1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицинска дефлорација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од NovusOrdoSeclorum, 3 октомври 2015.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Кога го прочитав насловот на темава искрено помислив дека друга ќе биде темата на муабет, вакво нешто не очекував. Иако себе си се сметам за доста либерална личност и ретко ми пречат некои постапки кои се навидум налудничави и настрани за другите, ова некако ми дојде премногу и искрено се повеќе почнува да ми се темни од вакви некои квази тези што доаѓаат од радикални феминистиски движења.

    Мислам дека на сите многу добро ни е познато каква е моменталната ситуација во светот, што и им е дозволено и пред се во кои општеста жените ширум светот каков третман добиваат. За грозоморните отсекувања на клиторис, за сушење на вагината со некои специјални тревки со цел поголемо уживање на мажот, за каменување, погубување, прогонување, за се. Знаеме и дека ваков закон не би ни допрел во тие средини затоа што никој не може да го наметне тоа на глобално ниво, инаку многу работи на светов не би биле проблем.
    Еве и нека не биде земена за пример онаа средина каде што жените имаат најлош третман, нека биде едно навидум цивилизирано општество како нашево, каде што се‘ уште на голем дел од населението му недостасува едукација од повеќе аспекти, вклучувајќи ја тука и сексуалната...општество каде се‘ уште има места каде жените кои не се невини се покажуваат со прст и се сметаат за нечесни и недостојни да бидат рамноправни и почитувани сопруги. Но додуша таму и не е проблем само ценетиот химен, туку општо жената не се гледа рамноправно без разлика дали чаршавот се обоил во црвено за првата брачна ноќ. Без разлика колку е фина, невина и добродушна, едноставно таа е жена, суштество од втор ред. Се‘ уште има луѓе што се тажни ако им се роди ќерка, се‘ уште има луѓе кои се доволно дрски и прости па наместо да ти честитаат на првото дете ти викаат „ај не се секирај, здравје Господ ќе го даде наредното машко“.

    За рамноправноста ако веќе дискутираме, ценам и поддржувам кога станува збор за добивање можност за образование, работа, напредок, добивање еднаква љубов од родителите без разлика на полот, ценење од околината и сл. но факт е дека никогаш целосно нема да се израмниме со машкиот пол затоа што не е нормално и физички предодредено. Исто како што тие никогаш нема да раѓаат деца и секогаш тоа ќе остане наша одлика и задача, така и хименот е дел од нашите тела и се додека самиот не рудиментира по пат на мајка природа или евентуално не започне да предизвикува здравствени проблеми и компликации, апсурдно е да се предложуваат законски мерки кои би наредиле да тој биде отстранет од млади девојчиња на влезот од пубертетот, се поради некои оправданија и причини кои искрено еве мене од ниту еден агол не ми делуваат разумно.

    Не ми се верува до каде стигнаа аргументиве и дека повторно почна на широко да се зборува за психологијата одејќи до тие граници да велите дека одземањето на невиноста може да биде толку трауматично што ќе доведе до фригидност и аверзија од самиот чин. Ве молам :^) ај ако не сите фригидни испаднавме на овој свет, пошто нели во наше време не беше модерно и обврзно гинекологот да ни ја одземе невиноста на боксот во неговата ординација. Мислам у реду е, деца со тешки плачки одат на забар и вакцина, а замислете со која среќа и радост ќе отидат на оваа процедура.

    Друга работа, сексот може да биде болен и стотиот пат ако избереме некој копук да ни го зачука, да ми извините на израз. Ако некој не те почитува и те третира ко стока врз која сака себично да си ги оствари своите фантазии и нагони, не само што физички ќе те повреди туку и психички ќе те омаловажи и направи мивка...а со прст може да те покажуваат и бездруго, хименот е само физичка бариера, која нема никаква врска со менталната која е уствари главниот виновник за општествената нееднаквост по тие прашања.

    Затоа почитта треба да се учи уште од дома, а комплексите и невозвратената родителска љубов да не се бараат надвор кај разно разни копуци. Затоа и не само сексуално образование туку и етика да биде еден од главните предмети кои ќе се учат редовно во обем на часови сличен на оној со фондот на часови за мајчин јазик.
    Промени во едно општество ако сакаме да бидат коренити и долгорочни не се прават со хируршко одстранување на парче месо, туку со реформи кои ќе создадат долгогодишен план за образование на населението и работење на една заедничка цел, со која соодветно ќе бидат таргетирани сите генерации, затоа што сите имат свое влијание во формирањето на поколенијата и нивните постапки и размислувања.

    Понекогаш премногу еднострано ги гледате работите сакајќи да си ја докажете поентата и ги мерите работите на некој ваш имагинарен кантар што ги извртува тежиштата.

    Никој не оспорува дека моменталната ситуација е сјајна и дека не се потребни труд и пот за тоа да се смени, но диктаторските мерки никогаш не вродиле со плод, туку секогаш на крајот наидуваат на отпор. Едноставно апсурдно е и да се помисли дека ова е чекор кон поголема еманципација на женскиот род. Ако ништо друго јас би рекла дека повеќе не уназадува.
     
