Ме нема да пишувам еден сат помина додека ве исчитав ,јас сум супер синко и тој освен овие два дена не беше расположен рацете во уста се лигави се става во уста изгледа ќе да ни изникнуват заби. Наполнивме 5 месеци почнавме со каши овие два дена му давам колку што сака . Ме немаше пишував во други теми па таму што се љубезни одма ми враќат на прашањето во наводници . Денес со читање генералка па на маже му текна вика ајде да ве носам кај твоите незнам што му текна додека се средив во 3 тргнавме па застанавме во џамбо земав некои ситници на брзинка за синчево и правец кај моите. Кога читам за мајките кои бебенцата не им спијат многу ми е жал, јас до сега сум немала таков проблем до сега многу е мирен малиот и се постигнувам да направам си лежи во креветче јас смукам или па во релаксатор и гледа маша и медо и ужива друго не пишував за да не замарам ќе одмарам овие денови од чистење и ручеци правење
Ме нема ме нема па кога ќе опалам со некој негативен пост да се чудиш. Ја гледав емисијата на Сител за малиот што се самоубил зошто го малтретирале во школо.Се потресов со немај каде.Животот ми се згади.Имам син.Како ли ќе биде кога ќе порасне.Живееме во луд свет.Само Господ да ни ги чува дечињата. Друго се плашам повремено ко да го осеќам дека му стои шлајмче во грлцето.Кога плаче или нешто зборува,кога трчка ко да наслушувам.Нит сме настинати нит носе тече што ли може да биде.Искрено ме плаши.Некое вакво искуство?Лекар утре или задутре ќе го чуе.Аман раат да се нема. Добра ноќ
Ај добро утро ( ) Имам спиено се на се 3 часа. Вчера толку ни беше интересна играчката (тркалце со рачка ) што ќе спие 2 саати и ќе стане да си игра и пак ќе си легне и пак ќе стане... до 5 саат така!!! На крај спиеше со неа. Прв пат ова ни се случува. Дишам на шкрги и гледам работа купишта зад мене. Се успав, наравно. Немаше ни да станам да не ми вртеше мајка ми која 10 мин тропала на врата, кома! А малиот...малиот стана и одма си ја зеде играчката. Додуше 2 му купив исти за "не дај боже" Најдов и слипинг бани, јес да не е бани туку е куче ама е баш флафи и веднаш си го зема за спиење дента. Вчера после шетња парк и џамбо отспа три часа и стана гладен еден куп. Полн тањир изеде супа со зеленчук и месо во неа. Сега сме во период каде не сака да џвака туку директ да голта па пак блендираме Околу детето што се самоубило.. факт е дека како родители никогаш полесно не ни станува. Дури мислам кога ќе се во пубертет највеќе пазење треба. Тој хаос од емоции е бетер од било кој тантрум. Додуше тантрумите до 18 год се случуваат така да...и тоа е дел очигледно. Мислам дека тогаш се најнесигурни во себе, највеќе им влијае околината, а се најодалечени од родителите бидејќи во нивното главче оди еден фазон кој вели- не си мало бебе па на мајка ти да и кажуваш. Тешко е, тешко е да си родител. Фактички откако ќе станеш родител се трудиш да си најсовршен што можеш. А тоа секако не е возможно ... ама затоа сме подобри од било кога претходно. Пробајте да не ви влијаат такви вести. Слушајте но нека не ве допира длабоко. Нека остане во глава онолку колку да извлечеме некоја мисла од тоа и пуштете. Велат на секои 2 секунди умира по еден човек во светот. Замислете дур го пишувам постов колку луѓе умреле... Не можеме за се да се потресуваме јес да за дете највеќе боли без разлика чиво е. Досадна сум знам. Од што сум ненаспана е тоа...И постов не го зимајте здраво за готово. Бидете добри и гушкајте деца
