Добар ден Мм замина на работа а деца уште не заспиваат Вчера си правев мини генералка па ми остана уште детската,ќе биде и тоа денес ако се случи чудо и заспијат мачињата Кафе уште немам пиено почнав и да не правам дека или ладно го пијам или ќе го заборавам Време за себе нула @gjoker4e нокти правам уште од ко малата ми наполни 6 месеци Имав се дома,сама ги правев ама време немав Мм ми продаде се па сега сакав пак по малку да се опремам Среќа сестра ми работи со тоа па ме научи и мене, овде гел да ставаш кошта повеќе од 60евра Гости еднаш неделно имаме,еднаш одиме и ние Еднаш до два пати годишно ми доаѓаат свеки и едвај чекам да си одат,повеќе гужва ми прават него ли што ќе ми се најдат Иначе ќерка пак настината Носе растечено,шлајмови...нема ни една недела како оздрави Само и синко да не префати аман, нема ништо полошо од болни дечиња Се одјавувам мајки,синко заспа а малата го наполни памперсот
Ајде кој е за второ обично пијам по едно ама тоа од сабајле првото ми истече,па другото многу ретко и си велам ајде сега едно кафенце додека дада нане,а бебчето си гука. Инаку ни во комшии не одам,сите кога ќе се вратат од работа си сакаат одмор,така од кога се зодовме со мм една комшика со свеќи си оделе секој ден на кафе и свеќи си замина на село да живеат да не ни прават гужва и комшиката нејзиниот ред пак си го тера не ни звоне оп еве ја,и така еден ден од памет ме извади и реков,др.пат кога ќе доаѓате на звонче ќе звонате и кога ќе е тука свеќи ќе ти се јави ќе дојдеш ќе пиете кафе и од тогаш доаѓа само кога е свеки кај нас Ами мора ред да се воспостави,инаку секој ден ке ми виси
Добар ден мајки..Времево заникаде..Само што ги избањав децава па сега играат синко денес само пола час преспа па вечер се надевам дека порано ке заспие па бев решена и јас да легнам уште кога ке заспат ама не имаме најава за гости..Во врска со темава за гости всушност може да кажам и не се баш гости бидејки си одиме често имаат керка една год поголема од керка ми па си играат..Се гледаме 2-3пати во неделата дали тие или ние одиме важно си поседуваме.Искрено и сакам да одам и да доагаат бидејки со децава по цел ден искрено се побркувам па сакам малку да излезам да направам ред муабет со некој На план сум да направам набрзина една торта со хопла ја мислам веке подолго време ама сакам и банани и ресани а дома немам па да разбудам маж ако сака да оди да купи.. Тое е мајки имајте убава и пријатна вечер
Го туркаме денот со сила... Му се радувам на темното надвор... а знам ќе трае овој ден со оглед на тоа што поголемата ќерка заспа во 16 и уште спие. Заспа со плачење, цела гола, нит гаќи на гз нема. Ѓаволот влезе во неа, не и се погодуваше никако па кренав раце и оставив да се исплаче... меѓувремено заспа како што реков гола! Настинка во најава, знам си! Во план ми е да сум и лута кога ќе стане па дали ќе има ефект? Сами сме дома како и секогаш, спијат и бебе и дадата. За гости не сум секогаш расположена и јас, повеќе сакам друштво за некаде ( било игротека, кафиќ, ресторан).
Не одиме по гости, зашто тие доаѓаат кај нас Може за вас не е верни, ама ние секојден имаме по некој посетител. И тоа се често истите луѓе, другари(неоженети 2ца ги има) на мм, деверот со девојката,брат ми, пар пријатели со детенца и братучед(к)ите на мм( со )фамилија Сите одат на работа, нл точно знаат дека навечер сме слободни и оп добренајдовме! Сакам госсти,сакам луѓе но мразам кога истите немаат осет кога доаѓаат во денот. Се случува да не ,,фатат,, за ручек време а јас зготвено за две души, кога дете спие, кога мм има мигрена или одмара. Едноставно немаме време за нас, за раат да пиеме кафе и зборнеме за нас. Ама, тоа е нека се здрави и живи сите, секогаш се тука за нас, ни помогнале на овој или оној начин, па едно кафе што ќе им сварам ме тера да заборавам кога дошле
Добро утро Денеска од мене кафенце Вчерашниот ден ми беше за мм и дете.Дури и ручек не направив.Тројцата игравме,лежевме се галевме. Сакав од сабајле да почнам со мини генералка,имаме гости (комшии) кај старите соба уште од 7:30.Не разбудија со тропање и зборување, толку луѓево имаат чувство дали некој спие или не.А мене нека ме тргнат на страна,за внучето и синот не му е жал. Пред два дена деверот 3та смена на работа и спиеше,а свекор ми го пуштил тв скроз до даске,јас да бев ќе го отерав упм. Како што реков луге без чувство. Стариве ќе одат денеска в село рајат ќе сработам,мм ручек ќе прави и ќе се дружат со синко,додека мама среди се. Скоро секој ден сме со гости бидејќи сме во заедница,но најмногу ме нервираат не најавени.
