Стрелаштво, Јордан Тасевски го освои 19тото место Јордан Тасевски, настапи во дисциплината воздушен пиштол мажи 10м. Со официјален резултат 554, што му го донесе 19тото место. Прво пласираниот имаше 583, а последно пласираниот 552. Моментално започнува настапот и на нашиот втор стрелец,кој замина на медитеранските игри,Нина Балабан.
Ракометарките против Тунис по прва победа Нашата женска ракометна репрезентација денеска од 16 часот ќе го одигра третиот натпревар од Б групата на Медитеранските игри во Мерсин. По двата порази во соочувањата со Словенија и Хрватска, избраничките на селекторот, Гино Стрезовски денеска против Тунис имаат шанса да ја забележат првата победа. Во вториот дуел од нашата група се среќаваат Шпанија - Словенија, а во ова трето коло слободна е Хрватска.
Жута во битка за финале Првиот македонски спортист што се закити со трофеј на Медитеранските игри во Мерсин, боксерот, Фатлум Жута вечерва ќе се обиде да се пласира во финалето. Жута во категоријата до 75 килограми веќе си обезбеди бронзен трофеј, но вечерва од 19 часот и 45 минути во мечот против Хосам Абдин од Египет со победа ќе има шанса да се бори за златото. Денеска во поединечните спортови ќе настапат тројца пливачи. Анастасија Богдановски е дел од квалификациите во трката на 200 метри слободно за влез во финале во истата дисциплина ќе се бори и Марко Блажевски додека Горзад Чепишевски е дел од квалификациските трки на 100 метри грбно.
Пливачите без финале во Мерсин На Медитеранските игри во Мерсин претпладнево настапија тројца пливачи и ниту еден не успеа да се пласира во финалето. На 200 метри слободно, Анастасија Богдановски беше трета во својата група, но немаше резултат за влез во финалето. Во истата дисциплина Марко Блажевски постигна време од 1 минута 54 секунди и 68 стотинки и го освои последното место во групата. Горазд Чепишевски на 100 метри грбно беше последен во својата група и имаше време од 1 минута и 23 стотинки.
Стелаштво, Нина Балабан го освои 11тото место Нини Балабан го освои 11тото место, со резултат 405 круга, во дисциплината воздушна пушка 10м. Последно пласираната (17) имаше резултат од 385,5 Резултатите од финалето,сеуште се необјавени...каде влегоа првите 8 натпреварувачки. Како прво пласирана за влез во финалето е Emilie EVESQUE со 417,8 А како осмо пласирана за влез во финалето е Nourhan AMER со 409,9
Медитерански игри: Кошаркарите против Тунис во битка за бронза Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 16 часот и 15 минути (по наше време) ќе игра со Тунис во малото финале на Медитеранските игри во Мерсин.....досега МТВ давал пренос, се надеваме и за денешниот натпревар исто така ќе има. По поразите од Турција и Србија, избраниците на Марјан Србиновски веруваат во победа која би донела бронзен медал од дебитантскиот настап на едно вакво натпреварување. Двата слободни дена по полуфиналните натпревари во кои Македонија беше поразена од Србија, а Тунис од Турција, отворија добра можност убаво да сеанализира играта на противникот во денешната средба, која воедно ќе биде и последна за кошаркарите во Мерсин. Репрезентацијата на Тунис одигра вкупно три натпревари во Мерсин и забележа два пораза (Србија и Турција), а ја победи Италија. По завршувањето натпреварот за трето место ќе се одигра и финалето во кое Србија ќе игра со домаќинот Турција.
Ракометарите загубија од Италија, остана уште една шанса со Србија Македонските ракометни репрезентативци веројатно посакаа да ги копираат нивните кошаркарски колеги, па на Медитеранските игри во Мерсин денеска загубија од Италија со 20-33 (10-19). По неверојатно очајното прво полувреме, кое нашите ракометари го загубија со веројатно рекордни 10-19, вториот дел минавме со „само" четири гола негатива. Според информациите од Мерсин, одбраната ни била полна со дупки, а и голманите не се прославиле. Од тие што биле на теренот, отскокнуваат Филип Лазаров со седум гола, Мартин Манасков со четири и Столе Стоилов и Гоце Ојлевски со по три погодоци. Утре Македонија игра со Србија, а во полуфиналето одат само првите две селекции од групата.
