Медиумска паника

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 11 март 2022.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.546
    Допаѓања:
    179.737
    Пол:
    Женски
    Темава колку шо беше релевантна ко почна короната, сега е и толку релевантна од ко има војна. Ја клавам во психологија пошто сметам дека реакциите кои ги имаме се поттикнати така.

    Ме интересира, како се соочувате со стресни вести кои траат подолг период ( пример корона, војна, каде си во исчекување на нешто ново, лошо и слично)?

    Лично, сите овие теми ми створат преголема анксиозност. Од ко фати короната така се кренаа и моите симптоми и следователно си добив и дијагнозата. Па како се справив со то е - се информирам ДОВОЛНО, и дефинитивно не влегвам во детал. Ко беше корона ме интересираше само како да се заштитам и кои се моменталните вонредни закони и толку. Ништо подлабоко, ни во теории, ни во паники, ни вести не гледав. Гледање дневни заразени ми беше голем тригер и максимално избегнував. Или сега од ко почна ова Украина- Русија. Се информирам минимално и доволно. Пошто се останато ми е тригер. Еднаш отворив темата на фемина и дознав дека некои гледале лајв стримови од Украина и мојот мозок не можи да процесира зошто некој то би го праел. Да, свесна сум дека лошо ќе се одрази економски и то ми е доволно, неќам да длабам зошто, неќам теории, неќам паника дека ќе е лошо. И ова се ми е како одбранбен механизам.

    И пошто ова е многу голем дел од мојо "идентитет" последниве две години, ме интересира како другите се справувате со константен стрес.

    Колку дозволувате да ве води медиумската паника?
    Како се справувате со константни негативни новости од јавните медиуми?
    Колку детално си дозволувате да истражувате и како тоа влијае на вас?


    Е сега пролонгиран стрес можи да има и во други ситуации иако примарно темава ја замислив само за медиумска паника. За пролонгиран стрес од аспект на анксиозност/ болест во фамилија и слично ќе отворам тема утре пошто ... Надолго отворам теоретски теми и ме мрзи да типкам од телефон, а баш сум мотивирана за темава оти ми е поврзана со последните работилници и искуства и сакам да споделам и то со вас. Stay tuned besties.
     
    На gjoker4e, daylight, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Bump за темата.
    Stay tuned за мислење. :D
     
    На Mantub, Ketchup, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.412
    Допаѓања:
    133.801
    Пол:
    Женски
    Балансирам, читам и позитивни новости.
    А, она што го студирам ми овозможи да разберам како функционираат медиумите.
    Поради студиите активно ги следам.Проверувам информации на повеќе страни.
    Ги наголемуваат и извртуваат работите.Тој факт и ме научи да не потпаѓам под нивно влијание.
     
    На bicycle, gjoker4e, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.414
    Пол:
    Женски
    Па за короната, порано ептен ептен кога ми прпаше, ми правеа паника у смисла ,,дома е сигурен облак-надвор вреба опасност” али тоа пошто се пазев ради моите.И си викав леле има 2000 души денес, што ако јас или они сме биле во контакт со една.Али веќе не толку.
    А за војнава, испаничив кога нѐ стави Русија на црна листа, и кога Бајден збореше за алтернативата т.н Трета светска.Бидејќи сакам спокојно да умрам, не сакам да ми се распрачи телото на 100 дела.
    У принцип, добро поднесувам вакви работи, јас сум човек што лесно се нервира али од друга страна сум и човек кој го боли к за сѐ.Пример криво ми е што денес има 20 починати од корона или гранатирањето, ама не плачам и не паѓам во депресии.За 10мин што се вика ја заборавам веста, се имам насочено да си играм со психата, сум ја носела во крајни граници на црнина, па да ја вратам на најсветла точк.Така што, дур мене (не дај Боже) не ми се деси трагедија, можам да издржам
    Си читам одма позитивни работи.
    Као, не се замарам.Најпросто кажано.Ја повеќе коментирам и елаборирам и истражувам пошто ме интересира, не дека се замарам толку стварно.Не знам како да објаснам, кој сфати-сфати.
     
    На Kbr, Принцезичка1, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Кога читам такви панични вести како ковид или војнава, првата реакција ми е шок. Сфаќам дека е нешто озбилно што се случува, ама ми е уште нереално и сум смирена.

