Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.713
    Поздрав мамички

    Конечно може да се каже дека оздраве малиот, сега само превентивно на природна база по некој лек :whew:
    Сфатив дека многу зависи пристапот на лекарот кон детето, кај претходната се корнеше од плачење, сега кај новава се' помалку плаче

    Во однос на спиењето, спие пола вечер во креветче, пола до мене... А јас спијам откако ќе го земам до мене, дотогаш раат немам :wasntme:
     
    На jovana03, SophiaBella, girl-miri и 19 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Ве поздравувам сите и ве гушнам најсилно.
    За нас претстои нов период, нов живот и се надевам нова надеж и среќа за подобро утре.
    Емоции..
    Останете поздравени и со убава мисла и расположение.
    Поздрав.
     
    На Kaetana, jovana03, MissDior и 36 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @vitamina тргнавте?
    Ако да, лесен пат и убави мисли, наскоро ќе ти е на место душата. :)
     
    На eli25, Mari-Ja, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Уште да се намириме кики со беба по еден туш и некоја кашичка и здравје само одиме.
    Поздрав :hug:
     
    На Kaetana, kavadar4anka, tincemajmunce и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Среќен ви пат витаминке! Убаво о лесно да поминете со бебе. Ако треба нешто на 2/3 од патот сум :)

    Мајки, ве читам и не можам да пишувам, не ми раб тастатурата на моб само на сајтов. Се пробав и пак истп.

    Само ќе ве поздравам, пошто за овој пост 15 мин мк требаа да го пишам.
     
    На Kaetana, jovana03, Capricorn Taurus и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добро вечер

    Јас си легнав ги оставив мм и бебуш да се успиваат. Да видиме колку успешно ќе биде, ако не ќе морам јас да станам.

    Денеска убав денов. Сабајле пиев кафе, јадевме и се спремивме со бебе и искочивме малце. Се прошетавме низ маало, па си седнавме на клупа пред зграда и си уживавме на сонцето.

    После дојдоа сите од работа и по дома си седевме. Бебе е се поинтересно и поинтересно, само да го погледнеш и одма се смее.

    Не им иде на татко и син со заспивањево, ќе морам да станам.

    Добра ноќ
     
    На Kaetana, jovana03, SophiaBella и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    34.108
    Пол:
    Женски
    @vitamina среќен пат и правите паузи ако треба и преспијте во некој хотел, немојте да брзате :hug:
     
    На Mari*, eli25, stevemila и 3 други им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.395
    Допаѓања:
    37.561
    Пол:
    Женски
    Денов сончев во комбинација со позитивна енергија. Убави вибрации. Шетавме покрај мајки, деца, игра со топка, вода, сок, чоколада, млекце, сончеви зраци и безусловна љубов на мајка и дете.

    @bubale не знам како да те тагнам поради никот се надевам ќе ме прочиташ. Ти си мајка со огромно богатство, силна мајка на три дечиња!
    @vitamina после дождот доаѓа сонце. А според вашава ситуација ептен убаво сонце ќе ве изгрее. Сигурна сум!

    Нема среќен живот, има среќни денови. Така и ние мајки денот ни поминува со убави и неубави моменти. Бебе нана мм нана хаха мама нана на фемина.
    Животот е полн со предизвици. Животот е многу краток. Поминува за миг. Не дозволивајте да ви помине туку така. Не се замарајте за нешта кои нема да бидат важни по 5 години. Одмарајте. Препуштетесе целосно на мајчинството. Уживајте! Сакај те ги и негувајте ги дечињата. Покажете им љубов и само љубов.
    Убава вечер добра ноќ!
     
