Добар ден. Ние подобри, поминавме еден вирус, така малку да не раздрма. Малата кенкавец е невиден, се во раце сака, нишај па нишај. Мислам цела сум искривена во грбот. Пијам едно кафе на раат без командантот на глава да ми виси. Цел ден е мама дојди тука, мама седни таму, мама пеј, мама нишај. Ах бре, затоа се толку слатки и мили, за да може да издржиме. Па после се гушка и бацува, ме сакала мнооогу. И ноќеска бараше да ја нишам, па стани, јас како закована за кревет, ме болеше грлото многу и не можев да мрднам. Па на мене ја нишав, седнав малку, она во сон ме бацува, уште да ми речеше е фала ти што се исправи конечно и презаспа. @LiliBoz и јас еве, по толку време веќе со огромни маки станувам и дури откако ќе пробам секако да ја наговорам да ја нишам така на мене легната. И пејам, ја чешкам по грбот, некогаш презаспива, некогаш седнувам и на кревет ја нишам, крајна мерка станувам откако ќе се расонам. Ако плаче нешто во сон тогаш само одма станувам, аларм ми се активира. Порано додека ја доев спиев многу полесно и побрзо станував и реагирав. Ви посакувам убав ден на сите, ние по дома денес да се оздравиме убаво. Иако тешко е некој здрав на времево никакво. Чувајте се.
На плачење и јас сум во строј. Ама вака кога си игра ме совладува сонот. . Кај тебе е бетер, те читам какви маки имаш со успивање јака ти душа .. Инаку супер пројдовме во градинка. Не плачел, но само во креветче сакал да седи. Дури и чао и направи на негувателката. Јас искрено сум презадоволна од жените што го чуваат. Навистина се прекрасни. И прашуваат што треба и кажуваат се како бил. Максимално се посветени се гледа. ВелИ утре повеќе да седи чим не плаче. Ако. Ќе го оставам. Држете ми среќа да не се разболи уште одма.
Добар ден мајки. Катастрофа денов, нокта исто така. Мали се будеше нон стоп, а кога ке заспиеше јас не можев да заспијам. Мм го зема во 4 , мене сонот ми избега и така си ја поминав нокта . Сабајле божем се успа, ама големиот се разбуди и ништо од спиењето за мене. Помина вирусот кај двајцата, сега уште носевите со мрсули да се средат. Малово вади и заби, па има лиги до земја. Големиот ке поседи уште некој ден дома да закрепне убаво. А пусто многу му е досадно дома, сака дете во градинка, си има активности таму, исполнет му е денот. Еве сега нешто со пластелин се занимава и само ме вика заедно да правиме. @LiliBoz кути не кажувај за умор. Има ноки не се секавам кој со кој заспал и ни што се случувало нокта. Кога ке станам сабајле нокта ми е ко црна дупка. Еднаш јас требаше едниот да го запијам во спална, другиот мм во дневна. И се будам нокта некаде околу два идам во дневна, светло свети, мм спие, големи си ровари што ке му текне. срека па беља не направил. @Mari* од детето си зависи, a може и како ке ги навикнеш. Сестра ми ги мкнеше на бучни места кафани и свадби, гајле немаа, по столици спиеја. Јас моиве нешто многу не сум ги носела, не за друго не сум кафанси или свадбарски тип, одамна не одам на такви собири.
Јас така да заспијам пред неа ќе се разбудам модра во лицето. одма шамари фрчат, нема лабаво. Сериозно, се лути така и знае да мавне со рачето, а знаеме што лесни рачиња имаат. Јас важно си зборам дека не треба така, па може ќе се разбереме еден ден. Мајка ми само ми збори, морало да ја научам сама да заспива, како вака сум ја научила се со мене и со нишање... Ко божем јас сакав вака. Требаше да ја оставам да плаче, или да ја ''тренирам'' што не би го направила никогаш. Затоа како бебиња се со татко ми сме заспивале. Веројатно имам среќа што не се сеќавам. Ќе помине, ќе заборавиме на маките, само да имаме среќни дечиња.
Значи Аман од вируси и температури раат да се нема еден поминува друг доаѓа само нервози ,туку колку дена ќе трае чудово ? Температура, кашлица, нос течење?
