Ај и јас да си се пожалам малку тука па да продолжам со работа. КОнечно вчера му се намали тепературата на детево ама и јас и маж ми завршивме со раздразнети грла. Ноќеска пак немаше баш убаво спиење. Плус ја се укочив во полвината, налет. Денес едвај се држам на работа. Вчера бев дома и сто пати е полесно така. Само за детето се грижев, мераци. И болната половина полесно се поднесуваше. Денес морав на работа. Ненаспана, уморна, се ме боли а се очекува продуктивност. Потоа дома со сеуште раскенкано дете. Ама тоа е мора да се издржи. @eclezelce има неколку во Млин Балкан. Две од нив супер го прегледаа кога одевме, исто како матичната што го гледаше. Последниот пат не го ни мерија нит нешто убаво го виде докторката, само грлото дали му е црвено и толку.
Само што се пофалив дека си спијам на раат, одма ме посети марфи Да не мислите од дете се жалам тоа си е супер, си спие како топ цел е на мене Другото бебуле мм, како можеше да си ги стисне прстите на вратата од колата? Дојде дома цел блед, таков го немам до сега видено, целиот се виткаше од болка, под ноктите одма му беше помодрело. Па сега што да става, отишол во купатило и оставил да му тече ладна вода врз прстот, така прскајќи со прстот низ тоа дупчето на лавабото ми направи поплава доле кај детергентите Потоа се префрли на лед, не чинеше. Па на една крема, исто за него не чинеше На крај едно апче и си легна па цела ноќ офкаше Му реков подобро ќе беше јас да си ги стиснав прстите само да не ги трпам овие цимолења Сум немала чувства, аха а да треба со такви прсти и дете да чуваш и памперс да менуваш Отиде човекот на работа со болни прсти а роденден му е денес. Денес на мени сарма. Тортата е готова, поручек до ендокринологот и ќе си славиме роденден со офкање
Добар ден конечно и јас да пишам некој позитивен збор! Убаво било кога се има возачка- частам положив се од прв пат што е успех за мене а воено и сеуште неможам да поверувам како така се испадна спонтано но убаво. Маж денес пратив на печалба па со синко останавме сами пак но се надевам овој пат побрзо ние ќе заминеме од тука кај маже отколку тој да се врати назад во овој себичен град....т.е градот не ни е ништо крив колкуу што живееме во никаква средина. Убав дождлив ден.
Добар ден мамички Ете од толку денови баш денес мораше да се врати зимата Од неделата ми светна дека бебево си нана на тераса без проблем, па ете ми шанса да ја направам куќава цакум пакум, уште од кога останав бремена крпа во раце не сум фатила па секој ќош, делче, плакарче, фиокче го пребришав, прередив, нели јас знам најубаво што знаат другите (ГЛУПАЧА) па резултат нозе, раце не ги сеќам, а вчера и фијаско, кичма ме фати и вечерта беља, бебево баш тогаш најде да се развришти и да бара да го шеташ, уствари се бара, не знае што сака му се спие па го додавам кај мм, а тој пак колк шинал и не знаеш кој е ,,поболен,, и ајде некако со последни сили думкај, нишкај, офкај и оп заспа таман и мене главава ми клапна, телефон ми заѕвоне, мајка, и јас нели морам да се јавам.. бејби се разбуди па кога отпочна пак нова партија вриштење немав веќе сили за било што и го оставив да се нарика па се измори, цице до уста и се успа, како тој одма и јас глава на перница, ама од што вриштеше цела ноќ ми одѕвонуваа ушите И сабајлево цела со надеж дека пак сонце на повидок