Добро утро, неделното кафе нека е од мене Синко денес е ранобудник, па го оставивме тато да поспие, јас си пијам кафе, а бебе гледа цртани. Вчера вечерта отидовме на роденден кај внук ми во игротека ама за жал нашето седење беше многу кратко, бебе толку се уплаши од галамата од децата и толку многу плачеше никако неможеше да се адаптира. Па така на брзина се собравме и си заминавме. Денес ќе одиме на ручек кај моите да се простиме Кога сме кај празникот простете ако сум згрешила Убав ден на сите
Добро утро и од мене.По не знам колку време кафето го пијам уште вкревет,но се знае кај мајка тоа,малата и ја препуштив на неа само зедов ја нацицав.Вчера таму спиевме со неа за да ја чува,бевме на веридба синоќа.Вчера убаво си поминавме кај кумашините,дури сега гледам колку е нарасната бебка а се роди колку нив 2кг.Ама дека постојано ја гледам ми се чини толкава е родена а поминаа 5 месеци.После бевме кај едни батковци близнаци и тие ама поголеми тие,цело вррме се вртеше по нив,многу сака деца.Денеска денов ќе го поминиме кај мајка ќе ручаме,после кај свекрва на роденден,треба поклон да се купува ама не знам што. Убав ден и од мене.
Добро утро Ние уште кај мајка. Денеска ќе истераме ручек тука па ќе си одиме. Бебе гледа цртани јас го чекам мм да дојде кафе да пиеме, а мајка во кујна меси зелник . Вчера малче прошетавме со мм тука во комшии кај една моја другарка, а мајка ми го чуваше бебе. Некако нај мирна сум кога ќе го оставам кај мајка ми. Не дека свекрва ми нема да го чува него само за мајка ми сум сигурна дека никогаш нема да ми пререче еве ти си шеташ јас дете ти чувам. Кога ќе го оставам кај свеки се некако на брзање сум. Ајде простете ако сум згрешила нешто
Добар ден Честит празник. Простете ако сум ви згрешила нешто. Не сум пишала одамна.Ни воља,ни желба ни сили имав да пишувам. Синко се разболе,му се спушти на плуќа,кашла,повраќа,па крена тт 4 дена дете изгоре до 40 одеше топломерот Во меѓувреме почна да ме боли заб,заб кому живецот му е изваден.Ми се отворил процес загнојано под коренот и нема кај да избие гнојот Од болка готова бев да се фрлам од прозор. Пијам антибиотик,бедоксин,апчиња за болка,ми ги пробуши корените до доле наводно го лечиме забов.Ама нема некое подобрување. @Annath дај некој совет. Постов ми е Ви посакувам убав ден
Добар ден. Честит празник мајки. Простете ако некогаш сум ви згрешила. Бевме на карневал центар дете радосно гледаше маски,имаше од цела држава учесници и од странција. Но имаше и плачки синко се уплаши од една маска.Се смири седнавме на кафе и право кај баба ми на ручек.Еве сега синко заспа а јас лежам до него да не се превтни. Го маскиравме во тигарче,но едва го нацртавме на лице.Јас го држев мм црташе Се одјавувам за денеска се читкаме утре. Имајте убав ден
Само трпение да почне да делува антибиотикот, за жал. Аналгетици ако помагаат да, бруфен ти е најдобар избор. Ако е ваден нервот, забот мора повторно да се лекува, а тоа може да потрае.
Добар ден, убав ден, среќна недела женски. Многу скокам со читање, ама немам време, одам хонорарно на работа, фала богу, да подсоберам некое денарче за роденденот на синко и да не се мислам многу многу. Ко што израчунав таман за роденденот ќе ми бидат. А ми се јавија и да одам на работа, ама одложив за 15 дена. Имав аплицирано скоро пред 4 месеци, бев на интервју и требаше да почнам од понеделник, ама поминаа еве 100тина понеделници и дури сега ми се јавија. Ајде нека е за аирлија ако бидне. Не, не е по струка, ама е по желба. За многу години женски, простете ако сум ви згрешила нешто!
