1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Меден месец

Дискусија во 'Свадба' започната од mKdevojce, 9 јануари 2010.

  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Нас ни беше планирано свадбено патување во Париз (5 дена) но во меѓувреме останав трудна :$ Во консултација со гинекологот, дозволено е летање со авион, но јас ке бидам на крајот на 5-от месец и некако ми е шубе да одам, дали ќе можам да издржам на нога по неколку часови (на што сме навикнати кога одиме на патување). Па сега се двоумам.... Ем сакам , ем некако не знам дали ке биде тоа тоа :lol:
     
  2. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    И јас ја имам баш истата идеја, и дојдов тука да прашам :) кажи ми, дали за базенот беше доволно топло надвор? И како правевте за ручек, одевте во градот или може таму да се руча? Јас размислувам за полн пансион и да може целосно таму да останеме сето време, не знам дали ќе биде ок?

    И имам едно општо прашање што мислите: ограничени сме со време (само 4-5 дена) за веднаш после свадбата, а многу сакам некаде да отидеме да се опуштиме, и плус не можеме да одиме во ЕУ ради истек на дозволените денови во шенген и сега се мислам за две варијанти: Ксамил или Берово во Аурора. Со тоа што за Албанија ради што не сум нашла превоз во парен ден би отишле само на 3 дена, не знам дали вреди да се тепа толку пат (со автобус)?

    Или ако има некој друг предлог нека пише, главни приоритети ми се да биде мирно, да има за јадење без да се готви и да биде убаво (романтично :inlove: )

    фала ви!! :)
     
  3. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    324
    ние дека преку лето ја праевме свадбата медениот месец исто како одмор го искористивме и отидовме на 10 дена до Турција во Анталија-прекрасно беше
     
  4. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Си се изначитав убавини :D
    Е вака сега...Ние немавме никаков план за меден месец. Еве ја тетка ми минатата недела ме седнува на ручек и ми вика: “Тетичка јас размислував и решив покрај свадбениот подарок, да ви уплатам една недела меден месец, ама исклучиво во Рим. Рим е градот на љубовта, таму се прават деца :lol:
    Јас изненадена до немај каде, ептен се израдував. Си отидов дома, си се испофалиф и седнав и размислувам... Ми текна на нешто што никој претходно го нема споменато. Вака..Не знам колку сте запознаени, меѓутоа по склучување на брак во рок од 30 дена задолжително е потребно да се направи промена на податоци во лична карта, и во никој случај не смееш да ја напуштиш државата со старо презиме (пасош стар), бидејќи 500 евра е казната...Малку ме изнервира фактот...ама ќе дадам се од себе во рок од 1 недела да ги поминам сите тие процедури и да извадам нови документи за лична идентификација...Е сега не сум запознаена со политиката на авио компаниите (бидејќи планираме да одиме со авиот, некаде средината на октомври, а сакаме сега лет да резервираме). Ме интересира дали ако резервирам билет со моменталново презиме и со сегашниот пасош, ќе биде проблем бидејќи кога ќе дојде ред да летам (да сме живи и здрави :) ) ќе имам ново презиме и нов број на пасош...Било каков совет и искуство се добредојдени :*
     
  5. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    едни мои комшии се венчаа пред 2 недели и еве заминаа на меден месец во грција таа ни лична карта смени ни пасош па ништо немаше проблем :D а искрено јас пасошот не го ни сменив зашто не патував после тоа и еве го уште ми е на старо презиме :)
     
  6. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    ние се регистриравме во март и јас веднаш заминав за странство без да си го сменам пасошот и сега дома ќе го менувам дури во август ... а за казната не знаев :?: се надевам дека нема да имам проблеми.. тоа само на граница може да се случи или кога би ја напишале?

    меѓутоа сакав да ти кажам дека за летотот не би требало да има проблем, прво ако си сигурна дека ќе си го смениш презимето пиши си го веќе новото, често не се бара веднаш и број на пасош туку само при чекирање, но дури и да го пишеше старото не би требало да е проблем, јас например ќе летам со едно презиме а ќе се враќам со друго и ми рекоа од Easyjet дека може или да си носам меѓународен извод и нема проблем или да се јавам во авиокомпанијата пред тргнување неколку дена и ќе ми го сменат. Уживајте во Италија!! :inlove:
     
  7. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Женски и невестички, а дали знаете колку денови се даваат за свадба? Знам дека следуваше нешто, по некој ден за спремање, нали??
     