и бебе ќе спие на тераса да се одморам.. епа шипки Пак е цел церемонии, среќа кичма помалку ме боли Моментално ми спие во раце.. само нека потрае Мм е излезен, му реков кога ќе се вратиш да бидеш кукурек бебе да си почуваш Џабе везам.. ако бејби вришти, а го земе мм го појачува тоналитетот Некој скок ќе да е, бејби инаку не ми е вакво Уште не се прошетав никаде да се подновам утре викам ќе е денот, ако е убаво времето ќе се кандисам ако треба и сама да се шетам со бебе, не се додржува и веќе дома, плус и новичко ми треба нели Море ако врне во Молот не кисне Дана спомна шатирање, убаво ме потсети, до крај на месецов морам и јас коса да средам, не знам што ќе и правам ама мора нешто, катастрофа ми е, плус морам и да ја скратам така поубаво се ми е влакништа низ куќа, а како се роди бебе се ми е во плетенка ама пак паѓаат. Туку ич не знам како ќе се организирам за бејбиво, мислам дека нема да се намири со млеко во шише, ќе го тестирам првин, па ако успее ќе идам на улепшавање, ако не ќе почекам каши да пројаде И нокти сакам да правам, ама ако ставам ќе ми бидат обврска, ама па си викам барем ќе ми бидат средени, па мисла ми се да ги направам малечки, па таман нема да сметаат на бебе, а средена мајка во раце ќе бидам таму можам и со бебе да отидам Туку ми треба асална крема за лице, маска да ми засјае, да се зачисти малку.. за чупање се средив еден сончев ден дури спиеше бебе на тераса Сакам и шминки нови ама си викам за каде бре Емка плус и кога искачаме гз преку гаќи ми е се, па каде ќе најдам време римел да ставам, засега успех ми е ако успеам ББ крема да ставам и тоа како што треба (еднаш излегов со неразмсчкана ко што треба, па кога се загледав во Молот на едно огледало ). Друго ништо ново.. (А новичково па ми беше ) Ај доста редам да клапнам и јас главава, да одморам некоја минутка дури спие бејбиво
Добар ден @tarantula среќен најсреќен роденден Јас само да се пријавам и поздравам,а ве читам редовно, бидејќи периодов ми е турбо, спремаме 1 роденден и крштевка, па кафана, па торта,подароци,да се облечеме и се сама си трчкам а плус и бебе зошто нели нема кој да ја чува па морам со неа да трчам, ама ако не се жалам само им кажав ќе ме бараат за старост ама ќе ме нема кога ќе им биде најтешко, кога навистина ќе им треба помош, од мене се тие отпишани, туку дај да не гњавам со негативнодти и да си го расипам расположението мајки што сте давале подароци на кум и старосват што сте давале?, дајте друшки помогнете ми барем вие ако нема кој друг, од мајка неможам ни да барам помош таа е на работа со смени,со дежурства скоро секој втор ден(докторка е) кога е дома а тоа е ретко се расправа со таткоми а тој е болен и опериран од срце така да и од нив помош немам а кога можат со сто раце ми помагаат, фала им, можда не да чуваат дете но финансиски ми се голема поткрепа а во моментов и тоа ми е многу битно,и така перидов е турбо но само за убаво нека е и ќе кажам мамички нема посреќна мајка од онаа на која детето и е здраво, минатата недела од вакцина прв пат во оваа година крена малата тт, плаче таа плачам јас а бре потешко немало ништо, затоа да сме здрави и живи и сите на број другото е минливо, ве гушкам сите
Јас само на кумот и кумата дадов поклон. На кумот торбичка од Мона што собира и таблет. На купата обетки со кристали.
