Не знам зошто не сфаќате дека Медена земја нема за цел да ја ПРОМОВИРА Македонија. Не е реклама за земјата, туку е документарен филм за одгледувачи на ме кои живеат во Македонија. И филмот да бил за одгледувачи на мед Јужна Африка, а режисиран од истите македонци, пак би бил макеоднски филм, и би се натпреварувам во категорија Најдобар интернационален филм од Македонија. А втората категорија пак за најдобар документарен филм нема ни врска со државата. ПС, во Македонија живеат многу различни луѓе, и баш тие ретките и со нестандарни приказни се интересни да бидат документирани. Никој нема да ја гледа како Маре секретарката оди на работа од 9 до 5.
Прекрасен.Истовремено исполнет со горка нота наспроти топлината од ликот на Атиџе чија смиреност се доловува и преку екран. Ако не ја видев приказнава екранизирана,никогаш не ке помислев на диви пчели,па и нивно одгледување. Да,мачниот живот во рурални средини не ни баш стран и непознат,имаме живи предци кои ни раскажуваат/ле случки од нивното детство,ама овде пораката е силна,иако е суптилно спакувана во бавното дејство.На моменти стерилно,но визуелизација одлична.Би сакала да видев кино снимка.. Соседите,Хусеин со жена му,беа приказ на алчноста,од крадењето на медот,па се до правењето деца секоја година со цел да им помагаат во работата околу стоката.Не видов родителска љубов во ниеден момент.Истата,ја видов кај Атиџе дур беше опкружена со нив. Драго ми е што допре до толку широка публика,верувам и има зошто... Не би да ја мешам државата во ова,личен успех на екипата е,а Атиџе-приказна и димензија сама по себе.
Super bese filmov.Go gledav u City Mall... Vredno e ovoj VREDEN film da se gleda...Treba ova da im bide PREDIZVIK NA DEBELITE BOGATI AMERIKANCI,za da probaat da ziveaat ovakov SIROMASEN no i MIREN KROTOK zivot kako ovaa MILA nealcna,uzasno izmacena i NEVINA predobra ZENICKA,koja e PREBOGATA SO GRIZLIVA DOBRINA VO DUSATA...Jas davam BESKONECNO STARS za ovoj nash makedonski movie...Zasluzuva za OSKAR...no ako NE ZASLUZI za oskar filmov,togas POVEKJE BI SE CENEL trudot koj go napravil filmot,otkolku edna OBICNA STATUETKA...Drzam srekja za na oskar...
@GDE DA IDEM Филмот е жива реалност.Почетната идеја на режисерите е да се сними филм за земјоделство, подржан од страна на шведската амбасада. Намерата е да биде краток филм, но на сред снимање умира мајката на Атиџе и тие продолжуваат да снимаат. Семејството исто така, се доселува непланирано. Затоа на некои филмот ви е досаден, затоа што нема никакви филувани сцени, плус е документарец.А реалноста општо не е слатка како медот, нормално нели. Самиот факт дека филмот не е спреман за да биде оскаровец зборува колку се тие професионалци, а делото успешно.
Швајцарска, не шведска.. Мене самиот филм како филм не ми е ништо посебен, но пораката во него е многу силна.. Сепак тоа не ми го направи помалку досаден за гледање...
Истото го мислам. Го гледавме и се разочаравме. Секоја чест за Атиџе која се труди да заработи, чесна е, вредна, не прави штета никому. Но, што е со тоа семејство со неколку деца кои се однесуваа како племе? Јас видов малку за медот и пчелите, а многу за тоа како родителите ги тераат децата да работат на поле, им се дерат, децата се тепаат скоро нон стоп, пцујат, влечат животни на сите страни, седат искасани од пчели. Ми се одјаде мед кога видов како дебелата жена го бута во тегли. Севкупно, многу малку за медот, а многу родителска негрижа. Пуштаат деца да се плеткаат во рој пчели. Лудило. Крајна нецивилизираност.
Пак е подобар од останатите македонски филмови каде атмосферата е толку безизлезна и негативна што фали уште сатаната лично да се појави во кадар. Стварно феномен во светската кинематографија во сите филмови од една држава истиот дефетизам да го провлечат, „секоја чест“ на упорноста Овде можеби се среќава истиот мотив, ама не толку убавите страни од животот се прикажани онакви какви што се - човечки и дел од секојдневието, без преувеличување, без вишок трагики. Дури се разубавени од одличната фотографија. И Њујорк Тајмс го прогласи за филм на годината, а како е критикуван на форумот, помалку важно. Само... според мене филмов не е така случајно произведен како што го претставуваат и сепак е вклучена имагинација, сугестии etc.
Филмов го гледав два пати. Прво имав некоја одбивност зашто нашите филмови обично се, како да кажам, тажаленки некако, постојано за нашата тешка судбина и минато. Ама филмов ме изненади. Не можам некако да престанам да го мислам. Толку искреност имаше, такви сурови емоции... Љубовта на Атиџе и мајка и ме освои, тие моменти меѓу нив, кога се бакнуваа, како се грижеше Атиџе за неа, без трошка огорченост. Атиџе е една таква харизматична личност, плени со нејзината непоквареност. Колку е скромна, секогаш има доволно и за сите, и за луѓето и за пчелите. Потоа видовме што стана со сакам уште, уште, уште.... На крај нема за никој. Алчноста убива. Друго нешто што го прочитав во критиките и го мислам е Атиџе нема деца, мајка и почина, едноставно што ја тера да оди понатаму? Која е целта? Дали воопшто и ни треба цел во животот? Или доволно е едноставно да си живееме, да искусуваме и да се радуваме на малите нешта? Навидум во филмов ништо не се случува некако, а всушност толку многу работи се одвиваат. Се надевам ќе земат Оскар вечер. Сосема, сосема заслужено.