1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицинска дефлорација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од NovusOrdoSeclorum, 3 октомври 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Иако сме прости балканци реално, тука ништо не ти менува дали некој ќе ми биде прв или десетти. Али погледни малку на светско ниво. Ради тоа мо*ано кожиче ја градат личноста на една жена. Ја продаваат, ја камшикуваат ако не е и слично. На нашиве делумно затуцани простори може да ти извадат само муабет за кој искрено не ти е гајле, ама така не е во светот.
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Bash me interesira kako kje gi naterash Saudijcite ili onie od Islamska Drzhava da donesat vakov zakon.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Зошто поради патријахално воспитување? Ете јас не би ја однела мојата ќерка на медицинска дефлорација на 13 години и тоа нема никаква врска со моето воспитување и моите сфаќања. Едноставно не сакам да ја натерам да направи нешто што нема потреба ниту причина да го прави. Доколку има медицински проблем, да. А кога таа ќе си реши да стане секскуално активна па макар тоа било и на 15 години, може слободно да си посети гинеколог и да си направи дефлорација пред да стапи во сексуален однос. Штом е зрела за секс, зрела е и за гинеколошки прегледи и ќе може самата да си донесе одлука како да се ослободи од невиноста. Не кажав дека сум против, кој сака може да си направи таква дефлорација, но против сум да мора сите да го прават тоа.
    И ете некој не сака да принесе "жртва", и никој не може да го натера со сила.


    Не е минимална последица бременост на 14 години. Уште пострашно е абортус на истата возраст и последиците од тоа. Тука се и сексуално преносливите болести. Ако може да се држат предавања кај учениците за СПБ, тогаш нека се одржуваат предавања и за медицинската дефлорација, па која сака може да си оди и да си направи.


    Е зошто тогаш "Како може девојче од 13-14 години да одлучува дали да го вади хименот кај доктор?" ? Ако си зрела за секс, ќе бидеш зрела сама да си одлучиш како да ја изгубиш невиноста, на гинеколог или со машко. Зошто некој друг да одлучува наместо тебе?

    За крај еве ви една статија од Светската здравствена организација па прочитајте сами за последиците.

    http://www.cph.mk/ftp/dokumenti/SocijalnaM/PDF/Adolescentna bremenost.pdf
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @PaLaVa

    И што сме направиле тогаш?
    Ништо, едно големо ништо. Ако е за кој сака, и сега може па никој не се нафаќа. Значи јас зборувам за подобрувањена значајни вредности како женскиот статус, углед, интегритет, евалуација, кои од сексуален аспект би ја подобриле општествената улога на жената.
    Или во Саудиска Арабија и пошироко нека гинат при сечење клиторси, кој ги врти нив, пошто ние ''космополитите'' сме одлучиле да не гледаме подалеку од носот. Значи сфати, товарот е преголем и џабе се убедуваме дека не е така, кога е! Дали во Скопје, Битола, Кравари или Буенос Аирес, сеедно, стереотипите дека кожичката се израмнува со женската невиност (која не знам ни зошто се нарекува така, бидејќи е душевна карактеристика, а не телесна), се поразителни.

    Искоренување може да се случи само преку ваквата процедура, и никако поинаку. Освен тоа, знаеш ли колку 13 годишни девојки се согласуваат на анален секс, а потоа се декларираат како невини? Поентата ми е дека ваквиот закон би бил за доброто на сите. И не ја споменувајте психологија таму каде не и е местото. Ќе биле истрауматизирани не знам ти што од безболна, преку сила 30 минутна процедура. Мижи асан да ти баам работава.

    Jaс па прашав мислејќи дека ќе ми посочиш психолошки последици поради зафатот, а ти медицинската дефлорација ја поврза со бременост и СПБ.. (facepalm)
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Мислам дека малце се испомешаа работите на темава. Немам ништо против дефлорација поради медицински причини, дефлорација од стручно медицинско лице или па, било каква дефлорација, каква и да одбрала некоја девојка или жена.

    Но, заблуда е да се мисли дека со законски задолжителна дефлорација од страна на медицинско лице ќе се допринесе кон еманципирање на жената.