    После како што читам повеќе, како што се зборува повеќе, почнува да ме фаќа некоја паника. Кога ќе се соочиме со фактот дека ќе има влијание и на нас, ќе трпиме некакви последици и нема бегање никаде, мислам дека тешко е некој да остане рамнодушен и комплетно смирен.

    Додека го пишувам ова, сфаќам дека функционирам во фази. :D
    Последната е прифаќање на реалноста.
    Размислувам како би ме погодило, што можам да направам во врска со тоа, на што можам, а на што не можам да влијаам. Хинт: На ништо посебно. :D
    Пак доаѓам до некој степен на смиреност. Не читам премногу вести, не навлегувам премногу во детали. Не треба вестите да ми кажат дека гранатирале болници, градинки, за да знам дека војната е зло од кое страда само обичниот народ. Не дека ќе ми влијаат толку на психа, колку што ми нема смисла да се опседнам со нешто на кое никако не можам да влијаам.
     
    На kikkki, MarijaMi90, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.431
    Кога ќе бидам доволно богат, сериозно планирам да си вработам асистент кој ќе користи социјални мрежи наместо мене и ќе ме известува само за најбитните работи. Тогаш дома и телевизор и рутер и сѐ ќѐ џитнам.
    Лани летото имав деактивирано инстаграм четири месеци. Не знаете кој раат ми беше.
    Изгорен ми е мозоков од информации последниве две години.

    Засега одбегнувам да читам, и добро и лошо. Освен темата за симптоми после вакцина, друга тема за ковид никогаш немам отворено. За војнава читав првите неколку дена, потоа сфатив дека не ми влијае добро и престанав.
    [​IMG]
     
    На Matotheja, cresa-jagoda, Cosmic Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.546
    Допаѓања:
    179.737
    Пол:
    Женски
    Гифов ми е животно мото. :D
     
    На sweet-cherry, nextredstyle, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.124
    Пол:
    Женски
    Кога започна короната многу читав и многу ми влијаеше. Почнав негативно да мислам,да се плашам дури и на дм му вршев притисок да напуштиме,да си одиме во родната земја да си бидеме со најблиските.
    Меѓутоа мајка ми сметаше дека подобро ќе биде да останеме бидејќи од здравствен аспект Мкд е катастрофа. Многу ми влијаеше медиумскиот притисок, рекордниот број на смртни случаеви, на заразени,а особено на travel ban. Највеќе ме потресоа сликите од Италија каде луѓето бегаат по метроа и не се знаеше од што бегаат,снимката на фб од тој дечкото што молеше за помош бидејќи сестра му починала од корона,се јавувал во брза помош но не успевал да ги добие или биле исполнети болниците.

    Потоа набрзо сфатив дека е подобро да не читам,да најдам начини да се заштитам,да се чувам и ми успеа.

    Се случи војната во Украина и повторно ми се појави паниката,само што кратко траеше ваљда веќе искусена. И престанав да читам, да ми биде подобро и да не се преоптеретувам.

    Сметам дека многу значи многу се врши притисок и створа паника од медиумите,делумно 80% од произнесените информации се лажни, а останатите 20% се од некој сигурен извор кој нема многу прегледи во текот на денот затоа што денес секој втор е новинар без доволно познавање на професијата и секој втор без искуство има отворено портал.

    Од една реченица можат да се измислат 100 приказни а од тие 100 ниту една да не е вистинита.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.886
    Допаѓања:
    14.479
    Не ми влијаат.
     
    На Traveler91, Kbr, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.546
    Допаѓања:
    179.737
    Пол:
    Женски
    Е ова! Особено со војната. Денес 100 информации излегват, скоро 99 се фејк. А ти си се испаничил за сите 100. Утре истото. И седнав мјутнав сегде се, разделив чатој и пак ми излегват работи ама сум ко, ај, од малку и од најбитното не боли. Едино некогаш во чатот со друштвото шо е за војната влегвам оти се необично рационални и смирени и дури и нешто страшно да прочитам на чуден начин ме смирва ради како е пренесено. Шо прај да сум сигурна дека медиумите сами створат медиумска паника за да добијат читаност и едини жртви во та медиумска паника сме ние обичните смртници на другиот крај од весникот.
     
    На gjoker4e, Bezimenka90, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.076
    Пол:
    Машки
    Не ме фаќа паника. Некако успевам да ги примам вестите пошироко од тоа што се. Не ги земам здраво за готово, проверувам скоро сѐ. Така со тек на време се имам наштелувано да препознавам сензационални вести и лесно да препознаам вест што можеби е лажна.
    Не знам, едноставно сите информации ги примам со ладна глава и после тоа одлучуваме дали има простор за загриженост или не. На ум имам тоа дека вестите се бизнис како и секој друг, колку "поинтересни" толку по "успешни".

