Здраво мајки! Еве не и нас, наспиени и одморени... Касно заспа бебето синоќа, ама во цела вечер само 2 пати ми се разбуди за цицање. Сабајле до 10 нанкавме и двете! Јас во 8 испратив дадичка на градинка и пак легнав да спијам! Во моментов пијам кафе и во позадина слушам ,,бели звуци,, од телефонот... бебката спие во релаксатор! Денес боранија варам, за прв пат зелена по грешка ја купил ММ, па да видеме дали ќе ја јадат... Заборавив дека бел грав се јаде денес, ете заборавив па... тоа е, боранијата скоро е готова, со свинско , а и месо не се јаде денес . Утрово мајка ми во 10 ни дојде, ја немаше неколку дена, малце ми беше лута... Искрено се израдував кога ја видов. Пак солеше памет за тоа како детево не ми е доволно облечено и како не треба да го држам во раце. Она збори не во раце а бебето дреме во релаксатор и само си заспива (ах да потрае ова). Абре мајка, не мисли лошо, ама ме напнува со некои муабети. И реков, кога сака да лежи си лежи во креветле или во релаксатор, кога сака да се гушка си ја земам и си ја гушкам... Се замолчи после ова! Убав ви ден друшки, и слаток да ви е гравот!
Здраво женички. Денов никаков. Толку влијае на расположение тиа чудо. Ние од 7 станати. Дреме на рати на секој 2 подој, а јас да сум до неа. Многу менува се уште. Едно време само во раце сакаше да спие, па се научи на кревет и си реков супер, со тек на време и во креветче ќе ја ставам, ама еве ја пак протестира. Ме чуди како ноќе си спие сама и у креветче. Додуше закенкува овие неколку дена ама пак придолжува да си спие. Си велам ај заби се. Умна е иначе, вчера цел сити мол ја слушаше како вриска многу беше радосна, цело време се смееше. Мм сака чорба, пилешка. Ја проба во Србија на свадба и сега сака да му напраам таква а рецепт неам, па ќе импривизирам. Нешто ќе излезе. Добро бе како се пакувате у кола??? Јас една количка и некоја кеса, торбата за неа и толку нема место. Сеа треба на еден ден до Врање да одам. После сакаме за велигден до Берово и стварно не знам како ќе не собере а не е баш мал гепекот. Куфер еден мал за нас, еден за неа, а кај е количка креветчето...играчки кашички и други помошни реквизити...ќе мора од оние pocket количкине да купувам. И така... Кажете идеи за ручек, за оние што не јадат све...тоест, скоро ништо хахах..се ми е компир, ориз ,мелено месо, стек. Грав, грашок зелка уште не јадам ради доењето. Боранија, леќа, турлитава, селско не јадеме...ооо маки мои. Бебе цица и спие..јас ја мислам кокошкана на шпорет да не добие нозе. А тек е понеделник.... И врне...и ќе врне. А баш се надевав ќе почне да затоплува.... Кажав ли се??? Да не пропуштив нешто. Ако не пишам овде ќе треба сама си себе да си зборам.
Здраво мајки Простете и простено нека Ви е! Вчера немав време да пишам.Со моите бевме на гости во друг град кај едни роднини.Децата беа мирни што е првпат. Гости не ми се најавија нити ми дојдоа.Е да золва ми дошла но не се јави.Свекор ми бил дома си седел со нив.Госпожата ни де јавува ни доаѓа па ако не сака мене да ме гледа може барем децата да ги виде или слушне.Ама мн ми е гајле јас веќе не се замарам со неа од лани ко бевме во болница и ништо не ми помогна така да таа жена завршила со мене.Злопамтило сум ама не ми треба таква себична сезнајка личност како неа.Кога се обидуваше да ми ги наметне нејзините правила и сите адети сакаше да се однесува како да ми е свекрва а јас јасно и кажав НЕ! Бевме и до кај баба ми на мајка ми мајка,си се навечеравме и си дојдовме.Си ја сакам жената многу е добра а и децата ја сакаат и таа нив. А мм се налути,оти мислеше дека јас дома се ќе седам и нигде да не одам,абе човеков станува љубоморен и не ме пушта нигде да одам или се буни а зошто таѓо а што ќе правеш а не дека јас одам сама одам со децата.И нему му кажав убаво.Епа ако се лути нека му стои. Со сите кој како си заслужил.Немој да им попуштате. Денес роденден на свекор ми.Купив слатки и сок.Големиот пееше хепи брдеј.Па заспаа јас направив ручекот-грав. И сега чекам малото да стане веќе 3 саати спие.И кафе пиев и тоа второ. Најново е што големиот многу кашла и му дадоа сируп на мукоплант за искашлување а сега и на малото носето тече.Во круг се вртиме.Страшна работа е овоа со вируси.цели 2 ипол месеци ту носеви ту кашлање.да знам така растат а ние си се нервираме и старееме. Врне дожд....убав ден...
