Ај и јас да пишам по некој збор гледам сте начнале „тешки“ теми за работа и деца. Јас сум баш во професија кеде се тера кариера и каде што баш е многу многу битно лично да си напредуваш и да работиш напорно. Ако немаш сработено нема напред туку си аут. Работев скоро до породување и додека бев на породилно се мислев дали и како ќе се вратам во ритам на работа. Првите неколку месеци ми беа стварно тешки ама потоа влеговме во рутина. Единствено што се смени после детето е што сега се трудам од петни жили да не работам за викенд и колку што можам да бидам слободна попладне. Тоа значи дека кариерата малку ми трпи ама не мисалм дека драстично ми трпи. Е сега да се ќиви и здрави биабите што помагаат стварно многу и чуваат колку треба дете. Ах да и да е и жива и здрава жената за чистење. Не знам кому е потешко околу децата. Дали на оние што се цел ден по дома со деца и немаат збор зо возрасен да прозборат преку ден или пак на вработените кои се растргнати на работа и дома и сакаат се да постигнат. Јас лично и кога сум на работа мислам за дома, што прават како прават, јадел ли, спиел ли, да не се удрил и слично. Штом дојдам дома се посветувам максимално на детето и неговите потреби. Откако ќе заспие готвам и се трудам да украдам време за мене и мажот. Битно од него имам поддршка и разбирање зашто и он е во истата професија па знае што е и како е. И најважно и он сам сака да се грижи за дете и да помага во „домаќински“ работи. Се на се собрано јас не би се откажала од кариерата само заради дете. Можеби затоа што не работам само за плата туку од што ми се допаѓа да го работам тоа што го работам. Финансиите се секако битни, ама работата ми е повеќе од тоа. Детето ми е секако битно, чекано долго време, се намачив да дојдам до него, го сакам бескрајно ама ако не работам не би била тоа јас и секако не би била добра мајка. @LiliBoz попладне и ние нешто многу не шетаме. Прво прилично рано се стемнуваше периодов па и нема мнгоу каде да се шета и игра на темно, а второ многу беше загадено. Шета секој ден сабајле со бабите на игралиште и со тоа мора да се задоволи периодов. Пред некој ден фативме ветер па излеговме попладне и имавме план да игра и да правиме шопинг ама се пушти со топка на фудбалскито дел од игралиштето жива вода стана и се вративме дома по пола саат. Другите денови играме фудбал, брканица, криенка по дома попладне за да истроши енергија. Едвај чекам пролет и подолги денови за да може да трчаме надвор попладне.
Добар ден и од мене. Ме нема периодов. Ми се случија малку неубави работи утре ме чека уште една уффф едвај чекам да помине. Само со лесно нека ми е многу ми е страв. Инаку малото од сношти се пушти сама да оди многу ми е слатка душа мала. Викендот бевме на чист воздух на планина и то е. Имајте убав ден и искористете го сонцето.
Добар ден. Немам пишано една светлосна година,се надевам не сте не заборавиле. Ново нема ништо. Теравме одмор малку во село,малку до кај моите па од понеделникот се вративме во колосек. Маже уште е тука па користиме стануваме,кафе,појадуваме,просуредуваме и на шетање,па татко и син се заспиваат јас ручек,садови,ќе стане го ранам и заминувам на раб. Се ми се врти едно па исто,секој ден реприза и пресликан на претходниот. Ама ако битно нека сме здрави и живи. Уште работиме на планот бебе ама некако не се реализира Ај ќе биде и тоа па ќе ни разбие малку монотонија. Шетаме разгледуваме станови,најдовме еден ама не можеме да се погодиме за цената,рече човекот да зборнел со син му па ќе ни јави. Еве чекаме Едвај чекам да се тргнам од оваа гужва низ дома. Во едно мало станче од 60 м2 напикани сме 7 души. Секој си тера своја политика само мирните и ќутежливи како мене работат за сите и трпат за мир у куќи. Никој со прст не помрднува затоа ние ќе си се тргнеме да видиме малку раат,има да шетам гола низ дома Ај да не должам многу,ве читам ама некако не наоѓам време да пишам. Им честитам на сите имендени,родендени,слави,на болните побрзо оздравување. Иначе кај нас дома треба да се прогласи карантин од најмало до најстаро е болно. Освен јас Поздрав лавици
