1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицинска диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 5 јуни 2010.

  1. Cuce1712

    Cuce1712 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    kakva vi e fizickata aktivnost za vreme na dietava?
     
  2. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    Прв ден... гладна сум сииии :?:
     
  3. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    Втор ден, пак сум гладна..
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    8.430
    Пол:
    Женски
    Ако ја истуркаш до крај обавезно пиши резултати дали има, критики, пофалби ово оно :)
     
  5. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    Ја истуркав летоска до крај... и беше лудница :inlove: не беа баш 15, ама некои си 10-12 беа.. сеа добро тогаш и времето влијаеше топло , ќе искочиш на кеј си се вратил утоп, ама и сеа имаме греалки по дома :D
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    8.430
    Пол:
    Женски
    Што крекери јадеш? Сликичка може?
     
  7. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    мама и тато ја држеа..
    тато ја држеше 3 пати до крај значи месец ипол.
    Јас ја држев само 4 дена, ич неможам да држам диета под режим :)
     
  8. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    1.780
    Од денес ја почнувам медицинската диета, но ке изоставам некои работи т.е двопек и месо бидеќи не јадам и поради училиштето некогаш можеби ке го изоставам појадокот и ручекот :?: не дека сакам ама тоа е.. па се надевам дека нема се да се поремети поради изоставувањето и секако очекувам да има резултати. :)
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ајде за првпат и јас да сум на диета. Прв ден ми е. Сабајлечки кога станав изедов еден цитрон. По два часа се напив нес пола чашка. Накај 5 часот изедов портокал, па по некое време 1 варено јајце. После некои 20 минути чаша ипол јогурт. А за вечер планирам да изедам едно парче интегрален леб стиснат на тост, две јајца и марула салата со сол и јаболков оцет. Доколку сум ептен гладна ќе си земам уште една кришка интегрален.
    Мислам дека продуктите треба да се јадат одделно баш поради фактот што ако почувствуваш глад по конзумирањето на појадокот/ручекот/вечерата, доколку се си изел одеднаш потоа нема да имаш можност барем нешто да ставиш во уста. А доколку си ги распоредиш ќе си каснуваш скоро на секои 4 часа.
    Добро се држам. Но може лесно ми е бидејќи денес до 11 и нешто спиев и касно почнав да јадам.
    Навистина сакам да ми успее овој пат.
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Си фатив ритам на јадење и спиење. Значи станувам накај 10 ипол или 11. Јадам овошка. Правам некоја не многу голема пауза. Станува дечко ми и мора еден машки нес да испијам. Знам дека не е дозволен според диетата ама јас си дадов за слобода да си пијам. Го пијам нес кафето бидејќи ми дава доволна енергија и ми го сузбива гладот. После накај 3 часот каснувам дали 1 јајце или зелена салата сеедно. Потоа тука е киселото млеко. А и пијам голема чаша чај кога ме фаќа криза да ставам нешто во уста.
    Вчера вечерта јадев двопек со туна. По диетата треба телешко месо, но јас нема смисла такво нешто да ставам во мојот организам. И пред легнување каснав малку цвекло.
    За денес, за вечера пак двопек со туна и салата.
    Мора да признаам мене ноќите ми се најтешки. Тој период ми се јаде, ми се плаче.
    Денеска дома пржев компири за моите и лиги ми тече да си каснам и јас. Ама се воздржав.
    Ако некој ме следи би сакала да прашам дали може да јадам интегрален леб стиснат на тост со лукче и оригано? Тоа понекогаш да ми биде замена за двопекот и јајцето.
    Незнам дали во кила имам неколку грама ослабнато бидејќи кога бев кај моите заборавив да се измерам, а тука немам вага. Но во лицево гледам дека бумбарските образи полека ми спласнуваат.
    Се гледа дека не се држам стрикно за диетата. Свесна сум дека нема да оди брзо симнувањето на килограмите со овие мои измени. Но никако не се осмелувам да си го уништам здравјето. Бидејќи диетата ми е за слабеење исто толку колку што и сакам организмот да си го прочистам од не здравите продукти кои ги внесував претерано. Одамна се откажав од чипсот и кока колата. Лесковачка не памтам кога јадев последен пат. Без тоа можам, ама без пица и макарони нема шанси да живеам.
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    7.977
    НЕ.
    Каренин ти партал ја правиш диетава. Префрли се на некоја друга, оваа очигледно не ти одговара ако менуваш речиси СЕ во неа.
    Појадокот е јасен, портокал, чај/кафе, двопек.-Без менувања на портокалот со друго овошје, без кафе со млеко и шеќер, без кришки леб. Исто и ручекот, вечерата.
    Лукче или оригано можеш да додадеш на јајцата или месото ама не со леб!
    Секоја намирница е МНОГУ важно да се внесува зошто диетата е ужасно строга и е комбинација од најпотребните состојки за зачувување на нормална работа на организмот.
    Доматите е битно да се јадат заради натриумот и калиумот кој се исфрла многу во оваа диета. Месото има железо кое помага да се одржи добра крвна слика. Портокалот е потребниот витамин Ц.
    Јајцата се протеините кои ја одржуваат на мускулната маса, па слабееш само масно ткиво.
    Рибата е корисните масла и протеини.
    Знам дека многу намирници се скапи или евентуално ги нема сега.
    Не си играј со организмот префрли се на УН или Диетата на Ирена, вака си го истоштуваш и му правиш шокови на организмот.

