искрено далеку сум од било каква свадба камоли меден месец, но од секогаш сум мислела дека повеќе вреди парите да си ги инвестираш во едно убаво патување со партнерот наместо на непотребно екстравагантна свадба
Ние сакавме на меден месец да се опуштиме и одмориме. Немавме резервирано никаде бидејќи откако се венчавме немавме време. имавме обврски со работа, решивме да чекаме лето, а потоа бев бремена.Планиравме откако ќе се породам со бебе да одиме, но излезе Ковидот. Фала Богу што беше така па цела заштеда ја употребивме за средување на домот и да може сега барем дома да уживаме.
Во пракса не отидовме на меден месец. Немаше поента. Заедно живеевме година дена и заедно од дома за иста фирма работиме. Заедно бевме премногу. Плус и на одмор одиме 5-6 пати годишно ако не и повеќе. Редовно патуваме Заедно. Дури и јас се вратив порано од "меден месец" зошто имав работа во Скопје а таа остана со татко и. Стварно никаква поента немаше да одиме далеку и заедно. И онака одиме многу често заедно и подалеку. Мајка ми Дури и ми просераваше зошто сум отишол порано од "меден месец". Не е ова како она со татко ми ,тие оделе на работа и живееле со родителите ние сами и заедно работиме онлајн. Заедно 24/7 едно 2 години сами бевме.
Свадбата ни е закажана крај на октомври. Сакаме уште од сега да планираме за меден месец за почеток на ноември да одиме,дали ќе можам со пасошот со моминско презиме да излезам од државата?
Јас правев свадба викендот, во матично ми кажаа дека можам да ги користам старите документи еден месец.
Прашање Меден месец почеток на март ама во Европа? Ги имам поминато скоро сите земји низ Европа освен дел од источниот блок, па повеќе би ценела предлог од стилот посета на тие и тие швајцарски села, винска тура и роуд трип низ Тоскана или нешто што не е - оди во Париз, оди во Барселона Размислував дури и за 10тина дена низ местата на азурна обала бидејќи е топличко тој период Значи нешто не толку обично.. Е сеа за есен се крчка планот за прав меден месец што не е Европа ама за да се одбележи ми треба сега нешто.. а и ми се шета де Знам дека можам гугл да го силувам 2 дена и да најдам некое забегано место, ама сакам ако некој правел ваква глупост како мене да ме советува од прва рака
Март во Европа е студено. Оди во Барселона...Или во Јужна Шпанија или во Португалија. Португалија звучи така...необично.
Па добро, немам мака со студот. Еве пред некој ден тука беше -19 па нормално трчав низ градов како будала Само снег да нема..да не се утепам некаде како пред години на плоштад што скршив пршлен Тоа да е топличко беше опционално за да згрееме стари коски На есен 28 дена ќе ми биде медениот покрај плажа далеку од тука..ваљда ќе се згреам за 28 дена
Што те интересира ? Историски места? Рурални средини ? Шопинг ? Јас би одела Шкотска да гледам замоци и планини. Ама ти не си јас. изгуглај : Прстен од градовите на уметноста во Падинската низина За Италија е, ама нема агенции да организираат, сами ќе треба.
И јас сум истиот период. Идеа каде е убаво за патување тој период, да не е само предалеку, а да е топло