Здраво мајки Ич не сум редовна во пишување, ама редовно читам се На пауза бев ја шетнав беба во двор кај свеки и дадов млекце и додека го пиеше заспа. Се тоа за пола саат Ептен ми е стегнато на работа со картициве, ексик Беба деновиве беше кратко со растечено носе и малку поткашлува. Ја шеткам на воздух по 10 минути, давам течности, овошје и ц витамин. Тоа. Свеки ја наслуша и вели арна е, само настинка. Колку ми беше жал со мрсулчиеа кога ја гледав Ама фала богу обична настинка е. Во однос на работата, ја сакам, по струка, со ќеф ја работам. Да останам дома за да чувам дете, јас не би. Како сакате сфатете, детето го сакам најмногу, мајка ми е главната и најмила улога, ама не и единствена во животот. И човек сум, учев долго време, се гледав и се уште се гледам себеси и како жена во општеството, а не само во домот. Времето поминато дома со беба ми беше преубаво, ама и вака е убаво. И ние така растевме. А во контекст на муабетот за тепање деца, не вреди да коментирам, личностите што креваат рака на дете за мене се психички нестабилни или грубо речено пореметени Ај отидов едно цигарче да мавнам и да седнувам да завршам цели купови предмети
Здраво мајки! Во последно време воопшто не сум редовна ниту со читање, ниту со пишување а имам повеќе време од порано. Малото и тоа е во градинка, побрзо се адаптира од што се надевав. Постојано беше со мене и нормално што на почетокот плачеше и мене ми беше мака. Нема вирус кој не одмина, но не се предаваме и тоа е дел од процесот зајакнување на имунитетот. Големата нема гајле со песна оди во градинка и сум среќна што е така. Едвај чекам пролет, ми здосади зимата. Некако воопшто неам желба за одење дома, одложивме за пролет, лето но сеуште не знаеме точен датум, таман може до тогаш ќе добијам волја. Единствено мерак ме фаќа да се погоди убаво време и децата да се изнатрчаат и изнаиграат.
Добар ден мајки Го пијам првото кафе,повелете Напорен и долг ми се виде денот Во 5ипол стана синко за цице и дури се нацица скоро 6 се направи,не ми се исплаќаше да продолжам со спиење па станав Се имам избањато ко човек,си ја средив и косата па ја разбудив момата за во градинка Навечер се набрзина ми е туширањето Мм ја однесе во градинка па се спремивме и заминавме кај педијатарот со синко Значи не сме точни едвај го дочекавме 1ви и не ја однесовме Се испостави дека и џабе ке ја носевме ама пак Му објаснив што се случуваше и дека би сакала макар да провери да не има бактерија во каката и ништо Ми одговори чим е подобра сигурно е биден вирус некој абе ми дојде да го пукам Другата недела одам кај матичниот мој да разговарам со него,можеби ќе прифати тој да ја прегледа Синко прими вакцини Неможам цел ден да му погодам,плаче,урла... После вакцината дури пред пола час заспа големава подобро ги поднесуваше вакцините Добро е што мм утре е слободен па се надевам и порелаксирано ке ми е со децата Некогаш имам чувство дека сум затупавена од како се породив само дома,деца....и се така во круг Ми недостига да излезам сама,неколку часа без деца, без маж Толку мајки се активира синко Довиџења
Здраво и од мене Свекрва ми го зема бебе доле да се поиграат и да го заспие ,па јас додека го чекам маж ми да се врати од работа користам време малку да се одморам и да си поседам на раат .Денес го искористивме денот максимално од сабајле имавме гости беше кумашинката со керќичката пиевме кафенце убаво се изнамуабетивме .После бевме со бебе надвор прошетавме малку се повозевме со количката да го искористиме сонцето . @Mari* И јас многу често се чуствувам така затупавено ми фали повеќе мешање со луѓе и шетање . Толку од мене дојде маже убава вечер на сите
Само да ве поздравам. Одлично поминав како за прв работен ден. И малиот бил умен, јадел, спиел, не ме барал воопшто. Ко си дојдов ме изгушка, ме избакнува сам што не се случило до сега. Се надевам вака ќе тера и понатаму, значи со мене бил немирен само. Убава вечер!
