Имаме веќе многу теми за миленици кај што дискутираме за нивната грижа, случките со нив ама сметам дека ни е потребна и ваква тема за разменување на искуства. Самиот наслов кажува, мебел за вашите миленичиња. Дали имате посебен мебел за нив? Значи кревет кај што спијат(сами го правевте или им го купивте специјално за нив)? Имаат посебен прибор за јадење и нокширче за вршење на нужда или вие им го направивте(кажете ги вашите идеи)? За тие што ги чуваат надвор од домот имаат специјални куќички(им ги направивте или ги купивте готови)? А тие што ги чувате дома на кое место ви е сместен "мебелот", во вашата соба, дневна или ходник можеби, кај ја поминува ноќта вашето куче или маче? Имаат посебни играчки за играње ? Еве одприлика слики како изгледаат тие кучешки креветчиња Не знам дали знаете постојат и огради за кучиња(на пример ако сакате да не оди во одреден простор го заградувате на одреден период) еве вака изгледаат
Освен чинии за вода и храна, друг мебел немам. Спие на кревет со нас и нема потреба од корпи или кревети. Единствено, за преку ден, му ставив кошница со ќебенце до печката за да му биде потопло (веројатно го видовте во темата со сликите како е шишан, па ужива покрај оган). Играчки нормално дека има, најразлични, ама мислам дека тоа не е дел од мебелот. И торбата-транспортер со која го шетам на релација Охрид-Струга скоро секој викенд!
Имам куќа за мачката моја ама не вллегува внатре бидејки дома а чувам е сега сакам нешто да измајсторам за неа како креветче да и направам. Еве неколку куќички мебел... Е ова е сон за куче и чини 35.000 евра
Леле колку сакам на Фигаро да му купувам интересни работи за мачиња па немате поим. Се би му купила, ама во Велес тешко дека има, а и ако има сигурно не е којзнае колку снабдено. Сакам да му купам некоја убава кошница каде што ќе си спие, некои интересни играчки... Или пак, некоја мека голема перница да си лежи таму. куќичката за кучето погоре е многу убава, на Симс петс имаше таква
Куќичкиве не да се прекрасни, ама освен што чинат многу, не знам ни дали кај нас има некој вака да ги изработи профи Ние кога малечко беше нашево му направивме одма првиот ден импровизирано креветче, а оно не сакаше да го погледне, а камо ли да спие во него. За него најдобро креветче се паркетот или плочките Во двор има голем бокс, специјално правен по нарачка за големо куче, има куќичка дрвена до боксот и си има прибор за јадење посебно вода, посебно за грицки и посебно за вечерниот оброк. Сибирско куче не сака топлина, така да кебенца, јастучиња, креветчиња не се за него. Тоалет нема, моча покрај оградата на комшиите, е така
Кога имав куче му имавме направено дрвена куќичка надвор. Внатре му имавме ставено слама и одозгора послано старо ќебе за да му е топло и таму си спиеше, немаше проблеми околу навикнувањето, веднаш си ја засака . Мислам дека кучињава полесно се прилагодуваат отколку мачките. Мачкиве мои никако не можеа да се навикнат да спијат во нешто, па сега спијат кај сакаат. Имавме направено едно како креветче од гајба, исто со слама и ќебе, ама таа не го ни погледнуваше, од мала си беше научена дома, па спиеше на стол покрај шпоретот. Другиве сега уште за мебел се . Како што се народија 6, хотел ќе им треба .
na moive macinja pa im pravam sekakvi kukjicki i mnnogu rzo se naviknuvaat mada tie povekje se odnesuvaat kako kuce odkolku mace
моето куче го чуваме надвор ( не е за внатре големо е ) има дрвена куќарка комшијата столар што е ја правеше многу е убава,чинии за вода,храна толку од мебел.
ллеле убави се многу милениче сакам вакви и за мојава дама она има само дрвена убава кука и перничиња и неколку чинии за јадење
Креветче во кое спие навечер,чинии за храна и вода,играчки(најмногу топчиња) од кои неколку пати сум паднала откако ќе ги нагазам и ќе се лизнам на нив,а тој пак употно ми ги носи пред нозе. Ако играчките спагаат во мебел секако. Чешлите мислам дека не се во мебел,а има 4-5 чешли од кои на еден пола запци му се испаднати,зошо буквално се бориме при чешлање. Поводниците исто не ги бројам во мебел,и има две искинати и еден кој е нов ама за брзо време ќе биде како да е 100 години користен,зошто ги гризе.Па се спремаме за уште еден нов,и еден изложбен. Козметиката,не ја бројувам во мебел,ама имаме две шампони(засега,едниот се потроши),влажни марамици за кучиња со мирис на алое и бадем и спреј за крзното. Мислам дека темава би требало да не ограничува само мебел,зошто во мебел подразбирам креветче/куќичка и тајнири за храна и вода,евентуално ако вброиме играчки.
Јас сама ќе направам мебел за моето куче. Само кога ќе биде мало ќе му купам пет пен за преку ноќ да не мочка кај ќе стигне туку само во тој регион од делот на станот. (кажувам стан зошто куќата е поделена на 3 спрата) Се додека не се научи ќе го држам под контрола таму. Вака би изгледало тоа само во стан и пониско и пошироко:
Јас на мојата ички и купив мноооогу слатко креветче од едни на фб Спојлер https://www.facebook.com/nasmevni.se.7 што ги прават по нарачка ептен интересни имаат и плус прават некои сто ги нема кај нас даваш слика и они ти казуваат цена и ги прават неам слика у комп ама ке го сликнам
Дали има некој користено фурминатор?Чешел за кучиња и мачки. http://www.youtube.com/watch?v=pAHTrEeRaYg Еве и видео како изгледа и како чешла.Ме интересира дали навистина е ефикасен,т.е.оваков каков пто е прикажан на видео или.. ?