Добра вечер мами, јас сум в кревет одамна, со телефонот в раце и читам, барам искуства како да постапам со дохраната на синко. Дали да дадам свежо овошје, зеленчук, тоа шо ќе најдам свежо, а не е сезонско, или да купам каши готови да давам од нив дури да им дојде сезона на одредени намирници? Или да чекам сезона, да не давам сега? Многу се оптеретувам или? Воопшто не ми е сеедно каква храна ќе му давам на синко, особено во првата година од животот? Ама дали имам избор? Како да постапам, како сте правеле вие? Еве имам црни сливи купени во веро, свежи, а не им е сезона, утре планирам од нив да дадам, ама многу се двоумам, имам грижа на совест . Се прашувам дали од нив или да купам готова каша? Не се само сливите, круши исто така неможам да најдам сигурни, праска, кајсија, тиквичка...скоро на се шо е за почеток, не му е сезона. Друго нема нешто посебно ново, денес цел ден дома си го преседивме, времето крш и така. Па и ни требаше одмор после 4 напорни дена со гости. Вчера синко се надмина себеси со спиењето, спиеше од 9 вечерта, до 10 сабајле. Се надевам и оваа ноќ ќе ја поминиме така. Очекувам некој да ме насочи за тоа шо прашував погоре, please . Имајте ибава и мирна ноќ со вашите најмили .
Дали е вечер или сабајле незнам ама знам дека ќе полудам кај и да е.Го носевме синко на редовен преглед на година ипол детето било супер.Кажувам крчи како да има заглавено шлајм ништо нема на гради супер бил.Детето за два дена качување тт од 37.5 следно мерење 39.5 наеднаш омалакса.До сега вакво си го немам видено детето.Спремање секундарно носење на лекар дете дома со тт не чувам фобија имам.Таму исто супер плуќа уши нос чист кашлање никакво само тт.Ајде кс.Има покачено леукоцити итн.Си заработи зинат антибиотик електролити пробиотици.Дома дојдовме одма блокмакс.Се расположи за саат време.И наеднаш почна течна столица од жолта зелена детето се исцеди од антибиотикот било.Инаку се сомневаат на уринарна инфекција.А пред недела две испитав се супер.Во еден ден преку 15 пелени сменив.И газето стана лом.Таман потпомина дијареата наеднаш кашлање нос течење.Жив мртовец сум.Ни јадена ни спиена.Заспа во десет ипол стана за саат со многу плачки.Кашка корне носето полно.Нерасонет ставам капки влечам мислам трауми има и од сирупи и од се.И он ненаспан.За јадење да не коментирам ништо во уста не става.Среќа цица.Во вторник на контрола.А дома сама мм на работа.Му нарачав сируп на природна база за кашлица на своја рака ама незнам веќе што е правилно.Само знам дека ноќва за мене нема спиење.И не нема потешко од тоа кога неможеш да му помогнеш те гледа во очи плаче а ти немоќен.Ужас! Се надевам ќе помине се.И не неможе на цела мака да излегуваат сите заби и тројки четворки петки. Добра ви ноќ жени мајки кралици.Се надевам следниот пост нема да ви го пишам од Бардовци.
Умотана сум со шал пијам кафе и пушам една на балкон а црна мачка не гледам пред мене. За сите ненаспани Јас ќе си сипнам троа повеќе од последново во кафето. Ќе правам мекици. Свекрва ќе дое на гости. ..
Dobro utro i od mene! Od kafeto na Lili ne zemam, mi donese mm vo krevet, pa eve si pijuckam i go cekam sinko da stane. Nikogas ne pijam kafe na prazen stomak, se nadevam nema da me zdoboli zeludnik, ama morav vakov gest da ispostuvam. Se nadevam i dorucekot ke bide spremen, slusam tropanje od kujna, pa da mi pocne denot so merak. Nadvor slusam vrne i denes ko vcera izgleda doma ke si presedime. Kolku i da go igrame sinko, pak mu zdosaduva cel den i docna popladne zbesnuva. Vcera vecerta bevme na rodenden kaj prijateli, imaat pogolemi decinja 4, 5 godini, sinko e 1, gi komanduva uste od sega, im zema igracki, im rastura ne se plasi voopsto. Decava prvo se smeeja potoa pocnaa da se nerviraat, ednoto i se rasplaka. Cccc si velam sto li me ceka vo idnina. Pozdrav mami imajte ubav den!!!