Еве ме и мене! Конечно минутка слободна додека бебката спие а дадата игра во детска. Синоќа не спиевме добро, бебето изгледа грчеви имаше, па беше вознемирена, не можеше да спие, со жална болна гримаса која во душа ме боли а не можам да поомогнам. Си ја минавме ноќта во раце држајќи се, затоа спиевме од 10 до 14... Бебката спие сега пак, а јас низ дома средувам и со големата дада се занимавам. Дадата денес после цел месец беше во градинка и задоволна се врати дома. Среќна дека почастила во градинка за сестричката, цел ден за тоа збори. Часот 20 е, кај и да е и ММ ќе си дојде, ќе бањаме бебе, вечера и легнување во кревет. Се надевам дадата ќе легне порано дека тргна во градинка. Инаку пијам прво кафе за денес... ајде кој ќе прави друштво
I jas da ve pozdravam dodeka malata spie...edvaj ja uspavme pa cekam da se razbudi i posle zurka do kasno vo nokta.Mm so drugar ns pijalak.I toj raat ne e izlezen od koga malata se rodi. Denes pak so gosti ama utre planiram da odam kaj majka koj saka neka idi. Denes imav desavka so sveki ama neznam dali za tuka e ili za vo snai i svekrvi.
Добра вечер мајки..Денов година мислам ми се виде со душа чекам деца да заспијат и јас да легнам со нив..Иако знам нема да спијам и двајцата се затнати па навечер кашлат и плачат во хор.. А и во последно време сум многу нервозна незнам зошто..Попладнево керка ме удри по рака а го држев млекото врело бидејки се спремавме за спиење и се истури а и двајцата беа пред мене незнам како ја тргнав раката да не ги изгорам..Но затоа ја удрив по рака кога викна да плаче и ништо ја игнорирам цело време само и реков во кревет и спиење си легна испи млекото и сама заспа..Потоа ми вели мамо не ми викај така и реков ако меслушаш нема да викам но пак си е иста песна..Толку е лоша разлигавена што навистина не може човек да ја сфати..Го тепа малиот го бутка Сега играт но само се закачат за исти работи..Уќте еден час ке издржам па малку тишина да биде да здивнам И се восхитувам на @danichap колку е смирена искрено постовите обожавам да и ги читам секоја чест дани Имајте убава вечер мајки
Добро вечер. Малата ја нишкам во раце. Денес бевме на др со мм и добивме дијагноза гнојна ангина и нормално пеницилин. Сега се плашиме и двоумиме за малата да не прифати и таа и дали да одиме на др утре да ја види. Денес ништо не јаде. А кашла како и ние. Ајде да дојде лето веќе не можам со овие болест веќе . Уште имам тт. Ама малку сум подобра. Денес пак лежев во кревет а малата доаѓа и се бута да лежи до мене сака гледа мама чудна е. Преска ми ги дава чизмите и вика тао. А јас и викам не сега ќе нанеш.Само што ја заспав ѕвонам на др да прашам за термин ми вика дојди одма. Како бе одма ? Викам имам ќерка.Ако де донеси ја и нејзе. И ја разбудив за 40мин. Ама кога виде дека за чао ја спремам не се бунеше многу. Тоа мајки. Да одам да ја легнам малата и да си легнам и јас. Добра ви ноќ.
Добро вечер Јас да ви кажам право си легнав. Бебе заспа едвај. Вечерва нешто го мачи едвај му облеков пижами и го заспав. Цел ден кенка, плаче на моменти се смее. Малце и тт крена 37.8 ќе го следам ноќеска. Тоа е мајки да дремнам малце па да станам да го пазам. Добра ноќ
Добар ден. Си го испив кафето и одмарам малку. Малата е кај баба ѝ и дедо ѝ. Има некоја љубовна фаза, ама толку е смешна и слатка што се топам крајно. За сè само вика го сакааааа, па го гушка и го бацува, па вика го сакааа мнооогуууу и крева рачиња во вис дека ете толку многу го сакала што и да е нештото, шишето, телефонот, столчето... Сака само да се гушка и да се мази. Нека потрае фазава, една од најубавите е. Се мислам дали да одиме до негде да шетнеме или да ја бањам, да си поиграме и во кревет. Ама ми се искача малку, па може да тркнеме до некоја игротека. Ај сега добро вечер. Бевме до игротека, се изнаигра, вечераше и заспа. И мене ми се спие, па се мислам да си легнам и јас. @Ava.84 побрзо оздравување. Добра ноќ.