Фала за кафето Лилитке! Шмрк! Од сите играчки, ние се тегнеме по клучеви, лаптоп и најново е гризење тепих... Пуштив цртани за да се напијам кафе без да скокам со перниците околу, иако сабајлево веќе 2-3 пати заврши на под... ќе падне и вика се кара со нас. Ладно време, никаде не се излегува за да прошета човек на раат. Попладне може дружба ќе имаме, иако сум претепана од умор ќе пијам едно кафе со луѓе, да сменам муабет. Нозете толку многу ме болат, што едвај заспав синоќа. Мм коментира у стилот зошто сум толку уморна, уште да речеше ништо посебно не си правела и да го убиев. Не сфаќа дека не е ова од вчера и завчера, туку насобрано од подолг период. Легни во 2-3 стани во 8. Цел ден на нозе низ дома ровари. Од денес мењам политика, ништо нема да работам два дена барем оддишка на душата ќе си дадам. Вчера и завчера исчистив се што може да се исчисти. Машини со алишта 5 викендов средив. Ручеците ќе бидат брзински, ни над шпорет не дремам. Ќе користам време за себе и пишување список што се ми треба да купам од мк. Туку ќе прашав кај кој ортопед приватно можам да го однесам малиот и колку унапред треба да закажам. Чисто да го види некој само, пошто овде таков преглед нема Толку траеше вниманието и интересот за цртани. Убав ден и работна недела мајки!
Добар ден мајки Лили за мене она последното чавче И јас да се пријавам во не наспаните Мм до среда е трета смена па ќерка станува навечер и го бара Оди кај фрижидерот,ја отвара фиоката со благо,и на крај отвара во вц тоа го прави и мм кога се буди Така 3-4 пати во ноќта Кога стана сабајле и го виде на тросед дете толку се израдува го гушна и не го пушти Ја однесе тој во градинка и продолживме до 9 со синко Тој уште нана,јас се разбудив со голема желба за кафе Си сварив една шоља со тродупло турско па морам да се освестам некако Ѕирка и сонце таман е за генералка ама со децава никако да успеам нешто да направам А има многу за чистење или да почекам да се запролети Толку од мене мајки Довиџења
Добро утро мајки. Помина и викендов... Синоќа си реков аман, нека иде понеделник, оти ова не се престасува. Саботата ја искористивме за шетање со големата а малото се чуваа со татко и. Ама првен низ куќа да расчистам, ручек да направам, деца да намирам, па додека големава ја спремам, за малото дома да спремам оставам, јас да се спремам...ми се чини втор ден почна додека испаднавме од дома. За право роваревме низ град и низ еден трговски 5-6 часа, толку уморна не сум била значи . Некој ден предходно шетав со малото, па сега смена, со другата мома. Сеуште не се осмелувам сама со двете да испаднам. Да не е мешево не е проблем, ама вака страв ми е, па една дома мора или туто комплето со татко им шетаме(што он не е баш воодушевен). Вчера не прелага снегчето. Малку ама донесе некоја позитивна енергија и добро расположење, барем кај мене и малото. Мм мрчеше како негативно ќе се одразело на работата а големата беше приказна за себе. Не знам колку пати се натапија со вода и колку пати ги пресоблекував . Да е извалкано не се потресувам толку, ама натопено страв ми е, па одма да пресоблечам. Грбов и колковиве од наведни и поткрени ми се партал. Испаднавме да ги прошетаме на снегчето. Првен ги наранивме, сменивме памперси, едвај скафандерите облековме, ние се стокмивме и конечно испаднавме. Само што испаднавме кога рече големава да вришти. Ја седнавме во количка и почнавме да буткаме а дете се откорна од вриштење. Малово гугаше што гугаше, од ссолидарност почна и тоа да плаче . Кога ќе ми текне со кој мерај испаднавме, море и душа што ми испадна додека се стокмивме за да испаднеме...