Добро вечер дури сега најдов време за фемина да ве исчитам и напишам нешто малово денес на лева нога стана во 11 и цел ден по пола сат спие вчера исто така стана во 7 со плачки за млеко и јас што побрзо да го направам ми летна шишето кога го мешав и лом се направи на паркет па ајде па друго стана маже го нахрани јас собирав стакло и едно ме исекло на нога ништо страшно. Ептен бев за никаде ми дојде и сета бев омалаксана па пак сите во кревет во 11 станавме. Па исмукав ручек за синко и заминавме за пелистер со пријатели снег колку да сакаш синко уживаше ,убаво ама воопшто не ми се допадна во молика патот не исчистен се старо и не ме чуди што сите одат за банско а машини за чистење имаше а ништо исчистено и струја немале од јадењето ништо па слеговме долу во еден ресторан па на крај во џамбо и дома . Се изнафалив ај да вечерам додека спие па после кога ќе си дојде маже да го искапиме
Добар ден мајки. Денес бев како на пола копје од сабајле, сега сум некако подобра. Мислев дека настинвам. Се надевам вака ќе ме одмини лесно. Денес мм почна на работа после одморот, па одма подруго е. Поручек е оваа недела, па од сабајле демек да искористи да оди на скијање, како шо кажа @Belabelinakinder струја нема, па рикверц назад . Мене ми одговара, имав помош барем пола ден, и така од 2 до 9 ќе си седев сама. Арно ама, дојде свекрвами кај 5, ми донесе од нивниот ручек, си поигра со синко, јас сработив и сега сум слободна. Ама решив ќе правам палачинки. Ми се јади многу благо, од ко се породив хормоните ме манаја многу на благо, претерано јадам. А сега дека тестирам дали има синко нетолеранција на млечни протеини, не јадам ништо шо содржи млеко, па пукнав за благо (надвор од темата, ама и за сирење пукнав). Сега ќе правам палачинки посни, ајде кој е за нека повели. Отидов јас, тавчето ме чека .
Добро вечер мајки. Лежам, она спие на мене. Не ни пробувам да ја легнам долу. Едноставно уживам. И го слушам дишењето, го осеќам срцебиењето на тоа мало срценце што еднаш чукаше во мене. Денес брзо заспа, сакаше џони, џони да и ја пеам, па после викаше бато, бато и ја свртев на македонски, бато, бато јадел шеќер. Па ајде после прсте, па бебе прсте, и кога ќе спомне бебе веднаш кажува дека мало бебе цица, на мама болно било цицето и ме бацува. И ми заспа така на гради. Читам еден текст, за нивната љубов кон нас додека се малечки и очите ми се насолзуваат. 'We are the center of their universe. We are the greatest love of their life. To them, we are everything.' Колкава е љубовта само, чиста, не гледаат како најсовршеното нешто да сме на овој свет. Тие рачиња кога ќе ми ги стави околу врат и ќе ме стисне силно, кога ќе ме бакнува по цело лице, кога се затрчува и ми се фрла во прегратка... Тие се моменти за кои се живее. Еве го целиот текст. Прочитајте го ако сте на крајот на силите. Ќе ви дувне малку ветер во крилјата. Добра ноќ.
Хелоуууу мајки ви јавувам директно од тоалет.Незнам дали ви имам кажано ама ми е омилена просторија во цела куќа.Тука го пронаоѓам мирот па макар и пет минути траел. Синко спие од 8 ипол си крчи ама тоа е од што му се задржува шлајмот во грлцето а незнае како да го искашла.Инаку потпишувам со две раце дека кромидот има ефект.Неспиена повеќе вечери тек вчера пресеков ставив покрај него и одма е друго,се наспавме сите тројца ко луѓе.Дури ни аромата не ни пречеше на тој умор беше небитно како мириса.Денес сме подобри почна малку по малку да си каснува.Утре сме на контрола па со Господ напред ќе видиме како ќе биде.Прееска го заприметив се држи за курето како да му пречи нешто,па се повеќе се уверувам дека е уринарна инфекција.Само што од антибиотикот требаше да се тргне.Како и да е ќе видиме утре што ќе кажат.Сега се одјавувам и влегувам во туш кабина на едно долго бањање,очајно ми фалеше.Ако стане синко со татица ќе презаспие ќе го прошета низ соба.Толку од мене.Со помин кај сите болни дечиња нека е.