Лили за мене од се по 2 Добар ден И синко ми се настина дома лудница Двете цвичат,плачат,неможат да дишат,мрсули за извоз имам Нај весело е кога ќе ја видат пумпата за носе е тогаш е шоу тајм Влечи,тегни,поти се,гз преко глава за некое мрсулче да извадам Тие вриштат синкир ќе ги колам,па и малото,и тоа ја препознава пумпата Јас на ивица да добијам нервен слом Сношти едвај ги заспав во 10 Дојде мм од работа во 10ипол и таман се размуабетивме вкујна слушам малата му вели оооо хало Ајде пак сите вспална и скоро до 12 изведуваше на спална Ние таман ке се погледниме како еве заспаа и ете ја таа се исправила и ни пее џингл бел До 2 така,а тој во 5 на работа Болни деца,нема полошо ништо од тоа Само да мине побрзо Друго исто,деновите ни минуваат дома Денес ни се најавија и гости па морам да чистам Него да ве прашам за мислење Овде по повод 8ми март се прави балканска забава,ке се одржи не 10ти Нормално таму одат со дечиња дека нема нели овде баба сервис Мене ми е малку без везе со 3месечно бебе да одам Ми велат овдешниве сите одат со бебиња што се А гласна музика нема да му смета на бебе? Баш би сакала да одам и јас ама некако ми е само тоа без везе Мм оди и тој,дека ретко има вакви збиднувања па и мажите доаѓаат Сега се одјавувам мајки Имајте убав ден
Искрена да бидам јас не би носела бебе на гласна музика. Велат не им пречи но мене страв би ми било за слухот. Ние требаше на свадба да одиме баш малиот кога беше 3 месеци и бидејќи немав кој да ми го чува откажав...
Моето се штрекаше од лепенката од марамиците, а тек на музика да го однесев весело баш ќе беше. Имавме и ние свадба кога имаше 3 ипол мес на мн блиска роднина и беше само мм. @SophiaBella муабетов ќе ни хо преместат, не ни е за тука ама да ти одговорам. Најздраво што можеш да го храниш е дома во двор да насадиш се и да знаеш дека не е прскано. Ама пак ќе речеш леле земјата којзнае дали беше чиста, можеби мачка или куче протрчале низ леите, птица го колвела, итн. Што значи, опуштено. И кога е сезона на пиперки пример, нашите се од мароко, виолетови, плави, портокалови какви сакаш, без мирис и вкус. Пиперка зелена ако не замириса кога ќе ја пресечеш не е пиперка нели. Внимавај на исхраната, нели секоја од нас се труди најдобро што знае да храни дете, ама не се опседнувај до толку да би имала грижа на совест. Некој праша за двојазичност и зборување со дете на мајчин/немајчин јазик. Кога оди во градинка од година дена, веројатно нема да има проблем да зборува и разликува два јазика, еве околу мене дечиња на македонци барем така. Проблем може да има кога тргнува во училиште на 6 год и не може да се разбере со другарчињата. Веќе е поголемо детенцето и може да дојде до затворање во себе поради немање можност да се искаже, одбивање да оди во училиште итн. Ова некои мои заклучоци од истражување на таа тема, пошто сум во иста положба. Спомнав еднаш училиште за полиглоти деца има кај нас, ама од 2-3 год ми се чини, па ќе оди здравје таму. Мајки хелоу! Доручкував, лили кафе свари (фала!), чекам дете да стане и одиме пак низ центар. Од утре дождови цела недела, па ќе сме затворени дома. Овде кога ќе почне да паѓа, дугмето за стоп се расипува... Па така трае по недела дена. Инаку