а они вриштат плачат. Сакавме да одиме до една штала за коњи, ама ни коњи се видоа ни ништо. Пут под ноге и рикверц дома. Стасавме, ги рассоблеков и гледам памперсот на големата во газето и се напикал , сигурно ја болело или и било непријатно, па за тоа биле и плачките. И така. Неславно помина нашето шетање. Ноќта средно жалосна. Малото си спиеше до сабајле, без прекин, ама големава стана во 05 и почна да скака во креветот. Се наспа женската, фит. Ај што скакаше почне и да вика и да пее . Ја прибравме кај нас во постела и ја предупредивме дека треба да е мирна и да спие. Малку беше она што се пикна меѓу нас, па го зеде и зајчето па и кучето...па и уште 4-5 плишани животинчиња . Они се распослаа, јас и мм по ќошевите од креветот, и ај, божем ќе спиеме. Таман си помислив се намиривме почна: вода, вода, вода. Ај и дадов вода, се напи. По 5 минути пак вода, вода, вода. Ај пак и дадов флашата, накапачки си реков, белким мир ќе биде. Ама сега животинчињата да пиеле. Флашата беше автоматски конфискувана и испратив закана дека ќе оди пак во креветче . И така не вежбаше саат време, додека не заспа конечно а истовремено не зазвони и алармот на мм за на работа. После момата во мешето клоцаше, па малото се разбуди и толку беше. Станав да спремам појадоците за во градинка, па нив една по една да ги спремам. Во 11 да го зедеме малово а од 11.30 сум на гинеколог. Мевцето се вари во експресниот, некое манџиче ќе направам кога ќе се вратиме па големата да дојде од градинка и да јадеме. Денес без термини. Едно пазарување за овошје само на дневен ред. Убав ден мајки
Добар ден. Синко седи во хранилка и слуша песнички,а јас седнав да ве ѕирнам. На мм викендов не му одеше ништо од рака,се што фати пое*а.Капак на се менувајќи сијалица лустерот се запали и искри од штекери фрлаше. Имаме проблем,некоја индукција се појавува.Вчера со мајстори се занимававме цел ден,а денеска ги чекаме од евн да дојдат. Многусе исплашив,недај боже можеше најлошото да се случи.Најбитно сите здрави и живи сме. Денска ќе одиме до кај матич. на контрола и конечно ќе го носиме на ортопет. Успат можи да наминиме до некој маркет да испазариме за дома. Ручек ќе правам пилешки цигерчиња,мммммм немам јадено откако бев бремена.Дека домашниве не јадат и досега немав направено. Се читкаме имајте убав ден.
Ај и од мене добро утро! Конечно да станам, да престасам се и да седнам да уживам, замислете и ручек направен и се средено, само да чекам повик да си ја приберам мајка и да си испиеме по едно кафенце пред да одам по дете. Ја знаете онаа грутка во грло? Оној притисок на гради? Онаа растргнатост помеѓу членови од фамилијата? Така некако се осеќам. Татко ми е многу болен, денови броиме, секој ден ни е дар од бога, петокот отидовме да го видиме итно бидејќи падна во кома, се молев цел пат до таму да издржи, ми се виде вечност додека патував натака. Издржа, Господ да и даде сила и здравје на мајка, го врати од мртвите. А мене ми страда само желудникот, ужас, не можам ни да јадам што е супер, ама боли растура. Ко за беља синоќа синко се разигра откако не заспа кога му пројде дремката и до 10ипол скокаше, е ама во 2пол буден и до 5 не заспа, страшно, сабајле едвај го разбудив. Да е жив и здрав спие убаво, се сеќавам дада на негова возраст воопшто не спиеше, седеше по цела ноќ, он спие и дење и ноќе. Страв ми е да кажам ама добар е, мора неделава почнувам проект кој ќе трае 3 недели, ми треба да е здрав ко никад, овој проект ќе ми го плати неговиот роденден за 2м. Тоа е тоа женски, отидов да ставам некоја маскара, кармин и да платам сметки, тоа е животот на невработени мајки