Еееее мајка мене оваа во градинка ми го правеа речиси цел месец, ме знаат дека сум дома се бебчето,и оп еве ми звонат и ми велат " плаче, не сака да спие,не сака да јаде" и ја ко луда де барај некој да оде да ти ја земе зошто бебе спие,или ладно па нема на кого да го оставиш да ти го почува за да одам јас,оди таму таа си игра и еден ден ми пукна филмот им велам што е работата јас таков проблем немав а сега вие секој ден ми звонете да ја земам и ми вика па ти си дома затоа плаче знае дека си дома и таа сака дома па јас и велам значи моето дете знае дека јас сум на работа и вистина кога ја спремам за градинка и јас се облекувам демек одам на работа,ааа ми вика е добро и после два дена пак ми звоне и велам значи така нема кој да ја земе ќе дојдам во 15 h да ја земам и така почнаа да не ми звонат и сега кога ќе ги прашам како е ми велат дека супер е си јаде,си спие и тоа е тоа .. Можеби има некоја мамичка воспитувачка во градинка па сакам да кажам дека НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ
Добара вечер друшки. Прочка ден кога си простуваме себе си и на другите. Мајки како што е ред простете доколку некогаш со некој пост сум ви згрешила. Денес правев ќифли па знаете како е, а колку садови имам сега 2 машини да ставам Ама сега си кулирам и пијам радлер.Ајде кој сака радлер и кифли нека повели. Вчера бевме на роденден интересно беше со 5 деца кое плака кое трче кое се смее. Мојата најмирна беше сите тоа кажаа ама од што се плаши од непознати цело време околу мене или татко и. Ама покажа и кој е најплачко само она цвилеше ако некој и земе играчка или и се приближи да ја земе Имаше една мома 15 месеци уште не одеше и многу мило дете во сите одеше да ја земат и гушкат.На мене колку мерак ми фрли уште кога дојдовме се околу мене беше. А мојата демек поголема кога ја виде првиот пат дека ми е во раци леле кога викна да плачеЈас и викам бебе бе маме и после цело време и викаше бебе и ако бебето дупло од неа во килажа Имам некоја фаца што децата одма ме засакуват , само едно дете до сега не ме фермало и тоа на една колешка. Неколку пати ја среќавав одејќи на работа и она ми правеше игнор може оти јазикот слабо ми одеше тогаш , ама после неколку дена сама почна да ме бара. Прашувала мамо кај е Ава денес? Зш не оди на работа? И кога ќе дојдеше со татко и на раб одма трчеше кај мене и ми збореше по нешто .Тогаш беше 3 години сега е 7 @AngelOfArh со среќа новата работа , побрзу по струка да си најдеш Поздрав мајки и убава ноќ.
Добро вечер Деца заспани,мене сон не ме фаќа Ме боли левата рака,едвај ја кревам.Не е ни чудо, де едното, де другото, нон стоп некој е во раце Момата да не види дека го држам брат и, одма почнува со лигавење да ја земам и неа, често и двајцата во исто време ги држам само да нема плачки Денот ни помина како и обично Менење памперси,гушкање,појадок,малку средување по дома,играње со деца.. и се до навечер така во круг Уморна сум многу, ама пак на крајот од денот задоволна од среќните лица на палавковците Што се слатки кога спијат пак и по некоја лигичка кај двајцата на устето има Вреди се за нив Денес ни за кафе немав време Се запнав и тоа малце време што го имав да направам кифлиња и торта,да не го изоставам празников Простете ако имам згрешено Еве дојде и маже од работа, да си простиме и на спиење Добра ноќ
