„Завршија времињата кога на овој свет му требаше уметност за да ја преживее вистината. Сега сметам дека нештата се променија. Сега навистина ни треба вистината за да може да ја преживееме целата бесмислена уметност што ни го одзема вниманието“, рече Котевска во воведниот говор. https://kajgana.com/tamara-kotevska...-da-ja-prezhiveeme-celata-besmislena-umetnost
Го гледав филмот. Дека е осмислен супер да. Дека е нешто можеби поинакво и ново за наш народ ОК...Но зошто веднаш сите плукате тоа е жално. Филмот има добра порака. Многумина потоа и 2 мисли на А.М. цитираат....Но набрзо и заборавија да ги применуваат. Пола за мене пола за мене, дојде Корона испразнија полици со продукти без да размислат за др.семејство. Така да на многумина порака, 1 од повеќето не им останала долго во мислите.
Го гледавме со другарка во Јануари. Навистина убав документарец, силна порака. За жал звукот од зуењето на пчелите и зумираните снимки, ме убија до крајот на филмот и се чуствував како да ме лазат Едвај дочекав да заврши.
Изгледа јас сум единствената со баш-баш спротивно мислење.. Да не излезе дека си плукам по македонското, напротив, еве пример, за мене Милчо е генијалец, секогаш прецизен и продорен со секој кадар, го ставам рамо до рамо со светски познатите режисери. Да се вратам на Ханиленд. Филмов од час и половина ми се чинеше дека го гледам 4 часа. За мене беше предосаден, ништо ново невидено, со оглед дека имам посетено наши мали гратчиња и селца, целата приказна не ме зачуди и ја сметав за нормална. Не знам вие како си ја замислувате нашава земја, 100% од фамилиите изгледаат како од реклама? Децата си шеткаат низ ситимол среќно со родителите? Не сакам да нападнам никого, сакам само да испратам една порака до сите оние ептен погодените од филмов, паузирајте малку од трговскиот и видете како се живее надвор од главниот град или од поголемите градови. Друго, синематографијата мислам дека е дефинитивно најлошата што ја имам видено на екран! Еве да речеме, ова спаѓа во документарец, не ни треба да биде совршено нели.. но, ова ми изледаше мене како на мало дете на му ја дале камерата, а тоа си игра со неа и ја мава лево-десно. Еден нормален и стабилен кадар немаше, ми се сврте главата од брановидно шанкање! Па една реклама на National Geographic од 2 минути има подобра синаматографија од ова. Трето, ме исфрустрира фактот што Атиџе не била платена ни 10% од тоа што требало да биде, практично кражба на нејзина сметка, на жената што донесе номинации за оскар. Четврто, sound editing!! Никаква средина на нивото на звук помеѓу обичниот разговор и зуењето на пчелите, глава ме заболе по втората минута. На крај, ако нешто требаше да научиме, тоа е дека не треба да престанеме да ги цениме луѓето како Атиџе, туку треба да престанаме да ги величиме денешниве т.н. „ инстаграм вредности“. Исто и фактот дека Атиџе е тоа нормалното што му треба на светот и според кое треба да се водиме, иако ви требаше да го изгледате Медена земја само за да го сфатете тоа.. Заклучок: Во целина - досадно! Како човек што гледа премногу документарци и со сите пре-нај-позитивни критики, очекував документарец кој ќе ме вовлече уште од првиот кадар и ќе ме тресне од земја со последниот. Ништо од тоа не се случи, за жал, едвај дочекав да заврши. Премногу ништо, тема неопфатена во целост, малку пауза, малку галама, малку безидејност .. И ОП, документарец! Сепак, секој си има право за свое мислење, се надевам нема да бидам каменувана за моево
Aтиџе вчера ја имаше на Алфа на „Срце на дланка“ и бараше помош. Не знам веќе што да мислам. Дали навистина ја измамија или и таа веќе не знае што сака, па свесно или несвесно бара преку леб погача. Во куќата во Дорфулија не се преселила, немало врати меѓу собите, само влезна имала. Земала социјална помош од 4.000 денари и малку биле, таму нема да можела да се одржува, па си живее сама во селото каде е скроз сама и без струја. Друго, спомна дека брзале екипата на „Медена земја“ да и ја купат куќата, таа не сакала да се брза. Навистина и неа веќе не ја разбирам. Тоа што можеле купиле, сепак и екипата на филмот се луѓе кои имаат свои животи и мора да се продолжат да живеат, не можат со неа да се занимаваат. Дури во емисијата таа кажа „абе требаше јас да ги имам авторските права...“. Значи навистина жената се излета со тоа и не може таа да има авторски права, не е автор, таа само учествува во филмот. Се претера со патетики, со нејзино величење според мене и не знам што. Општо секогаш сме такви, на каков било успех премногу се надеваме, затоа што ретко каде и во што сме успешни.