Прв медал за Македонија, брознзен медал Македонскиот боксер Фатлум Жута синоќа во полуфиналниот дуел од боксерскиот турнир на Медитеранските игри во Мерсин загуби од Хосам Абдин (Египет) и не успеа да обезбеди борба за златото. Противникот од Египет беше подобар во сите три рунди кои ги доби на поени, а во втората рунда Жута еднаш беше и во нок-даун. Жута како учесник во полуфиналето обезбеди бронзен медал што е прв за нашата земја на едно вакво натпреварување.
....има пренос на МТВ 2 (собраниски), од турнирот во кошарка, во борбата за 3то место. Пливачите повторно без финале Во претпладневните квалификации на последниот ден од натпреварите во пливање, македонските репрезентативци не обезбедија настап во ниту една финална трка на Медитеранските игри во Мерсин. Дамјан Петровски на 50 метри градно патеката ја мина за 30 секунди и 61 стотинка, го освои петото место во групата или вкупно 14-тата позиција од 17 учесници. Петти во групата на 200 метри пеперутка беше и Марко Блажевски, а неговото време на целта е 2 минути 4 секунди и 18 стотинки. На крајот нашиот пливач го освои 10-тото место од 11 пливачи.
Порази на репрезентативците во бадминтон Двајцата наши претставници на турнирот во бадминтон на Медитеранските игри во Мерсин, Ина Стефановска и Васил Пујовски забележаа порази во првите настапи. Стефановска загуби со 2:0 (21:13 и 21:6) во дуелот против Теодора Лимену од Грција додека Пујовски беше поразен исто така со 2:0 (21:6, 21:6) во соочувањето со Бриз Левердез од Франција.
Богданов во финалето на боречкиот турнир Нашиот борач Дејан Богданов на Македонија и го донесе вториот медал на Медитеранските игри во Мерсин. Тој во денешната програма забележа две победи и се пласираше во финалето во категоријата до 84 килограми. Во четвртфиналето нашиот репрезентативец беше поуспешен од Муад Шади од Либија совладувајќи го на поени со 3:0, а потоа во борбата за влез во финалето славеше над Италијанецот, Кармело Лима. Шанса за влез во финалето имаше и Дејан Митров во категоријата до 66 килограми. Тој во првото коло забележа победа над Французинот, Руслан Муктаров, но во полуфиналето загуби во мечот против Турчинот, Мустафа Каја. Во категоријата до 55 килограми, Иван Анакиев доживеа пораз од Ибрахим Хафез од Египет, а во категоријата до 120 килограми, Бобан Данов загуби од Тунижанецот, Слим Трабелси. Анакиев и Данов попладнево имаат шанса да влезат во битка за бронзени медали бидејќи ги очекува настап во репасажот, а противници им се Теохарис Каланидис од Грција и Египќанецот, Хамди Абделвахаб.
Велосипедистот Петров на 20. место Единствениот наш претставник на велосипедската трка на хронометар, Костадин Петров го освои 20-тото место додека нашиот втор репрезентативец, Стефан Петровски не се појави на стартот. Петров патеката ја мина за 39 минути 28 секунди и 35 стотинки и зад победникот Јоан Пајо заостана 6 минути и 43 стотинки. Среброто му припадна на Луис Гиљермо Мас Боне додека трет беше домашниот репрезентативец, Расим Реис.
Кошаркарите останаа без медал Нашата кошаркарска репрезентација доживеа пораз од Тунис со 63:58 и остана без медал на Медитеранските игри во Мерсин. По рамноправното прво полувреме, селекцијата на Тунис клучната предност ја обезбеди во третиот период кога на одмор замина со 48:42, а водството успеа да го задржи до самиот крај. Најефикасен во нашиот тим со 16 поени беше Бојан Трајковски, Марко Симоновски постигна 13 додека Александар Костоски осум. ___________________________ Кој го гледал преносот ќе му е јасно како ден, дека сами сме си криви, и дека правеа огромни грешки.
Митров со бронзен медал Нашиот втор борач во слободен стил, Дејан Митров на Медитеранските игри во Мерсин се закити со бронзениот медал и тоа трет трофеј за Македонија на ова натпреварување. Митров во репасажот за третото место забележа победа во дуелот против Рабах Сирамдане. Нашиот борач беше супериорен и славеше со 7:0.