Добро утро мајкички И во Скопје конечно заврна снег годинава Нас ноќта ни помина исто како и предходните неспиење плачки нишање и се така во круг . Ќе помине си викам ќе дојде ден ќе се наспијам и јас ,надежта последна умира како викаат Вчера си го поминавме дома ,успеав да направам еклери за прв пат и успешни излегоа ,ќе ставам слики во соодветна тема Вечерта си игравме со бебе и кога случајно видов дека нешто гребка доле во устичката ,јухууу имаме запче ,по толку мачење конечно излезе првото запче па така да денес ќе варам сутлијаш ајде повелете Инаку за тема гости ,многу често ни доаѓаат гости ,а и одиме на гости некако празна ни е куќата ако не ни дојде никој навикнати сме на гужва . Убав ден на сите
Првите снегулки од оваа зима летаат и во нашиот воздух, како бели пеперутки. Сеуште нема снежна покривка, ама како за промена убаво е да те дочека малку поинакво снежно утро. Дадичката се израдува ептен и ММ ја прошета накратко низ маало. Кафето мо е сварено, бебе едвај го заспав... И синоќа тешко ја заспијав, со плачење, па и се будеше често... едвај цврсто заспа па спиев и јас. Со дадата гледаме Пепа прасе... а кај и да е ќе почнам со ручекот. Обврски една купа, а немам сили за ништо. Сакам да спијам ама нема дечките кој да ми го чува. Ќе го туркаме денот некако, а вечер и на роденден ќе одиме. Бебата ќе остане со тетка и, се плашам како ќе минат. Искористете го денот убаво, прошетајте по снегчето, направете им го посебен овој снежен ден на дечките...
Добар ви ден мајки. По се изгледа цела Европа ја зафатило снег, еве и тука ни наврна малку. Многу е студено, плус и ветар дува. За надвор да се шета нема шанси, евентуално по маркети, тоа зависи како ќе биде расположен мали Моментално гледаме цртани со синко додека маж ми спрема ќофтиња за ручек. Шо убаво било вака, па од време на време му подвикнувам да побрза не за друго да види како е Вчера бевме во игротека, синко обожава да си скока на раат. Сега времето не е баш за во паркот па мора да се задоволиме и со игротеката. За среќа вирусите овде се во мирување периодов (барем мене така ми изгледа). Биднаа ќофтињата, одам да видам што изработил, може и да се изненадам. Од маж може да се очекува се, само посакуваното не Пријатен ден!
Добар ден мајки. Да шкртнам некој збор додека малото спие а големава игра со татко и. Деновиве хорор... Од неќна вечер како качи дете 40тт, никако да ја симнеме. Ноќта и денот вчера мина со чепче, масажи, облоги, туш, па пак се одново... Од 40 на 38 ќе паднеше и за 2-3 часа пак 40. Синоќа отидовме на брза помош. Свеж воздух и течности, немало спуштено на гради. А дете во бессознание веќе. Среќа докторката ми се сожали, па ја прифати молбата за брис. Прв пат одкако е родено детево брис да му направат... Стрептокока. Па доби антибиотик. Инаку ќе не вратеа дома со терапија свеж воздух. Се вративме дома, на своја одговорност, со ветување дека ќе се вратиме со куфер за ноќевање доколку не се подобри до утрината. Во моменти на паника немаше време ни баба сервис да викаме за малото... сите туто комплето летнавме во болница. Се гративме дома, ниќта иста песна. Чепчиња дупла доза, антибиотик а дете сеуште 40. Од 02 до 04 иста песна како предходната ноќ со ладни облоги и туширања. Во раните итрински часеви се спушти до 37 и еве сега ок е. Маж пие тихол хот од резервите кои сѕм ги донела, гори и он, се го боли едвај дише. Јас .. подобро што не смеам ништо да пијам бидејќи за болкиве што ги чуствувам мислам и цела аптека да ја испијам не ме спасува. Малото, душиче, се држи некако. Едни шпагети болоњезе ќе ги направам со последни сили и тоа ќе биде ручекот. Најголем страв ми е контракции да не добијам а дома болни деца и со 40тт да треба да оставам. Мајка ми иде сабота, сигурно ви кажав. Ја чекам и и' се радувам како дете на дедо мраз. Ве читам, има снегче кај вас. Нека минат болештиниве побргу и искористете го денот со најмилите.
