Добра вечер. Малата спие до мене на спална а јас го чекам мм да си дојде. Три дена е во друг град на работа, првите 2 дена работиле од 7 до 7, а денес работи од 7 сабајле а сега е скоро полноќ. Кога ќе завршат не знае, а имат и пат од скоро 3часа. Многу се грижам, сакам да си дојде ама не сакам во сред ноќ да возат изморени, цел ден работат. Малата овие вечери кога ја ставам до мене да спие прета,се смее и се радува, ама и потешко заспива. Да се пофалам, почнавме и со вкусови пробување. По малку апнуваме и ќе видеме како ќе тераме. Денес има проблем со столицата, не знам дали е поради крушката од вчера и денес, ама за тоа ќе пишам во соодветна тема. Ме загрижува тоа што уште не се свртува на страна и од грб на меше. Ама ќе биде и тоа. Еве сега почнува да си ги фаќа нозите за ногавичките кога ќе ги крене нагоре. Секој ден е се пожива, како некој црвец е. Интересна е. Јас за два, три месеци ќе почнам да барам работа и уште сега се мислам како ќе ми биде без неа, како ќе издржам. Ама морам некако, со една плата не се живее. Не знам што друго да пишам, а одамна немам пишано. Нема да можам да заспијам, и претходната ноќ не спиев добро, а за чудо не осеќам умор. Добра ви ноќ
Добро утро. кој за што е денес.. Времето тмурно во Ск па се мислам каде џенем да фатиме зашто ќе збрлавуе дома иначе. Дојдов да ви кажам нешто Го ранам преска и дур чекам да голтне си ги гледам пижамите ред мрсули ред каша ред банана .. И си замишљам како некоја од бабите влегува и ми вели - оди чедо божјо среди се. Јас ќе го почувам. И одам на маникир депилација масажа фризер па пак фризер и уште еднаш фризер зашто косава тешко некој ќе ја опрај. Па шопинг па штикли фустани. . па некаде на доцен доручек сосе десерт сосе све... И доаѓам дома дете заспано. И дур ја завршам мислата гледам се искакал и му пропуштило накај ногавица. И така..
Дури те читав на глас се изнасмеав па мм се запна што па што Му прочитав што имаш пишано,ме погледна и ми рече оди ти чедо божјо исчешлај се
чедо божјо елај да се гушнеме и да си поплачеме. му дадов тенџериња да си игра само за една цигара да испушам. Уште малку и скарата ќе му ја дам.
Добро утро! Времево и денес не не послужи. Да не може човек да отиде некаде да прошета. Еве кафенце Денес ми е во план да правам генералка. А ме фатила страшна мрза. Маж ми ме зафркава - Кога не те фатила. Среќа што е на работа, па нека кој да ми досаѓа додека чистам. Вечер ќе имам гости, па да биде средено кога ќе дојдат. Не ми идат често. А и ќе се потроши некој денар. Одам да пресоблакам дете. Се измочка во гаќи. Еве и едно прашање. Колку често ви доаѓаат гости? И уште едно. Колку често одите по гости?
@Надежна Најсреќен роденден со големо закаснување но не стигнав да пишам. @SummerGirl во последно време мн често или другарка или брат ми. Ама најубаво е ич според мене. А за одење послабо одиме еднаш на 2-3 месеци. Па и сега заради вирусите страв ми е во соба со други да сме затворени. Убав ден мами Да пишам па да будам бебе. Синоќа во 00.00 заспа па ќе го будам да не му прејде во навика. Јас секој ден го шетам надвор без оглед на тмурново време и посетуваме продавница, маркет во најмала рака (колку да пројде време па купиваме и нешто уз пат) обавезно до 2-3 школски двора да ги погледа дечињата или мол. И бараме куче или маче да му се радува. Сакав во градинка да оди ама кој ти ја знаел ситуацијава со немање место додека тргне 2-3 годинки ќе наполни. Да се будиме и бараме дестинација. Сакав Базаро ама дали има соба за доење знае ли некој?? На јавно ќе го дојам повеќе ми е за памперсот не можам во нашава количка да му сменам. Сме ја утнале. Ама тоа е кога купиваш без да се консултираш на фемина. Имајте убав ден времето е прекрасно се е до нашата перцепција. Туку цело време сакам да прашам зошто се пишува мм и ќере? Барав во правила нема ништо.