    Тие килограми симнати на овој начин ќе ги вратиш за нула време, верувај.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Да навистина партал ја правам. Признавам дека неможам целосно прописно да се држам по некаков ред. Јас заборавив да напоменав дека ја држам диетата на Жан Митрев. Многу се слични па затоа и тука пишувам.
    Може згрешив, ако сакате префрлите ги коментарите во таа тема.
    Според таа диета за појадок може било какво овошје, не мора само портокал.
    Е сега исто така се согласувам дека ова е шок за организмот, но мислам дека и постењето е некаков вид шок за организмот (како и било која диета), а се практикуваат. И сепак јас не планирам ова да ми биде долгорочна навика за исхранување.
    - Кришките леб кои ги јадам се интегрален леб од оној на парчиња што се продава, и стиснат на тост. Читав на претходните страници дека и други феминки го практикувале тоа, наместо двопек стиснато интегрално парче леб и успеале да ослабнат колку толку.
    - За доматите исто се согласувам и од денес ќе ги внесам во исхраната. Според мене портокалот може некогаш да се замени до цитрон, дури и мислам дека во цитронот има и повеќе витамин Ц.
    - За месото, телешко никако нема да е мојот избор, еве ако можеш да ме посоветуваш што би било подобро наместо него да јадам, туна или варен пилешки стег?
    И планирам најпрво да ја држам диетата недела дена. Да направам проверка на крвната слика и да видам каква ми е истата. Ако ми е ослабната сама ќе се откажам може и ќе се префрлам на друга. Ако се е во ред ќе се обидам да ја продолжам уште една недела.
    За јо-јо ефектот и јас се плашам. И се надевам нема да биде таков случајот со мене.
    Многу ти благодарам за советите.
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    7.977
    Јас ја имам држено два пати затоа ти кажувам :)
    Пробај ако можеш да си направиш плескавица на тефлонско тавче или скара од мелено телешко со некаков процент на свинско, со многу зачини да го камуфлираат вкусот на месото- пример оригано, мајчина душичка, лук во прав, сушен магданос, насечкан кромид итн.
    Јас така јадев.
    Или ако ептен не можеш варен стек или на скара без маснотии.
    За цитронот да се согласувам, од иста фамилија е со портокалот, лимонот, грејпфрутот.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    А Noemi, дали по диетата ти се создадоа целулит или стрии? Незнам дали многу килограми си требала да намалиш, ама знам дека најчесто од нагло слабеење се создаваат,па затоа е добро пиење на течности, вода или чај без шеќер. А ме загрижува и тоа што според диетава има нагласено дека смее да се пијат чај или кафе (без шеќер) само наутро и навечер. Мене логички ми е да смеам да пијам вода или чај кога сакам и колку што можам повеќе.
    И пијам витамински апчиња - haemovit, не секој ден туку преку два дена. Кога ги купив ми кажаа дека полни се со железо и калциум и уште нешто.
     
  15. TinkiPinki

    TinkiPinki Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Zдраво јас ја држам диетава 4ти ден ми е добро ми оди,но некогаш ми фаќаат кризи поготово навечер ;(
    некој ја држи диетава дај да си се тешиме работава,туку за викенд што да се јаде???
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мене денеска ми е шестти ден. Пред малку се мерев и сум - 3 килограми. Малку отстапувам од пропишаната диета. По правило диетава е 5 дена па 2 има одмор. Но јас ќе терам 7 дена за после тие 2 дена пауза да ми се фатат за викенд. Ама и јас незнам колку да си дозволам да јадам тогаш.
    Тинки Пинки и мене навечер ми е најтешко. Едвај се воздржувам. Мајка ми само ми нуди некои јадења ама јас цврсто сум решена да си истрајам до крај овој пат.
     
  17. TinkiPinki

    TinkiPinki Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    денес ми е 6 ден и се чуствувам супер....и имам ослабено 3кг. ураааааа......само напред на сите што сме на диета :D
     
  18. TinkiPinki

    TinkiPinki Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    сакав да прашам некаде прочитав дека кога се држи диетава не треба многу да се пие вода а исто така да не се пие и кафе??
     
  19. jovana123

    jovana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Bi sakala da znam dali tel.pleskavici mozat da se przat ili samo vareni???
     
  20. emilijaaaaa

    emilijaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Јас денеска ја почнав диетава,до вчера ја држев еднонеделната што е на форумов па ми здосади исто јадење две недели и решив да сменам..е сега едно прашање кафе без шекер јас неможам да помирисам па не да пијам дали има лошо во тоа да пијам со шеќер или и тоа игра некаква улога во диетава??