Само да ве поздравам! Нема поубаво од сама мајка со бебе. И мм. Под сама подразбирам без остала фамилија на чело со свеки. Ние добри со поретемен ред и редослед проследен со неспиење, се прашувам како издржува. Едвај чекав да заспие да си легнам ама прво реков да пишам. Немам ништо паметно и посебно да кажам. Добра ноќ мами се надевам ќе се наспиеме
Добро утрооо Во 4 ме разбуди сува кашлица а во грло шлајм еден куп кај дете. Го гледам го боли кога кашла а до вчера не кашлаше . Ајт на лекар во 8. Гради чисти нема ништо. Се претпоставува уште недела дена ќе е ваков. Совет од докторка-носи во градинка чим нема температура, ваков може да е цело зимо. Ок. Денес нека го дома утре се враќаме на шема градинка. А таман мислев пак ќе поспијам Но се држам добро сум. И мене гради ме стегаат префатив од малиот, имунитетот периодов ми е крш што е чудно за мене но се се должи на нередовна исхрана. Ај вчера успеав два пати да јадам а инаку дали еднаш а може и ниеднаш. Период е. Ќе помине. Времево врнежливо барем да стегне минус или снег да падне во најмала рака. Да се пододбраниме од вирусиве ама тешко дека тоа ќе се случи. Сега ги сфаќам придобивките од зимата. Ама ете ги нема Ми се пие второ кафе ама ќе почекам уште пол час па со колешки ќе пијам. Од денес пак на работа. Ако ништо друго малце ќе одморам Не ме сфаќајте погрешно, толку му е смачено дома што веќе со ниедна игра не успевам да го заинтересирам. Се му здосадува. Бара нешто ново, а ново веќе нема. Тие се игрите. Мислам дека најмногу ради тоа ќе го носам утре во градинка. Барем ќе си поигра. Друго дете е потоа дома. Не зборам од аспект на помирен туку поинтересно му е кога ќе си дојде. Одам да видам што се случувало дур ме немаше. Убав ден мајки
Добро утро. Се разбуди синко во 6:30 испи јогурт и призаспа до 9.Јас за тоа време додека спиеше раскренам в соба,кафе на рајат испијано и собрав алишта од жица ќе чека за пеглање после ручек. Од денеска мм почна на работа после три неделен одмор,јас и синко сами (со свеки).Сега треба наново да се привикнувам што убаво ми беше со мм дома имав голема помош околу се.Но требаат и пари мора да се рабори. @AngelOfArh Со среќа новата работа и со лесно да оди. Ava.84 Сваќе и зет ти е само за чао.Незнае уште да каже тао,ама затоа покажува со рачето што треба да се носи за тао покажува на глава и ножиња.Ја зема капата ми ја дава да му ја ставам и пробува да ги облекува патиките.Или пак ме зема и ме носи низ врата и со рачето мавта за чао. Имајте убав ден мајки.
Здраво Мајкички , Нека ни е срекен вчерашниот празник . Каснам, но вчера цел ден со фамилија немав баш време да пишам . Ние станати уште во 15 за 7 . Вчера заспав дете , малку погледав некоја серија и во 10 бев веке заспана . Така да сабајле како кукурек и двајцата станавме . Баба дојде , јас се спремив за работа и му ја летнав . А бе колку значи кога дете ти спие преку нок ... Сите одморени наспани . Да не го заречам само, да чукнам во дрво ... Денес ке имаме гости,другарките со децата ке дојдат .Друштво и за мама и за дете Ајде повелете на овошна салата и кафенце. Добро почна понеделников.