Добар и убав ден и од мене Денес се пренервирав и се осетив многу глупаво Бевме на преглед на ортопед со малиот, докторот ме направи будала зошто сме го носеле, не требало... Го снимија само колку да не е џабе одењето, совет никаков Малиот си оди нормално, т.е. повеќе трча него ли што оди, стапалцата му се во ред според мене Затоа ќе замолам мајки со деца над година да споделат некој совет, превентивно, какви обувки купувате и сл.. Имајте убав ден
Убав ден! Иако врне е убав. Јас обожавам дожд! Кога врне сум најсреќна мислам! Пијам кафе и сок и се релаксирам, а бебе тера втора дремка. Ние стандард прошетки па деновиве би требало до Џамбо да одиме со една другарка одамна не сум била бидејќи нема соба за бебиња. Уствари има изгледа ама таму кај вецињата. Во Рамстор на раат доење, менување памперс во собата, а во Џамбо... се надевам убаво ќе поминеме. Уште не сфаќам зошто немаат нормална соба, а баш таму најмн бебиња и дечиња има. Македонијо... И ние сме од тие што сакаат да се отселат. Едвај чекам! @m.i.g ако не те помешам. Убеди го сопругот да не се враќате. Тука нема иднина. Би заспала одма ама ќе издржам. Пријатен остаток од денот!
Добар ден мајки.Малава се успа,веќе незнам ни колку саати спие.Вчера ми заспа во 17ч.до 00.30 се разбудуваше само за цицање на 2-3 часа после тоа на саат на 15 мин и нишкање во 04 беше наспана а мама кома.Денес еве цел ден ми го преспа а јас неможам да заспијам. Некоја депресија ме фатила па и мисли дека можи да ми се слоши или незз што да ми биде па да нема кој да ми ја чува малата и слични гупости,па следи гадење препотување.Сум смеела само б6 да пијам и магнезиум. Лекот е излегување од дома ама времево е катастрофа,посебно денес. Сега ги вардам мм и малата и сон не ме фаќа дење,сакам ноќе да спија,е несакам многу де.Ред кај 2 и пол месечно бебе нема. И мене патронажната ми спомена дека децата со ад подолго спијат од овие на доење. Ќе чекам мм и малата да се разбудат и ќе викам да ме шетаат по гости
Почна да работи,изгледа ќе почни да се лажи со парите хаха. Имам време до лето да го убедам,макар и да си дојдиме тогаш со свекор ми заедно,ќе го кандиса свеки моја за назад. Некни и кажав дека има намера да се вратиме,ко се спушти по телефон “какво враќање нека не се глупира тој,таму ќе си седи” а кај нас дома свеки е главна,таа како шо ќе речи така синовите прават. Само што мене ми одговара така оти јас и свеки сме бест френдс од ко сум појдена таму така да немам гајле јас од одлуките нејзини. Сега да не испадни како фалба ама јас стварно имам супер однос со свеки,ако сакам нешто без разлика дали од нејзе или од мм и кажувам нејзе и готово,работата е завршена. Ма јас сум имала среќа што имам онаква свекрва. Нормално дека не ни било секогаш совршено ама еве јас тргнувам од мене,знам дека сите имаме некогаш лоши денови и ја сфаќам тогаш. Битно покрај нејзе јас летам. Заради нејзе сум сигурна дека и да си дојдиме в лето,сигурно ќе биди како да сме на одмор и ќе се вратиме. Мм е мамин син,ама мама негова е учка со снашкава хаха така да јас сум во предност Инаку,малава се смири по маркети не плачи и не се мава од земја како на почетокот. Дури и подава намирници на каса на продавачките утре ќе ја носам на шопинг има големи попусти па да искористам и да купам за нас двете. Ќе одам сама со нејзе,без маж. И спиењето го ставивме на ред,уште мажов да ги смири бубачките за назад и супер сме.