Пијам кафе и брзински ве читам додека малата е на воздух на балконот. Нема кој да го чува бебето за да можам јас да ја шеткам, па така, кутрото дете го облеков и го изнесов на тераса. Игра со штипки, се занимава. И денес остана дома, иако речиси е оздравена.. Мрсулите се при крај, тт имавме само една вечер, пролив 2 пати (ако се рачуна)... се на се за 3 дена сме добри. Туку дефинитивно имунитетот и е паднат пошто забележав херпас над устето, се жали дека боли, и знам дека многу боли. Утре веќе ја праќам на градинка! Бебето си спие, ја доев и ја оставив во креветче , за 5 минути заспала. Синоќа се будеше малку почесто оти не беше какана, па откако ја ,,заврши и таа работа,, и олесни и сега си спие. Ми се спие и мене, би си легнала без размислување ама дадата е дома... така да нема спиење. Во врска со муабетот дали сум дремкала додека дете се игра, досега искрено не ми се случило, се плашам дека може да се повреди за тоа време. Големата ќеркичка си имаше редовна навика да се буди навечер во 3 и да си седи будна 2 часа, па пак да преспие и пак да се разбуди... плачев за сон, ама никогаш не заспав. Јас дури и лежејки не ги дојам децата, од пусти страв да не заспијам па со цицето да не ги задушам. Филмови сум малце, ама озбилно се плашам дете од око да тргнам. Одлучив денес ручек не правам, ММ ќе донесе после работа нешто да каснеме од некаде, па јас сум со обврска една помалку. Пак имам за пеглање, пак за собриање алишта, а и треба да усисувам, и...и... Уште сто обврски кои ме мрзи да ги завршам, ама морам! Одам дете да приберам од тераса, доволно е! Убав ви ден... понеделнички!!!
Мојот ме има удрено со кутлача по глава . Исто дур спијам . Зборам не треба така, дека боли, дека он е умно дете а умните деца не тепаат и кубат. Ме гледа бледо и се смее. Уста пена ми фати ама имам живци ортоми. Ќе зборам дур не научи. Друго чаре нема. Ни јас не оставам да плаче, искрено не сум убедена дека оставањето резултира со позитивен исход па тешам и заигрувам со друго. Едино кога тантрум е во прашање зошто тогаш џабе е се па само седам и пазам да не се повреди. Кога ќе помине гушкам. Мојот однос со детето е сосема спротивно од тоа како јас сум растена. Имам јака меморија и се сеќавам татко ми од забавиште кога ме зимаше и како идевме во тишина. Се сеќавам и мајка ми кога му направи филм дека сум се трескала од земја прв ден во забавиште само за да он ме носи и зима. А вистината е дека плачев седната во клупа со наведната глава но не дека се трескав. Баш повлечено дете бев. Нема везе поентата ми е баш дека памтам што чуствував тогаш гледам да сум подобра.. И стварно се ќе помине. Само тие да се живи и здрави едит- не прашувајте што мајка бара кутлача во кревет ве молам
Па остави и храна, може ќе ти спржи нешто додека дремкаш Извини вака што се убацив со коментаров ама не можев да издржам, посило од мене беше, хаха. Инаку и јас црни дупки имам и редовно син ми заспива после мене, само умен е па ме гали и ме буди, понекогаш ми ги крева капаците. Па и финти пробува да ми направи, еј мамо види ме, еј да ти покажам ова... и во краен случај ако ништо не му упали: мамо брзо, ми се к..а Тогаш знае дека сигурно ќе станам. Значи горе доле кај сите истите мисли и стравови. Филмот е тој . Убав ден мајки, ве поздравувам понеделнички да ни тргне.
Добар ден мајки Ми се спие и ми се плаче Во 3 заспав во 6 станав и први бевме кај докторот Цела ноќ давење од шлајмови,и двете деца Ни пумпа помага ни капки,едвај некако дочекавме утро Кутри дечиња се измачија овие неколку дена Како терапија ни даде амброксол па се надевам ќе биде до утре подобро Страшно значи,неможеа воздух да земат од носето,нити да голтаат Малата и зарипната е едвај зборува Никогаш не ми се имаат разболено онолку Се мислев дури и да ја отпишам од градинка,што се однесува до мене ОДМА ама ми е жал за нејзе да е нон стоп дома и сама Многу е среќна и исполнета таму Ама пак и како почна нон стоп е настината Да не знае човек како да постапи Мм покасно замина на работа и скоро до 7 ќе сме сами Уморна сум многу,како ли ќе дочекам 21:00 да ги заспијам... Морам и да раскревам дома, милион играчки расфрлани на подот Треба и ручек за малата,за нас исто.... полудеЌу Времево никакво,вее снег,ветар,ладно...кога ли ќе помине оваа зима Ми се пие кафе мајки,едно турско веќе сабајле испив Би испила уште едно со цигара ама да не беше доењево... Одам мајки да правам нешто корисно Довиџења Едит:ако заспијам и дете да ми е будно ќе не запали сигурно