од темата прашања кои ме мачат, како да и речам на комшиката од 4 ти дека со штиклите (шајките на штиклите сњ останати, гумичката е истрошена веќе) по скали кога се симнува како во глава да ми мава? За нагоре со лифт оди Значи покрај перница ми поминува... Одам ручек прво за дете да ставам, ќе јадеме пак во кафик Мајка со пријателка кафе ќе шмрка, дете ручек ќе брка (прешерн спаваш ли мирно) Убав неделен ден мајки! Еве по една За сите мами и дечиња! Побрзо да поминат сите настинки и затнати носиња
@Mari-Ja фала ти, дадов од сливата денес. Гледам се шо можам да наоѓам од сигурни луѓе, а останатото ќе купвам нема друго. Инаку прашав во соодветна тема, ама никој не ми одговори затоа и тука прашав. Фала ти
Добар ден. Ние сме на гости кај баба ми,синко сега заспа па како што е ред да ви пишам Не планирано дојдовме,мм ќе работел во комшии овде и не зеди и нас да не седиме дома.Дури и ручек ќе окркаме. Го носевме и синко на роденден кај снаа ми.Појдовме порано и пред да му се приспие си тргнавме.Не ми се оставаше синко на свеки ќе седев ко на трње. Таму како друго дете да беше синко.Си се изнаигра сам и си паткаше повеќе,а дома ништо не го интересира само гледа да направи некоја беља. Имајте убав ден.
Хелоу мами. Заостанувам со читање, ама се нема време. Ќе ве читам подоцна. Вадев умник вчера (супер поминав), малово екстра збеснато ко за инает. Го фалат бабите дека е многу мирен, ко за друго дете да зборуваат. Со мене се разгалува. Се надевам сите сте добри и имавте убав викенд со најмилите.
Добар ден мамици! Недела одамна не ми била релаксиран и убав ден, сепак денес е. Се разбудив наспиена, бебето се будеше за цицкање на 4 часа па доволно се наспав и јас. Утрово и ММ беше дома па искористив шанса да излезам на воздух со големата ќеркичка. Ептен се радува да шета со чадорче па и се исполни желбата денес. Детето насмеано и весело трчкаше со чадорот , а и јас среќна на секоја минутка помината со неа. Надвор е студено, а малата е во фаза на оздравување па затоа проштката беше кратка ... помалку од еден час, ама доволно за да се вратиме дома расположени. Појадувавме задно, јас, ММ и дадичката и добро е што апетитот и се повратува. ММ е веќе на работа, бебката сама се презаспа во релаксатор. Ќе ја имам ли јас среќата дете само да заспива или ќе морам да нишкам во раце?!?! Дадичката си игра во детска со бато и дада. Ги викнав кај нас внуците за да и биде интересен денот, а и јас на раат ручек да спремам и да потфатам нешто ни дома. @simona_baby со помин нека е, за брзо да оздравите. @Mari* и кај вас брзо оздравување и сила да го поминете периодот. Најтешко е кога се болни. @SophiaBella Јас многу напори правев за да ја хранам малата со здрави намирници. За среќа имав голема подршка од бабите кои во свои градини одгледуваа некои намирници , а земав и од роднини пд село кои произведуваа за домашна употреба а не за пазар. Долго време земав од нив здрави намирници ама веќе и срам ме фајќаше иако луѓето беа многу коректни и ме обезбедуваа со се што имаа. Сега веќе јаде се што купувам пд пазар и маркет. Тоа е, немам друга опција. Бабите сеуште имаат градини па пд таму ќе имаме нешто здраво, но повеќето намирници се од пазар купени.