Не знам зошто немам нотифика од тагирање, сега видов тагирања читајки ве кога легнав да одморам нозе после 3 недели преку денски. Фала за помисла жени, ние сме добри, шетаме, уживаме, дишиме и јадиме за нас квалитетна и вкусна храна. Пројдовме и крштевка и венчавка се во најдобар ред иако прележавме и ние грипови сирупи итн.. Се надевам ќе си го најдеме местото лека полека па ќе ве дружам почесто. Бидете поздравени и добри сите до една. Одам..
Здраво мајки.Го пијам попладневното кафе т.е капучино,а ќерка тера доцна попладневна дремка,заспа во 5h ама ке ја будам кај да е. И свекор посака капучино да му направам па после не му чинеше премногу сум му ставилаРетко кога можеш на рат сам да испиеш кафе или касно на вечер или рано сабајле,попладне обавезно има некој тука или свекор,свекрва или девер,особено кога е малата станата.Не дека ми сметаат ама стварно некогаш сакаш да си сама и филм да изгледаш на рат и кафе да испиеш. Времето е тапа надвор,малата остана дома,со мм излеговме малце.Се подновив малце Си купив кошула,татко ми ме частеше,одамна рече не сум ти купил ништо оди да си купиш.Сега со дете не остануваат многу финансии за себе,па убаво е вака некој да те почасти.А и за малата купивме книга со приказни Некој ќе се чуди што ќе му е на дете од 5 месеци книга но сакам да и читам пред заспивање,ме мрзи више да и пеам песнички.А и сакам да и го сменам начинов на успивање полека со читање,со нишкање да ја научам.Можеби е мала не знам и додека цица така ќе биде,но не знам да се обидам барем.Сабота сме на роденден во еден ресторан сакам да ја носам но не знам како ќе реагира така во гужва,се мислам да не е мала. Толку од мене мајки,имајте убава вечер.
Си врне баш убаво. Зачистив малку, бебе нана, јас во тишина пијам кафе и уживам. Правам планови како ќе прередувам плакари, ќе испофрлам облека, а бохами и од кујна и дневна по некоја дрангулана има да фрлам. Купував, купував од мерак - сега само прашина собираат работите, Ајт во ѓубре се...не сум од тие што чуваат да не притреба некогаш (а мм е таков ама фрлам и не прашувам) .... колку пати имам фрлено и негова облека што ја чува, а не ја носи... ехеее и сега се спремам исто... милион работи дома за кои гарантирам никој никогаш нит ќе ги побара, нит ќе му притребаат Требаше денес на роденден во игротека да одиме, ама каков вирус страшен владее, не носам дете во изворот директно :/ десет дена, може и повеќе, превентивно не сум го однела во молови, кафичи и ресторани...само парк и по гости Се јавив на другарката, честитав роденден и кажав ќе им одиме дома некој ден, ме разбра и не се налути, се е во ред Со мајчинствово станав многу трпелива личност, го смирив темпераментот малку ...избувнував, истрчував и избрзував и се форсирав за се и сешто....сега лајт сум Друго, се навикнав да функционирам со спиење испрекинато со нишкање навечер, бебе спие многу лошо, еднаш врзува 3-4 саати сон...се друго е хаос...станување на пола саат до саат...но навикнав, не ме тревожи тоа, не ме нервира...станувам, нишкам...спокојно да е бебе, па спокојна ќе сум и јас Дури и не преспивам т.е ретко преспивам со него преку ден, првите месеци обавезно (ако не и до скоро)важеше правило бебе спие - мама спие За пофалба е барем еве со дневбото спиење, денес врза два саати еднаш...еве го уштр еднаш Оброк уште немаме воведено, каснува дури и по речиси цела кашичка, но за пола саат до 45мин сака да цица....не го заситува воопшто којзнае што ќе биде....и не на работа не ми се оди од сега го мислам тоа...не сакам да оставам бебеЗнам навика...ама па не сакам...моето сонце сакам да сум присутна во секој негов здив... Ок. Лудача сум Не сум била во мол одамна - и тоа си го зема данокот па чистам и лудувам низ дома Туку @danichap ко да ја нема неколку дена....или се лажам...да не стигнала приновата или рано е? Убав остаток од денот другарки
Добро вечер мамички. Еве испружена на спална да шкртнам некој збор и да спијам. Саботата ја искористивме за шетање. Дури и ручекот на улица ни беше. Синко спиеше а ние со мм по полка од 7 си каснавме. Затоа вчера поштено побудалевме дома. Синко е во некој скок по апликацииве и моментално се искажува со вриштење. Плаче-вришти, се смее-вришти, се закача-вришти. Тешко е, ама знам фаза е ќе помине. Туку повеќе ме секира што имам проблем со брадавиците. Цели како исечени ми се. Мачкам интензивно ланолин и се молам да не се раскрварат. За жал едната покажува знаци на разранување. Ставив силиконска и се молам ноќеска да фати, ако не незнам што ќе се прави. Пробав уште вчера да го дојам така, он фаќа, ама не му тече млеко. Сега ќе се бориме, ако не незнам како ќе го дојам. Дајте совет очајна сум. Болката ја трпам, ама со крвави брадавици како ќе дојам. Инаку вечерва на кратко отидов сама до игротека на роденден кај внук ми. Тој саат ко 15 минути ми се виде. Уф ми фали промешување со луѓе. @vitamina не сум ти посакала добредојде, среќна крштевка и венчавка. Толку од мене се одјавувам за вечерва и стискајте палци да успееме со вештачкава.