    Едноставно не си ги земам на срце. Пробувам да ги гледам површно, како информации. Животот не е лесен, светот моментално не е убаво место за живеење. И повеќе ме плаши да гледам со розеви наочари и да не знам што се случува и после да се шокирам кога ќе се случи нешто во моја близина, отколку да бидам постојано свесен за суровоста во која живееме.

    Најдетално што можам. Сакам да ја знам вистинитоста на работите, без разлика како ќе влијае на мене.
    Не знам, можеби тоа ќе им е чудно на многумина.

    Инаку да, свесен сум дека длабоко во личноста тие работи влијаат, колку и да го тврди некој спротивното.
    Баш читав податоци дека помладите генерации полесно и порано развиваат анксиозност, депресија и слични состојби како резултат на обемот на информации што го примаат поради мас медиумите и социјалните мрежи и генерално интернетот. Не ме зимајте за збор, ама статистиката беше дека пред 30-40 години едно лице на возраст од 20 години примало околу 100 информации дневно, додека денес лице на иста возраст прима неколку илјадници.
    Верувам дека тоа има голема улога во развојот на младите, и секако психичкото здравје на секој жив човек без разлика на возраста.

    Но од друга страна не верувам дека е возможно целосно да ја елиминираш изложеноста на информации и да се заштитиш потполно. На ваков или таков начин ќе допрат до тебе. Сите имаме различни механизми за справување со нив и одредуваме колку ќе примиме свесно и директно. Но големи се шансите несвесно и индиректно сепак да ги добиеме.
    За жал, тоа е реалноста во која живееме.
     
    Последна измена: 12 март 2022
    На INNERBEAUTY, Biljarkata, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски
    Колку тоа чудно да звучи со години не гледам вести и не читам порали од прични што вестите станаа црна хроника, ретко да се каже некоја позитива, скоро па ич.

    Кога се случуваат ,,големи,, работи како Коронава и еве сега војната во Украина патем тоа го дознавам од утринското кафе со колегите од работа пуштам вести за да знам инфо. Кога ќе почнат паникиве повторно се повлекувам у моја safe zone и не ме интересира.

    Може смешно и настрано звучи но јас не ги знам ниту политичарите, министрите кој за што е како е , како изгледа и се вика ( освен неколку шо беа актуални Филипче го дознав поради Коронава )

    Во овој свет не свет гледам колку што можам да си го сочувам мирот и мајдсетот. Не сакам да читам уште од 8 саат сабајле како маж си ја убил сопругата, како родителте си го продавале детето...

    70% од времето ТВ не гледам а кога гледам тоа се филмови, научни емисии и музика. Така да можам слободно да живеам и без тв.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.384
    Допаѓања:
    9.663
    Пол:
    Женски
    Колку помалце читаш и се информираш толку подобро за себе.

    Еве за короната, јас мислам дека бев и сеуште сум единствената личност што ништо ама воопшто ништо ниту читав, ниту гледав вести, ни бројки од заболени, ама буквалнооо ништо.
    Освен кога беа тоа полициски часеви и карантини, тогаш ме информираа други што следат ситуација, на форумов темите за корона воопшто не ги отворав до пред скоро, поточно почнав кога беше притисокот за вакцинација.
    Исто морам да кажам, дека со самото тоа што воопшто не се замарав со короната, исто и како да не постоеше (за мене), ниту се штитев, ниту маски носев освен кога пишуваа казни, ама и тогаш ја носев под брада па ако видев џандари ја ставав. И фала му на Господ ниеднаш не се заразив од почетокот до сега.

    Сега за војната не знам што ми требаше од почетокот толку се внесов, будно ја пратев цела ситуација што се дешава, и вести и на нет се читав и на форумов и све буквално.
    Толкав стрес и паника НИКОГАШ ВО ЖИВОТОТ не сум доживеала.
    И после првите два три дена што читав реков КРАЈ!!
    Од тогаш исто како за короната ниту вести на тв гледам, ниту отворам да читам нешто, ама буквално НИШТО.
    И да дојде до трета светска еве баш ми е гајле, ако е пишано да се гине, нека се гине. Подобро така, отколку ја да си го е*ам мозокот и психата непотребно.
    Истово го викав и за короната еве и сега пак за ова, па фала Богу, Господ ме дочува и мене и мојте најблиски, за утре никој не знае што може да се деси.