Добар ден лејдис Денес сонце убавина и расположението поубаво. Од сабајле во 7 и 30 пред вратата на др бевме нацртани со малата и мм . Втори бевме, а по грешка први влеговме, а кога излеговме да не кажувам колку беа Малата не јаде 5 дена и бевме да ја види др да нема и таа ангина или бронхит пошто пак кашла. Како и секогаш се е во ред Антибиотик нема , викам витамини некој нема за бебиња мора од јадењето да си ги надокнади, а дете ништо не јади На излегување виде едно коњче и татко и ја нишаше малку и кога ја зеде почна да плака и викаше диа диа Татко и одма ќе и купел едно чиниш жевееме во 200 квадрата стан Вчера беше пак сонце и шетавме во наше маало во огромниот парк. Многу луѓе имаше и многу убаво беше.Ги видовме лебедите и шатките во езерцето, кое беше малку замрзнати. Ги видовме и коњите. Има и крави ама уште не сме ги нашлеМалата ептен се радуваше и ако беше без сила успеа малку да потрчка. Кога си дојде одма Ама вечерта беше хорор станување на 15 мин. Јас кога можам да спијам таа не спие леле со нерви од болестите сум до крај. Вчера ми беше смешна малата има количка за пазарење и внатре што ти треба под итно таму го барајСамо сега има само тапсови за кафематот.Дете почна да мава и наместо на напред на назад па ти мораш да се пазиш да не добиеш некој тапс по чело Вчера ставајќи печати по хартијата дете си продолжи и по комодаНормачно кој и ги дал тој нека чисти , а не е мама Ајде лејдис поздрав толку од мене
Добар ден. Ние (јас) наспани. Бебе заспа ка 10, стана во 5:30 за цице па во 7:00 насмеана. Не можеше да издржи и уште пред 9 бараше да цица, па сме се успале 11 фати. Еве ја цица и дреме. Срдла голема е инаку. Ако не и дадеш одма тоа што сака. Ама ка оставам, нек плаче. Знам оти е од инает. Менр грло ме одра. Посебнл ноќе, се гушам кашлам ме боли абе мислиш шмиргла иам голтнато. Преку ден по ок сум. Вчера бевме ма гости на ручек кај другар(читај брат). Прв пат да седам некаде подолго време. Па ми дојде убаво да сменам. Иначе ја учам водичка да пие, пошто чај несака, ама и со водата си игра само. Па само се пресоблакаме дека лом се прави. Денес не знам каков е планот. Стариве ќе бараат да ја видат, а не ми се иде таму зошто плаче..ќе им кажам они да дојдат. Секој ден би досаѓале..секој ден Не сфаќаат дека сме млади и дека треба со млади да се дружиме...тоа е. Толку од мене. Поздрав од Сара.
Еве и јас да пишам нешто. Викендов многу планови за одење на планина и ништо. Се разболе дете, завршивме со антибиотици фатил некоја бактерија. Аман веќе од забиве. Кога и да треба нов заб да му никне почнува се да пика во уста. Дома ај го пазиме ама на игралиште не може и а почне да чеша заби ете ти бактерија по некое време. Денес ништо па и не можам да сработам. Се во него ми е паметот уште има температура. Само што ќе почне да поминува дејството на парацетамолот оп крева температура. Додуше од Сабота до сега ама мене нешто долго ми се гледа. Толку од мене за денес.
Дојдов само да прашам како издржувате кога не спие навечер!? Значи ми се лоши од што не сум наспана. Таква криза ме фаќа а за пола час си одам дома и треба да си играм со него до вечер. Како??? На што дрога сте мајки кажујте оти ќумрам.
Како зомби. Едвај го чекав викендов да се одморам и цело време се бориме со температура. Денес продуктивност ич. Попладне играње молам бога вечер да поспиеме малку.