    Прво, во светот во кој живееме, во многу земји на жените им е забрането да се шетаат откриени или да излегуваат од дома без машка придружба, забрането им е да се школуваат, да возат и уште многу други работи. И сево ова им е забрането со закон. Малце повеќе од нереално е да очекуваме да се прифати задолжителна медицинска дефлорација во ваквите земји во кои жените немаат основни човекови права. А искрено, се сомневам дека би била прифатена и во многу „поеманципирани“ и понапредни земји - вклучувајќи ја и нашава.

    Второ, искрено не гледам причина дефлорацијата на една жена да биде законски регулирана медицинска процедура, бидејќи нема јасни и недвосмислени здравствени придобивки од ова (за разлика од законски регулираната вакцинација, на пример). Според мене, медицинска процедура треба да биде задолжителна само ако од неа на некаков начин се подобрува физичкото здравје на одредена индивидуа. Во спротивно, не гледам зошто би била задолжителна за сите.

    Трето, идејава за рушење на стигмата и предрасудите околу невиноста на една жена да се решава преку законски определена, медицинска дефлорација ми е некако решавање на проблемот од обратна страна. Наместо со едукација на луѓето, со борење против предрасудите околу невиноста на жената и придавањето непотребно значење на истата, ние го прескокнуваме сето ова и одиме на присилна, законска дефлорација.

    Медициската дефлорација ми е некако „решение“ само за затуцани и назадни средини, во кои и без тоа нема да биде прифатена. Во нормално општество, во кое нема глупави и сексистички предрасуди за невиноста на жените нема ни да има потреба од вакво нешто.

    Според мене, и ние треба да целиме кон ова - отфрлање на општествените, традициските и религиозните предрасуди кон женската невиност и кон правата на жените воопшто - а не „присилно“, медицински и законски да им ја одземаме невиноста, у надеж дека некои луѓе преполни со стереотипи и предрасуди сами од себе ќе се сменат поради ова, преку ноќ.
     
    На Lolo5, rose60, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    @Valerin Ајде тогаш нека се спроведе една најобична анкета меѓу малолетните девојчиња, нивните мајки и гинеколозите за тоа дали треба да е задолжителна таквата процедура или не. Кога ќе видам резултати и поддршка од психолози и гинеколози дека е безбедно, дека нема да има никакви психолошки последици, и дека тоа ќе смени многу во македонсково општество, тогаш ќе зборуваме. :)

    Јас наведов последици кои може да настанат после дефлорацијата како резултат од раното стапување во сексуални односи, очигледно не ми било разбрано напишаното.
     
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас на пример не би си ја однела ќерката на медицинска дефлорација, туку би ја научила да се бори против предрасудите и да не бира пријатели кои ги имаат. Ако имам син, ќе биде воспитуван исто.
     
    На Lolo5, x.Daisy.x, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @Bender Rodriguez

    Генезата на ваквите проблеми помалку или повеќе е хименот. Точно е дека дефлорацијата нема да им ги пружи основните права, но бар ќе сруши една цигла во низата.

    Не се подобрува, но повлекува непотребни импликации и митови во глобални размери, така да целта ги оправдува средствата.

    Околу ова се дига врева 10 години наназад, и сеуште немаме примарни услови за едукација а камоли нешто повеќе. И да, со стапувањето во сила на законов сакале или не ќе почнат да се менуваат, првенствено поради фактот што жената се здобива со имунитет.

    Преку оваа постапка топката веќе нема да биде префрлувана само на една страна. Башка и законот за консултација пред абортус беше присилен па преживеавме, иако со негово донесување не се издејствува решение во ничија корист, само се отежна процедурата.

    Може, у некоја друга временска рамка, златно утописко доба бидејќи такво општество денес скоро и да не постои, бидејќи насекаде се распостранети предрасудите за жената на сексуална основа.
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @PaLaVa

    Не очекувам позитивен исход од таквата анкета, бидејќи како што кажав и претходно, живееме во земја со конзервативни сфаќања.

    Добро те сфатив, и излишно беше споменувањето на прераното стапување во сексуални односи и СПБ.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам мислење на темава, иако сум со поделени ставови.

    Прво, поимот „медицинска дефлорација“ за мене има две значења: процедура која се спроведува заради здравствени причини и дефлорација која ја изведуваат медицински лица, а не машки партнер врз девојка.

