Мајчинско, татковско и родителско отсуство

Дискусија во 'Дете' започната од Martka, 17 јануари 2023.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.408
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    Имаат право и да плукаат и да исмејуваат држава која ги избркала од неа. Ама тоа би било оф топик тука.

    Он топик. Се сложувам со тебе дека е ту гуд ту би тру. Милион посто сум сигурна дека ќе кратат пари.
     
    На Oneo, Milkiway, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.902
    Допаѓања:
    142.907
    Па согласно закон делевме, имало од секогаш право и можност таткото да земе породилно.
    На твитер читав еден татко кој пред 18 год земал породилно.
    Мислам дека ако се стварно 13 месеци и стварно е задолжително и таткото да земе породилно, тогаш е супер. Кај нас проста раја е, нема да сакаат мажите заради тоа што ќе ги зборуваат дека жените работат они деца чуваат. И ако не е задолжително ќе им прават проблем на работа.

    Мајките ќе добиваат повици да с е вратат по 5 месеци, татковците ќе им викаат па мора ли... Па ќе им се осветуваат. Знаеме кај живееме.

    Ако тргнеме настрана дебилизмот кај народот, супер е бидејќи веќе нема жените да добиваат прашања на интервју дали ќе раѓаш, у стопанска порано и изјави им давале да потпишат. Дека две години од вработување нема да одат на породилно. Или па колку работодавци знам што не сакаат да вработат жена оти ќе оди на породилно, џабе ќе ја вработел, три деца и толку било. Вака ист им е ризикот и со маж и со жена.

    Ама...
    Се е под знак прашање додека не видам одредби за парите. Ако ти рече неплатено... Ако рече на Пола плата.... Ако ти рече работодавецот да плаќа...

    Џабе зборуваме. Прво пари да видам па ќе имам став.
     
    На Oneo, azelea, andrejko82 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Се согласувам од а до ш. Жив пример сум, три деца веќе нараснати, имам кој да ги чува, посетувани еден куп курсеви, надградби на себе (баш дур беа мали за да можам да барам работа) со сертификати заради доказ не за, знаење. Знаењето ск го имам во главата, бев на еден куп интервјуа, никој не ме викна. Живеам во мало место, тие губат не јас, ем постојано вртат огласи на тие места ем не сакаат да ти дадат шанса, а имам и раб искуство. Ама тоа е. Најверојатно и ние ќе си ги спакуваме куферите и оваа држава малку по малку ќе остане на стари. Ама да не забегувам од темава, вчера на вести беше гостин еден од стопанска комора кој кажа дека за вакви закони прво треба да се консултира министерот за финансии дали ова може да го издржи економијата, а не министерката за труд и социјала. Се е мачкање очи демек еве се трудиме ништо нема да биде, бетер ќе направат.
     
    На azelea, Осе, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    31.289
    Пол:
    Женски
    Да кажеме дека првите 5 месеци се за мајката, ок тоа. Значи она има право да искористи уште четири и тоа ок. Што во случај кога на пример таткото не сака да ги искористи неговите 4, дали може да се откаже и да ги искористи мајката сите 13? Или на пример мајката да сака само 5 месеци да е на одсуство па од останатите 4 да се откаже и таткото да искористи уште 8?
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.981
    Допаѓања:
    164.422
    Како тоа мажите нема кој да ги замени, а жените има?
    А тие што не родиле нема да се трудат?
    Малку и твоиве заклучоци се претерани.

    Во Македонија проблемот се закананите од работодавците/шефовите ако се оди на породилно.
    Јас би вметнала родителот и да е на определено, работодавецот по родителското да мора да го задржи вработениот на работното место уште минимум 2 години и да не смеат да се прекинуваат договори на определено на бремени. Ама затоа да се притегнат матичните што отвараат патолошки на секоја некоја за да си се одмори и да ора по продавници и другарки.

    Да знаете две работи:
    - изјава или ветување дека нема да раѓате се против законски
    - прашања за раѓање на интервју исто
    Има лек и за ова. Знам за повеќе случаи. Народен правобранител за почеток.

    За жал, овие работи почесто се од жена на жена него ли на мажи према жени.
     
    На Oneo, azelea, JoyJoy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа законов.
    Не само поради тоа што тие што немаат баби на лагер нема да мора да пратат дете во градинка од седум месеци, туку и таткото да се врзе подобро со неговото дете.
    Зошто нели... секакви ги има. Мислат се е на терет на мајката јер таа го родила де.
    У секој случај, одлично.
     
    На andrejko82, JoyJoy, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Затоа што може мајката да е 5м дома, па таткото 4м, па пак мајката 4м.

    Мене ми е ок законов, искрено, покрај тоа има право секоја мајка на 1 час мислам за доење.
     
    На JoyJoy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Јас знам за барем 2 случаеви кај што таткото бил на породилно.
    Мајката мора (мислам) 1 месец од раѓањето на детето, после може било кој.
    И не ги чуваа баби и дадилки, двете жени имаа посериозни кариери, татковците ги чуваа. Јас не знам дали јас би можела, ама ете. Може.
     
    На JoyJoy, gjoker4e, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Може, има и образец на фзом страната зс таткото да го земе породилното. Не е ново ова.
     
    На CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    1час за доење и а право мајката и сега, до навршување на 1година на бебето.

    Инаку сосема е ок законов според мене. Не може по цена на мамини лигави мажиња, да се противиме на закон кој е сосема коректен и заради приврзување на таткото со детето и заради поголема рамноправност во кариерен развој на мажите и жените.
     