Здраво Ви пишувам од автобус. Одам накај мајка ми, вчера таму го оставивме синко да преспие. Морам да го навикнувам таму да седи зошто крај на месецов тргам на работа . Ми се оди малце да се измешам со луѓе, да напраам муабет, ама кога ќе ми текне дека треба да го оставам ми се плаче . Ваљда ќе се навикнам. Друго нема ништо, уште се мачиме со забите, кекав е навечер некогаш спие некогаш не. Имајте убав ден
Добар ден мајки. Фала ви мајки на подршката Мора сила да најдеме , а тие се мали мора имунитет да стекнат. Надвор сонце преубаво толку сакам да шетам со малата , а таа само спие . Од температурата вчера качи 39,4 ама брзу ја симна. Денес сум најнаспана од последниот месец.Дури 5 часа сон Мм ја чуваше малата и ако се будеше на 6 мин. Имав денес термин па пак мм ја чуваше малата , а мама во бојли живот Не дека многу прошетав ама 1 час украдов за ножеви да купам.Сите или ни се скршија или тие обоените бојата им се излупи и не се за користење и останавме на 3 ножа. Па купив. Инаку во неделата мм ме шишаше и тоа од долга коса сега ми е до рамената.Му реков шишај помалку ако не ја биде да идам до фризер тој ептен ме скрати. Обично си за косата ама веќе ми е досадна долга и баш ми е лесна за одржување.Сабајле удрив две три пегли и добив брановидна косаТака јанка на една странка ми е ама морам да почекам да порасне за да има фризерката што да шишаМи фалат шишки ама кој ќе ги пегла Туку и мене ми недостига социјализација. Имам братучетка тука ама ретко се гледаме на 2 месеца. Имам многу од курсот што одевме се дружевме до дека немав дете. Сега само со 2. Од раб колешка ме викаше нон сроп на кафе ама јас со бебе тешко се органозирав. Инаку ми недостигаат колешки од Полска. Со едната раб 6 дена и беше многу негативец ама и она ми недостига, другата доаѓаше 2-3 неделно кога дозна дека сум бремена ми велеше јас ќе ти го чувам бебето кога треба.Ја зезав и велев иле пињонзи Рената(колку пари Рената), а таа 50 год жена ќе кажеше за тебе Ава ништо , јас мењам 3 сина за тебе ти да си ми ќерка.Ама мама не ме дадеАма изгубивме за жал контакт. @TutiFuti честито возачка Убав ден доста е за денес
Добар ден. Синко и мм нанат,а јас ги чувам некој да не ги укради. Седнав да пишам два три збора на рајат. Ние три дена одиме по доктори.Од ортопед три дена не враќаат,сите доктори користат една ординација и едно ехо.Ни распоред си знаат самите доктори ни ништо.Д-р ни закажа за вторник,се надевам дека ќе биде тој долу во ординација. Синко два дена мрсули има два нема,бактеријата си ја носиме со здравје 4месец.Матичната не убедува со мм да го вакцинираме синко од ммр,.Немало никаква врска дека носот му течи со паузи и бактеријата нема да направи никакви проблем.Но нас многу ни е страв. Од ортопед наминавме кај баба ми да ја видиме,но не ме радува ич.Почна ниту да јаде,ниту апчиња да пие. Многу ми е жал што се мачи,а и за мајка ми е .Ќе заболи и таа, се поминува низ нејзините раце.Исто ко да има и таа бебе, ама не се поткрева жена во години и омалаксана. @Ava.84 и јас сум голема рикачка. Прв пат беше кога го болеше мешето имаше грчеви. Втор пат кога примаше кислород на 4,5 месеци и кога сестрите го боцкаја за да му најдат вена. А последен пат на 11 октомври кога примаше инфузија и неможеа да му најдат вена( тогаш синко направи 30 стомачни). @VedaG10 добре дојде во друштвото. @tarantula Среќен роденден на синчето. @Monella и мм си ги има фатено прстите на вратата од колата,кога бев бремена и памтам какви драми имаше тогаш.. Многу се успаа и двајцата ќе имаѓе 100%журка вечер. Одам на цигарче,на воздух кој е за нека иди.