    Второ, кога веќе се зборува за медицинска дефлорација, јас не би се сложила со тоа да биде задолжителна и регулирана со закон, бидејќи тоа на некој начин ми се коси со правата на луѓето. Како некој друг да одлучува наместо мене, за работа која е интимна. Но, би можела да биде, ете, прашање на избор, како што е абортусот, на пример.

    Трето, медицинскава дефлорација, според мене, може да биде меч со две острици. Може да произлезат и позитивни и негативни работи. Ајде прво да ги издискутирам позитивните. Според мене, медицинската дефлорација нема да биде само средство за борба против предрасудите (тоа би било најмалку) и за тоа „па не ти протече крв, па дали сум ти прв, па со кој си била пред мене“ и низа заостанати изјави. Според мене, овој зафат треба да биде проследен со низа придружни чекори. Бидејќи би се изведувал во онаа возраст кога девојчињата ќе ја добијат својата прва менструација, тоа е одлична можност да бидат запознаени со своето репродуктивно здравје и со тоа дека е неопходно да посетуваат гинеколог и дека тоа не е ништо страшно, со цел, во иднина навреме да се открие и некоја аномалија (не дај Боже). Значи прво да се сруши таа бариера. Второ, би биле на возраст кога им се будат хормоните и со тоа интересите (симпатиите) кон спротивниот пол, па затоа сметам дека треба ова треба да биде проследено и со сексуална едукација од стручни лица (кога веќе ја нема по училиштата). Според мене она што лекарот ќе го каже, би требало девојчињата да го примат со поголем авторитет (ако веќе друг не може да им го наметне). Е сега, тука се јавува прашањето - кој и како да ги едуцира машките?

    Од друга страна се и негативните последици. Бидејќи девојчињата се малолетни (за оние родители кои би се одлучиле на ваков чекор), во нивно име ќе треба да одлучуваат родителите. Така, може да се јави конфликт (порано или подоцна) во врска со мешањето на мајката или кој и да е, во чувствата и интимата на своето дете. Второ, да, ако не биде изведена внимателно, може да претставува траума за девојчето. Трето, може да развие аверзија кон секс и да се плаши (премногу сериозно да ги сфати советите на гинекологот за СПБ и прераната и несаканата бременост). Четврто, може да фати сосема спротивен пат, односно да почне прерано со односи, да фати да менува партнери често и се' што оди со тоа.

    Така да, ова не е зафрканција за толку лесно да се донесуваат одлуки и да решава закон. Тоа е исто како да сте рекле дека абортусот треба да биде забранет со закон. Сепак, тоа парче кожичка е дел од телото на секоја жена, а за своето тело мојот став е дека треба сама да одлучувам.

    И тоа парче кожичка веќе треба да прекине да биде предмет на бесмислени расправии, затоа што има голем број случаи каде ете, девојката е невина, ама крв нема. Наместо тоа, едукација, едукација и само едукација која ја нема никаде!
     
    На Lolo5, rose60, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Нема потреба да се плаши од зафатот, ако разговорите пред тоа се движеле во правилна насока. Јас го споменав овој мошне радикален чекор како опционен баш ради слабата едукација околу проблемов. Затоа ако е веќе тешко да се постави кадар за сексуално воспитание, (а очигледно е тешко) тогаш ајде да одиме во екстрем, со тоа што ќе бидат преземени сите мерки за спречување од настанување психолошки бариери. Ако со ништо друго бар со домашно воспитување пред самиот чин на медицинската дефлорација, бидејќи очигледно вака не функционираме, а двојните аршини од типот ''сите жени курви а сите мажи е ебачи'' земаат се поголем замав.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    @PaLaVa Ако не сум доволно информирана и на 35 ќе фатам СПБ и ќе забременам узалуд.
    Од особена важност е да се додаде дека не кај сите жени тече крв и боли. Кај некои дури и хименот е изостанат или еластичен. И во тие рурални средини, кај што се злупотребува женскиот химен за мажачки и слично, многу жени ни криви ни должни биле убиени, затоа што наводно не биле невини.
    Ради ова највеќе се залагам за дефлорација, за муабети низ град дали сум или не сум, ич не ми е гајле. Још боље :)
     
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не би се сложил - коренот на овој проблем лежи во патријархатот, односно ваквите ставови за „местото“ на жената во семејството/општеството, со кои изобилува нашата традиција и религија. Хименот е само мал дел од проблемот на женската еманципација.