Богданов со сребро во Мерсин Нашиот борач, Дејан Богданов не успеа да триумфира во финалето и настапот на Медитеранските игри го заврши со сребрен трофеј и тоа е трет медал за Македонија на натпреварувањето во Мерсин. Богданов во решавачкиот меч за златото загуби од турскиот репрезентативец, Сердар Боке. Среброто на Богданов е втор медал за Македонија на турнирот во борење слободен стил откако претходно Дејан Митров успеа да се закити со бронзата. Трет медал за борачите во Мерсин По Дејан Митров и Дејан Богданов, Бобан Данов и го донесе и третиот медал на Македонија во денешните настапи на борачите на Медитеранските игри во Мерсин. Данов во битката за бронзениот трофеј славеше во мечот против Хамди Абделвахаб од Египет. претходно Богданов го освои среброто додека со бронза се закити Митров.
Настапот во Мерсин заврши за тенисерката Ѓоршеска Лина Ѓоршеска го заврши настапот на Медитеранските игри откако во првото коло загуби од Италијанката, Анастасија Грималска. А порази забележаа и нашите пингпонгари. Тенисерката од Италија славеше победа во два сета со 6:2 и 6:2 и се пласираше во следната рунда од натпреварувањето. Жолт Пете од Србија со 4:0 го совлада Кристијан Станојковски, а Кристијан Томоски успеа да освои еден сет во дуелот против Енцо Абрахам од Тунис.
Фудбалерите конечно победија во Мерсин Нашата фудбалска репрезентација ја забележа првата победа на Медитеранските игри во Мерсин. Одбојкарите загубија од Алжир И во третиот настап на Медитеранските игри во Мерсин, македонската одбојкарска репрезентација доживеа пораз. Во третото коло од Б групата, нашите одбојкари загубија од Алжир со 3:0 по сетови 25:19, 25:23 и 25:21. Во вториот меч од нашата група Италија беше убедлива против Тунис и славеше со 3:0.
Нови два порази во бадминтон Двајцата наши претставници во бадминтон доживеаа нови порази на Медитеранските игри во Мерсин. Ина Стефановска загуби со 2:0 по сетови 21:5 и 21:3 во дуелот против Озге Бајрак од Турција. На машкиот дел од турнирот Васил Пујовски е поразен во мечот со Абделрахман Кашкал од Египет. Нашиот репрезентативец доживеа пораз во два сета со 21:9, 21:11 Нови порази на ракометните селекции Машката и женска ракометна репрезентација во денешните настапи доживеаа убедливи порази. Ракометарите загубија во дуелот против Србија со 27:19. Стојанче Стоилов беше најефикасен во нашиот состав со пет гола, Дарко Георгиевски четири пати се запиша во листата на стрелците додека Влатко Јовчевски и Филип Лазаров постигнаа по три погодоци. Нашата женска репрезентација во соочувањето против Шпанија беше рамноправна само во првото полувреме кога на одмор се замина со резултат 9:9, а во продолжението постигнавме само четири гола за убедлив пораз од 24:13. Марија Штериова постигна пет гола, а три пати мрежата на противничките ја затресе Тања Шалевска.
Реџалари и донесе нова бронза на Македонија Борачот, Јасин Реџалари и донесе нов трофеј на Македонија на Медитеранските игри во Мерсин. По вчерашниот успешен ден за борачите, трофејната серија ја продолжи Реџалари, кој во категоријата до 60 килограми во репасажот за третото место успеа да го совлада Адам Вела од Малта и нашата земја да и го донесе четвртиот трофеј на боречкиот турнир. Златото во оваа категорија му припадна на Ерхан Бакир од Турција, кој го совлада Мароканецот, Хамза Фатах.
Деари го заврши настапот во Мерсин Тенисерот, Шендрит Деари уште во првото коло го заврши настапот на Медитеранските игри. Нашиот репрезентативец во два сета со 6:2 и 6:4 по 1 час и 11 минути игра загуби во дуелот против Мохамед Хајтем Абид од Тунис. Со елиминацијата на Деари и поразот на Лина Ѓорчевска, Македонија веќе нема ниту еден претставник на тенискиот турнир. Пандев последен на 200 метри Тој во квалификациите на 200 метри го освои последното место во групата со време од 22 секунди и 4 стотинки, но тоа е неговото најдобро постигнување сезонава, а далеку подобар резултат очекуваме во трката на двојно покусата патека. Наш втор претставник во Мерсин е Кристијан Ефремов.