    На jovana03, SophiaBella, Lolipop23 и 21 други им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Добаро вечер добри луге. Вчерашниот ден го поминав сама со децата до 5 часот. Па што убаво си поминавме да знаете. Лесен ден беше. Прво едниот спиеше два саати на пладне, па после другиот. Бар мислев.
    Е сега вечерта што се случуваше. Бевме сите комплет на едно место, големиот скандали ми направи, прво не сакаше да влезе, па не сакаше да си оди. Оние тантрумите ли беа. До сега ги имав само читано, е сега во живо ги видов. Со фрлање на под, со врескање,со нагон за повракање, со све.(facepalm) лугето ме гледаа со поглед "ах да е мое" . Да збориш, во тој момент џабе, да игнорираш, не може, сите нас не чекаа, да тепаш, исто џабе. Видов не видов, кренав дете во раце и низ врата. Он ме гризеше патем.
    Од таму во молот, да пазариме, се изнатрча, ај реков се издува. Не бре, на одење иста песна, му зборевме со мм, ова она лажевме, ветувавме, не бре. Пак плачење, фрлање и правење фаца за повракање, а другиот бара да цица. Пак исто, во раце и во кола. И на крај шлагот на тортата си доагаме дома лифтот не работи, ај пешки, дете вика неееее, сакал со лифт. Пак се фрли на под, ние товарени. Леле, готова бев, до тука имав контрола на себе, искрено кажувам да бев сама и да не ми беа фатени рацете со малиот ке го плеснев убаво. Иако знам, и сега и тогаш , дека во тој момент е џабе котекот. Мм го крена во раце и го качи. Дома видов лицето му беше црно од сите подови што ги избриша низ цел град. Денес е бајче, послушен.
    Така да и најтврдокорните некогаш попуштаат, не се обвинувајте мајки, многу премрежја ке поминеме дур ги извадиме на пат.
    И јас не ги држам строго. Многу слично на @RainBow и мојата мајка многу строго не држеше. Со карање, викање и плескање. Знам секој ден околу три пред да си дојде од работа стрептев што ке биде во смисла за што ке вика, за чистењето, учењето, облеката. Жената секој ден после работа беше со муабетот леле колку е прљаво се да се исчисти некој да не дојде, а гости божем се утепаа од идење туку ај. Никогаш немаше време да си игра со нас ради чистењето, а толку сакав. Е затоа јас свесно запоставувам се низ домот, цел ден сум со нив на земја. Срека и мм работи рамноправно па голем дел од работите тој ги завршува (готвење, перење, чистење) и постигнуваме, искрено ми е гајле ако тањирите чекаат во лабаво :P децата брзо растат, големиот многу сака игри кога му смислувам, се заигрува и сам, ама јас сакам дел од времето да играме и учиме заедно. И ретко викам ( ете реткото беше вчера) ама кога и да почнам ми се врака сликата јас околу три часот чекам мама да се врати од работа. И многу ја сакам и криво ми е и жал ми е зошто и сега кога е болна пак се замара со истите глупости, случајно гости да не дојдат.
    @vitamina срекен пат срцка. Не се секирај, ке биде добро, вредни луге секогаш си наогаат убаво место под сонцето.:*
     
