Маџунот е природен засладувач кој се произведува од гроздов сок. Се користи како замена за шеќер во разни напитоци, за приготвување на благи десерти, како лек за појачување на имунитет ако се зема на гладно. Го користите ли? Го правите ли? За што најчесто го употребувате?
Пораснав со маџунКако дете единствен сок што го пиев е маџун со вода и лимон.Сега периодично сркнувам насабајле,во зима секој ден,и да не се подречам имам супер имунитет и крвна слика.Да нагласам само дека јадам исклучиво домашен,кавадаречки,правен предходно од баба ми,сега од мајка ми,на автентичен начин,"запрстен" со бела земја,и без грам шеќер.Мачен е за правење,и бара многу грозје а излегува мала количина.Оној купечкиот не ми е "за верба",но во услови кога не може да се најде "оригинал" би прошол и тој
Јас купувам од Тиквеш и им давам на децава по една лажица дневно. А за мене си го растварам во вода, убаво ми е така
Маџунот на Лозар - Велес во аптеките на Zegin е 180 денари, има варијанта и со аронија. Нам дома ни е многу добар. Го користиме како прелив за овошни салати или како сок растворен во вода.
Имало продавница на Тиквеш во редот на Дрводекор, во план ми е и мене да купам од тој но уште не сум отишла.
Знам за таа - од таму земавме ама немаа неделава. Беше мм и му рекле ќе добијат најверојатно викендов, ама за сигурно ќе му се јават. Мислев да не го земате ос друго место. Низ маркетите не најдовме.
И јас го користам овој (ама со аронија) и нема човек на кој не сум го препорачала. Ко за човек што често настинува и има кревко здравје, имаше подобрување.
И јас имам позитивно искуство со маџунот. Користевме домашен од Неготино мислам дека беше но сега сме во Германија а го потрошивме. Веднаш се осети разликата дека не се користи. Да не знаете како да најдам тука во некоја аптека?