Медена земја (Honeyland) [2019]

Дискусија во 'Филмови' започната од Mishela, 10 октомври 2019.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.239
    Допаѓања:
    74.862
    Пол:
    Женски
    „Медена земја“ е најновото домашно филмско достигнување во режија на Тамара Котевска и Љубо Стефанов.
    [​IMG]
    Ја раскажува приказната на Атиџе - последната жена во Европа која одгледува диви пчели, живее во напуштено село некаде во Централна Македонија и се грижи за својата изнемоштена мајка.
    Атиџе многу хумано и питомо му приоѓа на концептот на заработката која ја добива од медот - половина за неа, половина за пчелите - никако повеќе, без оглед на сè.
    Затоа што, без разлика на фактот што пчелите и донеле мед и егзистенција, таа не сака да си дозволи да заборави и на нивните потреби и умешно балансира распространувајќи ја пораката дека ние луѓето треба да се трудиме да ѝ вратиме на природата за сите добра кои ни ги приуштила.

    Но, повеќе од јасно е дека не сите луѓе имаат таква душа како Атиџе. Лакомост, алчност, себичност врват насекаде околу нас, па така таа се соочува со потенцијална опасност од туѓото невнимание, од нечија желба за профит и нејзината егзистенција ја става под знак прашалник.

    Маестрален филм, толку топол, толку питок, а од друга страна сурово реален. Се смеев и плачев заедно со прекрасната Атиџе. Филм кој несомнено допира до секој од нас и филм кој едноставно мора да го погледне секој.
    Не го пропуштајте, навистина вреди да се погледне и сè уште игра низ киносалите кај нас.

    Ајде да зборуваме за филмот - дали веќе го гледавте и како ви се допадна? Пишете впечатоци и ваши размислувања. Навистина вреди да се дискутира, затоа што колку и да звучи наивно описот погоре, филмот обработува нешто многу суштинско, нешто со кое секојдневно сме во контакт.
     
    На RainBow, ane.bella, staycalm и 25 други им се допаѓа ова.
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Филмот има толку добри критики, многу добра идеја и не знам дали очекував премногу ама не ги исполни моите очекувања. Не ми беше досаден, ама многу поенти мислам дека не беа доловени.
    Во многу критики во фокус е карактерот на Атиџе - таа води многу специфичен живот, сплотена со природата и очекував да биде претставена баш таа разлика помегу модерниот начин на живот наспроти вракањето кон природата и свесноста кон неа со ставање акцент колку благотворно делува вториот пример на начин на живот. Мегутоа според мене воопшто Атиџе не е претставена како срекна личност, дури ми предизвика сожалување за нејзината тешка судбина. Според мене филмот има супер тема и идеја, и можело да се направи многу подобро.
     
    На Tanjamm и Nisse им се допаѓа ова.
  3. FVP

    FVP Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    GO gledav dva pati vo kino i sum voodushebena. Prekrasna kinemografija i prikazna. MIslam deka nekoi interesni aspekti od likot na Atidze mozhele da bidat doobjasneti za da lugjeto nezapoznaeni so kulturata od kade shto doagja ona mozhat da go razberat.
     
    На mira.mira и MissDior им се допаѓа ова.
  4. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    8.683
    И јас го гледав Медена земја, редовно ги гледам нашите филмови. Визуелно филмот беше фантастичен, нема многу динамично дејство , ама има друга димензија што ја доловува за еден “свет во исчезнување”. Специфично е што освен на почеток и на крај нема музика во филмот, или јас не ја приметив. Ликот на Атиџе е баш филмски и според мене во неа се судираат две крајности живее во склад со природата и традицијата како нешто природно за неа, нема желби, нема задоволство, лишена е од материјални луксузи и потисната не реализираност да биде мајка. Кога би била мајка би излегла од матрицата, кога би имала семејство би живеела можеби на друг начин далеку од корените. Таа вика дека мајка и ја држи “дома” но Атиџе нема мотив да бега од тоа што и е веќе познато. Од друга страна плени нејзината едноставност, добрина, друштвеност (иако живее осамен живот), посветеност кон мајка и. Како и во секојдневието предадена е и злоупотребена нејзината добрина.
    Филмот го покажува спокојот на “едноставниот” живот лишен од социјални мрежи, маркетинг, гужви, сообраќај, издувни гаосви, мода. Ја покажува скромноста и задоволството со тоа што го имаш што одамна сме ги заборавиле.
    Заслужени се сите награди и сите епитети, се надевам ќе влезе меѓу кандидатите за Оскар.
     
