1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медена земја (Honeyland) [2019]

Дискусија во 'Филмови' започната од Mishela, 10 октомври 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.247
    Допаѓања:
    166.077
    Постирав што најдов како информација, купиле куќа во село кајшто има продавница, за да не влечка вреќи брашно 15 километри. Скоро сигурна сум дека филмската екипа ја купи куќата, ваљда така се договориле, таа идеја и се допаднала тогаш. Се инволвирале, според етиката на документаристиката, не требало.
    Сега нешто друго е проблем... Ама стално ќе има проблеми. Затоа е документаристика, се занимава со документирање на животот. Не со решавање на проблемите во животот. Да, обично посочува на проблемите во општеството, ги прави видливи за поширок аудиториум, ама и да сака не може да ги реши. На публиката е оставено да ги решава.
    Со филмов и самиот протагонист добил глас и видливост кои претходно ги немал. Уште колку ги има такви како нејзе, кои немаат глас, ниту некогаш ќе чуете за нив...Десетици илјади можеби :?:
    Македонија , земја со стапка на сиромаштија од преку 30 посто:(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
    Во право си. И купиле куќа во село каде има народ, има роднини, има продавница, има превоз. Е сега врати немала меѓу собите, што ќе правела. Не можело да се живее со 4.000 денари. Па струјата нема да чини цело богатство за неа самата. Ние плаќаме струја под 2.000 денари, повеќе члена, а во зима се грееме на дрва. Таа изгледа е научена да се мачи. Да и се слоши во селото, ниту Брза помош нема да дојде, нема кој да ја види.

    Екипата на „Медена земја“ нема да и бидат старатели, нормално дека помогнале колку можеле и сега си продолжуваат со животот.

    Нека си ја донесе кравата, а за пчелите па таа не собира мед секој ден. Чудно ми е сето ова и нејасно.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.227
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Врвна кинематографија и оригинална сторија, онаа балканска блискост помеѓу родител и чедо толку изворно и топло претставена, а сепак филм во склад со тековните светски и холивудски агенди. Најдобриот македонски филм, покрај номинацијата за Оскар, се гледа и по интересот и пофалбите кои ги привлече од страна на големи филмски ѕвезди. Мене многу ми се допадна. :)
     
    Последна измена: 27 декември 2021
    На boomsleng и elimkd им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Сепак Медена земја е во категорија на документарци, според мене еден од најдобрите можеби затоа што е од наше подрачје каде многу добро ги разбираш случувањата кои се дел од нашето секојдневие, љубовта, посветеноста, грижата, љубомората, злобата…
    Оригинален и неповторлив кој тешко се заборава
    заслужи оскар
     
    Последна измена: 22 октомври 2022
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    2.355
    Пол:
    Женски
    Филмов заслужува оскар.:*:
    Толку ме погоди,што кога и умре мајката најмногу плачев.;(
    Сепак,не е единствена.Има многу луѓе во светот што се борат за живот,одат по непроодни патишта и повторно имаат насмевка на лицето.:)
    Едно големо браво за филмов.:bow:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.