Добро утро! Снегулка денес со ТТ 38, со затнат нос, болно грло, една купа обврски низ дома и две дечиња за чување од кои едното бебе. СУпееер!!! Ова ќе биде суперски ден, осеќам! Се разбира сама ќе сум цел ден, а ММ дури и порано замина на работа па дадата немаше кој да ја носи во градинка. Тоа е, до крај да ми биде напорен денот... Аххх... Нити џокер повикај баба нема да имам како опција... Пијам чај, дремам на лаптопот , дадата сеуште нане, бебката во релаксатор си ика... Ова моево бебе, јагне си го вика јас, цел ден никаде го нема, кротко, си спие цел ден... навечер на еден час ми се буди за да цицка... АЈ сега де, дење цел ден спие, ноќе на час будна... Ама ако, брзо се презаспива, па некако се издржува... А и оптимист сум дека ќе се смени. ММ ми прати порака да праша како сум, и наредба да не се замарам со домашни обврски, какво сакало нека било дома... Оф, лесно да се каже... Ќе пишам до после пак, сега ве поздравувам! Убав ви ден!
Јас сум за прво. Немам пиено уште добро утро. мирна нок имавме и ние ама претходните две ич не беа мирни. Ке се разбуди накај 2 и плаче ја земам и одиме во дневна да не ги разбудиме мм и синко и седи докај 3 и заспие. Синока беше добра само за млеко се разбуди одма и дадов и си заспа пак. Инаку вчера видов дека има ново запче и тоа двојката горе па може и затоа беше неспиењето. Нова занимација на синко му се новите коцки ама се такви ситни и од нив се прават трактори, приколки, куки и кога идеме во соба да правиме нешто малото почнува да ги фрла коцките а синко се нервира па морам некако да помирам ситуација да не настане војна. За викендот дома си бевме сакав малку на планива да идеме ама времето не беше убаво па така си седовме цел ден дома и вечерта само докај свеки отидовме и кај моите. Во петок сме на ортопед и уз пат и шопинг ке направиме. Тоа е мајки имајте најубав ден.
@RainBow текстот ме расплака, се е така од збор до збор, ама ако има мајка која ниту еднаш не пукнала поради умор, напади на нервоза, пореди моменти кога ти е од се преку глава јас исе поклнувам до земјата и еве медал идавам и тоа златен. Кај нас стандард шема, играње, детево и не е баш најнемирно, а што да прави дете кое осознава свет, се му е ново учи, сака се да виде, да види што е како е како функционира, душичкаси е. Сум забележала ако и запнам за нешто не тоа, не тоа, не тоа, она си е упорна и тоа го прави постојано, ао ја оставам еднаш два пати да си го истера ќеифот после се повлекува и не го прави тоа. Него мене ме нервираат свековци и двајцата, во контекст на: јас ја карам за нешто, а тие и двајцата е зошто бе така правиш не треба, абе нее она на баба/дедо не сакаше така, не мислеше така, е во тие моменти ми се иде да ги исплескам и двајцата и никогаш да не ги видам во животот, а ако им речам нешто го креваат носот, ми фучат по дома и ми трескаат врати а посебно свеки. Тоа е друшки, некоја погоре спомна дека со видот имала проблем, и јас така некако се чувствувам како да ми е зголемен диоптерот, ама што нема да ми е, наочарите мн ретко ги носам, а на работа цел ден пред компјутер, дома навечер пред телефон, а очите си го земаат данокот. Така мајкици, некни на роденден супер поминавме, сепак ја однесовмалата, денес пак сме и пак ќе ја носам, па што биде нека биде. Мн е среќна во игротека, се радува, душа мајкина, се труди да скока на трамболината, за во кујна прва е, и во оние куќарките пластчни ужива, а за во базенот со топчиња и да не спомнувам. Едвај чекам да ги видам тие насмеани, воодушевени мали очиња како шараат на сите страни и не знаат што попрво да направат од возбуда. За сега ги исполнува критериумите за во игротека, па дури може и почесто да почнам да ја носам. Поздрав, најмили, и јас се пријавувам за кафе!!! Кое време е, а јас сеуште не сум го ни направила, ве оставам одам да правам кафе па да се фатам за работни обврски. П.С. Денес некако ми фали малечково....