    На supergirlmb, CameliaMiller, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.085
    Јас ова го очекував да биде прикажано и баш ме изненади што никаде не видов дека Атиџе е срекна, задоволна, спокојна... Мислам дека единствена сцена на која баш од срце се смееше беше кога си играше со малото девојченце. Претставена беше како напатена и баш се изненадив, ако не грешам рекоа дека има 46 години а изгледа мнооогу постаро. Не знам за другите ама јас во ниту еден момент не посакав да имам барем нешто слично со нејзината судбина. А сум голем љубител на природа а и мед богами :)
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.239
    Допаѓања:
    74.862
    Пол:
    Женски
    55-6 години, не 46. Кажа дека била родена во 1964.
    Мене ми беше прекрасна, се гледаше дека ужива во тоа што го работи - со каква љубов зборуваше за пчелките, колку само си ги гледаше и сакаше Џеки и мачињата. Мајка и, љубовта кон сите околу неа. Тоа беше далеку од тага и незадоволство од својот живот.
    Имаше нешто многу убаво во нејзиниот лик, едноставно зрачеше без оглед на сè. Јас не би рекла дека беше несреќна, секој од нас се прашува што би било кога би било, па така и таа си имаше такви моменти.
     
    На AthenaAsamiya, CameliaMiller, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    5.472
    Edinstvena nesreka koja ja pocuvstvuvav kaj Atidge e toa sto ne se realizirala kako majka. Vo ostanatiot del od sekojdnevnoto ziveenje taa uzivase vo se sto pravi bidejki go prifatila nachinot na koj sto otsekogas ziveela. Posle filmot mi trebase nekolku dena da dojdam na sebe.Ednostavno kolku mnogu dobrina , socuvstvo, neznost , nesebichnost moze sekoja od nas da dade na planetava zemja, bez razlika dali imams finansii ili egzistirame na minimum. Se e do nas, do naseto ego I odluka po koja pateka cekorime.
     
    На MissChievous, supergirlmb, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    44.477
    Пол:
    Женски
    Медена земја е етнолошки документарец, со елементи на обред на премин 1. раѓањето на телето и 2.смртта на мајката на Атиџе.
    Филмот е концентриран на животната приказна на главниот лик тука можеби би го вброила во патепис филм. Филмот не е тажен, туку има други елементи кои треба да се прикажат. Содржина комплексна, ликот прикажан најреално што може. Атиџе самата се изглуми, за што треба да си роден.:)

    Снимен од двајца камермани, според мене филмот е ремек дело.
     
    На supergirlmb, sjdgo и mira.mira им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    Очекував филм за пчеларење а излезе спротивното. Пчелата и медот имаа споредна улога, нејзиниот живот површно прикажан. Е сега она најиритирачкото, како во секој балкански филм, идејата да се направи виц со неколку елементи: неписменост, насилство, шиптар, пцуење. Барем овој филм да го направеа чисто уметнички без такви бљувотини.
    Не е точно дека Атиџе не сакала да побегне од тоа кое и е познато. Целиот филм таа посакуваше да се омажи а мајка и призна дека татко и не дал да се омажи. Зошто-непозната причина.
    За време на снимањето била многу среќна, што беше видливо, сигурно за прв пат била со толку народ.
    Некомплетен ми беше филмот, нешто му фалеше. Кога заврши некако се разочарав, очекував повеќе. А и се надевам дека ниедно дете не било повредено после тие неколку нездрави сцени со насилство.
     
    На karak, Tanjamm, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    7.635
    Одличен филм, одамна не сум гледала толку добар филм. Целата содржина беше комплексна, беше прикажан животот на една жена, жена борец! Отидов да го гледам филмот без гледано ништо претходно за него, така, без никакви очекувања и навистина бев позитивно изненадена.
    Главнава хероина, Атиџе, е една толку прекрасна жена, прикажана во вистинско светло, оставена сама, но толку посветена на мајка природа и од друга страна, толку благодарна и позитивна во едно такво опкружување. Скуталето, шамијата што ја носеше - се е типично за еден селски живот или селска идила.

    Ме допре мајка и, мајка и која сметаше дека и терет на ќерка и, мајка и која не успеала да ја даде ќерка си во поубав живот, мајка и која беше безпомошна.
    Најтешко ми падна кога почна таа, бидејќи Атиџе тогаш се обиде да фати фреквенција за радиото, после толку години, мајка и баш тој ден почина, баш тој момент. Тоа го имав сфатено како, во секое добро има и лошо.
    Поучен филм, навистина прекрасно беше се прикажано. Ми се допадна реалната приказна, без ефекти и без замачкување очи.
     
    На nina_lina и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    36.070
    Медено, две номинации денес.

    Се радувам. Воедно, Атиџе е архетип кој се надевам нема да се изгори од мазноста на холивудскиот сјај. Сјајот на медот е поважен од сјајот на продажбата. Нека победи вистината за светот во кој живееме. Наградата не е само признание, туку и критички осврт кон односот на човештвото кон природата.

    Сакам да добиеме Оскар. Не сакам да ја изгубиме Атиџе притоа.
     
