1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицинска дефлорација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од NovusOrdoSeclorum, 3 октомври 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Бебиња дефлорација е прерано. Како што реков, со првата менструација. Чинот може да биде и убав и интимен и без химен. Хименот е тотално непотребен за една девојка.
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Одлична тема, браво. :nod: (y)

    Не знам што толку се потресовте, коментарите на Новус се сосем на место. Живееме во зол и користољубив свет, каде секој гледа да издејствува нешто во своја корист, најчесто наоѓајки религиски оправданија за стореното. Читам коментари од типот дека не било природно? Да, сигурно е по природно жените да одат на хименопластичар за шиење нов химен, а ваквиот ''тренд'' за жал е во пораст.

    Се на се`, немам што многу да додадам, освен да кажам дека се согласувам.
    Навистина би било добро оваа идеја да доживее реализација. На тој начин не само што ќе се намали експлотацијата на жената, туку конечно ќе почне и да се сфаќа терминот полова еднаквост.
    Воедно, и од психолошки аспект би биле растеретени во однос на сексот. Само премногу либерте и ''утописки'' ми се ваквите ставови за овие простори. Верувам дека за 10-15 години работите полека ќе почнат да се помрднуваат од мртва точка, но за тоа има време.
     
    Последна измена: 3 октомври 2015
    На Annath, joy1, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Ја сум човек што е многу срамежлив и затворен, не споделувам многу работи со никој, не сум отворена ни пред другарки ни пред никој. Додека јас стекнам доверба во некој како прво да се соблечам а какво второ да дозволам нешто друго би ми требало долго долго време. Мене на 12 год некој да ми кажеше дека треба да идам да ширам нозе пред некој да ми прави некој ваков „зафат“ ќе се убиев (не буквално).

    Само плус трауми, срам и 300 чуда за глупости.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Да се донесе закон за да биде задолжително не би ти било. Од причина што сите твои другарки ќе одат, па ќе си споделувате искуства, и чувствувате како да одите на обичен гинеколошки преглед. Но, ваквите размислувања се во ред бидејќи сеуште си млада. Иако, многу скоро ќе ги сфатиш бенефициите од ваквиот зафат.
     
    Последна измена: 3 октомври 2015
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Немам 12 години, иако скоро па исто се осеќам за темава.
    Немало ни да има потреба да се размислува за ваков зафат ако сите би си го гледале својот живот и својата работа.
     
  6. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Животот на нашите поколенија, како и иднината на општеството во кое ќе живеат е многу важно.
     
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Дејзи, за тоа да се случи медицинската дефлорација може да послужи како привремено алтернативно решение. Имено, зафатот би требало да биде безболен, доколку се изврши од страна на стручно лице.

    Воедно, сметам дека една мајка свесна за проблемите со кои може да се соочи нејзината ќерка во иднина, би нашла начин за да ја објасни целта поради која е потребен зафатот.
     
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Каква поврзаност имаше ова со тоа што го напишав стварно не знам.

    И крај краева ако сака некој да збори за прв секс и слично, пак ќе збори. Што е битно дали имала или немала химен, или имала направено дефлорација? Пак е тука она „јас и бев прв“, сеедно дали имало или немало химен. Ако не е вака слободно поправете ме.
    Мислам дека на никој не ми е проблем хименот, туку како тоа некоја имала секс на 16, како тоа женска му пред него да имала друг, или пак он сака да има секс пред брак, ама затоа не сака да земе жена која што имала секс пред брак.

    Затоа се пази со кого се влегува у врска и со кого се оди до тој степен. Фала богу па таков будала не ми треба. Обично во пакет со вакви размислувања идат и многу други работи кои според мене не се нормални, и обично жената е ставена на некое ниво под мажот.

    И плус, ако треба ја дечко ми да го лажам дека ми е прв не ми ни треба. Red flags people, red flags everywhere!!
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Намерно ја однесов темата во тој смер, бидејќи општо прифатен стереотип е дека мерилото за чесност кај една жена треба да биде нејзиниот химен. Поентата е да се елиминираат таквите недоумици.