Добар ден. Недела помина утре понеделник , леле колку брзу лета недалата. Денес тмурно време врне дожд, сабајле имаше снег и цел ден дома седиме се секнавме . Вчера шетавме со малата и мм. Бевме во трговски и јас се подновив со чизми и ташна.Тоа оти маж ми ме натера , јас вообичаено штедам Бевме и во ресторант и малата толку се радуваше за чудо. Мм беше порачал виршли бидејќи не беше доручкувал и малата изеде дури 2.Сувомеснато и немам дадено до сега.Ама дете 2 недели немаше јадено па нели на друго место се е повкусно. Во ресторант немаме одено од лани кога малата беше некој 11 месеци. Додека бевме во претходниот стан си одевме често да не речам секоја сабота. Во грчки ресторант и имавме вип попуст и грчки јадења за двајца ни беше 12 евра.Убавина .Ама сега ем со дете ем буџето ни е на пола па не одиме баш.А овде немаме грчки и толку често ресторанти па цените се дупло и повеќе. Ајде здравје кога ќе најдам работа можебиНа враќање малата заспа во количка за чудо тоа се има случено 3-4пати до сега. Денес цел ден редеме коцки со малата или она се лула на коњчето.Тоа ни е ново ни стигна во петок и за неа и за славеникот (внук ми). Сега црта и вика пиш демек пишува Тоа е мајки убава вечер.
Здраво мајки, Викендов дождлив а и моево расположење сиво...Нели задушница,па мислите се кај татко ми... Синко како брзо расте и ми смени сега спие само еднаш...уфф баш е напорно. Гледам другаркиве што станаа мајки после мене ко подобро да се снаоѓаат со бебињата.Ем имаат време да шетаат сами,за кафиња(без бебе),депилирањевежбање и дури да си подработат од дома freelancer.А јас дур бев бремена еден куп планови имав,ама моево бебе само на цице спиеше.Нејкеше цуцла.Не се заигруваше само во релаксатор,све до него да си и ѓуабет да му праиш...Незнам кај згрешив...Ај помина и таа фаза,сега ми е мн полесно Е сега е во фаза јас НЕ да викам,а тој во очи ме гледа и ми се смее и пак повторува бељата.Ме проверува до кај ми е лимитот.Мајмунче мое Тоа мајки,идам да пеглам,се читаме
Добро бечер мамички. Да се пријавам и јас во овој ладен неделен ден. Најпрво со помин на малите на @simona_baby и @Mari* . Побрзо оздравување. @SophiaBella и јас почнав со пробување вкусови и сум опседната што, како од каде. Паметот ми се помати од читање. Особено што јас сум израсната со домашно одгледано овошје, зеленчук и месо. Па и ова табеливе за воведување вкусови веќе се осеќам . Ама за жал немам веќе свои во село, а се што не е од мои луѓе ми е исто како од пазар. За жал ќе мора со такво да почнуваме, а веќе размислувам како да најдам начин сама да одгледувам домашно, барем за потребите на бебо. Ќе земам на балкон ќе засадам ако не. Инаку денов тмурен помина во домашна атмосфера. Синко веќе спие, а јас и маже со телефоните и само се препрашуваме кој ќе послужи вечера. Ќе видиме кој е погладен да стане прв . Мислам дека ќе победам и ќе бидам послужена. Имајте убава неделна вечер и гушкајте ги најмилите.
