Со саканата личност, се разбира и по можност на некој остров каде што ќе бидиме само јас и тој, во некоја колиба, навечер на отворено да палиме оган, да водиме љубов покрај огнот...
Па веќе имаме планови... инаку, јас најмногу би сакала да отидам на некое место како Малдиви, Сејшели и слично, да се излежаваме по цел ден на плажа, ама знам дека за два дена тоа ќе ми здосади... затоа со свршеникот решивме после свадбата со колата под г'з и парите в џеб да шетаме кај ќе ни текне... и онака веќе не ни треба виза
Јас не бев на меден месец - во тој период градевме куќа и важно ни беше да ја завршиме што побрзо, па сите пари што ги имавме ги вложувавме во куќата. Не ми е нешто посебно криво што не бев - во принцип многу сум практична, па градбата ми беше на прво место. Си реков дека ќе отпатуваме негде друг пат, кога ќе можеме. Всушност и не ни замислував претходно дека ќе одам на меден месец, како што и не замислував каква невеста ќе бидам и слично. Инаку многу сакам да патувам, и еве сега малку се оправивме финансиски, а конечно визите за ЕУ ни ги симнаа, па почнавме да шеткаме, кога сами, кога заедно со децата. Третманот во амбасадите многу ме нервираше. Особено ми се допаѓа што човек може да направи како што вика Анат - колата под г'з и парите во џеб, и шетај низ Европа.
Аууу јако е ова ) Јас би сакала на некој остров осамен само ние двајца една куќичка малечка и се плажа околку нас и да биде многу одалечено од копното Ноќно гнурење, пливање, гушкање на плажа мммммммм
вака е мојот план: Уште на свадбата попалени: заминувам на меден месец: осеќам ќе пристигнам ноќе па веднаш одам на ноќно капење па нема да испадниме од собата иии се ее така натаму...
хахаха баш разговаравме за ова вчера вереникот ја отвори темата, и сигурно е дека нема да одиме на некој остров да се излежуваме туку ќе го посетиме токио, сингапур или некои такви дестинации. двајцата сме љубители на патување па тешко можам да не замислам како се бањаме и љубиме цел ден и ноќ
Што да не Сакам нормално едно убаво свадбено,медено патување не мора да е месец,ама недела барем прифаќам! И ако веќе го имам не сакам меден месец од типот на лежиме,не излегуваме од соба,се излежуваме на плажа....сакам бре да шетам,да го вдишам местото во секое делче од мене да го памтам и по друго не само по секс (нормално неизбежен е ама сепак не и 24/7)
Е интересно е, уште повеќе кога отидеш веднаш после свадбата и сватиш колку си се зезнал . Се зезам, убав момент за младоженците кој не треба да се испушти, нормално ако се има можност. И да, бев и јас не беше месец ама се задоволив со една недела
Ај вака да се вратиме во реалноста. Ретко кој иде на меден месец во Македонија. Зашто? Зашто ретко кој ги има тие услови. А сите сакаме. Кој неќе да се излежава на плажа на Куба или Малдиви, кој неќе да се пољуби со партнерот под Ајфелова кула, кој не би сакал да оди во Дубаи, кој неќе да го види Њујорк или да оди на скијање во Сент Морис (зависи кој како го замислува нели свадбеното пативање). Трошоците за свадба се огромни за наши стандарди. Голема свадба, фустани триста чуда, бовчи, 3 дена веселба, благи ракии ... А да не зборам за купување стан, градење куќа, уредување на куќа итн. И на крај заштеда за меден месец.... НЕМА. Освен ако не ја правиме свадбата пролет/лето па одиме до Грчка, Бугарија, Турција, Охрид и летувањето си го викаме меден месец. На вистински меден месец на романтични егзотични места и супер градови низ светот одат оние од повисоката класа, баш тие кои во речиси секој момент можат истите да ги посетат, без разлика дали е меден месец, нова година итн. Иако знам доста богати младоженци кои не беа на меден месец. Или беа на сосема нормално место во близина на Македонија. Веројатно и за нив е скап целиот процес наречен македонска свадба и + уредување на новиот дом! Јас сакам, ама не се залажувам искрено и не си фантазирам ...
Росоњерка,знаеш како викаат старите,испружи си ги нозете колку што ти е чергата.Една свадба е во просек 4000 евра по наши навик и обичаи,е сега толку пари не се многу за туѓ кејф,за бовчи,благи ракии,музики,а многу се за нешто што цел живот ќе ти остане и ќе те направи побогат?! Јас не сакам свадба,јас ќе имам свечен ручек со 50тина души! На сметка на тоа ќе одам на патување и ќе си го заокружам лудувањето!Виетнам,Куба,Индија...нејм ит,само нека биде надвор од Европа.Е сега по наши стандарди,а не по Парис Хилтон,не захтевам 5 ѕвезди хотел,масажи и џакузи.И онака не ми е во природа тоа,јас сум авантурист,на одмор не одам ко сите нормални,па не планирам ни меден месец.
исkрено, сон ми е да одам во тунис и египет па здравје боже, утре ако се земам со партнерот, ми вети дека таму ќе ме носи за меден месец ако не, одма развод се шалам љубител сум на арапската култура, и искрено попрво таму би отишла него ли во современите земји и така е лилит, ехе, какви хотели има за 40е ноќевање во секоја земја 4000е да ги напојам и најадам сите и што??? не долази у обзир со 4000е цела арабија ќе ја прошетам
нашиот меден месец беше во лас вегас...нешто што никогаш нема да го заборавам...се врзав емоционално, мора пак да го посетиме
Mожевме да си дозволиме егзотичен меден месец во венеција само поради тоа што правевме мала свадба а уредувањето на нашиот дом беше еден од сведбените поклони од свекрва ми и свекор ми.. Tоа беа најубавите две недели од мојот живот... По цел ден шетавме низ прекрасната Венеција(кој ја има посетено знае, кој не препорачувам да ја посети), вечерите ми беа претежно заморни... По цела вечер водевме љубов... Се надминав себе си... Важно е дека беше претежно романтично и многу убаво...
Да, сакам меден месец. Во времетраење од недела дена, сосем доволно ќе ми биде. Слободна би чкртнала едно 100-тина луѓе од обата списоци пример, за едно мое животно уживање. Воопшто не планирам некоја помпезна и екстравагантна свадба, слободно и би го скокнала овој класичен чин кој се прави да се нарадуваат мама, тате, бате и компанија. Ама неминовен е , ќе се случи во некаква форма, а потоа продолжувам во Тајланд, Кина или Дубаи.