Здраво мами, Ако почнам да ве читам сите што сум ве испуштила ќе се разбуди бебо. И така дремнува по 30 - 40 минути само преку ден. Има три дремки. Вчера дури едната ја прескокна само две имаше. Инаку од пред неколку дена навечер рекорд постигна ме будеше на саат време ама буквално. Едно време станав запалив светло да видам да не е мокар, да не му смета пелената, нешто да не го стега, боцка ... И после три такви вечери оооп забче Сирот тој го чешкало го мачело. Искрено не се ни посомневав во тоа бидејќи воопшто не плачеше, само се будеше да цица и се пикаше во мене. Ама такво си е детето, и претходно сум пишала, не е воопшто плачлив. Некогаш се случува со денови да не го слушнеме како плаче... освен поткенкување тоа не го сметам Деновиве убаво временце па шетаме надвор со количка секој ден, вчера дури и си отспа надвор една партија јас си седев на клупа на сонце сама, медитација, се одморив. Решивме со мм да одиме во Германија на гости десетина дена крај на март. Авионот под гз" и во Дојчланд Едвај чекам, таму ни се кумовите па ќе се изнашетаме и изнадружиме. Таман до тогаш веќе ќе имаме воведено оброк за бебо. Се превозбудив Поздрав мами
Здраво друшки! Не сум сигурна ни дека ќе го завршам постот, мојата ,,спанка,, беба денес реши да се буди на 20минути, па по 100 пати ја презаспивам. Што и стана не знам, ама се надевам ова само денес, од утре нека биде пак кроткото бебуле (многу сакам нели). Меѓувремено ручекот се вари, дадата од сабајле на градинка ја носеше ММ, тој исто сеуште е на работа... Јас и бебката сами домче! Завршив стандарно некои обврски низ дома, само овојпат побавно и понервозно, оти како што кажав од сабајле се презаспиваме едно сто пати. Вчера ја оставив малата со мајка ми а јас добри два часа се шеткав со големата дада. И двете бевме среќни, расположени... Ја зедов од градинка, се шеткавме во парк, бевме на лулашките, па јадевме палачинка, купивме нешто облека и играчка и си дојдовме задоволни дома. Преубав ми беше денот, и на големата дада секако. Денес дома ќе се занимаваме колку можеме, ама со оглед на тоа дека ММ ќе биде со нормално работно време (ова е чудо големо верувајте), мислам дека ќе можам да се оргазнизирам и најдам време за се. Ете ја, одам да видам што кемка... досадлче мое, најубаво бебуле!
Седнав да се одморам малку со кој е за нека повели. Прва смена низ дома заврши (ручек, алишта, усисување) да здивнам малку па може да започне и втора смена Во врска со спиењето, јас сум една од најсреќните мајки (и тоа не вработена). Синко уште од 4месеци ја преспива ноќта и тоа до 10 наутро. Барем од таа страна имав среќа, зашто за се друго е Мора да признаам, подобро гладна отколку ненаспиена, за мене си кажувам. Кој знае може второто ќе ми наплати и за првото Туку, јас сега да си спијам па тогаш здравје ако треба ќе си кукам До вечер треба да се направи и некое тортиче. Утре е роденден на мм, па чисто да се одбележи денот. Утре имаме и термин за синко кај ендокринолог за тироидната, долга и широка стана веќе оваа работа. Секој месец го боцкаат детето и уште не можаат да се договорат. Педијатарот и ендокринологот немаат исто мислење Се надевам утре ќе биде последно. @VedaG10 добредојде мајка!