    На Kaetana, do-re-mi, Capricorn Taurus и 26 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    154.501
    Пол:
    Женски
    @vitamina среќен пат па да пишеш кога ќе си дојдете да не те мислиме :)
    Се пријавувам во тие што спијат со децата, и тоа меѓу двајцата во сендвич. Ептен ми е убаво, сами ќе се одвојат кога ќе им дојде време. Ми е жал едино за мм што спие сам, нема место за сите, ама пак од друга страна он и порано барем по пола вечер ја поминувал во дневна. Не знае без тв да спие некогаш. Ќе помине ќе пораснат па ќе си бидеме како на втор меден месец :).
    Големиов побара уште во 8:30 да легне, не може до 9 да додржи. Мислам дека школото доста го исцрпува. Не знам како издржуваат децата што имаат плус милион вон школски активности, жал ми е што не можеме да го натераме да спортува нешто ама за курсеви не го форсирам ич. 8 саати на столче не е малку за дете, англиски учат од градинка а веќе можам да си свртам малку и муабет на англиски со него, дури не ми е јасно каде успеал толку да научи.
    Зверево неуморно, го средив синко си легна со татко му на спална заспа за 1м, неа ја оставив да се доигра уште малку. Цело попладне си играме ама сега решила сама да си игра, едвај ја убедив во 10 да легнеме, сега си игра во кревет и си прави муабет.
    И јас сум многу против тепање и викање, за жал ми се случува доста да избувнам, никогаш не сум ги *истепала* ама ги имам потчукнато ептен ако ми спојат живци. После срце ме боли. Со големиот имав период на секојдневни кавги, не е бесен и лош ама е терсене карактер. Во последно време фала богу некако многу поубаво се разбираме и не се караме често. Малово е маза невидена ама знае да ме збесне, многу почнала да се лигави и многу се закачаат т.е. она глуми лудило и само вриска писка демек ја удрил брат и а уствари она е таа што го удира, он знае некогаш да ја закача од што му е досадно. Кога ќе ми текне на мене и брат ми сфаќам дека е нормално сето ова ама оди па издржи го сето тоа врескање :) .
    И викам преска *не мислиш мама дека е време за спиење?* , *не не мислам дека е уште време* добивам одговор (facepalm), некогаш мислам како со некоја стринка да зборувам, како знае да одврати на нејзини неполни 2.5г да се чуди човек :), и гасам пред некоја вечер светло за да спие, се буни грабнала книга во раце демек ќе чита, и викам не ти палам светло касно е, *добо ќе си читам во темница* ми го плесна :rofl:.
    Уште брбља, а јас сакам да се истуширам да се средам гледам 12 ќе ме фати. Вчера ептен ја фатија тантруми пред спиење, не знаеше од бес што да направи се утепа од вриштење, на брат и му се спие оваа вришти. Ја искарав тој ја брани ме моли да не ја карам. Дојде татко и да ја смири *не ќе плачам* вика. Не знаев веќе што да и правам и онака ми текна и викам *добро врискај ќе те чуе полицаецот ќе дојде* се заќуте во секунда и заспа за 10м. Може не е убаво да ја плашам со нешто ама немав излез ај ние ќе ја истрпиме ама греота е од неа да не спие големиот а сирот едвај станува сабајле за школо.
    Се распишував многу, башка не средени мисли не средени реченици, кој разбра разбра :)
    Ајде да пробам да ја убедам бамборкава да спие.
     
    На Kaetana, SophiaBella, girl-miri и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    И ете така, уклучив лаптоп, пошто се измачив со телефонот и коментирање овде. единствено место каде можам да пишам и кажам денес што ми се десило па и од тоа да сум лишена, не бива!

    Иди ми дојди ми си правиме ние, ама баш ми е гајле. Одиме на гости пак кај баба и дедо, решив да искористам малку одмор и помош од моите. Одиме сами со бебе на десетина дена, пред да почнеме со градинка, работа, прв роденден, летни одмори итн. Овие десет дена ќе ги искористам да се одморам, средам, наполнам батерии, да се видам со пријатели.

    Деновиве сонце кај нас 12 степени е преку ден, па не се вртиме дома.
    На сабајле спремам ручек за нас и доручек за бебе, пред излегување и ручекот за бебе го ставам да се спреми, па ем прошетани ем оброци спремни.

    Се бориме малку со храна грубо пасирана, ама ќе помине, он упорен јас уште поупорна.
    Воведовме ужинка, од ручекот во 13-14 часот до 19 часот кога му давам вечера, многу време без храна ми се гледа, па така имаме овошна чинија која 60% завршува на под, другото е изручкано. За валкани алишта да не зборам, ама како ќе пере машина инаку нон - стоп.

    За воспитување без тепање зборувавте, па да се уклучам и јас во дебатата.
    Не памтам да ме удриле моите некогаш, мајка ми што вика не ве тепав, ама устава пена ми фаќаше од зборување, среќа па ви влегуваше нешто во црпките пубертетски :D не беше за џабе.
    Не сме биле проблематични деца, немало потреба.
    Како деца разговаравме секогаш со мајка ми за се, додека татко ми беше тој кој нон стоп работеше, беше уморен, па доаѓаше дома и се комираше. А кога беше присутен и слободен, не носеше на семејни ручеци на пица во Енрико, кебапи во Дестан, на колички во Лептокарија или во Градски парк, на излети во Маврово и Шапка, сакаше да помине квалитетно време со нас. Така е и ден денес со двајцата. Кога ќе се скаравме со брат ми, знаеше да не искара, поточно брат ми, како не ти е срам, она е мала и не знае, треба да и покажеш и попуштиш. Ете таква слика имам јас од моите родители во раното детство.

