми потекоа солзи од болка. Само чекам еден ден и предниве заби да ми ги избие )) А забиве ми се слабост,едно мало богатство имам потрошено на нив... Синко мој почна и по некое чекорче да пушта.Се снабдив со модла за колачиња-стапалки,но мислам дека е рано да частам....
Добар ви ден мајки. Денес нема тв и телефон до дека малата е будна. Премногу се ѕвери во твто иако нема ништо детско пуштено. Пошто несмееме во градинка мама реши да си игра со малата. Редевме коцки, игравме со топката , се гушкавме , ги учевме животните и пеевме балонот се надува , а малата едвај чека да каже пауу Прошетавме и надвор 30 мин , па многу ладен ветер дува почна малата да кашла и отидовме до продавница да испазаруваме нешто. Па ајде шлепи пазар и дете до 4 спратАма не е битно кога ќе има сила сама ќе се качи до некаде. Имама некои книги , приказни со слики ќе ги преведам и ќе и ги раскажувам после. И јас гледам да се контролирам колку можам да не викам гледам да згазам кочница.Тешко е стварно ама во глобала сум смирена личност.Така читајќи ве ми текана кога бевме мали мајка ми во климактериум влезе и беше многу нервозна , плус и дома раб книговодство и жена не штипеше по газот кога бевме немирни со сестра ми.Еден ден со сестра ми се договоривме некоја белја да направиме и си ставивме перници во газот за мама кога ќе сака да не штипе да не не боли Отидовме накај мајка ни и таа кога не виде се надмеа само и од тогаш не не штипеше повеќе.Само не караше изгледа сватила дека греши. Никогаш не нема казнето нема излегување нема ова нема она. Само ќе кажеше ти најдобро знаеш дали треба тоа да го правиш, со тоа не потикнуваше да размислиме каде сме згрешиле. Можам да кажам дека супер родители сме имале со сестра ми.Татко ми никогаш не не тепал.А мајка ми велеше како да ве тепам кога мене никогаш не ме допреле со прст моите. @danichap и јас кашлав веќе во поголемите месеци штом легнев.Не си прави хорор сценарија и бронхитот се лечи со антибиотик. Преубава ви била забавата во градинка колку убаво си ги направила овошјата и некое детете што не јаде овошје ќе прејаде Браво ќе ти ја украдам идеата за нашиот роденден Многу се распишував Ај чао пријатно
Денес рано станати заради крвна слика, супер поминавме како што и очекував. За среќа сè се заврши без плачки па поминавме и на едно кафе кај снаа ми. Нели рано станат еве го спие, јас седам во тишината и не смеам да се мрднам од болката во грбот. Бев на доктор, ми препиша инекции. Не знам дали за подобро или за полошо? Вчера од првата инекција рацете ми се вкочанија, врела пот ме облија и дури страв ме фати да не ми се случи нешто дека сум сама со синко. Денес веќе без гајле само што нема подобрување во грбот. Капак на ова поканети сме на роденден. Подобро ќе беше да не му кажев на синко, тој заспа среќен кога ќе се разбуди ќе оди да дува на тортата А јас?Јас не можам да ги кренам рацете да си облечам блуза. Утрово дали да се смеам или да плачам?Не можев да си соберам косата, од грбот и рацете ми се фатени. Знам дека од мм нема да се бендисам и си ставив капче и безтоа времето надвор е сиво не се гледа на 1 метар. И така, на цела болка јас ќе одам на роденден, и тоа пеш баш денес мм отиде со колата на работа Марфи.
Добар ден, дете сеуште дреми, маж си дојде од работа и замислете не знаеме што да правиме од досада Чекаме да се разбуди синко, сигурно ќе ни најде занимација. Денес во природа, дете се изнатрча, беше пресреќен. Ручек си имав од вчера, па се мислам да направам едни ролати солено од готови кори. Ама пмс ме тресе, на режим сум веќе некој период, а и жива ненаспана неколку дена и не знам дали ќе направам нешто. @LiliBoz Ама ич да не ти е гајле или мисла што околината вели. Како да не, не било убаво дете да спие со родители. Што има поубаво од тоа? Да си го галиш, гушкаш, гледаш додека си спие... Убаво е да спие во свој кревет, да, но само заради комодитет, ништо друго, Мојов ѕвер, се заплаши од пред година и повеќе, спиеше со нас, и ниту еднаш не навалив да го терам да спие сам. Еве го три-четири вечери од нигде никаде спие сам, без проблем, а јас и мм сме ем ненаспани, што од мисла да не се открие, што од што ни фали меѓу нас. Но оставивме да го заборави тој страв,да почне да биде самостоен малку, па дури од гордост на сите кажува дека спие во своето креветче, кое на жалост му е кнап и за кратко време треба да купуваме нов кревет за големо тодлерче Е толку краток периодот е на тоа најубаво доживување. Затоа не слушај никој, само уживај си!