@gjoker4e не е морално да пишуваш мм. Повеќето се така навикнати. А и скратено е поубаво од маж ми. Јас не сум љубител на гости и затоа ретко одам. А и ретко ни идат гости. Повеќе сакам да си имам приватност дома. А маж ми е друго. Он да може секој ден ќе вика гости дома. И нормално, затоа што не обожавам гости јас сум лоша.
Добро утро Лелле се изнасмеав од @LiliBoz и @Mari* јас и мм секогаш така се зафракаваме со тоа чедо божјо. Јас да ви кажам чеда божји ни лице си неам измиено.Станувам дете пресоблакам оган палам кебиња собирам кафе каша ама вода на лице да фрлам заборавам неам време Лоша ноќ,едвај издржав малово од ко заспа во 21ч.до 23 не мрдаше ама затоа после цела ноќ пискаше,плачеше и се превртуваше да имаше како и на таванот ќе се качи.Прај инхалација нишкај.Зелените мрсоли до муцка се влечат.И со таа пумпицата на влечење му извлекувам но за минута пак се полни.Стварно незнам веќе што да правам.Повеќе од очајна сум Вчера исто тешко.Големиов сака надвор.Имаме убав двор со трева за играње но тој оди зад куќа или се качува по ограда или зема стап мава по се....а малото спиеше...и по кое да одам како некоја лудача ту трчи дома ту надвор.И после некое време влезе дома и заспа. После дремката се мислев кај да ги однесам да не им е досадно ама ништо не смислив.Мајка ми 2ра на работа беше.Кај золва ми не одам од х причини.Таа кумицата 100пати ја викав и кај нас да дојдат и во град да отидеме но се не можела незнам што.Во комшии не одеме.До кај баба ми чат пат.Највеќе кај мајка ми.А мм секогаш сите кај нас ги собира скари пиење се а тие нас никогаш не не повикале.Сестра му што се вика во овие 4 години ни еднаш на ручек не не викнала.И затоа со мм за тие работи многу ама многу се расправаме.Подобро да не ми доаѓаат и јас кога одам на гости од пола саат до саат седам.Место не ме држи. Во игротека ме страв од тие вируси и многу деца на куп а секако моите се цело време болни.Значи заклучок само за дома сме! Тешко е бре жени многу тешко.Додека да пораснат мораме вака нели ние што немаме на кого да ги оставеме. И шта друго да вам причам.Малово заспа 20 мин и едвај дишеше и се разбуди. Мислев мислев и заборавив што сакав да пишам. Ај убав ден. Се надеваме на снег за утре барем малку да му се изнарадуваме. Поздрав
Да се приклучам и јас Ода сабајле се расчистивме бидејќи синоќа имавме гости,па ние многу ретко одиме на гости а и ретко ни доаѓаат понекогаш си велам да не е до нас можи сме недруштвени зошто ниту одиме ниту ни доаѓаат,гледајќи ја золвата тие или се на гости или има некој кај нив па малце се подзамислувам.. Кога ќе ми каже мм ајде да одиме на гости,некако на сила одам ич не ми се оде незнам зошто така некако поубаво ми е дома со срцките,а големата многу сака да се дружи па кога и доаѓаат гости на золвата таа ја зима бидејќи знае дека сака да се дружи гледа дека нема фајде од нас Имајте убав дождлив ден и бацки до вашите џивџорчиња*
Избегавам да одам на гости а и да ми доаѓаат. Кратко и јасно е кај мене. Додуше кој има време за гости кога повеќето работат 6 дена во неделата! ? Еве јас 5 работам и викенд еден ден перам и готвам за денот и за понеделникот а саботата сакам да уживам со дете..