Добар ден мајки Не бев за да пишам ама ајде ке си олеснам овде Фаза или тантруми незнам, при крај сум со нервите Дете ме полуде Два дена нема НИШТО јадено,кога и нудам ми прави ау (во превод боли ) секако пробав и ништо Вришти за се нешто,посебно за не дозволени нешта и кога не и се рече не,игнорорам Ми се пожалија и од градинка четирите воспитувачки не можеле на крај да излезат со неа,им се спротиставувала Се фрла на подот и вришти,ама се познава глума На моменти неможам да се справам со неа,дури и ми покажува ова Зборам ко навиена,се обидувам да сум смирена и демек и објаснувам ама или не ме разбира или така и чини Синко засега слуша гуга, се смее....мал е уште,допрва ке почнат маките со него Мм на работа трета,и дење и ноќе ми иде да сум сама Преку ден спие ноќе работа а јас? Јас се борам со обврските,деца,куќа и се така во круг Ми недостига друштво за муабет, време за себе...бла бла бла и на крај нема Утре ќе ги шетаат децата маскирани низ село Се мислам измеѓу мексиканка и зајче да ја маскирам момава,до утре има време за мислење Битно ќе им ја запазиме традицијата За ручек телешка чорба и макарони со телешко и зеленчук.. .со надеж дека ќерка ке јаде нешто Среќни родендени и возачки Добредојде за новите и одо ја Довиџења
ДОбра ви вечер мамици! Бебеката ја избајнав сега, дадата игра во соба со кукли, јас и ММ наполнивме чиниите чипс и смоки и седнавме пред ТВ. Јас сум од оние кои ТВ забораваат и да вклучат, ама во последно време од што цело време дома започнав и серии да следам А се чудев на луѓето ,,какооо можаат?,, Додуша во моментов не ни погледнуваме у ТВ, ова се минутки за себе, јас чепкам по фемина, ММ на фб седи. Кај и да е дадата ќе треба за спиење да ја спремам, брзински туш, облакање пижамки и на нанакање... Денот си мина обично. Бебката си го преспа цел ден , Мм на работа до 20 , големата ќерка во градинка. Јас спиев со беба до касно, пошто синоќа пак грчеви не држеа будни... Како ли ќе е вечер, ќе спие или пак ќе се разбуди во утринските часови и ќе ја мачат грчеви... Тоа мајки... добра ви ноќ!
Добро вечер Бебе заспа и јас си легнав. Не дека нешто многу сум уморна, знаете како е кај мајка ама да одморам. Го избањавме бебе, лепота мајкина колку ужива да се бања неможеш од корито да го извадиш. Вака лежејќи си мислам многу намќор сум станала. Со сите сум негативна, намуртена незнам што е со мене. Дали уште хормониве не ми се смириле или што е работава незнам. Ќе гледам од утре да бидам по насмеана и расположена, не си се свиѓам ваква . Добра ноќ женски убаво да спиете
Јако кафе за мене утрово, за другите по желба Лили не понудила, па ете јас со силна главоболка правам за сите Едвај чекам да дојде наредна дремка на бебе, ќе си легнам со него бидејќи цела вечер нишкам, немам сила да стојам утрово. Како ли ќе биде кога ќе одам на работа...мм секое утро вели зошто не ме разбуди, а јас од жал секогаш го оставам да поспие...правилно или не не знам, ама затоа во денови како овој само креветот ми се гледа цел ден Ништо ново нема пријателки, пијте кафе и собирајте сили за денешниот ден
Стига кафетоо И виската нормално Лили е крива, она така не научи Добро утро мајки! Се надевам мирна ноќ кај сите била. Ние во 9 ч заспавме, во 8 ипол будни. Еве гледаме цртани додека шкртнам. Бебе само нека е здраво, тек сега гледам што значи до вц да не можеш да отидеш. Кај нас денес не работен ден, читај ќорава продавница нема отворена. Народов избеган рано по сабајле на скијање да искористат, па во зградава сме останати ние и две баби по се изгледа. Кај ќе одиме на снег со мало дете кое не можеш ни во раце да го носиш, ниту да го задржиш во количка повеќе од саат време. Мали сме уште за алпи. Мм е скијач, јас ни желба немам да пробам. Ќе си причека со синко да си оди на стаза, нека го учи него. Снег пак паѓа, ама не е страшно. На веќе 25 цм, денешните 5 не се познаваат Тато ни е денес слободен, па ќе си седиме дома Било што да работеше ќе излезевме, чисто сумњам и мцд дека работи денес хаха. Тоа е мами. Убав ден имајте Едит: @Igle откако испратив видов. Еве дупла доза денес, сите ќе сме Од кафето и Од додатокот