    Денес, јас како родител, знам да викнам Не таму да чепкаш, Не папучите мои во уста да ги ставаш, Не даљинското во уста, ама кој ме слуша. Денес најново, му ја земав папучата и се расплака. Го оставив да се исплаче. Куче или дете имам дома ]:) За тепање не сум воопшто, ама за потскарување и те како. Сакам да знае што е Да и Не, да се знае дома кој е родител а кој дете, кој кого воспитува, сакам да има почитување спрема родители, баби и дедовци, да знае да цени играчка, да цени и автомобил кога ќе му купам, сакам да биде лут, своеглав и борбен во животот како што е и сега, кога се бори за својата играчка кога ќе му ја земат од рака. :D

    Не е за мене лаптоп, се распишав, извинете.

    Гуд најт ! :hug:
     
    На Kaetana, jovana03, SophiaBella и 25 други им се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    17.641
    Пол:
    Женски
    Ајде и ја да шкртнам збор два пред спиење.

    Денес се бањавме ручкавме убаво три оброка додуша се готови купечки каши ама подобро нешто него ништо.Имавме и гости дојдоа свекорот и свекрвата па синко си поигра и со нив малку.Поминаа течните столици тт ама приметив исфрлен е на грбчето и мешето како шарено некои ситни точки нит црвенки нит кафени.Си мислам да не е од потење,или кога сум го мачкала со алкохол.Се мислам дали да одиме на доктор во вакви периоди кога сите дечиња се болежливи ич не ми се носи.

    Инаку си размислувам нели викаат мали деца мали маки големи деца големи маки.Како расте потешко е ама полесно е.Незз како да објаснам.Он беше многу захтевно бебе сакаше да биде се во раце и постојано да му зборуваш.Машала имаше и килажа фина.Ама како расте па полесно ми е некако си се заигрува си шетка не плаче од секој човек што ќе го сретне.Од друга страна сега мака со заби,па одвикнување од пелени па прозборување па потврда храна и слично.Како и да е овој период ми е полесен.Него најголема мака ми е кога сака нешто да ми каже а не го разбирам.Тоа дополнително го разлутува збеснува.Најчесто ми покажува ме фаќа за рака и ме носи покажува што сака.Е ама кога не го разбирам ми доаѓа главата во ѕид да си ја мавнам.Он плаче ја дрндам кажи што сакаш покажи на мама и сл.Одвај чекам да почне некој збор да пушта.
    Добра ноќ
     
    На stevemila, Monella, jovana03 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.300
    Допаѓања:
    226.905
    Пол:
    Женски
    Добро утрооо :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:
    Шашава сум денес. Синоќа сонував како кучето ми умрело на раце и тоа поради моја грешка (да не објаснувам што како битно јас бев крива) , кога заскокав од кревет препотена.... викам чек ќе станам да запалам една да ми пројдат мислите :smoke: Таман се исправив го ѕирнав кучето како си спие мирно без никаков проблем, ете го малиот се исправи :bandit: со поглед-кај си пошла ти? Ајде легнав назад, легна и тој и демек заспа. Пак да се искрадам, пак се исправи :bandit: толку од мојата цигара си велам. Продолживме да спиеме. Не знам, секогаш кога ќе сонувам лошо ако не станам другиот ден ми е шашав. Ко да ме тепал некјо психички. Ама ете немав избор, ќе го издржам денов. Битно се преспав :D Малиот во 7 и 30 почна да вика на сиот глас НАААН НАААН НАААН, му се спиеше рано, малку имаше дента спиено, па заспа одма. Јас едвај 9 дочекав. :tmi: И така ручек немав за правење за денес зошто ќе бидеме на крем супа од зеленчук, па не е убава од претходен ден нели!? :shake:
    За пола час одам до аптека, пазар, кам...да опремам што ми фали дома и правам уз пат список што се ми фали за од март за во градинка. Ќе треба месецов да репетирам бодиња и тенки блузички. Искрена да бидам веќе неколку дена размислувам за одмор. Уште сега да :D:D:D Пусто ми се оди ептен. А не ми се штеди :tmi: Му најавив на маж дека ќе му вадиме кредитна картица :rofl: Па нека исплаќа потоа 8-|
    Нешто Ханиоти Пефкохори ми се врти во ум , така поблизу да е... (poolparty)
    АЈ да сум кратка, можам уште баеги да пишувам мои мисли ама доволно е :wasntme:
    @vitamina среќен пат мила, се надевам лесно ќе поминете по пат , тука има сонце , ве чека да стигнете :*
    Убав ден мајки, гушкајте деца :f:
     