Добар ден Ние викендов супер го поминавме. Во петокот бевме на роденден во игротека, бебе живи радости се смее, се радува . Вчера цел ден шетавме јас и мм. Бебе со баба се чуваа. Сабајлето бевме во црква да закажеме крштевка и венчавка, па на кафе кај една моја другарка. После отидовме до кај тетка ми па вечерта искочивме после којзнае колку време. Денеска ќе си седиме дома. Замесив едни кифли да направам и ќе си се гушкаме со мм и бебе. Убав снежен ден ама некако ми е ладничко да се прошетаме. Убав ден мајки
^јас ко ќе те прочитам ништо не ми е тешко да направам. Дани секоја ти чест на трпението и смиреноста.
Здраво мајки! Сите се жалат од студ и вирус не сме и ние нешто подобро, додуша бевме катастрофа компет па полека жугнуваме. Сирупи, капки за нос, креми за масирање, антибиотици, капсули, цела аптека не ни е доволна. Деца играат, убаво ни пече сонце в соба а надвор е коска студено, снег нема. Денов чуствувам долг ќе ми се стори, две кафиња испиени, ручек готов, најадени и плус чај пиени а тек пладне.. Гости тука ретко, многу ретко имаме за разлика пред да се преселеме, кога сме доле дури сафра ме фаќа од многу народ од една страна додека па од друга и убаво е малку друштво. Денес тешко дека некаде ќе се излегува па ќе мора да си најдеме занимација. Уште малку ќе ги спремам за бањање , забавно и е многу, прават пена, се мачкаат, прскаат, се кикокат цело време, вода на сите страни ама важно уживаат. Пријатен ден!
Недела...како му се радував на викендов, ми летна. Собирам сили од утре да издржам 5 дена, па идеме на викенд. И се така си се вртам во круг. Ќе се среди, ќе пркне, ќе се стопли полесно ќе ми биде, така се тешам. Она кенкава. У раце спие. Денес и вчера ручакме јаболче и морковче. Лапачка на мајка. Се тресе да ручка. Снегов едвај го чекав, да исчисти малце, ама како најавија, разочара. Тоа е... Сакам друштво ама некој млад, млада де да не ме сфатите грешно да ми поправи друштво, а не бабетиниве. Тоа за сеа.
Здраво. Кафе пола испиено, пола истурено. Мм спрема ручек јас нишкам бебе. После гости во најава, а јас немам сила веќе. Бебе во некоја луда фаза, вришти за јадење, па јаде 40-50 мл ипак вришти или заспива. Мислам дека е преморен од грчеви. Ноќите претешки станува да јаде на 3 саати, јаде скоро цел саат со молење, па се нишкаме пола саат, кога он ке заспие јас пумпата во раце 15мин, па да измијам шишињата од пумпата додека легнам ете го се буди. Мм ке му даде да јаде ама упорно пробува да го успие легнат, па кенка дете пола саат додека не станам да го земам во раце и на пилатес топката само таму ние убаво за заспивање. Само да не се најде паметна тетката на мм денес да ми рече пак дека детето има грчеви од моето млеко и дека џабе се измолзувам. Нејќеше да цица имав многу малце млеко, со огромни напори имам повеке ама пак неќе да цица, па се измолзувам и давам дохрана. На сета таа мака колку толку мое млеко да пие секој се наога компетентен да ми каже како џабе се мачам или како полошо му правам на детето. Не дека мене не ми дошло да се откажам, ама некако сеуште терам. Се испожалив ама таков ми е денот среќа мм е дома па он прави ручек и ќе направи палачинки за гостите да не ги чекам само со кафе. Убав ден мамички
Денес со жалби и поплаки. Смрзнав. Ме болат нозете и грбот. (Од времево мислам). Ноќеска мн мн често се будеше. Па деновиве почна да ми ги каса градите. Уу ама болело. Па си велам двојки или тројки не знам што е следно. Чекав прва дремка мислев и јас одма ќе легнам ама пуста жена измив садови пуштив машина средив јадев пијам кафе па си викам и фемина нема да ја одминам. Снегче вее конечно ќе види бебе ќе се порадува мислам. Да престанеме да се мамиме бидејќи таков е животот а жалејќи се само дозволуваме да ни помине низ нос и на старост да се каеме за тоа како сме ги поминале најубавите години! Ненаспани сме, уморни, неисчешлани, мрсни во косите, неизбањати, но покрај нас го имаме најмилото. Уживајте! Убав ден! Јас ама ич не сакам гости. Па не дај боже некој ненајавен да дојде да ме види ваква и станов бомба ќе излаже му испаднало нешто ќе си отиде одма. Да дополнам. Утрово се разбудив со болка во десната града. Само да не е мастит уште не знам што е тоа ама како боли. Да прогуглам.