    Така да за крај, што би рекле брача срби.
    Удри бригу на весеље. (fingers)
     
    На MarijaMi90, nextredstyle и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    60.191
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе се нервирам отколку што се плашам. Барем за ова за војнава. Ама и да се плашам не е нешто што ме спречува во нормално секојдневно функционирање.
    За војната се нервирам што има многу фејк њуз, пропаганда, дискриминација, жртви, луѓе што веруваат во свашта што ќе прочитаат. И не знаеме што навистина се случува зад сето тоа.
    За короната се плашев на почетокот да, но сега веќе не се плашам. Преку глава ни дојде на сите 2 години за истото да слушаме и сакаме нормално живееме. Па не можиш цел живот во стаклено ѕвоно да живееш.
    Во секој случај гледам некој distraction да си најдам што ме прави среќна и/или ми го одвлекува вниманието. Моментално имам два курсеви на кои се посветувам, на програмирање и руски јазик (да, случајно е :nod:), понекогаш дури и тоа како да не ми е доволно и имам слободно време па и да не сакам ми идат информации.
     
    На sweet-cherry, Ajronmen, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.525
    Допаѓања:
    25.628
    Секој евент кој носи смрт ме потресува, нема да лажам и да глумам храбра.
    Минатата деценија кога постојано имаше терористички напади константно ме стресуваа тие случувања. Се будиш наутро, читаш/слушаш за нов напад, некој разрешетал група луѓе, некој детонирал бомба, волку мртви, онолку повредени... страв ми беше и кога патував низ Европа. Чаре? Прифаќаш дека повеќето нешта се надвор од твоја контрола. Чаре плус - се фокусираш на нешта што те радуваат, зошто негативните настани и информации се насекаде (исто како и позитивните), не можеш целосно да ги избегнеш, ама можеш да избалансираш со позитивни.
    Ќе се деси некаде катастрофален земјотрес или поплава, луѓе патат, изгубиле сакани, изгубиле сè што имале, градот практично им го нема веќе... како да не сочуствуваш и да не те здоболи. И да не помислиш дека може истото и на тебе да ти се деси и да те фати паника барем на секунда. Повторно - прифаќаш дека повеќето нешта се надвор од твоја контрола.
    Кога почна короната нормално дека и мене ми беше страв. Неизвесност, недоволно познавање на вирусот, многу смрт, многу болни симптоми, општа паника, прекин на работење, полициски часови, карантини... кој каже дека не бил потресен барем одреден период, лаже, не му верувам. Чаре - одреден период се гасиш од сè (језда од короната не можеше да се избега, кај мене на работа само за тоа се збореше, и да сакаш да не слушаш, силуван си од муабети од околу). Како и со сè друго, прифаќаш дека повеќето нешта се надвор од твоја контрола.
    Војнава и те како ми влијае. Прво ме преплави емпатија за луѓето таму. После едно време ме фати страв и за нас, нели, од 3та светска. Неколку вечер не спиев, признавам. Повторно поради несигурност, неизвесност, што ќе биде, какое биде, не е играчка. Сега веќе емоционална болка ми ја јаде душата ко црв!

    Пред некој ден видов слика на фб од испаничарени млади татко и мајка, трчаат со 18 месечноот син во раце, замотан во ќебе, со крв; трчаат ваљда во болница, со надеж дека не е доцна. Но е. Бебето загинало. Утредента налетав на видео на инста, паѓаат бомби во населено место, зградите крш, луѓето полураспарчени; една млада личност уште мрдаше иако немаше пола нога. Фак, ме јадеше хорор, тага, болка, чувство на немоќ. Што судбина имала таа личност што излегла надвор од било која причина за такво нешто да и' се деси, аман! Завчера видов видео, луѓе бегаа, бомби и пукотници оддекнуваа, и како што трчаше една група, разминаа загинати легнати загинати луѓе меѓукои младо девојче (не се гледаше ликот, но по формата и облеката видно беше); не можам да престанам да мислам на тоа што го видов. Девојченцето си носеше зелено ранче и розеви светкави чизми за на снег. Фааааааааак! ;( Ме прогонува! Вчера налетав на артикал, татко вели му загинале 2те деца (18 годишно момче и 9 годишно девојче) и жена му. Дознал така што ги видел загинати на социјалните мрежи. Станува збор за луѓето што ги спомнав погоре. Леле бе, ЗОШТО?! ЗОШТО МОРАШЕ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ?! Не ме интересира страна, која држава што направила, кој кого буцка, заебиииии, луѓе ги губат животите, а до вчера иделе на работа/училиште, гледале филм, јаделе, играле, се дружеле, се радувале.