Хелоу мамички Бебе нана, па да пишам некој збор. Ја изнесов надвор на воздух во 12, заспа и ете ја уште нана. Не ја будам. Ретки се овие моменти на заспано бебе. Дури и спанаќ купив, го исчистив (пукнав дур го измив ), ручек направив, па и ручав ко човек Што ти значело бебе да нана преку ден Е сега, маана е што дома на прсти одам, не шушкам, не тропам од пусти страв да не стане. Пасошот готов на девојчето и ние веќе планираме одење до Грција. Едвај чекам, ама па и си викам како ли ќе минеме со бебе. Умничка е обично, се надевам ќе и годи грчки воздух Јас се радувам бетер од мало бебе Ќе се подновиме и двете. Тато ако заслужи хахаха
Добар ден мајки! Станав пред малку, спиевме заедно со синко, нему попладневната дремка, мене регуларно спиење од 3та. Легнавме околу 13ч, тој се разбуди околу 15ч па мм само што си беше дошол од работа го зеде за да поспијам јас уште малку. Го нахранил и отишле накај мајка ми, мм има една работа да заврши, а мајка ќе си игра со синко. Јас станав, си сварив кафе и да ве исчитам, ама некако тивко ми е, ми фали синко. Ќе се спремам и ќе отидам и јас, на 10мин ми е, ќе се раздвижам малку, а и не ми се седи дома сама. Викендов имав гостинки, сестра ми и цимерката од студентскиот живот, супер си поминавме. Цимерката отсекогаш си кажува дека не сака и не умее со деца, ама синко многу и се радуваше, деновиве се изнаиграа, па ми вели - Никола е доказ дека можам да сакам деца! @VedaG10 те примаме како не, добре ни дојде. Синчињата ни се врсници мислам, се дружевме во труднички. @wannaBeMomma честито ќеркичка! Да е жива и здрава и многу да ве радува! Тебе побрзо опоравување!
Добро вечер Мачни ноќи , мачен ден ајде нека се дефтоса веќе периодот. Ќерка од вчера приквечер почна да кашма еве ја без престан уште кашла.Кога велам без престан стварно мислам. Може да не кашла 15 сек . Денес бевме на брза помош оти кај матичниот е гужва и во метрото малата кашла и сите бегаа како да е ѓавол На др и ги слушнаа градите, видоа грлото, ушите и направија ЕКГ. Се е во ред градите чисти Прашав зш кашла ако се е во ред? Проблемо ви е во носот мора да ставате капки и кога ќе се ослободи тогаш веќе нема да кашла. Колку и е тт викам 38.1 , а добро нема. Вирус е. Ако качите тт дојдете пак, а колку 100 ли си велам Велам да не е бактерија во нос , др вели не вирус чунки видовита е без кс.Сега малата "нема" тт 38,2 и ми спие цел ден во раце и се буди на 10мин плака, кашла и чат пат повраќа. Кога ја гледам и јас почнувам да си рикам, голема рикачка сум Си велам мајка ми не беше ваква никогаш не е плакала на кој сум се метнала? Хм, ми текна на Касандра она стално плакаше Вие плакате ли мајки ? Благодарение на @Lorins и купив мултивитамини па се надевам ќе ја разјадат и ќе стане силна мома @Monella да си жива и здрава ме изнасмеа, прв пат денес, со ова да си се изнаспјам сега па после ќе си кукам ако треба Постот два саати го пишувам со малата во раце Добра ноќ мајки
@Ava.84 прв пат ко имаше малово вирус (коксаки) и болки и висока температура, плачев и тоа на глас. Тоа една година беше разбираше колку толку, па ко почна и тоа по мене. Вториот пат летово ко имаше стомачен вирус, тој со мм внатре на инфузија, јас надвор плачам и повраќам. Не сум најдобар пример, ама чисто да те утешам. Поголем паничар од мене не верувам да постои меѓу сите на темава. Со помин да е, жал ми е што не се потрудиле малку повеќе докторите, барем на природна база нешто за кашлицата. Пробувај со нешто ти да и помогнеш. Покасно ќе ве читам сите, тежок ден денес, ужасна забоболка. Сабота закажав за вадење на осумката, одамна ме измачува, и на крај испадна нема кој да го чува малиот. Порано не можам, не сакам да отсуствувам веднаш од работа. Ќе видиме колку ќе издржам. Малиот оваа недела со свекрва ми е, добар е иако го немаше чувано до сега, се снаоѓаат. Барем за тоа не се мислам дури сум таму. И така.. Убава вечер на сите.