Ево мене. У ненаспаните спаѓам, да, да. Си легнав во 1 ипол, бебе во 06.20 отворил очи како две евра. Нишај, пеј, цицка, една, друга, не и не. Он ми се смее, си кажува нешто по негово, а јас се молам во себе за уште пола час макар сон. Во тие 5 часа, три пати стана и многу немирно спиеше. Ќе го земам во раце и заспива во истата секунда, а креветите ни се залепени... Во раце да го кренам е моментот Мм запна пред некој ден( малиот исто ноќта немирно спиеше, се будеше често) читал/слушнал тој деца на ад цела ноќ преспивале. Ај погодете го изворот на информацијава Свеки Откако е родено малото, еднаш не се разбудил кога ќе стане бебе преку ноќ, битно мислење да си каже. Денов хаос. Доручек за дете, кафе за мајка. Дете неќе да доручкува никогаш, освен палента, друго едвај, со 300 маки и молења проаѓа. Не наспан, ред изреметен, ме сака да јаде, не знае што сака у ствари. Бевме на прошетка по снегот, денес нова тура имаме, од некои си 25 цм до сега и уште паѓа. Бтв стариот не е стопен хаха. Најтешко до сега оваа фаза ми паѓа, најново е што ќе се исправи на кревет, се врти со грбот кон креветот и тргнува напред да оди, ама тргнува со главата, не со нозете Среќа се задржува со рачињата, не паѓа на глава. Не можам да го допазам, цел ден зборувам не таму, не тоа, пази ќе се сопнеш, дежи се, и трчам по него... Душа немам! Мм цел Божји ден е на работа, уште не е вратен. Ручав/вечерав пред малку, да допијам кока колата нсместо кафе и да станувам да работам. Во овој хаотичен ден, добро е што успеав со правосмукалка да поминам барем. Побрзо оздравување на сите настинати дечиња. @Seline u can do it Добра ноќ мајки!
Баш...ми фали уште кревет да си однесам во вц и троа да си прилегнам таму..признавам чат пат палам и по некоја цигара дека не се пуши по собите
Хааа исто и кај мене телефонот во раце цигара во вц а некогаш и кафе така е кога се кријам од свекорот не ми е пријатно да пушам пред него ни па моите знат дека пушам
Добро вечер мами, мајка ми е на гости и душава ми е на место , малце параноична сум станала, страв ме фака навечер, пред да легнам проверувам по неколку пати прозори, врати дали се затворени, дури и се заклучувам во собата каде што спиеме со синко не знам си викам знаат дека сум сама со дете, ете и тепих ми украдоа, скраја да е , знаат мм работи во странство што знам сешто си помислувам Ајде ке истрпам уште недела две па ке си одам кај моиве Синко мој вчера ми правеше журка до 2 часот легна рано мислев ке спие до сабајле кога он се разбуди наспан и игра гајле си нема, е вечерва не му дадов да заспие толку рано Да му дадам млекце сега па малку да си помуабетиме со мајка Добра нок мами
А замислете тетка ми никогаш не пуши пред тетин ми,тој ни не знае дека таа пуши.Се затвара во вц по едно 10-15 мин.и после одма бомбона од оние лутите.Јас се чудам како и успеало тоа цели 35 години брак!? Инаку еве може ќе заспијат после рипање по кревет беснеање низ соба играње и се можно.Како атомска бомба да паднала.Едвај гледам.Мн ми се спие.Големиов ич не ме слуша. Ни со добро ни со лошо.Зборев зборев џабе и си изеде неколку плескања по газот и ништо се смее и уште толку збеснува.Бога ми веќе незнам како да излезам на крај со детево. И го бутна малово на ивицата на креветот се удри на чело има белег. Кога еднаш веќе ќе дојде пролет и лето па да бидеме цел ден по надвор?!! Начисто се пореметивме дома. Ај добра ноќ...
Здраво мајки Јас од кревет пишувам, во тоалет не можам, овавезно некој ме бара, или мм, или ќерче Денов ептен досаден. На диета сум, јадев салата со месо, за малава зготвив само зеленчук, а за мм ништо Па кога си дојде, дојде со свекор ми, бара ручек -нема, а јас кафе пијам уз пат. Па кога рече човек се жали, кажува колку е гладен, ехеее цели драми. На свекор ми му се има нажалено душата, па ако е се тоа пренесено на свеки, нема да спијат вечер од мака за синчето Битно си отспав поручекта со малава гушнати на спална, духовна храна Утре ветив динстани кременадли, да му се оддолжам на големово бебе. Инаку беба не ми јадеше многу денес, се е поинтересно од јадењето нели Што да ви кажам друго, изморена се чувствувам, ми треба одмор, ми треба промена на средина. А каде да се оди? Работата не ни дозволува и на двајцата. За викенд климатските услови се непријател и така... Сакам пролет и јас. Сакам! Па и ова успивање со нишкање ептен ме исцрпува, тешка е веќе и голема, ексик Ај да не мрчам веќе, се гледа дека ми се спие и дека сум гладна, дозата од 100 грама чоколадо не ја имам земено @Seline Ќе донесеш убави вести. Со тебе сме! Добра ви ноќ, убави жени
И јас пишам од кревет! Легнав, време е за спиење. Ја заспав прво малата цицајќи, па големата гушкајќи на спална, па се бацнавме со ММ во ходник и си посакавме Добра ноќ па како некои цимери секој се повлече во ,,својата соба" Не успејавме да ги изведеме работиве сите четворица да сме во една соба, па наместо на емоциите и семејните правила му дадовме предност на комфорот и сега секој си спие на кревет без да се тесни и да се плаши дека ќе ги разбуди другите. А толку сум против тоа делење макар и на кратко. Првата прилика кога би се створиле услови би се вратила во спална... Да спијам.... којзнае каква ќе биде ноќта... Добра ноќ!