    Секој ден си викам ќе баталам социјални мрежи на одреден период зошто не можам да издржам веќе. А секој ден упорно скролнувам и се шокирам, се тероризирам, се мачам психички и емоционално.
    Ај утре.
     
    На Cosmic Girl, sweet-cherry, MarijaMi90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    17.052
    Филтрација, голема филтрација. Веќе знам кои медиуми тераат платена пропаганда, истата што беше за короната сега и за војната. Целта на сите тие им е да наметнуваат одредени мислења и да ги свртат луѓето на некоја страна. Еве прост пример, зошто не се потресуваат се секоја војна што во последниве години се води, туку оваа во Украина ја направија како да е прва и последна војна во која страда невин народ.

    Секако не е добро целосно да се изолираш од тоа што се случува но се' што се прочита или слушне по медиуми треба да се земе со резерва и не треба слепо да се залетува човек по секоја потресна сторија на којашто ќе наиде.
     
    На bicycle, INNERBEAUTY, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.452
    Допаѓања:
    5.901
    Јас немам најдено добра средина околу ова. Објективно гледано, мојот начин е лош, а тоа е: не се информирам за лоши работи. Тоа е така затоа што многу се нервирам, си земам при срце и ќе почнам да мислам дека ништо нема смисла во животот... Од друга страна, да речеш: ете тој гнев, бес, ќе ти е двигател да се активираш околу тоа, не ми е, не сум таков човек. Ќе направам сѐ што можам од позадина, ама не би била активист или јавно да се експонирам, што всушност е најголем двигател на промени. И така, некако помирна ми е душата вака, ама од друга страна и сум поигнорантна за некои работи...
     
    На Avery, sweet-cherry, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  18. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    Телевизија и вести на тв не пратам.
    На нет многу филтрирам што ќе прочитам. Изборот го правам сама, не отаварам се што ми се сервира.
     
    На mKdevojce и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    29.556
    Пол:
    Женски
    Овие паники ги осетив откако почна короната и сега ова со Украина и Русија.

    За короната опсесивно читав статии на почетокот и многууу паничев. Башка што секаде се збореше за ова. Отвараш фејсбук статии само искачаат, на телевизија ти никнува Филипче бројки само редеше. Со луѓе ќе се замуабетиш нормално за корона. И too much беше. Откако прележав и се вакцинирав, скоро воопшто ништо не знам што се случува, одбирам да не читам повеќе. Повремено ќе слушнам дека се покачиле или намалиле бројките или за некој сој ама не сакам повеќе да навлегувам во тоа.

    Сега со војнава исто, наплив на информации од секаде, секаде се збори тоа, разбирам колку е сериозно и страшно и тажно, ама ако продолжам да ги впивам информациите во глава не знам кај би ми бил крајот. И за ова од почеток малку читав, сега веќе ич. Тука па на форумов не ни сакам да влезам. Ignorance is bliss во случајов.
     
    На Cosmic Girl, theowndemon, mKdevojce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.427
    Пол:
    Женски
    Медиумите влијаат толку колку што ќе дозволиме. Затоа често сама си правам "медиумски мрак".
    За корона и за војна конкретно периодов што е актуелно, на почетокот читав и приметив и јас дека не ми влијаеше убаво.
    Затоа свесно прекинав да читам и избегнував било какви дискусии поврзани на тие теми за мир на моја психа. Колку помалку читам и слушам, зборам за такви теми, толку подобро ми е. Гледам да читам само нешто за релаксација, нешто што нема да ми влијае на негативен начин и исто и тука избегнувам да отворам теми во кои се збори за короната и за војната. Вести ретко гледам, статии не отварам ако прочитам наслов што не ми се свиѓа.
    Одамна прекинав да гледам и колку случаи има за корона, колку жртви, зошто кога читав цело време ми правеа паника на пример. На почетокот во автобус ми беше страв да се возам, па со ракавици, па одма дезинфекција на раце правев кога ќе излезев, од толку медиумска паника што направија и што читав на почеток се и сешто.
     
    На cresa-jagoda, Cosmic Girl и theowndemon им се допаѓа ова.