Здраво мамички. Вчера истеравме со синко цел ден сами. Камо да можеше барем да прошетаме полесно ќе беше, ама и вака добро поминавме. Детево ми станало ни минута да не го оставиш сам. Само наутро може да поигра во креветче кога е тазе станат па нешто да пофатам. Ианку си бара внимание. Па цел ден сме играј со play gym, играј во количка, играј во релаксатор, ама мама мора да е до него и многу често и да пее. И така кашичка за него и доручек за мама се спрем со него во количка во кујна. Инаку денските дремки по пола саат се. Ама ако е кај мама во раце може и два саати да тера. Па обично во корпа поспива пола саат колку да пофатам нешто, па после уште саат време продилжуваме во раце. Еве и моментално се гушкаме. Добро барем ме остави да го ставам ручекот, да се динста месото, да спремам манџичка. Инаку синко вчера прв пат проба слива. Дете да се тепа да јаде, а дека прв пат не сакав да му дадам многу. Изгледа го откривме омилениот вкус за сега. @elcezelce нека се редат бисерчињ. @danichap само толку имам да кажам. Нека е со помин за сите дечиња и поголеми деца што ги имате дома. Ај да ги издржиме овие неколку студени деноиви па мислам конечно ќе запролети да може повеќе да се шета. Имајте убав неделен ден и искористете го за гушкање.
Добар ден мајки Кај нас сонце, ама минус. Воздухот е толку сув што кога отвориме да влезе воздух влажноста ни спадне на 20. Лани купив навлажнувач ама не го користам оти мм со неговите филозофии околу бактериите ми влеа страв. Ама моравме вчера да го уклучиме не се дишеше. Јас резвреднета ја чистем кујната од потребни и непотребни глупости втори ден.Вчера од 11 до 18 и денес од 10 почнав. Се надевам ќе завршам денес.Мислиш чистам кујна 50квадрати , а не 2 на 2 Треаба да купам некој кутии за да сместам чаеви и др глупости па ќе имам повеќе место. Малата само околу мене ми се качува на скала и ме ниша А јас пмс само се дерам , абе 3-4 дена мм лом го правам јас не се трпам не па он Малата во некој период е влезена само не тепа и гриза , а заби не вади. Па после кога ќе се пожалиме не гали. Татко и и купи пред еден месец слагалица со фарма ја прави целата сама без помош па ја растура па пак. Памети што каде стое . Многу е интересна , а јас многу се радувам Веќе 3 дена како го користам електричниот аспиратор за нос. Задоволна сум ептен.Малата сама си ги ваде мрсулчињата ги гледа и си вика баво.Помалку кашла и носето подобро и дише не рче . Па утре здравје тргаме во градинка со полна пареа. Беше само во пон, вторник и среда не ја пуштив оти кашлаше многу, а четврток и петок затворена беше градинката ради обука на персоналот. @danichap и ние еднаш имавме 40,6 дури и 41. Леле хорор кога спадне на 39 почнувавме да дишеме , а најниско и спаѓаше на 38,4 тогаш како да немаше Дури мислев топломерот е расипан.Малата на пампер помина 3 вечери на спање.Мајче гушки и побрзу да оздравеете и сите здрави да го пречекате новото сонце @elcezelce бели како бисери и здрави забчиња да реди Одам да дочистам оти за Гинис ќе бидам како најспоро исчистена кујна Убав ден
Здраво,еве да се пријавам во групата што не иде по гости и не прима мн гости.Најдобра опвија ми е на кафе да се седне.Вака коа ми доаѓаат ем исчистено да е,па што да ги послужам,па со дете ако се коа ке се расфра се наоколу.... Него почнувам да се грижам,син ми (13м)упорно си го трља едното око.Страв ми е да не има мака,да не гледа ок.Незнам како да проверам..???На очно од3+се носат.Додуша го учам кај е окото,носот,уста ,ама па ова сезапнало за око да пика прст....
Јас како и обично-ноќна смена. Не дека децава не спијат или се будат...мене ми остана тоа будење или да не можам да заспијам со саати во ноќта. Неколку години по ред непреспани ноќи и сега тоа премина во навика, во секојдневие. И двеве деца заби ги мачат, ужас се, плачки по цел ден буквално. Да чукнам во дрво од болештии не можам да се пожалам. Секој ден шетаме надвор, а денеска и два пати бевме. Јас немам многу гости, а уште поретко и одам некаде. Не ни сакам многу, да бидам искрена. Најмногу сакам кога патуваме некаде фамилијарно и затоа тоа најчесто го практикуваме. Среќа на маж ми работата му е мобилна па најчесто сме со него, надвор од дома. Е сега, мислам кажав претходно, малку ни се разболи тој, па ни може многу да помага дома, ни пак може да одиме некаде. А синко одвај чека на скијање да оди пак. Денес кога виде како врне снег одма ги побара скиите, ќе скијал и во Скопје.