Мене ни таму не ме оставаат на раат, малово одма доаѓа да види што правам, некогаш ќе се заклучам па ми тропа на врата Добро утро Се тркалам накај работа, за неспиење веќе не можам да се жалам, спие цела вечер. Некогаш знае во сон да збори или плаче. Пред некој ден плачеше дека бато и ги земал мастиките а не ни јаде мастики. И големиов знае да збори во сон. Во секој случај спиеме. Многу почнаа да се закачаат, дома ни е како во зоолошка. На големиов му е интересна кога се нервира и само ја рчка ова вриска колку ја држи глас, а многу често прва почнува па после паѓа во несвест како бато ја *нелвилал* глумица невидена е. Конечно закажавме роденден за големиов, едно гајле помалку. Уѓте музика да му снимиме ама не знае да каже што сакаат децава, едно време бруно марс им беше хит сега бил *тапа* , да не биде досадно .
Утро и од мене. Уште не станати од кревет, нервозно ми почна денот. Мм замина порано денес, барем оган да запалеше, а јас ако станам дете веднаш по мене ќе скокне. Денес ништо во план, ако имал време шефот ќе не префрлел до Крушево, имало малку снег, да се порадува дете. Ручек брзински, пире и колбавчиња. За ,, комфортот,, во вц, јас го немам и него. Ако не дај Боже се заклучам, има цел град да дознае, плус и вратата ќе биде обиена Затоа бањањето го оставам кога мм ќе се прибере или кога дете спие,дете веќе разбира што е, како е, за што служи а и во фаза е да пренесе се што видел и чул на цел аудиториум, па не е чудно ако виде нешто да каже какви и се ц..... на мама, што правеше мама во вц, што стави итн. Ве поздравувам, имајте убав ден.
Добро утро Сношти истеравме гости и добро ми дојде Со деца и не може да се седи на раат ама колку да не сме дома Ги заспавме едвај во 21:30 Кашла едното,се дави другото... Сега од сирупот го искашлуваат шлајмот и пак го голтаат Само да оздрават аман, тешко е вака Сабајле во 7 сите будни а сакав да поспијам подолго На ќерка и пуштив цртани а синко враце го држам Едниот ме тегне од едната страна за коса другиот од другата Уште метла ми фали Тоа е мајки, да земам пумпа и да вадам мрсулчиња Убав ден
Добро утро ова утро синко со петлите стана во 6 незнам што му бидна вчера едвај во 23часот заспа едвај. Што умен си беше до пред една недела кога и татко му беше тука си заспиваше најкасно во 21 часот и си спиеше насабајле до 7-8 кога како. Инаку @Mari* и јас го имам проблемот со теглењето на косата секој момент мислам дека без коса ќе останам. Чаре некое да не имаш . Денес уште низ ноќ сум вредна вклучив правосмукалка и пратив дете со баба да шетаат кога не сака да јаде барем нека шета кај коњите и уз пат кокошки ќе види и белким ќе дојде изгладнет да јаде малку колку толку. Таа мака за нејадење некогаш се надевам дека ќе ја искорени и ќе почне да јаде. А за луксузот во вц јас го имам и тоа максимум кога наоѓам прилика веднаш трчам туш да мавнам но за жал косата не ми додржува до утредента да ми е средена бидејќи мали ми ја грицка и ми ја тегне. Давајте кафе сеуште не сум пиена.
Прв пат кафе од мене @TutiFuti повели Да искористам додека беба гледа топ шоп. Да, да тоа ни е спас, ептен се радуваме со мм кога ќе го видеме на тв, само тогаш е мирна, седнува и гледа. Кафе направив, овошјето изедено и одиме низ денов, исто како вчера, средножалосно. Би мавнала едно цигарче, ама дома не пушиме никогаш. Ќе чекам да излезам Сите што се кријат со цигарите, нема шанса да не ги осетиле, само не им кажуваат за да не се почне кавга. Посебно маж да не те осети, нема шанса. Е како не ќе се кријам, макар да мм знае да мрчи, а и тој си пали како мене по некоја. Одам, заврши топ шоп
И малиот и големата ја имаат таа навика И двајцата заспиваат така,се смируваат Некогаш глава ме боли од што ме тегнат силно,искрено незнам што да ти кажам Мене и не ми смета толку многу
Кој е за прво, кој за второ, земајте додека има. Добро утро! Мирна ноќ имавме, јас колку толку наспана. Од 4ч па до 8ч мислам 10 пати се разбуди мали. Еве се нишкаме за прва дремка, не се доспива наутро, гледа ден е и ајмо станувај, па сега рано задрема. Денес ќе искористам додека е мм дома сабајлево да излезам по институции да потрчкам за некои работи, само ме загрижува возењето по снег. Доручекот смислен, ручек уште не, има време За искрадување во вц, мм со се малиот доаѓа и тропаат на врата ме чекаат Убав ден мами