Да се чувствувам ли виновно затоа што толку очајно сакав да заспијат и двете деца!?!?! Да одморам од нив, од сопствените си деца . Денот во суштина беше нормален, бебето спие, цица, па се презаспива лежејки во релаксатор, па сака да се гушка во раце, ту плаче ту шара со очите... Дадата од градинка доаѓа доста енергична, па минува низ детската како торнадо, се што сум наместила успева да размести за јас да си имам ,,занимација,, кога она ќе заспа. Е денес заспа касно, едвај, па оставив хаосот во нејзината соба да го средам утре! А утре што попрво... туку ај, ќе се снајдам некако! Јас... пред 15 минути јадев, ахам, на полноќ... луда, и дефинитивно дебела... Кој ми е планот, да слабеам или да се поправам??? Не се разбирам самата себе! Време е за спиење мами... поздрав, лека ви ноќ!
Да ставам кафе па да носам дете во градинка Добро утро Сабајле како сум се успала мајки.... Мајка ми си чукала на врата, си вртела на тел...15 мин женава паника кренала. Едно време слушам ми врти , отворам врата ја нема. И се јавувам ми вика долу дремам пред зграда Јас кома во буквална смисла на зборот. Газ преку глава за накај работа.. сега за 5 мин одам за земам дете и да оставам во градинка па ќе пробаме со ручек да седиме таму. Подобар е каде каде иако сеуште шмрка. Тоа верувам до пролет ќе потрае со оглед на временските услови. Ќе бидам кратка зашто морам да одам, дојдов само кафе да ви ставам
Добро утро Лоша ноќ...малиот се затна и пак цела ноќ не спиење,инхалации,спрејови...уф бе ќе има ли ова крај?!! Се уморив се преуморив не можам веќе сама да се борам немам сили.Што им стана на овие мои деца па толку се разболуваат едно од друго цело време во круг се вртиме.и кажав на сите убаво кога се болни да не доаѓаат ама одма се лутат и пак не ме слушаат. А големиов какви драми правеше синоќа.Ќе спиеше божем,па ај му текна ќе јаде тостче му направив.таман почна да јаде вика мама матеј кака пока пока брзо брзо ајде му донесов нокширче седна и си продолжи да си јаде ем кака ем јаде после тоа си легна па не сакаше во неговиот кревет туку кај мене аха да јас да сум легнала на негово место тој кај мене и така стана 00:00 едвај заспа. И после на пола саат малово квичеше и се будеше и плачеше...и имаме уште едно забче горе 2ка.За кокошките вика кака и полажува со прстето и бааа за овцата.мн е интересен. Еве го стана и големкиот..да се погушкаме малку и почнуваме со секојдневните обврски.... Убав ден мајки..
Здраво друштво, еве ме и мене се пријавувам и јас во хронично ненаспани. Тоа ти е со мали деца, само здрави живи па ќе спиеме некогаш можеби. Ќе пораснат, па нема да спиеме дека ќе бидат излезени ќе ги чекаме да се вратат, маки родителски. Малава моја изгледа тројки ќе вади, душичка е, сигурно и тоа си има маки. Ама кој да ја разбере, приметив навечер кога станува ако исе развикам зошто не спие, почнува да плаче премногу, а кога не и викам ништо или и правам некој муабет за ова она, барем не плаче и како попитома е, па ќе се потрудам да си ја задржам нервозата во себе, заради неа. Знам некогаш да сум и лоша мајка со ова викањето, ама не можам да издржам, на работа турбо, дома како влеувам не седнувам и ноќта уште не сиена е не можам да издржам ама еве издржувам и преживувам некако. То друштво, заборавив дави побарам прошка, ако нешто некому сум згрешила простете ми. Во неделатакај мајка на ручек, и сестра ми беа дојдени, си поседовме, се видов и со една братучетка си помуабетивме и ајде домче. За наредна година ако е топло би сакала малава да ја прошетам на карневалите низ Македонијава. мисламм ќе се радува. Поздрав најмили другарки!
