Не ми се допадна. Ретко гледам филмови, но на овој решив да му дадам шанса. Знаеме зошто, сепак е невиден успех за македонски филм, за што им честитам на сите што работеле на него. Решив да бидам сосема објективна и покрај тоа што е ваква ситуацијата. Не ми се допадна целата атмосфера, тематиката и шмекот што провејува низ сите македонски филмови, не ми донесе пријатни емоции целото искуство. Тоа не значи дека филмот е лош, но ете, не е по мој вкус. Уште еднаш, честитки на сите што дале придонес, сепак е успех, не е лошо да се расчуе дека и кај нас се прави нешто. И со среќа
У 3 дела го гледав ... жално,мн.жално ... Најболно од се -односот на онаа мајката кон децата , живо се сокрши малото -она газ не подигна да види што се дешава ... У глобала у целото семејство љубов и грижа на некој кон некој не видов... Атиџе-прича за себе ...борец.... ,у хармонија сама со себе... Кај и да е, ќе го гледам повторно...за ден два
Многу ми се допадна, филмот носи длабока поука за природата и за луѓето што се мачат за корка леб додека другите кои се волци за пари тоа го уништуваат односно природата. Го гледав на јутуб и еден ипол саат ми се учина како 10 минути.
Наместо да кажеш "Циганчиња" можеше да кажеш "Роми" учете го еднаш за секогаш дека не се вика циганчиња дека некој ако чита може да се навреде на тоа што ти го имаш пишано
Импресивен филм. Не знам дали работи.https://gledajonline.net/sa-prevodom-film/honeyland-2019-online-sa-prevodom-hd-filmovihd
Незнам оти неможам да го најдам, ја пред 3 4 дена го гледав со англиски превод е а актерката зборе на мешано малце македонски повеке турски имаше на јутуб сега го нема баш го барав..
Зaтoa штo сaкaш дa живееш вo oблaци, зaтoa штo не сaкaш дa верувaш декa Атиџе и семејствoтo вo дoкументaрецoт се реaлни и мнoгу блиски дo тебе и не сaкaш тие дa се aсoцијaцијa нa стрaнците зa Мaкедoнијa. Пoпрвo Вaсил Зaфирчев сo гoлемa шaпкa и препич би гo прaтилa нa Oскaри сo некaквa "екстрaвaгaнтнa" улoгa. Пoгoдив нештo?
Би сакала луѓе како семејството да не постојат. Оти децата им се "богатство". Да им кој да им ги земе само...
Толку тажен, реален и потресен во исто време... Многу емоции буди. Те замислува. Те тера да ја видиш грдата реалност во очи. Посебно делот со децата.. во срце те копа. Ремек дело е филмов. Мене ептен ми се допаѓа.
Навистина е тажно што ова се смета за одличен филм, покажува колкаво само дно е македонската филмска индустрија. Прилично просечен филм е. Барем на македонски да беше, иронично е што најголем дел од филмот е на турски јазик, а Македонија е номинирана. Гледаш македонски филм, со превод на македонски. И не заслужува Оскар, со оглед на конкуренцијата. Да, приказната е тажна и све тоа, али има премногу тажни судбини и животи и услови на светов, тоа е тоа. Ништо ново. Го има тоа. Постои, тука е, и ако го дознавате од филмов, тогаш не сте доволно информирани за општеството во кое живеете. Дали некад уопште ќе напраат македонски филм што ќе те остави со убаво чувство?
Да не чинеше филмот, немаше да биде номиниран за Оскар и немаше да има толку позитивни коментари ширум светот.
Филмот е уметност, како таква не постои баш дефиниција дали е добар или лош. На Американците може егзотичен им е, на нас рана за она што знаеме дека постои. Суров е и реален, ама дали зборуваме дека е технички, кинематографски добар, сценариото ли е добро? Секој филм произлезен од нашава, е трагичен и суров. Можеби доста ни е од такви. Можеби е убаво нешто некогаш позитивно да видиме. Можеби е убаво и да фантазираме.
Сфаќам зашто беше на турски. Всушност немаше и друг начин со оглед на тоа што не е напишан оригинален screenplay, туку документарец. Поентата ми беше, глупо ќе ми е да гледам француски филм, а во него да слушам само шпански. Особено кога земјата која го промовира и е номинирана за Оскар е Франција.