Мајкички , добро утро . Јас со кафе пред компјутер. Денес не ми се работи ама ич . Ама ај ке го истераме денот. Читам скоро сите дечиња се болни, побрзо да ви оздрават да ви растураат по дома , да ве нервираат Многу е тешко со болно дете ..Ама зима тоа е . Борби со вируси и настинки . Ние добри сме, вчера ни дојдоа гости си поигравме малку и така ја скокнавме попладневната дремка и малово во 8 беше веке заспан . Сега сфатив дека тоа е проблем зошто е буден до 10 . Па сега ке гледам да ја скокаме таа дремка . Иако кенка додека заспие ама ке издржи мушки Денес ке си поседиме дома, ке си играме сите 3ца заедно и така Имајте убав ден .
Добро утро од нас. По едно виски за сите на наша сметка супер пројдовме во градинка. пак само еден час денес а утре живи здрави повеќе. туку од вчера ова сакав да ви го пуштам. знаете ли што е среќа? за мене ова е среќа. преполн тањир дното да го видиш ! ова од ручекот вчера. Инаку синоќа пак во 12 наспани станавме и до 3 си игравме. Само и мама стана овој пат и си играв Пијам второ кафе маж рани бебе; втора смена е денес. Иначе вискито нека биде дупло, частам и за нов почеток на ново работно место на маж ми. Поарно поплатено и со сите салтанати ко празници стаж здравство одмор. Убав е денов за нас се надевам така ќе остане деновиве . Сите што сте болни ви посакувам поскоро оздравување и си лесно Убав ден мајки
Добро утро Ние станати од 7 ипол. Бебе продолжи до 9, а јас си станав. Си испив кафе на раат и му направив доручек. Па пружив една машина, раслренав, го наранив синко и ми остана уште да усисам. За ручек не правам ношто имаме од вчера, може само една супа да сварам. И за бебе да размислам што ќе јаде. Мометално синко во дубак, јас ве читам.
Здраво живо! Леле колку глупав поздрав. Нема врска. Не знам што кажува некој кампањец како мене, кој го нема, и после мегаломански чита и седнува да пише. Од срце честитам на сите мајки со нови бебиња, за сите ваши родендени како и на вашите најмили џивџани. Јас наминав пак тука со надеж дека ќе останам. И не е дека ме нема од многу обврски, туку некако се чувствувам дека ама баш ич не знам да си го организирам времето. Деновите ми летаат, се борам со времето, се борам со мислите, се борам со секојдневието. Не знам зошто, ама преуморна сум. Ај. Ќе одам во друга тема за муабетов. Што да кажам. Работа - дома. Не знам баш колку работата ме исполнува. Знам само дека морам да работам. Чиста математика. Денес сум дома. Викендов некоја мака со стомакот. Чудно. Ко цел да ми беше подуен со воздух, и стомак и желудник, и траеше и траеше. Денес сум нешто подобра па утре на работа. И си велам - нешто не е ок, штом повеќе би сакала да сум во агонија од болка дома, отколку на работа. И така, си седам и си мислам како да си ги остварам соништата, како да го живеам животот што го сакам... сакам да пишувам, сакам да работам на проекти со деца, со луѓе... Претходната недела имавме културен ден во градинка. Јас бев таму и ја претставував Македонија. Однесов ајвар и сирење, направив еклери, направив и картички со сликички и зборувавме со децата како се викаат на македонски работите на картичките. После си игравме со звучна книга за азбуката наша. Децата беа многу весели и заинтересирани. После гледавме епизода од бушавата азбука, и како проект правевме мартинки заедно. За мартинките сè сум направила - од целофанчиња како пакување, до картичка со објаснување што се..и испаднаа како поклончиња - сувенирчиња за сите... поминавме скоро 3.5 саати заедно, и беше многу убаво. Еднаш месечно одам и на состаноци на LLL и сум во постапка за станување лидер. Желба ми е ако можам после во МК да основам група. Здравје, ако би се враќале во иднина. Неделава во градинка имаат маскенбал. Спајдермен е веќе два дена. Жива среќа е. Пишав, бришев. Не сум спремна да пишам понатаму. Тука ќе ве поздравам. Имајте најубав ден! Ве читам, ве бодрам, ве гушкам!