Се изнасмеав и јас од вас чеда божји . И на мојава коса како и треба еден третман , како што е цело време врзана... а неможам пуштена малиов одма ме корне . Да напоменам и со искршени нокти одам цела недела нема кој да го почува да одам да ги средам. Викам и неделава ако нема одам со него. Како гледам бе некои мајки по воа инстаграмов што да напоменам нема кој да им ги чува децата , нашминкани , средени , со децата со количката секаде , па и уште дома ваков специјалитет таков стварно незнам. Денеска мм не е на работа па ќе си останеме дома да се гушкаме тројцата плус и врне. Спремив за бебе појадок и ручек за нас нешто готово , не ми се готви ич денеска сакам цел ден да легачам. Сега за сега толку од нас .
Мила ти ова сериозно прашуваш!? За базаро, она со кинезаријата така? Каква соба за доење, па ти не дозволуваа внатре со количка да влезеш. На фб партал ги правеа за ова. Бар лани беше така, сега ако смениле политика не знам. Добар ден на сите. Ние одмараме, па кај моите на ручек ке идеме. Денес ништо не пипам дома, нити готвам, денес сум на одмор, така си реков Гости, сакам гости. Ама нормални, секојдневни, мои луге. Што ке поседат, деца ке поиграат и ке се одат. За кои не морам да се потресувам што ке ги служам и кога ке чистам. Другите, што ми доагаат дека требало, па јас као нешто домакинката спремам, јок не ги сакам. Не сакам и кога не знаат кога треба да си одам, зошто сме кука со мали деца, а не кафана. Срека, вакви немам многу. И најважно сите најавени, динг донг на врата ние дојдовме, НЕ, ова за сите важи. И фала богу се научија.
@Aneta92 со месеци се спремам нокти да ставам нема кој да го чува. Да се договориме заедно да одиме јас да ги чувам двете па ти хахахах Ми пука филм сама со бебе да отидам ама дали ќе биде изводливо??? Другарките кои што се нудеа за помош во секое време сите ги замолив неколку пати ниедна не може. А саат време работа.
Хахаха може. Јас реков и неделава ако мм или мајка ми не се нафатат одам со количката и готово. Ќе темпирам бебе кога спие и готово . Твојов предлог ич не е лош. Да бев ск одма .
Добар ден веќе од мене,си го пијам кафето на рат сама.Ќеркае долу кај бабае,а и мм го испратив таму.Ме изнервира од сабајле,го чекам за појадок масата поставена а тој си поручал кај мајкаму.Така фино лепо се подкаравме,можи не треба да се лутам ама едно утро во неделата може да ми го посвети мене. Во врска со темата за гостите,и јас и мм саксме гости па често имаме или одиме некаде.Можи дека тазе земени и први во друштвото па често досѓаат кај нас. Во врска со помагањето дома,мм помагс ако му речам неколку пати,иначе си има ред,алиштата си ги става на место,ќе расфати ако види растурено.А да мие тајнири,купатило да чисти или да испегла скраја да е,и да фати нешто ќе го испомеша така да подобро јас.Едино може да ти исмука,за тоа го бива само.Ми помага со тоа што ке ја причува малата да сработам нешто,али ако почне да плаче одма по мене се вика. За ќерка што да кажам,вчера пак не ми беше заспана до полноќ,затоа сабајле си поспавме сите.Ама не сакам така,вечер треба да излегуваме на две прослави сме и сакам да ја заспијам кога ќе одиме на втората.Вечер од 7 сме и на роденден али не ја носам оти некако ладничко е,и таму во ресторанот е по ладно,ќе ја чува мајками додека се вратиме,па да ја заспијам и да продолжиме.И уште не сум ја носела така во гужва,кај што има музика не знам како ќе реагира.Уште ми грчкат, на доктор ми викаат нема ништо,да и ставам само синомарин вносе. И тоа мајки,конечно најдов време да пишам пост.Останете ми поздравени до следно пишување. П.с да се редактирам.За средувањето треба некоја ден да го извадам мажот од мене,немам време да се издепилирам на рат,ако влезам вкупатило одма ќе почнат плачит дојди земија.А за нокти чекам моиве да нарснат па на нив да ставам гел.