Добро утро мајкички . Како сте ? Јас болна, кашлам страшно .. Само се молам да не го заразам малото .За мене ке издржам, ке помине. Денов ми почна могу стресно, бидејки имам ( ке се извинам на израз) гомно од фамилија.Сестри на татко ми , а бе змии луге . Да може душата ке ти ја земат .Такво лицемерии нема никаде. Од што немаат свој живот , ниту пријатели се мешаат каде што не треба . А бе ке пукнам од нерзвоза ми иде за коса да ги фатам да ги треснам на земја . Извинете на ваквиот пост ама морам негде да си кажам . Ве читам дека и вашит деца плескаат . Моево кога искажува милост мава и кубе девојчиња. Ај кога сум со мои луге им кажувам знаат ама кога сме со други деца мнг ми е страв . Мајки како мајки може да ми скокнат и да се објаснувам јас како од милост тоа го праи нема да разберат .Го плескам нежно по рачето кога така праи , го карам , му викам да гали .Ама не разбира, се смее.. Не знам како ке се научиме дека тоа не треба така да се прави. Тоа мајки за денес. Да завршам со работа па планирам да шетнеме негде со малиот . Да се излуфтирам малку од негативна енергија . Убав ден
Добар ден мајки. Запишете не во клубот на ненаспани и болни. Деца болни, јас болна, маж растргнат со работа.... Денес и утре не работат градинките па и дома се дружиме. Пладне е а снагава не ме држи веќе од готвење/ранење, менување памперси и спушти/крени малово. Ноќта помина како кај повеќето. Деца кашлаат, се задавуваат од шлајмови, малото од истите и ми го повраќа млекцето последниве денови па и полноќни менувања на постелнини . Маж ако си дојде порано од работа да одиме да пазаруваме и да набавиме поголема количина кромид па да сецкам и редам покрај креветчињата вечер. Мене душава лимонада ми побара. Исцедив неколку лимони, неколку грејпфута неколку протокали. Едно кило го мавнав за 5 минути Малото барем заспа, првата дремка денес, еден час еден помалку. Големава во полна форма, со раце горе скака на трамболина, не ни помислувам во кревет да ја легнам и да пробам со преспивање. Убав ден кај сите и се надевам побрзо закрепнување кај сите дечиња.
Добар ден! И моето девојче се разболе, среќа само еден ден имаше блага температура, ама еве веќе скоро една недела како се бориме со мрсули и шлајмови. Неколку ноќи непроспиени, се гушеше од шлајмовите, последниве два спиеше добро е, ама еве ја денес иста песна. Таман мислам веќе поминува ми се чини полошо станува. Среќа кашлица нема, ја носев на доктор ја преслуша и кажа дека е чиста и дека нема потреба од крвна слика, така да се тешам. Давај витамини, овошје, течности, сецкај кромид па менувај го, оди на чешма миј нос по сто пати на ден и така се во круг. Плус моравме да патуваме така настинати, се вративме назад и сега пак на ново прилагодување, друга средина, други навики, се друго. Кога стасавме едвај дојдовме до зградата, цел град беше блокиран од карневалот, барем дете се израдува кога ги виде сите маскирани и сите тие светла и музики, а јас две не видев пред себе од умор и болки во половината што ја држев во раце додека да поминеме на пасошите. Сопругот пола од работите кои му ги набројав не ги купил, па вечер мора да одиме да пазаруваме, јадење за нас нема денес да правам, поточно едни шпагети ама тоа и не е некој ручек. Битно да се јаде нешто. Не кажав дека и 4 заба во исто време ни никнуваат, односно еден по друг, феномен невиден, па давај глобули, масирај, мачкај гел и на крајот од денот моли се да помине се и тоа да се едниствените маки што детето ќе ги види во животот. Од среда тргнувам со нови сили на прегледи, имам некој чуден оптимизам, се надевам дека нема да се искомплицираат работите повеќе од што се. Поздрав до сите мајки и ви посакувам убав ден.