    Лично во пукнување на една кожичка не гледам ништо убаво и интимно. Особено не во свет со превртени вредности. Патем, не станува за следење на некаков ''моден тренд'', туку баш за борба против религиските уверувања и половата еднаквост која дефакто не може да се надмине ради овој пречник. Ние можеме до утре да се убедуваме дека нема потреба од вакво нешто, за кое луѓето сами по себе треба да имаат разбирање и свест но, тоа едноставно не се случува. Особено не во земји каде жени умираат ради една ваква тривијалност.

    Едит: Оди објасни му на некој џихадист дека жената има право на сексуална слобода во иста мера како и тој, шансите дека ќе се вратиш читава се мали..
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
    На Lady Phoenix, crimson и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @x.Daisy.x мене ни еден дечко до сега не ме прашал кој ми е по ред, ниту јас него, дури ни првиот. Ниту гледам потреба да зборувам за тоа или да зборува. Факт е дека повеќето луѓе (мажи и жени) на овој свет, користат една небитна работа за докажување на нешто уште понебитно. Да не постои тоа глупаво патријархално убедување, ова би било уште одамна измислено. Според мене, хименот е најнездравото нешто кое една жена го има, а се злоупотребува до немајкаде. Баш како што кажа една членка погоре, кај некои девојки хименот е толку обемен што нема од каде да истече мензисот, кај други е еластичен и стои до првото пораѓање а тогаш може да настане проблем, кај трети е дебел и болките се несносни. Хименот има некаква мала улога во предменструалниот период кај жената, ја штити матката при нејзиното оформување. Со добивањето на првата менструација е тотално непотребен, освен кај затуцаните кои „си ја бранат честа“. :D Честа со сексот нема никаква врска, а и не гледам зошто девојка на 16 години да нема секс, ако е сексуално образувана.
     
    На Annath, crimson и Valerin им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Па и јас тоа го кажав де, нема зошто дечкото да те прашува за бивши, нема никаква врска сексот со чест ниту пак нешто во таа смисла. Само сакав да кажам дека ако некој сака некого да омаловажи дека имал секс може да го направи тоа и ако има и ако нема химен.

    А, ако некој сака да си направи дефлорација - go for it. Ма да тоа со целосно затворен химен е ретко, така што кој си има потреба ќе го направи тоа, и така нема друг избор.

    Моето мислење е дека е тотално непотребно да се воведува да биде задолжително и си кажав и зошто во првото мислење. Место да се размислува за ова може да се мисли за воведување на редовна сексуална едукација во школите.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    @Valerin A зошто ако е морално и со закон би значело и дека е природно? Нели е природно хименот да се скине при прв сексуален однос како што впрочем и се случува кај жените уште од почетокот на човештвото?

    Пак ќе кажам дека секоја личност на планетава има право сама да си одлучува што ќе прави и менува на своето тело. Во никој случај не поддржувам таква глупост да мора со закон да се прави медицинска дефлорација. Ко воли нек изволи, со такви морални зафати повторно би се створиле стереотипи.
    Како што кажа: "Лично во пукнување на една кожичка не гледам ништо убаво и интимно", ете јас или некоја друга можеби гледаме и не би сакала владата да донесе закон за утре секое девојче на 13 години прв пат да се соблече пред гинеколог за да му отстранува химен. И кој вели дека тоа нема да остави последици на психолошкото здравје кај девојчињата? Па погледнете ја темата за гинеколошки прегледи, девојки од по 20-30 години сексуално активни имаат страв и непријатни искуства од гинеколози а замислете мало невино девојче од 13-14 години?!

    Зошто тогаш не се воведе и задолжително обрежување кај сите машки во пубертет? Пошто нели така е по хигиенски... ама не секое машко би се согласило. Еве и тука читав мислења каде велат дека никогаш не би дозволиле да им се сече таа непотребна кожичка.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @PaLaVa

    Природата сама по себе не е совршена. Хименот до првиот менструален циклус има функција, потоа станува непотребен. Впрочем непишано правило е дека мора да се скине при првиот сексуален однос. Впрочем, и сама во својот прв пост убаво напомена дека медицинската дефлорација може да се спроведе и во ситуации кога е неопходно.

