И јас викав така, ама не е глупо соопштен, мислам не може да е ненамерна грешка. Просто можеше да се каже, на тие 9 моментални, додаваме 4 за таткото. А ова ќе видиме допрва што е
Па не е грешка го објаснуваше вчера во Телма. И во Сло е така.Мајчински,па почнува родителски. Препишан им е. 100% ке биде платен.
Извадок од изјавата: Односно, имаме мајчинство од пет месеци, тоа е во првите пет месеци од раѓањето на детето, понатаму четири месеци родителско отсуство за мајката и четири месеци родителско отсуство за таткото. Тоа значи дека мајката и таткото можат да ги користат заедно, најизменично или еден по друг, зависи од договорот меѓу двајцата родители, информира министерката. Родителското отсуство ќе може да се користи до 2 годишна возраст, и не мора да е континуирано, за разлика од мајчиното кое ќе биде 5 месеци и мора да се искористи во првите 5 месеци од раѓање.
Тек сега ќе падне наталитетот. А може па и тоа е целта. Законот можеби е ок, ама кај нас, хм, ај може маживе помлади се подоосвестуваат дека татко е одговорност, ама шѕо правиме со фирмите во кои работат. Еве на пример, маж ми кога би требало да земе такво боледување нема кој да го замени..... И да без врска го соопштија, за нашиов народ треба убаво да му се објасни. И да се направи една кампања каде сите ќе бидат опфатени, особено фирми кои на интервју те прашуваат колку деца имаш и слично (осетено на своја кожа) значи ако сум родила деца не значи дека мозокот ми се затупавил напротив ќе се трудиш што повеќе баш за нив. И пак ќе биде да искористат тие што си имаат убава работа, на градежен работник и слично може породилно ќе му дадат нашите работодавци.... И ете да е 5 месеци за мајката, кои градинки кај нас, кои услови за толкави бебиња. Стави тука нула имунитет, настинки вируси. Секоја жена ќе си рече, не. Нека споделат мајки од Германија мои блиски имаат избор до 3 години породилно или работа и плус стаж ти плаќа државата. Е сега дали е навистина така незз
100% платено родителско отсуство (од 8м) посебно во сиромашна држава е апсурд и неиздржливо. И мене ми е логично да е еден дел мајчинско отсуство, а еден родителско. Во мн. држави е така. И првото се плаќа 100% ама не верувам некаде да трае дури 5 месеци, а второто процентуално и е малтене факултативно.
Така е актуелно сега,препишан закон. Еве во Сло е сличен. Породилно 105 дена ,па родителски и татковски. https://www.gov.si/teme/pravice-ob-rojstvu-otroka/ Мислам дека не можеше до сега таткото да зема 9 месеци,само мајката. Како и да е ,се добиваат +4 месеци платени.
Mislam deka mozese ama ako prekine majkata pa toj da zeme. Inaku za zakonov dur ne go vidam ke mislam deka se posle tie 5 meseci nema da e 100% plateno
Исто како што во Германија го поканија детскиот додаток и земам 500 евра, и ја покачија и градинката плаќам 505 евра. Толку врева за да се 5 евра во плус. Они си знаат дека таткото нема да земе 4 и да го чува детето ама да испаднат добри. Подобро беше за мајката плус 4 месеци ако ги сака, ако не пак ок.
Можеше да зема и таткото ако мајката не користи. Знам случај каде што мајката имаше свој занаетчиски бизнис, не зема, таткото работеше во државна администрација, он зема.
Зошто да не ги земе таткото? Платени 4 месеци? Еве мајката наместо да го даде детето на 9 месеци во градинка ќе го чува тој,зошто е тоа чудно.
Ќе видиме статистика колку татковци ги чувале децата четири месеци. Татковци, не мајки и свекрви. Чудно е бидејќи е реално, инаку да, не би требало да е чудно ама е.
Ама каква статистика,имало и порано татковци кои чувале деца,и сега чуваат, не се сите размаженковци,не треба да се генерализира. Мојот чуваше бебе од 4 месеци кога се вратив на работа во школо. Како и да е,законот е во полза на родителите,ако не ги сака таткото месеците што му следуваат ќе ги земе мајката плус неговоте 4 месеци. Ај тоа што не чини не чини, ама законов како што е претставен е подобар од досегашниот и не гледам причина зошто го критикувате, а вие па од дијаспора посебно бидејки не ве засега.
Ако е стварно така онда е супер законот. И своја фирма да има таткото пак може да подработнува по нешто и да биде на терет на фондот.
Или ве лажат, или не сте разбрале нешто како што треба. Не постои породилно за татковци ни законски ни природно, освен ако дечкото од твојот случај е Арнолд Шварценегер Инаку ова е сеуште предлог и само на муабет, ништо не е поднесено сеуште. Освен термините што се сменети, за мајката е сѐ исто, 9 месеци се 100% платени. За татковци првпат ќе има 2 недели платени 100% веднаш после породувањето, и 4 месеци кои ќе може да се користат после 5 месеци период од т.н. мајчинство. Наместо да мрчите за инает, поздравете го обидов и ако ништо друго наместо да трошите енергија на песимизам овде, чувајте си ја за притисок за кога ќе го заборават предлогот во некоја фиока или евентуално кога хиените - работодавци ќе скокнат за да го поништат.
Никаде не пишува дека ние од дијаспората не смееме да дадеме мислење. Нека додаде модератор во описот на темата. Никој не рече дека не е убав законот. Се додека создаваат закони како понапредните држави одлично е. Дури и подобри. Во Германија 67% породилното е 12 месеци или 33% 24 месеци, а во Мк е 100% што е нешто за аплауз и ценење.
Па реално, не сте засегнати, затоа... Иако, добро е да се слушнат мислења од некој од надвор и да се споделат туѓи искуства. Така што, мене не ми сметате се додека мислењата ви се конструктивни и не почнете со плукање и исмејување на државава. Оти, нема поента, не за друго. На темава... Too good to be true ептен сум скептик со сите закони што ги носат, пошо најчесто не е во наша корист. @Cka мислам дека го делеше породилното со сопругот, нека пише дали и до сега имало законско решение за истото.
Препишан е скроз. Овде 105 дена се задолжителни за мајката после раѓање, за таткото има 28 дена платен одмор. После 105 дена има родителски, односно се договараш дали мајката или таткото ќе го користи боледувањето до 1 година. Нема плус, минус, вкупно е и се користи во договор. Добар е предлогов, се надевам ќе го усвојат.