@24.07 сваќе ептен погодени ќе си бидат само ќе скитаат некаде Секогаш расположени за тао Добар ден Ќе земам 2-3 кафиња од Лили , за другите ќе свари пак фина е она Ноќе не прашувајте нос чешма на малта и почна да кашла пак Постовите можам копи/паст да им правам нема да примети никој оти се си кашла малата и јас се ненаспана сум и се ми се исти. Ќе станам експерт за кашлање на кој му треба совет тука да ме бара Кога ја чув вчера дека почна пак да кашла кога почна срцето да ми лупа мислев некој удар ќе добијам. Неможам луѓе веке кашлица да слушам. Станав таму во 3 и пол и прснав капки солен раствор и после тоа подобро спиеше. Ама тој мм во 6 кога се растропа ми идеше да станам и Па во 7 станавме и ја однесов на градинка со чешма растечено носе. Туку имам една маана ич не можам човек да наврадам .Кога бевме кај братучетка ми тоа слаткото девојче што кажував зеде да јаде плескавичка а нема заби и тоа од плескавичката на ќерка и се задави почна да кашла накај плескавицата.Мене глупо ми беше да земам друга па дадов уште 2 -3залака од таа. Така и клошар што смрди да седне до мене не станувам мислам со тоа ќе го понижам. Ете сега ќе си кашла малата, а јас ќе си трпам Вие што би направиле би зеле ли друга плескавица? Ќе се извините ли ќе стенете ли и тргнете? Кажете да знам како да се однесувам во таков случај , а да не ја навредам мајката. Поздрав лејдис и убав ден
Хелоу женски Фо допувам кафето од сабајле . Бебе заспа прва дремка па јас малце да здивнам. Да го допијам кафето па да видам што за ручек. За нас ома, свеки вчера направила за три дена само за бебе нешто да направам. Да дојде мм па ќе одиме да се сликам за возачка уште не сум го сменила презимето. А од недела тргнувам на работа па да не заработам некоја казна . Па после ќе прошетаме малце треба да купиме поклон во петок сме на роденден. Прв пат ќе го носиме бебе во игротека. Вака сака деца, им се радува ќе видиме како ќе поминеме во игротека. Леле уште не сум свесна дека тргам на работа. Како ќе го оставам бебуш . Мнофу брзо летна времево. Убав ден мајки
Здраво. Уште не сум стигнала да пијам кафе бебе спие на мене има грчеви па секој обид да го спуштам завршува со плачки. Едвај чекам да дојде мм од работа малце да поспијам. А имам и 100 машини за пуштање. Ми фали баба сервис ама тоа е далеку се. Вчера 40 дена правевме ама ради грчеви дома си седевме. @Ava.84 јас би земала друга плескавица, нема што да се навреди другата мајка и таа би го направила истото. Толку од мене нема многу што да кажам. Поздрав и убав ден.
Кафе испиено, пералната врти, бронзите фрчат, телевизорот си збори сам со себе, сите струи светат, ич не сме економични Синко отиде со комшиката до кај нив, јас да искористам да шкртнам нешто Синоќа бевме на вечера во ресторан. Брат ми и снаа ми купија стан па сакаа да направат мала прослава со најблиските. Се знае, блиски роднини овде многу немаме ама со пријатели и колеги пак имаше околу 30 луѓе (со деца). Синко беше нај мал и нај непослушен Не дека правеше којзнае што ама им досадуваше на поголемите деца, му дадов и телефон ама со толку деца и тој не му беше интересен и цело време се менувавме со мм во играње гоненка Издржавме до 9 часот, со дете и тоа е многу, да има кој да го чува ок, вака не сакам да го малтретирам. Сум забележила кога и да сме биле во гужва, ноќта немирно спие, плаче во сонот од возбуда ли е не знам. @Ava.84 и јас исто би постапила. Знам, ниедна мајка не сака детето да и се разболи ама и на мајката што детето веќе и е болно не и лесно. Не е во ред заради една кашлица или растечено носе да се понашаш како некој да има сида ( тоа за да си во присуство на некој болен). За плескавицата си требало да земеш друга.
@Ava.84 арно не ти било гадно да и дадеш кој сака нека се навреди, ако има и за што, ама јас не би се осудила да дадам таква исплукана/искашлана. Греотка ќеркичката, за ќотек си Ние добри, јас креветче, бебе нана
Добар ден мајки! Нека ни е за многу години вчерашниот празник, Прочка. Проштевајте ако нешто сум згрешила, не било намерно. Вчера ден за гости. Всушност цела недела беше за тоа, ама јас 2ра смена па ни се струпа во еден ден се. Прво до кај моите, ги видов мајка ми и баба ми, на татко ми грев, не грев, не можам ниту прочка да му барам ниту да му простам. Потоа бевме кај кумовите, а вечерта нам ни дојдоа кумашинците. Исполнет ден, дете радосно и полно со енергија. Од сабајлево е тмурно, врне ситно ама не сакавме да ја пропуштиме шансата за свеж воздух па прошетавме по дождот. Сега дете спие, а мама пие кафенце на раат. Продолжен викенд имам, дури вечер 3та, па цел ден ќе сум слободна. Да смислам само што за ручек, се пости денес па немам многу идеи. Имајте убав ден!