  8. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Кога ќе дојде време, (а предосеќам дека ќе биде во текот на оваа или наредната година :rofl: ) дефинитивно би го избрала Златибор, како што претходно спомна една феминка, според слики што гледам преубаво место е, волшебно, има многу за истражување. А за море, плажи секако дека секое лето ќе ги посетувам.
     
  9. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Според Закон за работни односи следуваат 3 слободни работни денови кои треба последователно да се земат. Поздрав
     
  10. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Фала Чупе :)

    штета што во приватните фирми е различно, не даваат... не ми ни дадоа кога требаше
     
  11. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    Јас пак со едно прашање.. По некое (за мене) чудо, Аурора Спа центарот е веќе цел букиран :o , ни најдоа една соба за три ноќевања, но немаат за 4 или 5 тие денови кога сакаме ние..
    Дали некој знае некое друго место, хотелче кај што има полн пансион и убава („досадна“) романтична атмосфера? Го најдов на booking.com хотелот Радика во Маврово, многу е убав и скоро се исто имаат, но со ручек и вечера доаѓа околу 100евра од ден (за двајцата..) некако ептен нашиве, за тие цени ќе си најдеш се вклучено на море, и дури и поефтино, со се авион :D , ама штета е што немаме повеќе од 5 дена слободни :(
    Ако има некој идеја пишете :)
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Не ви се оди до Сандански во Бугарија? Пирин парк е преубав хотел од тој тип...
     
    На KidA и nene88 им се допаѓа ова.
  13. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    Цел наш проблем е што на едниот од нас му се потрошени сите денови за безвизен престој во ЕУ, и подалеку од Македонија, Албанија или Србија не можеме да отидеме.. Ќе можеше Турција ама немаме толку денови.. Една варијанта беше Ксамил ама како што немаме ни кола се ми се чини не вреди толку тепање пат за само 3 дена таму.. :(

    А чисто информативно, за Охрид што најдов со полн пансион се две места - хотел Инекс Горица со цена за двајца од 868 евра за 4 ноќевања!! :D и после Охрид празен бил... или, хотелот на Св. Наум, таму цената е исто колку во Аурора, 290е за пп, но колку се нервирам со тоа што манастирски конаци ги преправија во хотел никогаш не би отишла таму, уште помалку за на меден месец.. :fubar:
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    фала ти, не го знаев овој хотел, им пишав да ги прашам дали имаат слободни соби.. инаку изгледа ок, само му фали еден базен, да имаше ич немаше да се мислам.. ама и искрено на 1700метри не верувам дека е место за пливање и сончање :D , ама еден затворен би било убаво со сауната убаво да оди...

    ако знае уште некој вакви места, пишете ми, ве молам! :$
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
     
    На Bozica1980 и KidA им се допаѓа ова.
  17. flower86

    flower86 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    69
    Ја ти го препорачувам Хотел Сириус -Струмица :) The best of the best !! :) Затворен базен, сауна, масажи, собите се фини.... со еден збор- одличен избор за меден месец :lol:
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    Ви благодарам на сите за помошта и советите! отидовме во Аурора Спа Центарот во Берово, и си поминавме многу убаво! Задоволни сме од условите, од услугата, лесниот ручек бил да се изнајадеш убаво, вечерата е богата со салата, главно јадење по избор и десерт, за доручек шведска маса, нашиот пакет беше таков што пиењето не беше вклучено освен за доручек вода, сок, кафе и чај, и по една вода на ден, ама пак не доплативме ептен многу. Ни излегоа во пресрет за посни јадења кога побаравме, за се друго беа многу услужливи, и претходната комуникација преку имејл исто беше одлична. Сауната со внатрешниот базен се со запишување ама затоа тогаш таму сте само вие, и е многу убаво! Може музиката во ресторанот да ја направат само потивка и позадинска, одеше или екс ју нешто или рок. За воздухот и околината мислам не треба ни да се пишува :).

    Прекрасно место за романтични моменти :inlove:
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Одамна нема пишувано на темата, некој е бил во Црна Гора некои предлози или Шпанија? Се двоумеме меѓу овие два избори, ако има некој нека сподели мислење :)
     
    На Tekkyi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Барселона е прекрасна, ќе уживате.
    Ние резервиравме хотел на Крк, Хрватска.
     
    На Summerlove@2016 му/ѝ се допаѓа ова.