    Какви стереотипи? Зарем постои поголем стереотип од тоа жената да нема сексуална слобода?
    Не гледам поголема предрасуда од онаа на ''умниот'' човек кој решил од тоа парче кожичка да направи фама, со тоа што го врзал со религиски и морални догми.

    Нема да остави. Знаеш зошто? Првенствено ради тоа што уште веднаш ќе почне да се менува сфаќањето за сексуалното и репродуктивно здравје. Воспитанието ќе тргне во еден сосем поинаков правец, кој би овозможил специјализирана едукативна програма преку која децата уште во раната школска возраст ќе се едуцираат. Програма која ќе има за цел да отстрани еден куп психолошки бариери од високи размери. Така да, овој зафат не само што би ги разбил стереотипите уверувањања околу одењето на гинеколошки преглед, туку и оние конзервативните. Сите би уживале еднаква слобода, и никој нема да биде подложен на општествена тортура.

    Да, но машката кожичка со себе не повлекува вредносен систем исполнет морални осуди, и непотребни идеализирања, за разлика од женската. А со оглед на тоа дека живееме во прилично традиционална земја, ваквиот закон би бил мајка за сите женски деца. И не само во нашата земја, многу по фино би било истиов да се донесе и во земји каде ваквото ирационално преувеличување преминало во екстремна бруталност. Особено во Саудиска Арабија, Египет, Сомалија и уште 28 други земји, кои според статистиката на WHO покажуваaт дека од 100-140 милиони претставнички на женската популација се изложени на еден нехуман третман со отсекување на делови од гениталиите. Затоа строго стојам зад ставот дека овој зафат не може ниту приближно да се спореди со она што една жена е приморана да го трпи во текот на сиот свој живот.
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
    На Annath и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Како може девојче од 13-14 години да одлучува дали да го вади хименот кај доктор? И на крају крајева секоја жена има обврска да се соблекува пред гинеколог, уште со првата менструација. Ради такви блокади жените не одат на гинеколог и после касно дознаваат дека имаат некои болести. Како може некој да има табу од соблекување пред доктор? И при најобична настинка мораш да кренеш блуза за да те преслуша. Не гледам ништо пти би оставило некакви психички последици, бидејќи тие смешни табуа од разголување пред доктор сами им ги наметнуваме на децата. Немој да подржуваш некаква си глупава фобија (страв од гинеколози). Тоа е исто како да кажам, вие што имате социофобија, едноставно избегавајте гужви и готово. Што се однесува обрежувањето кај машкте, тоа е најпаметната работа произлезена од исламот, пошто таа кожичка собира секакви можни инфекции.

    Баш тоа треба да се избегне. „Да омаловажиш некој зошто имал секс“. Смешно е да омаловажуваш некој за едно искуство повеќе, ама секогаш е така, тука највеќе.
    А и онака со 90% од моите другари што имам зборувано, ниту еден не сакал да има секс со невина девојка, ќе им се свиѓа некоја и ќе рече. „Не можам јас прв да бидам, страв ми е, не сакам, не знам што да правам“ и такатаа ќе си остане невина, додека не најде некој редок кој тоа би го променил.
     
    На Annath и Valerin им се допаѓа ова.
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    A какво би било тоа пишано правило дека МОРА да се отстрани? Ете некои не сакаат да го направат тоа и сега? Дај да ги погубуваме на плоштад и во затвор да одат дека прекршуваат закон. Затоа и кажав сто пати дека тоа си е опција за тие што сакаат да си се ослободат од хименот на таков начин и не мора таа да биде морална! И на ОРЛ ќе ти кажат дека крајниците повеќе ти пречат отколку што имаш корист од нив па има луѓе што не ги вадат, и дај сеа закон и за нив. Тоа си е одлука на самата личност дали ќе направи било каква измена на своето тело, никој не може да одлучува за друг.