    На Kaetana, stevemila, Monella и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    14.554
    Пол:
    Женски
    Добро утро од мене, ве читам секој ден ама немам време да напишам нешто. Не дека имам кој знае колку многу обврски, од шетање е то :) се отепавме од шетање деновиве, да искористиме сонце, малово најмногу спие на воздух па и ние да искористиме покрај него. Золва ми и таа секој ден е излезена со внуците па така и со неа да се подружиме, да си попрајме муабет.
    Дома не ми се седи ич, не знам шо ми е, ме нервираат со секој збор и само чекам прилика да си одам во спалната и така да поуживаме со бебе.
    Вчера дури и порано излеговме, се напивме и кафе и ручек, па и малку го подновивме бебе, не дека нема ама од кејф така :) После и кај мајка ми отидовме, стално ми се лути не го носите да го видам, а на 2 чекори ми е буквално и така испадна цел ден излезени.
    Па го искапив, го спремав за спиење бебушов и им го оставивме да го чуваат, ние по гости бевме. За чудо се изнаспа, само 2 пати се разбуди за млеко и сега свежи, одморени, еве го му гуга на едно желче, смешко ми е :inlove:
    Туку и возачката ми помина, секој ден се спремам ќе одам, еве една недела помина. (facepalm) ама за денес пак ми се најавија гости и пак ништо од то па да станам да почнам со нешто. Со кафе нормално :lol:
    Убав ден на сите :f:
     
    На Kaetana, stevemila, jovana03 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Добро утро мами:coffee::coffee::coffee:
    Ние ранивудни како и секое утро во 6 часот алармчето мое станува и успат две три будења навечер жива ненаспиена сум ама затоа дадаичка и тато цела ноќ си преспиваат.
    Кај нас ништи ново, освен што кашламе и спуштивме на гради, и веќе втора недела сме дома ,сега видно подобри ,прво контрола па ако одобри докторката ќе почнеме од понеделник во градинка.
    Луѓе ми се смачи веќе едвај чекам април,дома седење и во круг се болни де бебе де големката,скроз се побркав трчај за едно инхалации па друго аман веќе нема крај ова(facepalm):?:.
    Инаку бебе има две забчиња,пред некој ден наполнивме 6 месеци :inlove:веќе почнавме со вкусови ,почна малку да јаде претходно само плукаше ама секој почеток е таков.
    Бебка ја успав втора дремка а дада гледа маша па идам да спремам доручек и варам второ кафе ,убав ден :hug:
     
    На Kaetana, stevemila, jovana03 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Пијам второ кафе :coffee: кој е за нека повели. Бебе во лулашка се занимава со играчки. Денеска прв пат јадеше не блендирана каша, само пасирана. Добро ја прифати па и си џвакаше без заби :).

    Да го допијам кафето па да се спрема ручеци. Па после може да шетнеме малце, убаво е времето.