    Искрено, не знам што би и значела медицинска дефлорација на девојка која не смее да излегува од дома „откриена“ и без мажот, која не смее да се образува или пак да гласа. Мислам, ми ја разбираш поентата - жените во многу места во светот немаат ниту најосновни права - според мене, подобро би било да се направат напори за подобрувања во оваа насока. За жените кои живеат во вакви услови, имањето или немањето химен е сосема споредна работа.

    ОК, и јас би направил многу работи да бидат законски забранети или дозволени, меѓутоа тогаш зборуваме за нешто друго, што не е демократија. Придобивките од законската дефлорација се во најмала рака дискутабилни, а во никој случај не се доволни за да оправдаат нејзино „присилно“ и законски изречено извршување.

    Едукацијата ни е никаква (ако зборуваме за Македонија), а предрасудите ни се полоши неголи што беа пред 30-ина години, за време на Југославија. Кај нас дефинитивно се забележува регресивен тренд во многу сфери од животот.

    Но, настрана од тоа, јас и понатаму тврдам дека само со едукација може да ги надминеме сите стереотипи и предрасуди кои ги имаме. И не зборам само за едукација од стручни лица или професори - примарната едукација секој треба да ја добие дома, во рамките на своето семејство, а истата да почне од најрана возраст. Ете, многу земји успеале да остварат завидно ниво на еманципаицја и свест (за нас, недостижно во моментов) без донесување на ваков закон.

    Присилувањето на луѓето на било што, со помош на закони и казни, освен во исклучителни ситуации (како што реков, личното и општото здравје) мене ми е одлика на диктатура, а не на демократија. Работава - кога тебе не ти текнува сам, сега јас ќе те натерам да сфатиш! И за многу луѓе можеби ова е и единствениот начин да согледаат некои работи, меѓутоа ваквиот начин на размислување и присилна „едукација“ може да одведе во некои други, мрачни државни сценарија - каде владее дикататура, а не демократија.

    Законот за консултација пред абортус е уште еден доказ дека вака не треба да се прави. Башка, е уште еден доказ за регресивниот тренд кој го форсираме. Не само што се отежнува процедурата, туку крајната одлука за абортусот се става во туѓи, демек „стручни“ и професионални раце. А крајната цел на овие закони, според мене, е целосно укинување на правото на абортус на жените, што искрено, ме ужаснува.

    Имајќи го во предвид последново што го пишав за абортусот, како и останатите pro-life трендови на нашава влада - кои пропагираат многудетни семејства, со 4-5-6 деца, во кои жената е претворена во фабрика за бебиња и домаќинка, како и упорното форсирање и акцентирање на религијата во сите (дури и државнички) сфери на животот, мислам дека е утописки да очекуваме дека во ваква држава и услови ваков закон воопшто и сериозно ќе се разгледа, а камоли да се донесе.
     
    На Annath, Bridget, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Вале, не ме сфати што сакам да кажам со тоа. Во ред е сето тоа што го напиша и тотално се согласувам, ама мене поентата ми беше друга. Мене од дома ми зборуваат да не се плашам, психички ме спремаат за тој чекор и ок, се сложувам: мечка страв - мене не страв. Арно ама, може да ми се погоди никаков гинеколог, груб, или фин, ама ете, у моментот кога мене ми го врши зафатот да не испадне толку безболно или не-страшно. Автоматски после имам аверзија кон одење на гинеколог. Да не заборавиме, сепак, дека тоа е осетлива детска психа на личност од 12-13 години. Лесно се создаваат трауми. А да не зборувам па за деца кои веќе однапред се плашат од лекари и болници...

    Тоа сакав јас да го кажам. :)
     
    На rose60 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @Bender Rodriguez
    Не е мал, преувеличан е, и со патријахатот се во тесна нераскинлива врска.

    Што би значело? Како на пример сексуалната слобода во случај на смрт кај партнерот. Ако ништо друго да не биде осудувана кога ќе стапи во следниот брак.

    Демократски не е, но е оправдано за проста и затуцана раја како нашата. Крај краева, не е битно што ти зборуваат колегите позади грб се до моментот додека тоа индиректно не почне да се рефлектира врз твојот работен статус. Под овие околности, меѓу демократија и морал, го бирам она второто.