Добро вечер и од мене, го заспав синко и сега малку време за мене. Го чекам мм до кај моите е да им помогне нешто па решивме филм да гледаме. Колку ќе гледам не знам ама ќе пробам, макар шо знам дека ќе заспијам во рекордно време. Денес си излеговме со другарка ми да ги прошетаме маливе покрај езеро, демек ај на еден сат, 3 се сторија. Нормално успат и неколку продавници поминавме да искористиме. Па и на кафе си седнавме, бебушките мирни бубачиња, уживанција. Туку косава веќе еден месец без престан ми паѓа. Кај да одам по мене влакна веќе срам ми е, уште малку без коса ќе останам. Вас после колку време од породувањето ви се среди то? Јас и витамини и шампони се купив со надеж побрзо да ми се среди, веќе се нервирам вака. Само ме кара мм дека се замарам со глупости и зато се ова ми се дешава. Епа знам ама не можам јас не сум таква, сѐ си земам при срце и се ме нервира и дури и на сонцево мое ќе му викнам и после си плачам шо не можам да се контролирам и у пм веќе сите. Шо да се напијам за опуштање нерви? Дијазепам Ете, со убо почнав, со негативно завршив. Ништо, си облекувам пижами и ќе си се релаксирам, да одберам некој убав филм. Добра ноќ
Zdravo majki,samo na kratko da se zakacam na forumov,da ve pozdravam i da objaavam deka sink napuno edna godinka. Denot ppoln so emocii...Si go izvrtev denot koga se rodi edno miljon pati.Koga mi go doblizija da go baknam.On place i me gleda pravo vo oci,jas go gledam i placam so nego.Od radost,od vozbuda. Na rabota turbo...Doma uste poturbo Samo sto go uspav sinko,da stanam suflijas da pravam sakam,go mislam od pred nekoj den....A i masina da pustam,igrackite da gi sredam...Pa i mazevo da go poguskam
Да ве поздравам пред спиење. Од неодамна малово фати некој ред со заспивање 9-10 навечер, тоа е супер иако со себе повлече станување во 7-8 наутро. За на работа супер одговара ритамот. Денот помина во неколку различни налети на емоции. Утрово се разбудивме наспани и расположени. Мирна нооќ со кратки станувања за цице. Поигравме со бебе, средивме низ дома и бебе заспа. Мама со кафето на балкон, впиваше сонце со една цигара за смирување грижи од задоцнет циклус. Хранење бебе, играње со бебе, спремање за надвор, бебе заспива повторно, па остануваме дома. Циклусот доаѓа, мама пресреќна Бебе станува, тато доаѓа од работа, а мама до рамстор на гараж сеил - пак со ќеси за бебе се враќа дома а и некој пар гаќи за себе да не е без ич поминат шопингот Бебе расплакано после мојот шопинг па до сега, заби го мачат кутрото, плаче, го гушкам силно, не помага многу...дадов парацетамол малку да се смири...конечно заспа...лежи врз мене, не сакам да го спуштам од жал колку се мачеше Добра ноќ .кратко сум во темава, но некако оваа недела најпасивна ми изгледа и како да фалат многу мамички...