Најпрво да ве поздравам после ќе ве дочитам. Едвај успеав да ја заспијам малата после полноќ,се будеше 3 пати до 6.30часот.Е после тоа следеше гласно гугање смеење,мене очи ми паѓаа.Ја оставив така додека не почна да плачи и следеше успивање до 8.30 за да се разбуди во 9.30. Многу ме уморува ова неспиењево мајки.Еве ја ја искапивме сега мирно спие. Незнам што да превземам за порано да си легнува,кома сум. На дневен ред турско јако кафе,малку зачистив и тоа ќе биде денес,ќе чекам другарка со малото да дојди.
Добро утро, уствари ден, а некои кога станале може и вечер да им е Бебе ми настина Сега сваќам кога ќе кажат нема ништо полошо од болно бебе! И што е најстрашно мислам дека јас му пренесов, знаете прошла недела мораше јас да чистам, па се потев секако, разотворено, натака-навака, па грло ме грепкаше, мене ме помина, ама бебе го фати Вчера како подобро, ама сабајле кашлаше упорно, сега нана па мирен е, уствари кога нана не му е ништо, носе не му тече, како затнатко ама брзо решаваме тоа, среќа Т нема, ама одбива да цица, па маки мачиме да не дехидрира Инхалации правиме па борби е, плус треба кренато/седнато, па чудна му е положбата, абе се препотувам тие 10тина мин. Јас држам со една рака бебе, со друга маската, а мм кловн изиграва Сега го следам, па ако кога ќе стане не кашла ќе седиме дома, ако не пак ќе трчаме на педијатар ^^ова прееска, се подразбуди, цицаше колку толку и како што ми личи не кашла Требаше неделава да истерам мои термини, ептен ми се битни, ама ќе почекаат, ќе мора и бебе со мене, нема кој да го чува, а и нема да се намири со шише, па ќе мора јас на термин, мм со него во кола и да се молиме да не се задржам многу ама сега настинато не ми паѓа на памет да го мкнам. Туку и кај мм паника, мислеше кила фатил па ај трчеше до лекар да видат и заклучија скинал некое мускулно влакно, да одмара и следи, ако не се смири да иде пак и да го снимаат Аман, не зареди Деновиве сум како што можете да приметите во хаос, трчи натака, навака, ниту асално сум седнала, нити јадела, а за спиење си поспивам кога бебе тогаш и јас Тоа е, ќе ми потрае улогава на креветче, па ќе се вратам назад по постовиве да ве читнам каде сум застанала и имам каталог на Авон до мене, па се спремам да правам нарачка, што за мене, што да намирам поклони за 8ми Март Убав ден
Здраво мајкички Бебе вчера заспа во 10 ,маже излезе со другарите на пиво ,а јас таман си направив едно чајче и си седнав пред телевизорот ете ти го бебе плаче за еден саат .Нишав презаспивав ,му давав да цица ништо на него му се игра се смее се закача ,видов не видов го земав го донесов во дневна ,па игравме до 1 и после конечно заспа и незнам после колку долго спиеше три саати стана во 4 цицаше и па заспа ,и сабајле ете ти го пред 8 наспано детето .Две кафиња испив до сега ама главава ми е матна ,за денес немам никаков план да можам цел ден би го поминала денов во лежење ,ама не сум таа среќа му се здосади на бебе вика одам мајки. Убав ден на сите
Добар ден разбудена од 7 маже ме галеше па јас демек спијам и синко се разбуди за млеко почна да спие по цена ноќ го ставив во креветче зошто не заспа па средив измив коса во 9 заспа исушив коса испеглав и заминав во град некоја работа да завршам на нотар и правец дома послсе ќе одам пак на пазарење. Незнам што ми е во последно време се само некои лоши соништа сонувам секоја ноќ Синко се наручка и заспа јас пијам кафе филтер инаку второ ми е и изгледаа назад ни е зимата кај нас врне снег