    Тоа ми е поентата. Едукација не може да се овозможи, тоа го утврдивме во текот на изминатите години, и сега? Ни едукација, ни ригорозни мерки, ондак што?

    Присилувањето на луѓето на било што, со помош на закони и казни, освен во исклучителни ситуации (како што реков, личното и општото здравје) мене ми е одлика на диктатура, а не на демократија. Работава - кога тебе не ти текнува сам, сега јас ќе те натерам да сфатиш! И за многу луѓе можеби ова е и единствениот начин да согледаат некои работи, меѓутоа ваквиот начин на размислување и присилна „едукација“ може да одведе во некои други, мрачни државни сценарија - каде владее дикататура, а не демократија.

    Ако знаеш дека нешто ризично има тенденција да вроди со плод, и е за доброто на сите, би го сторил без оглед на реперкусиите. А верувај има, и многу повеќе ќе придонесе за повисок статус на жената, бидејќи во ова општество се може да се издигне од мртва точка преку сексуалната слобода. Да не одам оф топик, само ќе фрлам хинт - Билбордите кои изобилуваат полуголи жени со цел да изрекламираат производ се типичен доказ за тоа. Отстранувањето на хименот би ја имало токму таа цел. Како што кажав и претходно, кога само една цигла би паднала, би го разнишала темелот, а со тоа и цела куќа се сруши. Истото правило важи и овде, step by step. :)

    Нема да се разгледа, тоа го потенцирам цело време, у сите досегашни реплики.
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    До истава аверзија може да дојде и ако некој неискусен копук за прв пат ти го бута како да руши тула у ѕид, наспроти специјализираното лице кое знае како да ја врши својата работа.
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Валерин, од срце ме насмеа со описов. :D

    Шала на страна, претпоставувам дека разликата би била во тоа што ти самата си го избрала тој „копук“ и свесно и по своја волја си се одлучила на тој чин (бушење ѕид со хилта, нели) со него, а во идеален случај, помеѓу вас нема само симпатии, туку и љубов.

    Со други зборови, копукот не ти го наметнува државата со некој закон и не те присилува со него да имаш односи веднаш по првата менструација. Ова само како аналогија на медициската дефлорација.
     
    На theowndemon и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.803
    Допаѓања:
    259.893
    Абе првиот пат ќе и биде со сондата од ехото, само јас ли сфатив :$
    Абе и јас на 12 добив, срам - не срам, мајка ми ме однесе на гинеколог :)
    Нормално имаше тука советување, објаснување и надворешно ехо, ништо пострашно, ама па и скокотлива тема ми беше... и тоа гинекологот ми беше (и ми е) машко :)
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
    На Annath, oblace1 и crimson им се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е чиста глупост да се донесе закон за медицинска дефлорација. Само бре, се измислува нешто за да им се крши волјата на жените. Закони за абортуси, сега па уште за ова ни фали.
    Не би сакала мајка ми да ме однесеше на медицинска дефлорација и никогаш не би и го направила тоа на мојата ќерка.

    Сум против ова, но не од религиски причини, или од причина што сметам дека таа кожичка треба да се чува за некој посебен, туку од причина што тотално нема потреба за ова и не сакам ниеден закон да ми кажува што да правам со моето тело. Ако еден ден имам ќерка, ќе и објаснам се, и таа нека си одлучи сама.
    Во некое мислење прочитав дека медицинската дефлорација ја споредувате со обрежувањето, но за обрежувањето нема ниеден закон, туку е само традиција.
     
    На Lolo5, rose60, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Тоа ми беше намерата, да ја позезам малце, ме знае она. :D

    Инаку, точно е, партнерот сам го бираш, но текот на првиот сексуален однос сепак не можеш да го предвидиш. Познавам девојки на кои врската пред сексот им функционирала беспрекорно, но после овој бормашина систем на пробивање повеќе ништо не било исто. Кај две од нив се јави фригидност, сосем разбирливо зошто. Кај гинеколог да дојде до вакво нешто не ми се верува, особено не кај младиве генерации каде повеќето стапуваат во љубовни и сексуални односи уште пред првиот циклус. Ретко кои ќе бидат потресени, повеќето ќе се потепаат од сабајле да се нашминкаат за да му ја олеснат ремонте де пичоре постапката на докторот, верувај ми.
     
    На Annath, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.