Здраво мами, цел ден се канам да пишам. Вчера ноќта миев коса, ми цркна фенот,па пуштав греалица ... Сабајле малиот во 7 саат пееше, мене ми се плачеше. Откако е роден не станал порано од 8 часот, освен неколку пати. Станавме, цртани гледаше додека пијам кафе. Денес тв то на ред, за малку врз него не падна. Седна на лаптопот, среќна сум што работи. Не знам дали е мал или е инат, ама дали јас зборам или канти тропаат исто му е, до душа пре за кантите ќе се сврти. Јас викам не, он упорен, го удирам полека по рачето, он ме гледа и ми се смее, а знам дека разбира. Вчера пријателка со малото беше, јас моево во раце го држев и во дубакот седеше пошто од милост бебето по глава го маваше, оооо нели учиме да галиме, ама неговото галење поарно да не те погали... Раче тешко има возрасен ќе го доболи. Денес мислев во игротека да го носам, таман се спремивме, кола немаме, мм со нејзе на раб отишол, а работата му е на 10 мин пешки од дома. Па ајде вртевме кругови пред зграда, пиштеше по секое дете кое го сретнавме и рикверц дома. Сака да се дружи со деца, сака да си игра, сака кучиња, го галиме секое куче што ќе го видиме. Ретривер лае пред него, овој паѓа од смеење, страв ни малку нема. Не знам како ќе се однесува во градинка, ама не сакам да е моето тоа што ќе тепа деца... Не е лошо дете воопшто, само од што се радува не знае што попрво да направи. Сега се заспавме, а јас седнав кафето од попладне д си го допијам. Надвор пак снег паѓа, а ни малку не е стопен тој од пред некој ден. Деца нон-стоп има пред зграда, сите во скафандери, чизми со санките до стемнување играат во снегот. Битно утре мислиме на базен да одиме. Не знам дали сум споделила дека веќе бевме еднаш и бебе уживаше. Задутре најдов на нет ќе има вежби за развој за бебиња од 6-12 мес организирани во игротеката во трговскиот, па ќе одиме и таму да се дружиме. @VedaG10 welcome @Ava.84 малиот кога имаше осип по телцето, на секое мачкање со креми плачев. @LiliBoz синоќа сипав малку бејлис додека чекав коса да ми се исуши и ми текна на тебе, да ти понудам сабајле за со кафето. Зезнав, закаснив @snegulkata ме врати многу наназад... паметам кога го остававме брат ми во центар за странски јазици а јас и мајка ми шетавме низ лептокарија, сладолед, колички, шеќерна волна. Прекрасни спомени. Уживајте со дадата што почесто Јас, надвор од секојдневието, се осеќам осамено. Осамено во смисла ми треба вистинска другарка со која ќе се слушам 10 пати у денот, ќе пијам кафе и ќе знае секогаш како се осеќам без да зуцнам. Си имам таква, ама далеку сме Сакаш или неќеш со тек на време се губи таа блискост, тој начин на дружење кога се илјадници км во прашање. Овде никогаш нема да стекнам такво пријателство, се е некако брзо, кратко и површно. И тој муабет што ќе се сврти со овдешните пријатели пак е за секојдневните работи. За длабоки теми и разговори освен со мм, друг нема со кој би можела да разменам мислење. Не знам дали јас или малиот повеќе сака да се дружи со луѓе. Огладнев пишувајќи Добра ви ноќ мами.
Здраво. Не сум во тек со животов општо камо со форумот. Наминав блиц само да ве поздравам и да ви кажам дека после 3000 извозени км фала на богу сме добри иако со вирус воспаление на уши и темп. Детето не се прилагодува што е нормално и вришти нон стоп не сака кај никој и во никој тоа е таа фаза што сега гледаме со тек на време да ја надминеме иако ќе треба време.. време и за нас камо за бебо мој. Сеуште сме растрчани и разрипани на сите страни па лека полека ќе доаѓаме во нормала. Нема поубаво од свое. Свој народ свои луѓе свои навики и своја храна.. барем душава на место ми е сум се најала та прејала од нашава храна. Поздрав и секое добро.