Добро утро. Пијам кафе и на полу раскренат кревет презаспивам бебе. Стана во 8 јадеше па се смееше си седеше мирен па почнав да средувам кога почна да кенкак викам време за спиење па таман и кафе да испијам и да пишам тука. Вчера цел ден го помина во раце. До 1 ноќеска се мачеше, жал ми е колку не беше спиен. Мм нервозен, јас се трудам да бидам присебна. Ми вика ми фали филм да изгледаме, ми фали да се гушнеме. Се тешам дека кога ке пројдат грчевите ке биде подобро. Кога нема грчеви сега за сега е добар. И уште сега сонувам за летоска кога ке одиме во Македонија да ми го причава мајка ми да спијам една ноќ цела. Одам да досредам па ке ја викнам комшиката да пиеме кафе пак Убав ден девојки
Добро утро мами Наспани -ненаспани секојдневно се едно те исти обврски. Ќере конечно после месец дена тргна во градинка очекував плачки ама не си влезе сама ептен беше среќна се врати да ме бакне и пак назад кај децата. Што да пишам ново освен дека вирусот сите не фати прво ќере па мене и се разбира бебе не го одмина, уфф нема крај ова едвај чекам лето,море вчера му велам на мм се замислувам на плажа уживам а ти со децата во вода се брчкашјас со коктелчето во рака,којзнае и тоа колку одмор ќе биде или умор со две мали деца. Ние снег имаме па како мало дете се радувам и уживам во тишината додека бебе нана уз голема кој е за бујрум. Убав ден мами
Здраво и од мене Бебе прва дремка тера ,јас раскренав средив неговите алиште му имав пуштено да се перат па седнав малку да одморам .Ноќеска и ние тешка ноќ имавме бебе приплакуваше секој саат само што ќе го земев до мене се смируваше ајде нека никне веќе тоа запче да поспиеме ко луѓе ,не се жалам детето преку ден ми е супер уште ноќите да ги спиеме и ќе биде се совршено .Времево покатастрофа неможе да биде дождов утепа нигде неможе да се излезе ништо нема што да се прави .Ако не се успие многу синко ќе одиме кај другарка ми на кафе роденден и е денес .Тоа е мајки немам што друго да ви кажам освен да ви посакам убав ден на сите
Ве исчитав сите, повеќето со вируси и мојата поголема настината па не е во градинка и по дома еден куп обврски со две деца,дури сега ми дојде ред кафе да си се напијам малава едвај заспа на цицајќи ми заспива само што ќе се тргнам се буди сакам нејќам морам да ја научам на цуцла лажлиивка и така мамички мои мили слатки маки имаме
И јас во ненаспаните. Цела вечер со тт, од 3до 5 будни бевме, бараше вода, бараше пепа да гледала,.... Не дава да и мериме тт, се дере, сигурно дигнавме узбуна во комшии . Сабајле ја допрев нема тт, таман се спремив да излезам, она стана, гори пак. Ја облеков и ја пратив со мм на матичен. Таму вика мм само она се дере, сите чудно ме зјапаат. Не знае да поднесе болка ич. Плус и тројки излегуваат, сите и тоа. Сега си дојдов дома, ја легнав, мм мораше на работа. Засега без тт. Уплав имам од болештини. Додека да пораснат, навистина тешко. Се сами прави, трчај по дете, трчај дома, трчај по работа. Една од бабиве да рече" оставете ,јас ќе ја чувам ".Не! Среќа, свекор ми злато човек, доаѓа, ја чува, некогаш да излеземе па млади сме, да прошетаме сакаме, убива дома монотонија. Едино не знае да и смени памперс иако малава упорно му кажува има кака . Па тогаш се јавува само да дојде еден од нас да ја пресоблече. Многу сѐ смешни заедно,цртаат,бањаат бебиња и многу сум задоволна од него, а и малава го сака . Побрзо оздравување на сите, стегнете заби, ќе помине.