Добро утро на сите. Јас работно со кафе. Денес се успавме со бебе.Во 8 15 станавме . Цела нок кенкаше,се вртеше ,се превртуваше. Па ке ја заглави едната рака додека се врти и неможе да се преврти убаво и плаче .Ретко вака праи ама се случува.. Не знам зошто и дали е кај сите така ама од сабајле ми е најсладок за гушкање и галење , а бе забите ке ги искршам од стискање од милост Мене грлото ме чепка, можно да е од загадениот воздух . @Mari-Ja како не падне во Скопје снег , да не затрупа малку Јас мн сакам снег. Горе некој спомна за другарство и дека се сами . Исто е и тука, што ако сме на 15 минути одалечени, некако желбата за дружење е сведена на минимум , дали е до обврски или немаме желба не знам.Ако не е Вибер и групни пораки ептен ке се одалечиме . Имам само една другарка со која постојано сме во контакт и се гледаме. И жените на другари на мм . Толку . Ама не е тоа тоа со нив И така женички , јас да поработам малку па да си бегам накај дома да се галкаме со дете Пошто галкање со маже е луксуз
И од мене кофи малку ќе да ми се две Седам со џиновска шоља турско Ќерка на пола час се будеше сношти,ке си умрам од не спиење Мм два дена слободен и конечно му заврши таа трета смена Да видиме вечерва дали и недостига тато на ќерка па што се буди така често или нешто друго е во прашање Таа и настината ми стои некако,од вчера како да и е затнато носето ама никако не ме остава да повлечам со пумпа,ја крева куќата во воздух колку вришти Сабајле ја испративме во градинка маскирана во зајче Едвај ја чкртнавме по лицето морав јас да се цртам,мм го позајчивме а неа едвај Пак и со венчето одеше и опавче го закачивме и него ама со оние иглите,забораив како се викаат Сега цело време се мислам ако се откачи тоа иглето ќе биде интересно Друго исто,уште си бараме стан За еден стан доаѓаат 20 фамилии значи шансите да го добиеш е.... Има станови и кои можеме од одма да ги земиме ама пола плата од мм само за станот,прескапи ни се Башка сметки,трошкови.... Маки @Monella сваќе од вчера сакав да ти пишам за За тоа ќе сме си погодени ние гушки и бацки до зеткото и цвеќето преубо
Добро утро мами. Јас на работа деца во градинка и мм на работа. Сабајле беше мм да закаже за ортопед на малата и замислете во радовиш имаше само термин па за таму закажал. Таман кога ке идеме и еден шопинг сакам да направиме во струмица ми фалат многу работи а секако и за децата и мм ке земеме нешто. Колку ми е само глупаво на работа значи работам на шалтер со една колешка керка на газдата ама значи нема никакво понашање ниту пак има некоја тема за муабет во неа, а што е најжално со моите дипломи им работи фирмата и кога ке ја прашам нешто во врска со работата да ми каже ми одговара како без уста само промрмори некако или се испонаша глупаво. Уффф страшно ме нервира и ми иде да напуштам ама па дома што ке правам по цел ден. Тоа е што сакав да кажам се извинувам за негативноста ама морав некаде. Имајте убав ден.
Што јас крива за потребната дезинфекција на утринско ниво !? Ок крива сум Ама ферски не ви пуштам нели!? Дома сум со дете. Баба има притисок. Мислев да го однесам у градинка на еден час ама си велам ако закачи нешто баш пред викенд кај ќе го носам по дежурни. И си седиме дома. До сега броевме фломастери и учиме сонце да црта. Деснак е иначе Чекам мм да дојде од состанок умирам за второ кафе. На работа сега трето ќе пиев. Ме вика дете. Ќе ви пишам пак . П.С. Не ја прескокајте дневната препорачана доза на алкохол во кафе за дезинфекција. .. на нерви Убав ден