Добар ден мајкички Бебе заспа ,јас одмарам покрај него .Ноќта ја поминавме исто со неспиење ,секој ден се тешам дека наредната ноќ ќе биде подобра дека синко ќе сврзе сон подолго од 2 саати .Бебево мое почна да прави мајмунски работи што би рекол маж ми ако му земеш играчка плаче вришти со солзи ,или пак ако пример го тргнеш од дневна во друга соба исто вришти плаче одма ако не сака ,си викам нели е многу мал за овие работи Инаку многу е интересен со устата почна да брмчи ,и цел ден само брмчи ама па и се лигави ептен многу ,најинтересно му е додека го ранам да забрмчи па каша на сите страни лета Денес за ручек ќе месам тесто за пици ,решивме пици да правиме .Друго нема ништо се тоа па тоа .Ви посакувам побрзо оздравување на дечињата . Убав ден на сите
Здраво мајки Кога веќе се жалиме дека сме ненаспани да си ги кажам и хас маките.Дури бевте таму детево си имаше ред и за преспивање и за ноќно спиење ама од кога дојдовме овде се поремети редот целосно. Првата недела-две ни беше на сите обратно за спиење,ај дури се навикнавме фати сипаници ајде пак неспиење како и за неа,така и за мене. После фатија огромни жештини па детево склетџија збеснуваше,како и во двор така и по шопинг центри. Нервите-хаос.Ајде после се среди па еве сега пак ќе си легни во 22 ч и станува накај 01ч и седи цела вечер до кај 6-7 сабајле.Некни ми идеше да плачам на цел глас за спиење.Заспа таа па не можев јас бидејќи веќе беше разденето,а не можам да спијам ако не е целосна темница,иако од умор сум заспала. Спиењето траеше до кај 10:40,три и пол часа (ептен ) и си стана госпожата наспана. Цел ден ме потстанува таа и навечер истото. Секој ден спијам по 3-4 саати само . Се изнажалив,тешко на тие што ќе го прочитаат постов. Инаку,почнав да учам за да полагам за кола иако имам МК возачка морам овде наново се жешко и тешко ми е,сакам снег По мрчаторски пост немам во животот напишано
Добар ден. Немам што да кажам. Денес сум отспана не се жалам. Со 2 будења.Само да им посакам на сите деца побрзу да оздравеат. На мојата пак носот почна да и тече. Ставам капки па ќе видиме. Ја пријавив утре во градинка па ќе видиме. Во среда имам 2 термина во исто време и мора малата да оди во градинка иако има уште 1 ден антибиотик.Едниот го одложив па ми го презакажаа за 2 месеци.Ајде си велам може дијабетолог да чека. Се си велам немам шеќер само стрес ми е. А очите нешто како да ми рипна диоптерот. Па како не би кога ниту леќите ги носам ниту очилата од кога се роди малата.Треба и на очен да одам ама кога ама како Многу голем список на др ама време не ми се троши за нив оти поболна ќе излезам од тоа што сум Преска прошетавме со малата 30 мин на ветриштево одма дете посреќно. Во тоа бунило од вируси и бактерии кутрата имаше и проблем со забите и излезе и четвртата тројка Се надевам до 2 год да одмориме и да почне да преспива преку цела вечер @Seline мајка само напред ,позитивна биди имаш за кој да се бориш. Се ќе биде во ред Поздрав и убав ден
И јас во болните, цел ден ме тресе на работа, само пуштам греење, ги сварив колегите! После преселбата и реновирањето, сега ме совладува и уморот и настинката - нема ковче што не ме боли - парацетамоли кркам како бонбончиња!!! Во саботата и Магде ни дојде дома, дете ужива во поголем простор, трчка, се заигрува и постојано нешто коментира, збори...за месец дена ми порасна детево, итрица стана па се надмудрува во муабетите со нас! @LiliBoz , ме насмеа со кутлачата во кревет...пази некоја вилушка да не залета
Добар ден, јас пак понеделнички. Добри сме. Малава напреднала 400 гр за две недели. Ми глумеше нешто по дома па дека сите болни ај викам да ја ѕирнат. Таму и се смее на докторката. Се научи во момент ако не го добие тоа што го сака зајдува, тешко мене. Ја оставам, срце ме боли да вришти ама мора да се учи да чека. Срдла. Вчера бевме во игротека. Прво спиеше, после ај да ја прошетам малце меѓу дечињата. Кога грабна еден балон, го фати за стапчето и не пушта, па така со 2 балони си дојдовме дома. Ама страшна е, а има некој дома, и тишина да е таа не спие. Ти ја легнуваш таа станува. Направив ручек за денес. Ама а седнам да јадам она баш тогаш има некоја желба. Сакам пролет, сакам. Одма. Се шлакнав дома по цел ден.
Добар ви ден мајки. Понеделник е можеби еден е најдосадните и најнапорните денови во неделата. Секој на неговата должност, маж на работа јас не можам да средам низ дома, после секој викенд изгледа како да поминал ураган За среќа синко добар е, ама нели за да не е се така совршено вчера играјќи си со дадата и баткото падна и си ја излушти брадата. Еве, ако знаете некоја добра крема за да не остане белег кажете! Викендот бевме во игротека, дете пресреќно не сакаше да си одиме. Го искористивме убавото време и за во парокот, го возеше и велосипедот, за крај пица која му е омилена и дома. Побрзо опоравување на сите дечиња!