Здраво девојки, Ме интересира дали некоја од вас има искуство со “Стамениќ мебел“? Дали сте задоволни и слично? Поздрав
Сакам да ве прашам, со мм бареме некоја убава трпезариска маса да си земеме и некои убави столици. Па сакам да ве прашам дали вие знаете каде да појдеме кај има убави трпезариски маси и столици. А да, и некои така табуретчиња округли или четвртасти кај има.
Нашата трпезариска маса и столици ни се од Мебел Ви како и 90% на спратот ни е од таму. Мене искрено премногу ми се допаѓа стилот и квалитетот што го имаат, па ти препорачувам да си видиш таму
Не најдов некоја друга тема, па затоа овде го поставувам прашањево: Сте виделе ли некаде комода од масивно дрво по нашиве продавници за мебел? Секаде барав ама најдов само од овие модерниве. Ни треба за во дневна, кај што ни стои телевизорот и тие дрангулии, ама моите инсистираат да биде масивно дрво (бидејќи целиот мебел во дневната ни е таков). Најдов нешто по огласиве на старо, па ќе ставам во спојлер фотки за да знаете што барам Спојлер Anyone?
Провери во Карат во Пинтија, горе на спрат, и јас се изненадив кога видов дека се продава таков класичен мебел, на друго место немам видено.
Се е ствар на желба и вкус. Ако имаш простор. Лизгачки врати обично се стваат на места ако нема доболно простор за класични вратички во зависност од големината на плакарот. Секако голема улога има и механизмот, подобро да го платиш повеќе па да ти трае за било која варијанта.
Лизгачки се попрактични,бар за мене. Кога ја отвараш бар не зафаќа ширум простор. Маана е можда доле на шините што се собира прашинка, но се чисти со правосмукалка. Исто така и не чкрипат како обичните врати, не им треба затегнување. Инаку на темава Југоекспорт, Мебел-Ви или Дивано. На други места сум влегла и излегла за 5мин.
И јас сум за лизгачки како Петра, попрактични се за просторот. Е сега разликата со вграден и обичен плакар е што можеш овој вториот многу лесно да го преместуваш во друга соба или на друг ѕид или малку да го поместиш во страна. Но доколку е вграден, дефинитивно лизгачки
И јас го гледав ова на страницата, за таа цена не верувам дека е некој многу цврст материјал, ама треба да се види. Сепак убаво изгледа и е многу евтин. Ако одиш да го видиш, сподели искуство ако сакаш.
Катастрофа е... Материјал демек мека пластика уствари мушама, чиниш пред распаѓање... Така да жени кажувајте кај да најдам ефтино плакарче
и јас кога го видов помислив да го искористам како плакарче. Ама ништо не бивало. Чекам и јас понуда за некое ефтино плакарче.