Големиов на 3.5м го носевме на свадба бидејќи стварно немаше кој да го чува, поминавме супер дури успеа и да си отспие малку. Од др страна пак со малово првата непроспиена ноќ со плачење без престан на нејзини 4м мислам дека и беше од бучава. Имаше синко престава во градинка и бевме заедно сите, таму беше мирна бубаче, не беше гласно како на свадба ама пак доста бучно. Заспа вечерта се нормално и накај 12 се разбуди со урлање и не престана до сабајле. Може не и беше до тоа ама некако така се погоди. Зависи од детето на некои им смета на некои не. Луѓе како стареам сум се поголемо мрчало и паничар. Со не драга воља по инсистирање на мм отидовме до маврово да ги фати децава воздух. Цело време мислев само да не ја разболиме малава, не го бива времево, рано да не и е уште за ладно, па да не не фати некое невреме.... Таму ме натера со жичара да ги качиме, ионака одсекогаш ми било страв од жичарана на маврово а па сега со 2 деца уф. Ја зема мм малата, јас нема шанси да ја возам со мене, јас со синко позади нив. Мислам дека прв пат осетив што е паник атак, почнав да снемувам воздух, само гледав накај малоно и триста филма ми се свртеа низ глава, само викав по мм да прашам дали е добра. Па зверково голем уште ме дриблаше, *замисли мама да паднам јас тука а? А што ќе се случи ако паднеме а? Што се плашиш бе мама, каква плашливка си била* и ете место да уживам на воздух јас цело време бев во грч. Не знам кога станав до волку напната. Инаку децава си поуживаа ама не седевме многу, ладно беше, важно малоно пресреќно се валкаше во снегон како прасенце. Што ти се вика воздух одма и поцрвенеа обравчињата а бледа беше ептен. Назад па не фати гужва по тоа патон испаркирани коли не можевме да се разминеме. И тука мм се напна . Поспаа дечкиве во кола ние кога стасавме дома скапани они полни е енергија . Ама едно кафе и си дојдов на себе и куќава ја преорав. Колку растурено имавме оставено сабајле мислам да не опљачкаше некој немаше да приметиме Се прејадов не знам како ќе заспијам сега, мака ми е Ајде добра ноќ
Добро утро Денеска јас частам кафе и гратис имате парче пица ( ќе слабееме од другиот понеделник ) Бебе се подразбуди во 7 и 30 го заспав и не легнав. Си направив кафе и едно цигарце и си кулирам . Ноќеска добро поминавме. Го одвикнуваме синко од едното млеко навечер. Мислев дека ќе биде пострашно, ама не е толку. Се буди во терминот кога вообичаено пиеше, само ќе го свртам и продолжува. Вчера му ја удривме на шетање со мм, бебе со свеки. План ни беше и него да го носиме ама времево за нигде па си остана дома.
..... Кога ќе си го погодиш кафето после убаво светнат шпорет изгланцан напален и се тоа мислиш дека на раат ќе си пиеш и ќе си читаш на фемина се забораваш дека имаш ставено супа да се вари за бебац. И оп се отиде во аут супата прејде и цела куќа замириса на изгореница. Ништо ова гусот не се чисти така на топло утре сабајле опет пак на гланцање и то. Ај добро утро конечно наспана вчера во 00.часот алишта закачував на тераса смрзнав, но морав инаку џабе ги перев. Бебац сеуште спие јас штракам по лап топот аслно да прочитам и видам што и како има тука таму вамо.Инаку пред некој ден порачував од алиекспрес тракатанци играчки и едни итересни сандалки за бебац плус уште едни поклон за батко ефтини едвај 250 денари гумени се е сега ќе видиме кога и како ќе стигнат по салерот гледам што му враќале слики сите се океј на изглед. Друго нема ладно е тука на североистокот снегче денес баш мислев мали да го шетам со мене по маркети и набавки но некако не ми се ака со него не за друго вчера цел ден ме термозеше „мама брм брм“ и направивме 3-4 кругчиња низ град.(За среќа немаше џандари кај без возачка со потврда возам кај пак бугарска регистрација ) . И така идеа за ручек немам еве телешко мевце се вари а за со што ќе биде ќе видиме. .
Еве ме и мене. Седам на клупа и го чекам бебе од градинка. И се молам да е здрав. Кога го виде негувателката богами му се израдува. Дури и се зачуди што толку Синоќа господинот стана во 2 и седеше до 6. Спиев со едно око дур тој си играше до мене. Срамота. Ви се случило да не можете да се одлепите од кревет и колку треба да си префрлам за ова !? Ќе ви пишам како сме прошле
За жал многу пати ми се има случено тоа и најчесто демек се успиваме јас сум пред него заспана скоро пред недела дена мм ме имаше сликано како спијам а мали ме гледа зачудено. Но се тоа е од замор голем.
Леле фала што ми пиша. Се изедов жива. Ама до ниедно време чисти готви пуштај машини... Тоа е данокот. Кај мене никогаш не се случило некој да го причува за да одморам или средам. Мајка ми го чувасамо кога сум на работа. Скапана сум признавам. Он си играше му пуштив и музика и му подавав играчки ама со едно око не бев тука. Спиев. Слушав што прави и спиев. Катастрофа сум..