Добар ден Прв ден градинка после пауза од 3 недели скоро па ја оставив не плакаше и се радуваше.Ама секогаш кога ја зимам почнува да кенка и вика мама мама Не знам како одлучив денес да ја пратам имаа маскембал. Сите маскирани дури и воспитачките само мојата не беше Така ми падна криво и и кажав на воспитувачката дека не знаевме , а таа вели па еве пишува овде.Да пишува за тие што биле на градинка , а тие како нас Ем вчера се јавив да кажам дека денес ќе дојдеме , а тие не ни кажаа дека има маскембал Ама воспитувачката вети дека ќе ја нацрта во нешто Мм цело време велеше да купеме костим да купеме , а јас чекај кога ќе има во градинка тогаш ќе купиме.Останавме не маскирани. А имало денес и јадење од родителите имаше список кој што ќе донесе. Јас пак не знаев и не донесов Кога ја зедов малата гледам лиценцето и беше нацртано со бројки и линии и воспитачката ми кажа ја маскиравме во затвореник демек во риги и била блузата Не е битно важно дете пресреќно било јадело , играло танцувало. Среќно си дојде дома и сега ја успивам. Туку гледам сите си имаат снаи, зетовци , само јас без сваќа си останав Има ли некој слободен дечко за мојата 18 месечна мома Мала шала. Убав ден мајки
Добар ден. Вчера бевме на вечера со друштво,синко го оставивме со свеки.Мирен бил само не сакал да спие одвај кутра жена го заспала. Ние си дојдовме после полноќ,дури се средивме да си легниме синко закемка и немирно спиеше и мораше да го земиме меѓу нас.И ништо од водењето љубов после некоја чашка . Денов со мм ни почна со ужасна главобола која ја имаме и двајцата. Бевме на д-р ортопед.Синко кога ги виде сестрите во бели мантили почна да плаче,никако немошев да го смирам.Каква мајка сум шо не можев да си ги смирам своето дете? Таму имаше две мали бебенца,кога ги видов толку малецки,смешковци дури едното го погалив и ме фати за прсте.Посакав веднаш уште едно бебе. Си дојдовме јадевме тегнета кора од бабата на мм(вчера дојде и ни донесе) и заспаа мм и синко.Јас машина една пуштив,и легнав малку нозе да испружам и да пишам овде минус да не ми пишите Што ср однесува до мулабетот на лили,и јас имам заспано додека синко е буден.и тоа знам многу често да дремнувам.Еднаш кога беше бебе спиеше во релаксатор до мене.Тој почнал да плачи јас со раката во празен простор сум ја мавтала,мислеќи дека го нишам.Исто и на мм му се има случено,го направи истото .Уморот не совладува сите. Ava.84 мојот син е слободен има 17 месеци,незнам дали ќе ти се допадне и дали ќе сакаш дека е помал од момата твоја
Добар ден. Малово стана, немирно спиеше од носето и кашла уште. Едвај, ама едвај чекам лето. И пролетта сигурно ќе биде досадна со вируси. Да пијам едно кафе, па ќе шетнеме до негде. Текстот не го оспорува тоа, баш вели дека не е можно да се ужива во секој единствен миг од родителството и дека не е реална реченицата што им се труби на сите мајки, уживај, па уживај. Туку вели да уживаме во нивната љубов, зашто е единствена додека се толку малечки, потоа како растат се менува, и баш таа ни дава сила да ги пребродиме тие моменти, кога мислиме дека веќе не можеме. Затвореник.  Кај им текнало за дете, ццц, маче, тигар, зебра, нешто такво не можело ли, еххх, добра фантазија имаат. Убав ден мајки.