    Последна измена: 4 октомври 2015
    На rose60, simoncelicius, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Како тоа зошто од таа призма гледам? Па нели тоа е целта (или една од целите) на делфорацијата за женското да нема после проблеми зошто некој не и бил прв?
    Се некако обратно сфаќате, ја едно пишувам вие друго али добро ајде, секој со своето.

    Е барем ова е нешто што ми се допаѓа, мајка ти те запознала убаво со се кога требало, и некако почнала да те привикнува на идејата за одење на гинеколог и сл.
    Ама едно е некој мене да ме информира и да ми зборува за тоа, а и самото зборување е скокотливо, како што велиш ти, а друго е да ме однесат таму да морам да ширам нозе пред некој непознат човек, да ме допира и сл. на 12 години.
    Мене срам од мајка ми ми било да се соблечам по „прслук“ и гаќи а не па гола пред некој друг. Таков каректер сум, и ова нема да се смени цел живот. Некој може слободно да си збори за се, а еве јас не можам. И свесно избегнувам такви ситуации.
     
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @x.Daisy.x срамота е да се срамиш од работите што ги наброја :)
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    261.085
    Мила, поентата ми беше дека на мајка ми на 12 години и било срам на мајка и да и каже дека добила, а не па на лекар да оди.
    Времињата се менуваат, како и нашите ставови за се, знаеш како - само промените се вечни :)
     
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Valerin, мислам дека ти и ја сме на иста бранова должина во однос на тоа дека ваквите назадни ставови и етикетирање на жените се голем проблем во општеството, само што не се сложуваме во начинот за нивно решавање.

    Според мене, „проблемов“ со женскиот химен и невиноста на жените им е наметнат од страна на мажите, како еден од многуте начини на контрола и потчинување на жените. Поради ова, жените трпеле и пателе и во минатото, а многу од нив и денес. И сега, за конечно решавање на овој проблем, пак жените треба да бидат тие што ќе трпат и патат, условно речено, со хипотетичкото озаконување на медицинската дефлорација.

    Значи, жените во случајов повторно ќе бидат жртви, со тоа што ќе бидат присилени на дефлорација, додека мажите, кои во суштина се основата на овој проблем, повторно ќе бидат оградени од било какви реперкусии, односно, од ваквото „решение“, за нив ќе нема никакви последици.

    Ако веќе зборуваме за носење на хипотетички закони, јас имам друг предлог, со кој медицинската дефлорација нема воопшто да биде потребна.

    Да се донесе закон, според кој на секој маж кој ја било кој начин ќе ја оспори рамноправноста на жените или ќе врши полова дискриминација, ќе каже дека било која работа од домаќинството е „женска“ работа, кој нема да се радува кога ќе му се роди женско дете, кој ќе се осмели да ја праша девојката дали е невина или ќе протестира ако не протече крв при првиот пат итн. ќе му се удрат 100 стапови по гол газ, јавно, на сред плоштад. А оваа „воспитна мерка“ ќе биде извршена, секако, од страна на жена.

    Мислам дека на овој начин многу побрзо ќе се „дотера“ свеста кај мажите и стереотипите и дискриминацијата ќе исчезнат преку ноќ. Доста жените трпеа и се жртвуваа поради машките глупости и предрасуди. Овој проблем потекнува (и опстојува) поради мажите и нивната ограниченост, па редно е и да се реши со „интервенција“ кај мажите, наместо кај жените.

    Решенија има многу, ама за жал, нас никој не не прашува. :)
     
    На Fallen.Angel, rose60, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Ограниченоста не е само кај мажите, и не се сложувам дека решението е во нивни раце и со закони треба нив да ги присилуваме да ја гледаат жената на поинаков начин. За секоја поголема промена треба време, преку ноќ ништо не се решава, и борба. А ќе се бори тој што си има мака. Не живееме во толку затуцано општество сепак, па жената може да бира дали ќе биде со некој кој останал во турско, или ќе си бара човек на место. Но доколку мнозинството се закоравени, единствен начин да им се докаже е преку еманципација на жените. Кога ти како жена ќе бидеш свој човек, независна во многу погледи од мажот, и кога ќе знае дека на секој негов испад ти можеш слободно да си заминеш без око да ти трепне, тогаш и те како ќе те почитува и нема да те малтретира со прашања од типот дали сум ти прв, зошто не, и како би те казнил за ова?
    Ако му се обесиш на врат со својата неспособност и неписменост, и очекуваш да ти биде и витез, и татко, и заштитник, а ти вечита дама во неволја, тогаш ќе бара од тебе и невиност, и наведната глава, и почит надвор од нормала. Се додека има вакви жени, ќе има и такви мажи. Или обратно, небитно. Стремење кон групен напредок во многу сфери, и се ќе биде ок, еве гледате денес многу мажи и жени го немаат овој проблем. Никаков закон не им треба да се прифатат такви какви што се, туку до тоа е дојдено спонтано, природно, со развивање на свест, ослободување од предрасуди. Со дефлорација едноставно нема преку ноќ да се смени менталниот склоп, а и зошто јас како жена би се нафатила на ова, за да избегнам сељак кој би се попалил на фактот дека ми е прв? Тоа можам и со паметот.
     