Атиџе е искористена. Не може да живее у Дорфулија кога нема греење за куќа без врати, а кравите и пчелите и се у селото горе. Таму има млеко, мед, има што да јаде, а со 4000 пари не може ни сметки да плати. Можеа да и обезбедат јадење, гладна е жената. Баш ме интересира колку пари и дадоа од наградите, како на актер. Или проста жена, не знаела дека и треба договор за да земе пари. И купија куќа каде што не и треба Па и онаа глупачана Групер носеше тури до кај неа, со шоу, Атиџе игра. И кај се парите за неа! Има ли за леб? Ја искористија и ја фрлија. Дајте да ги тргнеме странците што беа фасцинирани од неа, Сара Џесика Паркер и не знам кој, може ќе пратат пари за да не умре за леб. Од Македонија се видело.
@Tanjamm знам дека имаше нешто сега ново со нејзе, ми излегоа неколку споделувања, но не успеав да ги прочитам. Еве читам тука, мене ова не ми е нешто непознато. Каде се сега актерите? Да, тие се обични луѓе - сепак можеа да се позанимаваат со Атиџе. Факт е дека ја искористија женава. Се перчеа со нејзе, ја фрлија ко отпад. Жити човечноста. Убаво им беше кога отидоа актерите и кога се испосликаа со сите познати холивудски актери, тка тро егото им се поткрени. Или нека бидат на место и застанат позади Атиџе или воопшто нека не се брукаат пред јавноста. Ене, и оние таму ќе слушнат за нас што гнаси сме.
Атиџе не е актерка!! Таа учествувала во документарецот како субјект, но не е актерка. Не може вечно режисерите со нејзе да се занимаваат. И имаа колку што и имаат помогнато, но сепак нејзино е да се бори за живот како и сите ние што се бориме.
Ова нема баш врска со Медена земја, ама ај да речеме дека е епилог. И купиле куќа https://www.slobodenpecat.mk/video-ova-e-kukata-vo-dorfulija-kupena-za-atidhe/ ама куќата немала врати, ималo струја, требало струја да се плаќа ... па сега, од некои причини, (не разбрав, дали ради вратите) таму не живее Две куќи, две ламји, тоа признавам... Од ветеното, снимила песна https://a1on.mk/culture/video-atidzhe-od-medena-zemja-ja-snimi-svojata-prva-studiska-pesna/ За другото, многу лончиња се измешале...
Па и јас сум тука во дилема. Помогнаа колку можеа, но жената и пред тоа била гладна, без струја, без куќа. Има браќа, каде се да и донесат врати, да помогнат, да и донесат дрва? Навистина не знам. Но, кога ги спомна авторските права, навистина не е ок, се знае кој има авторски права. Сака работа, ама па нема таа воопшто не одела во школо. Спомнаа да ја вработат во општината, по мене се истрчаа и имаше реакции каква работа би работела демек, местото и e да се грижи за пчелите. Жената воопшто нема образование. Како таква не може да ја вработат во администрација.
Нема авторски права, но дали една актерка би го изглумила она што Атиџе го можеше? Реално, жената си има претрпено и го има она во нејзе што според мене дури и образована жена не би ја заменила. Не знам зошто се фаќате за еден збор. Нормално е да е револтирана.
И купиле куќа у село во кое не живее, нема стока. Ко мене да ми купиш кола, а не знам да возам. И да немаат правни обврски, имаат морални и етички, а тоа кај нас не постои.
Срамота, на овие режисери треба да им пропадне кариерата пред да им почне. Ја искористија сиротата жена и ја оставија така.
Навистина не знам што да мислам. Не знам дали е искористена или не, или таа бара преку леб погача. Ама нели кога и ја купија куќата велеше дека ќе била блиску до роднините во Дорфулија, ќе и се најдат.
Никогаш не можеме да ја знаеме вистината во целост. Има една и друга страна, а ја има и вистината. Што и како се разбрале меѓусебе (а ние не знаеме) е сосема трето. Мене ми е жал за женава и не е во ред да биде оставена вака.
Воопшто не мислам дека режисерите треба да и помогнат. Меѓутоа, државата треба. Наместо да и купуваат нова куќа можеа да и ја реновираат нејзината, да си остане таму кај што се осеќа најубаво. Можеа многу работи да направат за да и помогнат. Ама, немаат ќар од Атиџе.