Добро утрооо и по некое бедоксинче за тие што го осетија земјотресот Да ургираме кај Реин за емотикон-бедоксин Ние арни. Освен што уста откорнавме од чешање и 2 и пол часа се мачеше да заспие и плачеше од забите...се друго е ок. На крај се онесвести за точно 5 секунди. Уште нелегнат заспа. Грев. Јас преморена веќе душа немав се молев да заспие а кога заспа криво ми беше зошто таква мисла сум имала Само за мисла ми е криво бе. Викам јас, терсене чоек сум, само вие не ме знаете Викенд пред нас! Ремикс-дождлив викенд пред нас! Се радувам на викенд но не се радувам на дождот. Ми се оди за Гр ама не ми се вози ако врне. Маж ќе е на работа , тек во недела слободен. Додуше денес преку ден е дома и фала богу без тантруми од негова страна пројдовме вчера Ама беше многу зафатен жена му ептен обврски му даде па затоа Законски треба да се забрани маж дома за време на радна недела Гледам нешто во Мана попуст на попустот па си велев да тркнам. Па ми текна какви шкљ парчиња облека имаат што ќе одам, знам ништо око нема д ами фати Баталив. Ќе мислам што ќе доручкувам сега...и ќе ги зезам колегите јер 02.02 денес . Мож некој сок ќе ме части Да беа геевци стварно верувам со мерак и торта ќе частеа И така мајки. ГУшкајте деца, имајте убав последен работен ден и уживајте во викендов ако случајно не пишам зошто за викенд ретко ме има овде.
Ме интересира колку степени беше. Уште никој ништо не објавува па си реков ми се причинило. Но еве @LiliBoz осетила. Јас му се јавив на мм вика да не ти се свртело дека ненаспана. Ранобудник преку ноќ стана. Главата ми е тапан. Легнав ама тешко ќе заспијам. А и да заспијам во моментот ќе се разбуди. Само да ве поздравам па ајде и јас да ве понудам со кафе никогаш ве немам понудено. За моето рано е. Вчера една жена во лифт ми рече па уште мн дњчиња да си дочекаш и матката ми се преврте.
Vie dve mn osetlivi od dvete kafe ke pijam, premorena sum oooocajno mi treba. Vo 3 si legnav cela kukja srediv i kifli mesev. Momentalno imame 5cm sneg, do pladne kje se 15, tolku mn paga. Se javuvam pokqsno
Добро утро и од мене. И јас сум во раце со првото утринско кафе, и со компјутерот пред мене, а синчето до мене Во врска со работењето имам да кажам само дека работам од дома и имав пауза само 2 месеци кога се роди синко. Искрено, главата ми е тапан, цел ден сум де со синко, де пред компјутер, без работно време, треба само да си ги завршам обврските во текот на денот. Цела среќа шо синко е премирен, па некако успевам да се справам со ситуацијата. За ручек правење немам време . Ќе видиме како ќе се справувам и наоѓам време кога ќе треба да готвам по цел ден и за синко. Исто и кога ќе почни да лази, исправа и оди, па кога ќе мора 24/7 очите да ми се во него. Криво ми е шо времето шо треба да го поминам со синко, јас го врвам пред компјутер, ама мора заради финансии. Што е тука е. Барем не сум ограничена многу, можам да излезам да шетнам, за прегледи, контроли не треба да барам дозволи и слично. Мораме во се да ја гледаме позитивната страна нели? Синко вчера како заспа во 10, стана дури денес во 8. Ни еднаш не побара јадење, ни се разбуди. Душа на мајка. Редактирам да допишам: пред 2 дена ми влезе вода во увото, нема по непробав не излегува. Ако знае некоја нешто да ми поможи супер би било. Тресње глава, скокање на страна, притисок со раката, тргање на ресичката, чепкалки - се е пробано и единствено шо добив е воспаление на вратните мускули и главоболки . Убав ден ви посакувам мајки
Добро утро и од мене Од сите што ќе дадете кафе ќе земам . Цела ноќ око не склопив, бебе цела ноќ плачеше аман више нека пробие тоа забче. Еве го и сега де кенка де плаче де се смее. И цело време во раце. Сега му дадов сирупче ваљда ќе се смири малце. Како ќе издржам до 5 незнам . Иначе ни земјотрес сум осетола ни ништо, а обично сите ги осеќав. Еве го пак крева узбуна. Чао чао