    :hai:
     
    На stevemila, jovana03, Monella и 12 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    Луѓе бебево збесна во кола синока. Се одра од плачење застанавме болница дури да бараме од очај арно се среди и заспа. Во брод да не ви раскажувам колку ни се лошеше ужасно.. повраќаници од претерано нишање.. сега сме париз односно го поминавме. Сега одиме кон германија. @danichap @Mari* да знам каде сте ви одам на гости :lol: .. лека полека сила да имаме за понатаму.
    Поздрав
     
    На Kaetana, stevemila, jovana03 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Повелете,ја сУ вшума :D овде и Могли е тешко да го најдеш
    Ако затреба нешто слободно пиши :nod:
     
    На stevemila, M&M, Capricorn Taurus и 7 други им се допаѓа ова.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки!
    Крадам броени минути за тишина и второ кафе оти кај да е ќе се прибере големото од школо.Бебе заспа се му се изремети,обично заспива кон 13 а сега веќе ќе стане пред тоа инезнам до вечер што ќе се прави.Се надевам ќе ги легнам во 20 двајцата и ич нема да ми е рано.Големиов едвај станува и кога е прва смена ништо не ме слуша,ни јаде ни учи знам од замор му е а не сака да подлегне бар поласат да одмори.Инает невиден е.И јас нервозна,бебе нервозно и ексик.
    Денес ич не ми е убаво.Си мислам дали правам преголема жртва со тоа што се откажав од работата,од повеќе финансии за да се посветам на нив.Се некој се наоѓа да праша а не бараш работа.Барам да.Но барам и нормална а не некоја со втора смена до 23 и трета.А со 13 месечно дете.Незнам може грешам,но одма ми излегува слика од мрсули,плачки,градинки,нервози,анемии и боледувања.Кај на мм не му сезнае работното време,па и моето присуство да им го одземам...
    Не им фали ништо.ЈАдени,пиени,облечени,се што посакал големиот добил.Да, јас се откажав од честа нова гардероба,од патувања,од ручеци ,од луксузи,од викендашки патувања,се откажав од секојдневно излегување и мешање со колеги колешки.Мислам не згрешив.Изведов на пат едно паметно,и пред се фала Богу здраво дете.Си велам бар и малото да научи да каже што сака,да прооди,па има време и за мене.
    Имаше период кога одев на работа и комбинирав градинка и баба,ај настинките знаев дека ќе не поминат ама детето ми збесна.Дали јас немав авторитет прво пред бабава и дедово или незнам.Сега подработувам од дома,но се нервирам,се јадам во себе дека не одам на работа,неззнам денешново време ми ствара некој притисок неубав.
    Бебчо го одмачија тројките,никако да пукнат.Само се јанѕи и на цицка по цел ден ко новороденче.Некогаш ми иде да пукнам.Ама се собирам.
    Огнот ми изгасна, цело утро во раце ми е ако го оставам плаче/
    Мразам зима,особено ко оваа лажлива,надвор ко пролет излажи се шетај деца и ете ти вирус од топлово.Снег треба сега.
    Ај бар шпорет да исчистам.
    Извинете на негативност,ама и тоа е дел од мајчинството.
    Убав ден!
     
    На Kaetana, stevemila, jovana03 и 21 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.395
    Допаѓања:
    37.561
    Пол:
    Женски
    Да се биде или не? Прашање е сега. Си велам не. Наместо да спремам ручек (бидејќи сега ми е шансата- првата дремка на бебе) јас си седнав на еден удобен стол да уживам во првото утринско кафе. Да се наспие бебе па ќе го искористиме сончевото време. А како би си легнала и јас...
    Ми се пие ладно нескафе со многу мраз. Нјам најм!
    А вчера еден пудинг нјам нјам го мислев неколку дена веќе.
    Плачките во сон продолжија но верувајте се навикнав. Ноќеска ама ич не ми беше тешко. Бебе 80% од ноќта спие со цице во уста па јас спијам како ретардина ама верувам дека од забите бидејќи така беше и претходниот пат. Во голема дилема сум дали да го дојам до 1 или 2 години ама за до 1 сум повеќе и се молам само да се одбие да не ми е толку тешко и криво ама стварно не можам да дојам веќе ете не знам зошто.
    Јас сум од тие жени што ги фаќа нервоза и сакам да работам. Работата ме релаксира. Чистењето, готвењето, физичка, психичка работа.
    Вчера 4 часа надвор бевме и гледам кондиција нула накај -1 се движи. Како труп сум станала. А што брза бев.
    Ај да не тропам доста е...
    Убав ден феминки!
     
    На stevemila, jovana03, Monella и 22 други им се допаѓа ова.