Викенд е најголемата фрка уствари. Не сака да спие јер мама и тато се дома. Не се жалам детето е супер само периодов е премногу захтевен што стварно немам душа повеќе. И најкриво ми е што баш затоа што сум претепана не можам максимум да му се посветам а згора на тоа и циклусот ми чукна на врата.
Здраво мамици! Денот убав и топол, барем така изгледа преку прозор! Испланиран ми е од вчера, чекам да дојде мајка ми да го причува бебето за јас да излезам со дадата. Во три ја земам од градинка и ќе ја шеткам некаде, сакам време за нас, да го потиснам тоа чувство на вина дека не сум доволно посветена на големата ќерка ( а ММ упорно ме убедува дека тоа е само во мојата глава). Не знам зошто толку ми се уврте тоа во глава, не дека и дома не ја играм, не ја занимавам, ама ете душа ме боли што не можам да ја носам на прошетки, не можам да ја земам од градинка, не можам јас да ја заспивам, душа ме боли кога морам да ја одбијам за нешто или ја убедувам сама да прави оти јас ја дојам сестричката, или правам ручек, пеглам и сл. А и тие други обврски мора да се спредат низ дома, ама за сметка на нив јас се убедив дека некаде грешам. Иначе арни, сабајле го испратив големот ќере во градинка, со малата имавме нормална ноќ, па спиевме двете, па спремив ручек (пире и ќофтенца), сега допивам кафе и одам да уживам во сонцето и друштвото на ќерка ми!
Ава јас на своја рака зедов овде витамини. Аптекарката ми ги предложи, потоа кажав кај педијатарот и рече ок се нека ги пие. Бидејќи моето е нејадач па реков да пробам... Ако сакаш можам да ти ги сликам да ги видиш. Ве поздравувам сите. Викенд слабо сум на нет. Сабота се пазари и чисти. Недела одмараме, оваа недела со гости ја поминавме тоа ме радува, конечно малку дружба. Сега понеделнички се продолжува по старо...
Добар ден мајки Ние сме си уште болни и тоа за малово трет сируп значи детево е полно шлајмови.Едвај дише.Ќе пукнам.Дај кажете некој лек. Му правев еден со ореви цели со лушпа и кромид вода да пие по лажичка но уште нема некој ефњкт за исфрлање на шлајмовитр. Па и големиов да не е кусо.и тој буфта кашла и повраќа од многу кашлање.И крајниците го фатиле и тој антибиотик и не сме наспиени цел месец и повеќе.Едвај издржувам.Ми се иде усвет да фанам.Па и ништо не јаде големово.И малово протестира. Сакам да помине ова да бидат здрави да се вратиме во нормала.уф веќе уфф... Ново ништо.Најбитно ми е да им помине.И мене ме гребе грло и почнав да кашлам.Сите во пакет.цццц За викендот бевме кај мајка ми и малку се одморив но ништо нема фајде и малово е како лепенка за мене нон стоп и само си квичка. Тешко му е и мачно.Вечер ќе правам друг лек со млеко мед путер и жолчка.Морам да најдам лек не сакам да завршиме пак во болница.Знаете викат лекот бил 5 пари.Епа така е ама кој да го знае. И пак пишав само негативности. Ви посакувам убав ден И некоја мајка ако знае лек нешто било што нека пише.позз
Loj od guska se mackalo na gradi, citav po grupive na fb. Drug lek parce od kosula selska volnena, natopena vo ovca mast, na gradi isto se stava. Ova se sto sum citala i slusala patalci sto im pomignalo. So lesno neka e majki, brzo da pominuva kaj site decinja. Ava za provenot imam citano deka se dobri za imunitet i apetit. Imeno jas gi imam pieno pred da ostanam bremena nekoj period i super mi bese iskreno i apetit mi se otvori toj period. Mm na rabota, bebe spie, jas ako legnam pred 18h ne stanuvam, a toa vreme prijatelka ke dojde na kafe, pa ne sakam kako zombi da ja docekam. Do posle