    На JoyJoy, cresa-jagoda, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Час и половина, баш прочитав, во тоа се смета и паузата. Убаво би било да се продолжи, ако се дои детето подолго од 1 година.
     
    На JoyJoy и Ano им се допаѓа ова.
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Има и мажите кој да ги замени, и да ќе се трудат и тие што не родиле, меѓутоа некои од нас живеат во мали градови и така да ситуацијата не е баш сјајна. Инаку се согласувам со скоро се што си пишала, меѓутоа знаеме каде живееме и какви народни правобранители и слично имаме. Камо јавно да се збореше за ова за оваа дискриминација на жените, камо јавно да се овјавеше секој кој ќе бара таква изјава и прашања на интервју. Ама, малку потешко, некако, може во иднина да се надеваме ќе се сменат работите. И да тие работодавци и нивните закани си имаат поддршка од кај што треба и така оди тоа
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.292
    Допаѓања:
    35.486
    Пол:
    Женски
    Законов е баш против дискриминација на жени.

    Ако таткото мора да земе отсуство тогаш работодавец нема да може да дискриминира жена со прапање дали ќе раѓаш. Ќе мора истото и мажите да ги прашаат. Тоа е поентата на законот. Државите во светот немаат друг начин за подобрување на родова еднаквост на работно место освен со закони во кои ќе се пропише дека и таткото мора да го чува детето. Повеќе од тоа не можат да направат.

    Еден модерен закон ќе се спомне и одма се вадат сите назадни, накарадни традиционални ставови на површина. Е како тоа таткото ќе чувал деца. Е така убаво. И ќе брише газови и ќе рани и ќе успива. И ќе сфати дека е убаво чувството да се поврзеш со своето дете. Фино лепо. Така. Сакаш дете подолго дома да седи седи и ти со него. Место да се даваат лажни боледувања нека седи таткото дома нека чува дете. Ако не мајката нека си го чува до 9 месеци и чао пријатно. Ајт на работа. Дете нека го чува градинка, дадилка, баба, тетка. Некоја жена. Каква да е жена да биде.

    Јас имам кариера затоа што и маж ми е ангажиран околу детето. Од сам почеток. Имаме помош од баби и дедовци, ама ние двајца сме главни. И кога бев во странство заради развој на кариера и кога сум тука маж чува дете исто колку и јас. Да првите месеци мора жената ако дои, ама потоа секој може да го чува. Замислете дури и маж.
     
    На Oneo, IRBBB, Tiny Love и 8 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Нов Зеланд ли беше премиерката што ич не користеше породилно?
    Маж и' си го чуваше бебето.
    Не се помалку родители :)
     
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.829
    Пол:
    Женски
    Ако е како што пишува дека ќе може да се земе било кога до 2 годишна возраст на детето, ехеее колку проблеми ќе има.
    Така ќе ти рече врати се ти на работа на 5 месеци, па после кога сакаш ќе си имаш денови за зимање. Пример ете кога ќе е болно.
    Не знам, може е рано да се збори, нека го скоцкаат убаво па ќе видиме.
    Ама со нашиве газди, се е тешко изводливо.
    Еве кај маж ми на пример, се е ок, ама не му е сфатливо кога маж ми треба дете на доктор да носи или било каде.
    Зошто јас работам од дома, и нема врска дали сум болна или во моментот не можам да ја оставам работата, јас сум дома и морам јас.
    Да го пушти 4 месеци??? Смешки. Ќе ми пропадне фирмата.
    Долго време треба да помине да стигнеме до тој момент ова се да ни биде нормално(иако мене ми е).
    За жал тоа е нашиот менталитет.
    Не само за деца, оптшто.
    Овде ти мрчат и за боловање ако земеш(за кое нормално одбиваат од плата) за дете, а реално еве да речеме едноставно немаш баби, а немаш ни жена да платиш, што ќе правиш.
    А не може па стално само жената да зема боловања...
    Не знам, треба убаво да го анализираат, а и да спроведуваат закон како што треба со соодветни казни.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.292
    Допаѓања:
    35.486
    Пол:
    Женски
    Да. Има и сега кај нас можност таткото да земе отуство (ама е или мајката или таткото). Ама такви случаи се ретки. Со новиов предлог закон ако сакаш детето да биде дома чувано подолго и таткото ќе мора да земе отсуство од работа.


    @Цвет88 менталитет некогаш се менува и ако си приморан. Ако чекаме прво менталитет да смениме па закон никогаш до таму нема да стигнеме.
     
    На Ano, CameliaMiller и Цвет88 им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Не е нормално што во Козле е понормално баба да лежи со детето, татко никако.
    Многу има за оправање.
    И мора да се почне.
     
    На lackygirl, Giovanna, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.829
    Пол:
    Женски
    А ако немаш баба??
    Еве моите се по 70 години. Секој со по некоја дијагноза.
    Ама има некој немаат.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.014
    Ќе си лежи само бебето.
    Не е нормално што татко не смее, ама викам, мора законски да МОРА да се грижи за детето, па се' ќе си се промени.
    Една конзервативна Хрватска какви закони исподонесе, ќе стигне и кај нас.
     
    На Tiny Love, JoyJoy, Lavender13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.829
    Пол:
    Женски
    И јас велам дека мора.
    Апсолутно се согласувам иако окулу мене ме прават будала и мрзлива замисли шо барам и маж ми да е подеднаков со мене во се во нашето семејство.
    Тоа шо не смее татко, демек е да не гледа по жените шо лежат таму? Јас така знам.
    Глупо ми е и што го пишувам, а не па да е така.
    Страшно.
     
    На JoyJoy, supergirlmb, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.