Добар ден. Пијам второ кафе, гледам ручекот в рерна и чекам бебе да се разбуди. Синоќа касно заспа па сега спие. Вчера мм го чуваше додека јас избришав прашина, очистив кујна и вц. Денес јас чувам бебе, мм правосмукалка и џогер. Си реков утре ден за нас ама гости ни се најавија. Инаку кога сме кај гостите додека бев во мк и одев и ми доагаа, тука многу помал круг на пријатели имаме и цело време чуство на растрчаност со обврски ретко да се уклопиме со смени. Сега периодов повеќе гости идат да го видат бебето инаку слабо дружби. Кога имаме гости на подолго од блиска фамилија им се радуваме но кога си одат секогаш си викаме како ни е најубаво сами, си имаме некој ред кој се ремети кога ке дојде некој. Времево катастрофа. Недела дена го немам детето изнесено на воздух, вчера кратко ама толку дува ветер па се вратив за 5 минути. Толку од мене за сега, убав ден девојки.
Хај. Саботи и недели обожавам оти сум цел ден со малата. Од сабајле појадок па ужина па спиење и сеа еве руча. Да сум седела до неа она сама јаде а јас да бришам ако рачето и се извалка. Додека спиеше средив веце и ходник, напраив ручек и пуштив машина, сеа заедно ќе уклучиме по втор пат правосмукалка. Мислам дека ако сум дома секој ден ќе ми свети куќава. Секој ден по нешто ќе средам. Прочитавме 10 книги од сабајле и осеќам до вечер ќе зарипнам Сонцево аман... надвор по пола саат само смрзнавме иначе. Ах април да дојде... Јас нокти не правам ама последнава година ми се испокршија од лоша исхрана. На фризер си одам на 3 месеци. Детево како зборуе. . Ќе ме продаде на пазар за месец ќе одиме на вакцина. Страв у коски иам од сеа.
Здраво од мене, после долго време. @Mari-Ja фала што ме мислиш правам блиц посети на темава, ама многу страни заостанав и не можам да се вратам во нормала. Се промени моето секојдневие многу од ко почнав на работа, ко ќе дојдам дома сакам со малиот да сум повеќе, па го бањаме, вечера, играње и после заспивањето јас спремам за нареден ден. На работа ми е многу убаво, дури страв имам да се пофалам гласно. Тој е се уште со бабите, умен е и многу интересен, само зборува, секој ден ново нешто кажува. Денес сме сами, дури спие пишувам и готвам, ако успеам и ќе прочитам повеќе на темава. Поздрав до сите, честитки за се што немам честитано, и имајте убав викенд.
Леле и маж ми е ист. Едно време почна секој викенд да вика гости. Па јас спремам,после мијам и здосаде ми. Па почнав да се лутам и сега гледам не ги вика. Само кај кумовите и мајка ми одеме. Кај старосватовите од кога се породив ниту еднаш не сме отишле, освен кога им се роди малото. Сакам да се дружам ама некаде во кафана, кафиќ. Во овие 5месеци само 2 пати сум била на кафе, а во кафана еднаш и тоа на мекици. Дома збрлаев овие месеци.
Маж ми често ми вика - Не можам од тебе да викнам гости. Јас му одговарам - Не е проблем да викаш, ама не сакам секој ден. Он си мисли дека јас секој ден ќе им слугувам на гостите. Нема грешка. Сега се сетив на една случка. Еднаш викнал гости. Јас мислев дека ќе бидат само тие што ги викнал. Кога дојдов дома, ми се стемни. Он си викнал и други и како капак на се, луѓето беа стуткани на гарнитура како сардини, затоа што немаше место. Одма го викнав во другата соба и му одржав лекција. Оттогаш вика гости колку што имаме место дома. Еден период му пречеше што не сум одела на гости кај комшии. Он е научен од мал да иде по комшии и да му доаѓаат, па мислеше дека и јас така ќе правам. Му кажав дека може да оди кај кого сака, ама да не ме тера и јас да одам. Повеќе сакам да се гледам со некој надвор, отколку дома.