Медитерански игри

Discussion in 'Спорт' started by Snow-Queen, Jun 18, 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Триумф на последниот дуел во Мерсин
    Македонската ракометна репрезентација со победа ги заврши настапите во групната фаза на Медитеранските игри во Мерсин.
    [​IMG]
    Во последното 4. коло нашата селекција со 24:23 го победи домаќинот Турција, кој веќе од претходно ја обезбеди првата позиција на табалата и полуфиналето на турнирот.

    Дарко Георгиевски со седум гола го предводеше нашиот состав до триумфот, Филип Лазаров и Стојанче Стоилов средбата ја завршија со шест односно седум погодоци.

    Македонија денес ќе го одигра последниот натпреар со Алжир кој ќе го одреди и конечниот пласман во Мерсин.

    Нови порази во бадминтон
    Нашите двајца претставници во бадминтон и во третото коло доживеаа порази.
    [​IMG]
    Васил Пујовски загуби во мечот против Илија Павловиќ од Србија. Противникот на нашиот репрезентативец славеше со 2:0 по сетови 21:12 и 21:17.

    Во женска конкуренција Ника Концут од Словенија беше убедлива во мечот со Ина Стефановска. Словенката забележа победа во два сета со 21:6 и 21:5.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Допинг скандал во Мерсин
    Осум турски атлетичари имале позитивен допинг тест за време на Медитеранските игри во Мерсин.
    [​IMG]
    Веста за позитивните тестови доаѓа само неколку дена откако поради ист прекршок од натпреварувањето беа повлечени осум натпреварувачи во кревање тегови.
    Меѓу осумте атлетичари кои користеле стимулативни средства се наоѓа и освојувачот на среброто на Олимписките игри во Атина во флање кладиво, Ерсеф Апак.



    Ракометарките го освоија 9. место
    Со победата од 27:24 во дуелот противи Алжир, македонската женска ракометна репрезентација го освои деветтото место на Медитеранските игри во Мерсин.
    [​IMG]
    Со првата победа во последниот настап на игрите нашата селекција го избегна последното место на ракометниот турнир во женска конкуренција.
    Најефикасни во нашиот тим со по шест гола беа Робертина Мечевска и Наташа Младеновска, а Душица Георгиевска постигна пет погодоци.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Само една победа на каратистите
    На Медитеранските игри во Мерсин од денеска стартуваше натпреварување во карате.
    Настапија четири наши репрезентативци, а единствен кој успеа да забележи победа беше Емил Павлов. Тој во осминафиналето го совлада Акрам Абдулхафид од Либија, но во следната рунда доживеа пораз од Египќанецот, Мохамед Али.
    [​IMG]
    На стартот од натпреварувањето загуби и Тодор Ристески. Посупешен од него беше Гркот, Димитриос Тријантафилис.

    Без настап во четврт-финалето остана и Мартин Петрески, кој загуби од Ахмед Солиман од Египет, а стартен пораз забележа и Теодора Бошковска.

    Емил Павлов имаше шанса и во репасажот, но и во овој сегмент од натпреварувањето загуби од Србинот, Марко Антиќ.
     
  4. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,341
    Likes Received:
    2,164
    Gender:
    Female
    Денеска се вратија борачите што се од Штип,дури и свирачи имаше на плоштад :o
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    ^така и треба...медал си е медал :)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Завршија Медитеранските игри во Мерсин
    [​IMG]
    Македонија во своето прво учество настапи со 116 спортисти, а на крајот од игрите нашата експедиција успеаа да освојат пет трофеи.

    Единственото сребро го освои борачот Дејан Богданов, кој во категоријата до 84 килограми беше единствениот што успеа да се пласира во финалето.

    Бронзени трофеи ги освоија борачите Бобан Данов, Јасин Реџалари и Дејан Митров и тоа е единствениот состав, кој успешно настапи во Мерсин.,

    Извонреден успех забележа и боксерот, Фатлум Жута, кој исто така успеа да стигна до бронзата.

    Останатите наши спортисти потфрлија. Иако се очекуваше и по некој трофеј во екипните натпреварувања, но комбинираните селекции целосно потфрлија и постигнаа разочарувачки резултати освен кошаркарите кои успеаа да стигнат до четвртото место иако и тие имаа два убедливи порази.

    За голем дел од нашите натпреварувачи ова е големо искуство и можност да бидат дел од едно големо натпреварување.