Добра ви вечер драги мои Морав да ви наминам малку пред да потонам со сон. Ми недостигавте Овде е најубавиот муабет од било кое друго место. Овде се разбираме и поддржуваме за се и сешто. И што е најважно им даваме друштво и поддршка на задграничните мајки Како @Mari-Ja @Ava.84 итн. Многу сте, да не ве набројувам Оваа недела сме дома со бејби, мајка ми и свекрва ми се покосени од грипот, па јас морав да останам со неа. Одморот планиран за Велигден отиде сега изненадно, ама немаше кој да ја чува. Ако, да признаам супер ми е гушканици по цел ден. А и таа, како да знае, се радува многу, пресреќна е душа моја. Ама штрајкува со неспиење денски. Нели е мала за само една кратка дремка од пола саат? 14 месеци е скоро. Мала е мала. Ама не можам да ја презаспивам, односно би спиела, ама во раце. Не дозволувам така Утре сум на гинеколог, да искористам седење дома барем да завршам таа обврска. Едвај термин најдов и тоа не кај матичната, за кај неа дури по 2 недели има слободно, па ќе одам приватно. И таму едвај се закажав. Ако треба брисеви и пап ќе чекам термин на матичен, не ми се фрлаат пари на приватно за нешто што ми следува, секако се друго на приватно си плаќав претходно 3 години додека забременам. Доста е Додека пишувам си ги фаќам рацеве и се натажив, груби како на мајстор ми се. Нон стоп сум во вода Во однос на плачење, плачев за беба кога и течеше носе, кога го чукна главчето, итн итн. Не само за неа, плачам и за други деца, на фб стории, на филмови А не сум лигле и ладнокрвна сум по природа, ама ете дете ме менува Ај да одам да легнувам доста зе расприкажав. Добра ноќ
Само да ве поздравам бидејќи мозокот не ми е во функција за содржаен пост. Јавен поздрав до @Mari-Ja @vitamina супер да не ве мислиме. Се ќе се среди! @tarantula среќен нека е најсреќен само убавини! Побрзо оздравување на сите. Најбитно е да сме живи и здрави. Деновите се долги но годините брзо минуваат. Добра ноќ мами Ееее како вчера да бевме со мешиња. Убави времиња...
Добро утро. Го зголемувам бројот на алкохол, кај и да е само алкохол ќе почнам да ставам @Mari-Ja фала што ти текнало мила, еве утрово земи од мене Јас сум крш мајки. Кичмава ми е партал. Синојка сум плачела ко дете и сум го држела малиот во раце. Сака раце, не можеш да му објасниш дека мама ја боли. Маж ко маж не сфаќа што е болка додуше беше толку уморен што ич око не му трепна. Сабајлево откако се наспа нешто го гледам покажа сочуство, но откако се наспа. Претходно не. А уствари и тоа сочуство ништо не ми врши работа. Не ми поминува од нажалени погледи. И денес сум физички исцрпена од болка. А сама сум на работа баш денес. Ќе издржам, знам дека ќе издржам. Само знаете...човек што увек е позитивен не му е лесно кога треба да се појави скиснат меѓу луѓе. Ја гледам мајка ми и таа е хаос. Нема сила веќе. Реков од понеделник ќе го носам малиот во градинка. Тоа е што е. Да се надеваме дека брзо ќе се адаптира и нема пак за два дена да се разболи. Посебно ова второво ме мачи. Само пролонгирам ништо друго не правам. И сега ќе се разболи и во март ќе се разболи и јуни да почне ќе се разболи. Мора да стекне имунитет. Тоа е. Викендов ќе се потковам психички за периодот што следи и понеделник почнуваме. Па со Господ напред. И женава е грев жив со 300 дијагнози. Малку ми е криво што свекрва ми еднаш не се понуди она да го чува а кај ќерка и ќе иде на неколку месеци. Да и помогнела. Ок фала. Криво ми е ама па не знам...не ми ни беше очекувано нешто друго. Она е да ти даде све, само неа не ја дирај. Вајда и сум ја прифатила ко таква и ок ми е. Демек на ортопед ќе носев дете нит однесов нит бутур. А требаше уште нели 2-3 месеци откако ќе прооди. Не сум одговорна ич. Срамота. Ај барем Д3 редовно давам не сум тотално отидена во неповрат се тешам. И доволно труев со негативности. Таков е денов, утре ќе сум подобра ветувам. Имајте убав ден мајки
Добро утро ама веќе ми е добар ден.. Колку тешка ноќ и колку долга само.. Малово ај спиеше но големиов плачеше,риташе,пискаше,зборуваше во сон и тоа нансекои 20 мин па го земав во раце па го ставав до мене да спие и тоа траеше до сабајле.Око не сум склопила. Па го носев малото до док.сега е подобро фала му на бога,ми олесна малку. Па се вративме направив кафе стана големиот и отиде да мочка и почна да вика мама дој,кога одам да видам тој се искакал на пижамките ретко пролив ми вика не моје матеј сеја -немал време да седне на нокшир.Ништо ајде го измив облеков па му направив каша на бебуш но не ми јаде како порано.И мислам малку има ослабнато.Битно си ручка колку толку и е свеж и по малку скиснат. Сега заспа,ах да има кој барем едното да го попази да дремнам еден саат. А вечер сме на роденден кај кумашинци тука блиску до нас живеат. Имам уште за пишување но време немам. Поздрав мајки... Гушкајте дечињата...