    На Annath, mimiiiii, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Бендер, проблемот нема да биде решен со јавно камшикување, бидејќи еден чин насилство раѓа друг и така до недоглед. Знам дека условот е хипотетички, но нели поентата е никој да не биде повреден и сите да бидеме среќни и задоволни?

    Од друга страна точно е дека хименот не е виновен што е таму каде што е, само затоа што природата не ги земала во обзир човековите морални реперкусии следствени за еволутивниот регрес. Токму со таа цел е темата која приложува делумно но ефикасно елиминирање на проблемот околу сексуалната слобода, (кој утврдивме дека не може да биде надминат по мирен пат, бидејќи реално да можеше до сега ќе беше). Освен тоа, стереотипниот обем покажува дека не е оставен простор за мек старт. Особено не за земја како нашата, каде диктаторскиот режим од ден на ден се` покажува како поуспешен, а бројот на следбеници е во пораст.

    Воедно прочитав низ постовите погоре дека треба да бидеме внимателни при изборот на партнер, како би се заштитиле од некој кај кој шансите за морална осуда би ни се зголемиле. Што го наметнува прашањето - Зошто да се превенира, кога може воопшто да нема консеквенции?

    Меѓудругото, вистина е дека кад - тад стварите ќе почнат да се менуваат на боље, што веќе го напоменав во својот прв пост. Но, што правиме дотогаш? Повторно жената останува во потчинета позиција, приморана на тортура и смрт. Вака ем побрзо ем побезболно. Башка на процедурава ќе подленат 2-3 генерации максимум, потоа нема ни да треба.
     
    Последна измена: 6 октомври 2015
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Valerin, не ни мислев мерката да биде толку од типот на физичка казна, повеќе од аспект на јавно засрамување. :D

    Инаку, тоа и ми беше поентата на овој и на претходните постови – дека свеста за оваа работа не може, односно не треба, да се подига со изрекување на законски мерки, било да е тоа присилна дефлорација на жените или присилен ќутек за затуцаните мажи. Ако дозволиме државата да се вмеша во вакви работи, каде ќе ни е крајот.

    Некој погоре напиша, со што апсолутно се сложувам, дека ваквиот закон би бил задирање во правото на контрола на жената над сопственото тело, слично на забраната за абортус. Законска мерка која на жената и ја одзема слободата на одлука околу губењето на невиноста, а чија цел еманципирање на жената и подобрување на нејзината положба во општеството е врв на апсурдите! Работава, за да ти ја зголемам слободата и правата во однос на општествената положба, прво ќе ти ја одземам слободата на одлука за тоа кога и како ќе ја изгубиш невиноста. Одземање на едни права и слободи за остварување на други е парадоксален начин на размислување.

    Со ова исто така апсолутно се сложувам:

    Можеби коренот на овие предрасуди лежи во машкиот род и неговата желба за потчинување, потценување и контролирање на жените, но факт е дека истите предрасуди денес ги делат и многу жени. Колку пати некоја девојка наишла на осуда, поради губење на невиноста на „таа-и-таа“ возраст или била етикетирана како курва, поради број на сексуални партнери, токму од страна на припаднички на сопствениот пол? И колку девојки се одлучуваат на орален и анален секс само за да ја сочуваат „невиноста“? И зошто воопшто постои операција од типот на хименопластика? Вината за ова не е само кај мажите, туку и кај жените. Се додека жените самите меѓусебно се осудуваат и покажуваат со прст, не можеме да очекуваме некаков значителен напредок на ова поле.

    Во релативно нормални општества, како нашево на пример, во кои жената може да биде независна и да има право на избор на партнерот, невиноста, односно имањето или немањето химен воопшто не треба да биде проблем.

    Ако дечко ти те обвини затоа што првиот пат немало крв, решението е многу лесно – батали го кретенот! Ако твојот потенцијален дечко или маж смета дека жената треба да биде невина – ете ти одличен знак дека не ни треба да бидеш со него. На крај краева, предрасудите и стереотипите се составен дел од карактерот на една личност – ако ти самата си одбереш ваков партнер, после никој друг не може да ти биде крив.

    За да се смени начинот на размислување и перцепција на женската невиност, прво самите жени мораат да се ослободат од општествено наметнатите предрасуди. Ако жените си го сменат начинот на размислување по ова прашање, а потоа и си бираат партнери кои немаат вакви предрасуди, работите самите ќе се решат. Тие кои се со предрасуди ќе мораат или да си ги сменат размислувањата или да останат без партнерка. За жал, ваквите прашања не се решаваат преку ноќ. Ама, убеден сум дека со едукација и подигање на личната, индивидуална свест, во ова ќе се успее, без да има потреба од донесување било какви закони.
     
    На rose60, theowndemon и Daydream им се допаѓа ова.