Со денови правам пиши бриши бидејќи немам ништо паметно да кажам. Многу си го сакам моето бебе секој ден се повеќе на моменти ми доаѓа да го изедам. Се уште не сакам второ. Многу сум вредна деновиве се додека еден ден не ме бутне нели. Кога сум мртва уморна гледам да не легнам дека ако легнам сигурно ќе заспијам. Ама пред некој ден легнав, сум заспала, па среќа и бебе заспало. Еден час сме спиеле отскриени додека не дошол мм втора смена од работа да не покрие. Уморот совладува тоа е тоа, но сепак треба да се внимава многу. Се уште не сме биле на одмор и немаме уплатено. Будни од 8 бебе тера втора дремка. Па вечер мама ќе прави благо без повод и причина. Имам одвишок енергија. Кој е за енергија повелете. И вечер на благо. Најубави денови се овие кога нашите најмили се бебиња и мали дечиња. Само да се живи и здрави!
Добар ден мајки. Бессоните ноќи продолжуваат кај нас. Синоќа, околу полноќ, големата се разбуди од сон со плачки. Ја доправ главчето гори. 39 тт. Никогаш до сега не качила толку висока, некако неспремна се почуствував. Блокмакс сирупот веќе ми беше одамна отворен и со поминато дејство, па ај чепче. Ја ладев, нудев течности, анимирав до 03 додека не бев целосно сигурна дека е спуштена тт. Малото и тоа се задавува во шлајм, иако голем дел исфрли преку каката. Чат пат кога ќе се закашла ќе исповрати па налет пресоблекување и перење и така барем ќе исфрли нешто. И така денес размрсулавени со зелени мрсули, фрчат од шлајмовите, едвај воздух земаат од кашлица отидовме на педијатар. Нема крвна слика, нема брис, нема антибиотик... Претпоставувате, да луфтираме и да се шетаме. Работава еми ако е за така и јас си знам. Ако сме забележеле промени одма да се јавиме за да дале нешто. На враќање, од пекарата, купив благо за да заборавам на се. Јас се распаѓам во вистинска смисла на зборот. Се чуствувам како најлоша мајка на свет што посакувам порано да се породам бидејќи не знам како би додржала до 40та недела. И последните сили се потрошени...дење ноќе сум со "малово" од 10 кг во раце. Сега легнавме со големата во кревет. Исцрпена е, душичка, заспа, па да одморам и јас. Се радувам на кафето и кајмаците кои ги начекав во пекарата. Убав ден на сите
Добар ден. Како тргнало добра вечер станува. Ноќеска нешто не спиев па зато со бебе сме си поспале убаво. Коа станав шлог ме удри 100 пати вртела свеки. Иако 1000 пати е речено, дека се врти еднаш па ако не кренам ќе се јавам коа ќе можам. Среќа исклучив музики дете ќе разбудеше. Попладнево демек заспа, ја со ручек се фатив и она стана. Овој период од денот само плаче. Ништо неќе. Ручек утна, жив вода сум, а дете пак плаче. Рацеве не ми држат. Со соолзи си плаче. Е така, толку иам за денес да кажам. П.с. @RainBow убаво кажано. Се сме им. И јас никогаш не би ја пуштила. Ама еве срце ми се кине. Ко нај лоша мајка се осеќам кога ми зајдува. А тргнам поглед од неа, плаче, она лошото со срдење, ко да сум ја повредила. А само се свртев пелена да земам. Море од солзи...очињата жар.