Здраво мајки . Редно време е да пишам. Многу интересна е дружбата тука па затоа секој ден кога имам време ве читкам ... Јас почнав да работам пред непол месец, момченцето мое е 13 месеци уште малку 14 Клише реченица ама кога летна времево ејјјј. Како вчера да беше кога чекав нестрпливо да се роди Се чува со баба му и дедо му преку ден , срека работам приватно па имам простор порано да си одам дома.. Мислев дека оставањето дете кај свекор и свекрва ке биде хаос, се нервирав со денови и за џабе .Мислев дека ке се мешаат во се и сешто , но се зезнав . Јас се оставам како што треба ,што да се јаде и пие они само даваат. Ма не ми се збори да не ги урочам ... Пијам кафе и доручкувам овошје.Почнав Ун диета ке видиме до кај ке терам .Не можам ментруацијава да си ја средам од кога се породив а најголем фактор за тоа ми е јадењето благо и пиење кока кола без осет . Во буквална смисла. .Мислам дека ке пукнам како бомба @Lolipop23 се секавам дека во исто време бевме трудни. ти после мене се породи така ? И така женчиња , мило ми е што ке си муабетиме во темава . Имајте убав ден
Добро утро мајки. Јас уживам Денес работи мм од дома, па помош за спремање на момите и ги однесовме со кола до градинка. Кој е како мене . Денот почна со драми. Малото ми штрајкуваше, не сакаше да јаде, големата вриштеше пиштеше кога виде дека и облекувам фустанче за карневалот, па од солидарност и малото и се приклучи . Ама нема веза, деца се, некогаш си поплакуваат, им мина. Кога ги оставивме во градинка пак плачеа, малата оти ја оставаме, големата оти виде дека сите се преправени, ама се смирија набрзо за среќа. Инаку вчера прв ден на малото во градинка до 13.30 и одлично поминала. Си го испила млекцето во 11.30 и без проблеми заспала, кога отидов да ја зедам си играше и беше весела... На пат накај дома поминавме во пекарата, дома добив и едно машко лате уз кифлата и сега нозе во вис. Он се смести пред компјутер, да искористи саатите додека децата не се дома да работи а јас да одморам. Дури некако необично ми е. Тишина @tarantula честитки за роденденот на мажето. @VedaG10 добре ни дојде @vitamina мило ми е што сте стасале. Сега полнете батерии. @LiliBoz Мене душава коктел ми сака. Не многу, 1-2, онака мераклиски уз начос да си пивкам. Веднаш во глава ми се појавува слика од Малина-Мохито. Три бремености едно по друго, измеѓу доење....заборавив каков му е вкусот. @Ava.84 многу се измачивте со малото. Те читам за континуираната кашлица и целосно те сфаќам. Кај нас кашлицата стагнираше само тие неколку недели за божиќни празници,кога не одеше градинка. Почнавме со градинка и повторно си почна кашлицата. Големата е со мрсули, малото е со мрсули, стандард и мене ме префаќа....