    Нема никаква религиозна ниту морална фама кај нас, туку некои едноставно не сакаат такво нешто, и да, кај таквите ќе се створат стереотипи од типот "го направив тоа затоа што морав". А таа општествена тортура можеби постои кај одредена група на луѓе, како што ти кажа кај женското муслиманско население во светот (која btw тешко дека еден ваков закон би бил прифатен да ја измени). Не гледам овде во Македонија многу да се истортурирани за вакво нешто 13 годишни девојчиња од основно училиште кај кои сеуште не се оформени репродуктивните органи. Впрочем, ваквата процедура би значела и многу рано стапување во секскуални односи, пошто нели, девојчињата веќе немаат бариери и се "скинати" на гинеколог. Пишува во медицинска литература каква низа на последици и ризици носи тоа со себе.

    Па баш затоа, како може владата или некој друг да одлучува во нејзино име за такво нешто?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @PaLaVa

    Точно, конзервативните родители ќе бидат против. :nod:
    Нема да сакаат нивните ќерки да минуваат низ оваа процедура поради патријахалното воспитување, сметајќи дека на овој начин ќе почнат порано да стануваат сексуално активни што е апсолутен мит. Впрочем, кога сме веќе кај законот, мене или тебе како поединци никој не не` праша дали сакаме да одиме на консултации за абортус, чекаме со недели одобрение, па еве стапи на сила и без одобрение на мнозинството. Можеби сега е олеснет протоколот, но повторно од морална гледна точка не е во ред. Oд друга страна пак, точно е дека секој има право да прави што сака со своето тело, но истовремено не гледам зошто тој некој не би принел минимална ''жртва'' за израмнување на половиот статус и доброто на целиот свет.

    Сигурна си? Појди во некоја рурална средина, и прашај жител од било кој пол и етникум дали нема причина. Инаку, општествениот притисок по ова прашање насекаде низ светот е на глобално ниво, не само кај исламското население. Приложениот статистички податок сметај го како игла во гигантското сено.

    За крај посочи ги последиците, за кои повторно тврдам дека дури и да се јават би биле минимални во споредба со израмнувањето невиност - чесност.
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
  17. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @PaLaVa е баш крајниците што ги спомна. Тоа ти е исто како да претпочитам да си ги вадам со клешта сам, отколку тоа да го направи стручно лице, онака од к*р кејф или од домашно патријархално воспитание. И ете го проблемот кој се јави веднаш, поради тоа што треба да се воведе ваков закон!

    Ако сакам да имам сексуален однос на 13 години, не верувам дека ќе ме спречи мојот химен. И ај доста со тоа, не биле оформени. Секоја жена, со првата менструација е веќе оформена да има сексуален однос и да биде носеќа. Единствениот проблем е незрелост. Органите се целосно оформени. И во секој случај таа дефлорација е подобро да се направи од страна на стручно лице, отколку со некој недоделкан копиљ на слична возраст. Така може да и настанат трауми, не со мојот начин.
     
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Ја не знам дали не разбираш или што?
    Без оглед дали некоја девојка го отстранила хименот со дефлорација или не, ако некој сака да ја омаловажи МОЖЕ. Затоа што пак тој некој и е ПРВ сексуален партнер.

    Тогаш тоа како ќе го избегнеш? Ќе воведеш закон за задолжително сексуално искуство на девојки со добиена прва менструација за да у иднина нема веќе невини?
     
    На Lolo5 и rose60 им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Whatever.
    Za mene ova e zaludno gubenje vreme po ginekolozi i maltretiranje 11 godishni devojchinja so stvari so koi ne treba da se zamaraat.
    Ne gledam nikakvi benefiti tuka, onie zheni koi se kamshikuvani zatoa shto ne se nevini i onie koi gi prodavaat zatoa shto se nevini zhiveat vo opshtestva chie naselenie nema da prifati vakov zakon.
    Taka da, mi se chini deka ova e samo nachin nekoi radikalni feministki da si dokazhuvaat na sebe neshto, kojznae shto.
     
    На Lolo5, rose60, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  20. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @x.Daisy.x Зошто гледаш токму од таа призма? И зошто женското да биде омаловажено? Во оваа ситуација веќе ќе се има избор. Ти си била некому прва и си го омаловажила ради тоа? И на крају крајева, тука веќе не ни мораш да кажеш дали ти е прв, ако не сакаш.
    Што, значи кога ќе наполниш едно 35-36 години и приброиш едно појше партнери, на секој нов точната бројка ќе му ја кажуваш? Типа: „Ти си ми 28ми“?