    На Srckata28, boomsleng, supergirlmb и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.803
    Нека се изгуби старата Атиџе, нека си ги исполни желбите а некои од нив се и бегање од светот во кој дотогаш живеела. Таа сигурно нема да се промени од корен, но нека биде се што досега посакувала а не била. Жива, со народ, со внимание, фалена, почитувана. Дури и да нема способност да се носи со славата и се промени, нека. На кој му треба Атиџе, нека биде самиот тој Атиџе. Пораката е пренесена.
     
    На Scott Weiland, Nausicaa, RainBow и 18 други им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Најдобриот македонски филм од осамостојувањето. :) За прв пат ја немаше деструктивната мрачна нота, туку целокупната атмосфера беше нормална, човечка... Особено ми се допадна топлината, љубовта во односот со мајка ѝ. Што е мајка, не е никој. Јас не ја оценив како несреќна личност, времето проживеано во природа ретко би дозволило човек и да се натажи.
    Веројатно да ја преземе грижата кога ќе снеможат, нели беа сами во пустелијата.
    Сега, забележав и еден друг момент - две жени (мајка и ќерка), добри личности, живеат во слога и хармонија, и со развојот на дејствието, како една од идеите да беше дека кај што има мажи, работите тргнуваат наопаку.
    Деновиве бев под импресии, па реков да пишам. 9.5/10 од мене, единствено што ме одбиваше беше македонскиот наслов, укажува на типичен балкански филм, ама Honeyland па и убаво звучи. :)
     
    На dayla, LivingGlam и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. FVP

    FVP Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Атиџе доаѓа од семејство со традиција најмладата ќерка да остане немажена и да ги чува родителите.
    Инаку за време на промоциите и фестивалите на филмот низ САД режисерите продаваа мед и парите ги искористија за Атиџе и за децата од комшиското семејство да одат на училиште.
     
    На dayla и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.548
    Допаѓања:
    185.310
    Јас имам измешани чувства.

    И мислам дека тоа се должи на мојот живот онаков каков што од раѓање сум го живеела, моето непознавање на ликови какви што има во филмот, како и немање идеја за селскиот живот.

    За мене многу моменти беа трауматични, од начинот на "чување" деца, до влечењето на полуживо теле со трактор, до закопување без погребен сервис... и пред некој да ми скокне дека сум спешл сноуфлејк, ах, знам.
    Тоа и го кажувам.

    Бев изиритирана на моменти, се прашував: каде се нашите социјални служби? Зошто децава не одат во школо?!
    Суровоста и кон децата, и кон пчелите, и кон телињата беше премногу за мојот стомак.

    Чувствувам одвратност кон комшиите на Атиџе.

    Не е сиромаштија изговор за да си изрод.
    Атиџе и јас сме различни светови, но јас сакам дома да си ја земам.
    И да ја гушкам и да плачам со неа.
    И да ми зборува, макар на турски, за "карпузја татли", и да ми пее, макар на турски.
    И да ја носам на фарбање, и да ја носам на забар и каде и да посака.

    Атиџе знае се' и без ден образование.
    Атиџе е човек каков што не наоѓам ни меѓу многу образованите, ни меѓу оние кои тврдат дека се големи емпати.

    Од жена лишена од цивилизација и сите поволности на модерниот свет... многу имаме дечки за учење.
     
    На Nausicaa, malerozna, Tanjamm и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.803
    Цигaнчињa немaш виденo гoли и бoси кaкo питaчaт? И тoa нa сред Скoпје?
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.548
    Допаѓања:
    185.310
    Имам видено, но немам видено толку "сликовито" прикажани ситуации како во филмов.
    За мене циганчињата на семафор се опасност, и овие деца од филмов се.
    Слични чувства имав како кон циганчињата, односно кон службите кои ништо не преземаат за да се спречи истото.

    Но, немам видено бебе циганче со отечено око, како никој к*р не го боли.

    И се прашувам - дали после филмов со тоа семејство нешто се смени?

    Сакам да се воздржав во коментариве оти верувам дека ќе се најде некој да ми проповеда за "животот", но се' што видов во филмот, е различен свет од мојот. Во мојот свет секое животно е галено и чувано до бескрај, а за дете да не зборувам.

    Затоа ми е екстремно тежок за "варење".
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Машки
    Јас го глевав филмот,и ми остави навистина голем впечаток.Но,не ми е јасно.Оваа Атиџе е вистински лик инспириран од реалноста,т.е. овие режисери ја запознаваат Атиџе и нејзиниот живот,во нејзиното место или филмот е режиран,па сниман?Јас сепак мислам дека е вистински.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.548
    Допаѓања:
    185.310
    Вистински е, "актерите" "се глумат" сами себе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    949
    Пол:
    Машки
    Значи оваа Атиџе навистина го живее истиот живот како на филмот?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.