а колку страшно звучи кашлицата. Среќа нема тт барем а и навечер добро спие, мислам дека се навикна веќе да живее со кашлицата и телото стекна имунитет. Кај вас изгледа е полошо. Се надевам сирупот ќе ви делува и побрзо ќе мине Инаку, во однос на друштво, јас сум сама. Целосно сама. Тука не познавам никого, не иде никој и не одам кај никого а старите пријателства ми останаа во предходниот град во кој живеев, на неколку часа оддалеченост. Освен телефонски позиви еднаш на 2-3 месеци, колку за апдејт до кај сме со животот немам ни телефонски разговори со бош муабети... Од пријателствата на мм, колку и да не се мои, ама ај ради социјализација слично стање. После првото дете започнаа да не игнорираат, после второ веќе ги гледавме само 1-2 годишно. Кога слушнаа дека трето е на пат живи ги нема да се јават . Сите се без деца и претпоставувам не сме им добро друштво. Тоа е. Само свекрва ми ми останува за дружба . Убав денот тука. Се надевам ќе остане таков
Добро утро мајкички Лили зимам најголемата шоља пошто очиве неможам да ги отворам. Вчера ја качивме првата температура како реакција од вакцината, па со тоа следуваше и непроспиена ноќ ,сум се чудела за два саати после вакцината одма почна да качува температура и да стане кенкав и плачлив ,битно добро се заврши се температурата не се качи над 38.1. НЕзнам дали има некоја мајка што го вакцинира детето во Млин балкан поликлиника и дали ја приметил таа докторката што ги прегледува децата за вакцини колку е незаинтересирана ама вчера стварно ја премина границата ама вчера ме извади од такт ,јас седам со детето голо по боди во раце она ми вика излези причекај зашто затоа што си ги турпијаше ноктите Се воздржав незнам како ни јас . Друго ништо нема ,вчера за прв пат се осетив слабо,немоќно сфатив дека нема ништо поубаво од здраво и среќно дете ,и јас како медицински работник за прв пат до сега се испаничив и не бев смирена кога на моето дете не му беше добро . Се испожалив извинете. @tarantula нека му е среќен роденденот на малиот лепотан жив здрав голем да расте @VedaG10 добродојде во ова наше мало лудо но убаво катче Убав ден на сите .
Добро утро друштво! Кафето испиено, јас со компјутерот пред мене, работам, а синко го седнав в количка си игра. Досега беше во корпа, па само за спиење ја користевме, вчера малку ја поткренавме да можи да гледа, па сега интересно му е - different point of view. Ама толку беше, дури го пишев првиот дел, почна да вика, па цицаше и сега му се спие ама не можи да заспие. Се навикна на корпата, само во неа заспиваше и сега ќе имаме мака дури да се навикни. Еве нишам, ама залудно изгледа. Еве заспа некако, со возење низ соба Последните неколку дена ми станва порано кај 7, инаку станваше кај 9. Можи поарно така, да можам да ги темпирам оброците набрзо. Од утре планирам да почнам со цврста храна, ќе проба јаболче. Ми порасна мажето мое. Овие дена барав низ град и не можев да најдам нигде детско тенџерче, со цртани ликови. До толку сме отепани во градот, ништо не можи да се најди. Се морало да порачвам, да чекам со денови, да плаќам испорака итн. Досега не сме успеале да се отселиме, ама се надевам во иднина ќе успееме да го израснеме синко на некое подобро место . Страшна работа. Не сакам да живеам во градот шо нема шо да ми понуди, ни чист воздух, ни образование, ни здравство, ни забава, нема ни облека од кај да купиме за нас и бебе. Се само политика во главите на луѓето, друго се е забаталено. Ништо тука не е по мој вкус. Не сум јас за тука дефинитивно. Тоа е мајки, денес некако тмурно расположена, исто како и времето. На здрвје кафето