1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицинска диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 5 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    така ти е сонце од диетата... пошо не јадеш многу, значи ни 700калории шо се вика... купи си витамин ц и шумечи таблетки,јас така секогаш праам коа сум на строга диета...ова ке ти помогне многу, а и дека диетава нема многу јагле хидрати, купи си суви смокви и јади по 1-2 на ден,колку да не ти падне нивото на шеќер, од 2 ништо нема да ти биде ;)
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    А мора по редослед да се јаде?
    Лилит ти до каде си со диетева има ли резултати? Јас планирам од понеделник да ја почнам.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    ^^ Мора да се јаде се' по редослед, како што е пропишано. :^) Ама ако си упорен, се издржува, јас да го завршам сирупот и планирам и јас да ја започнам пак.
    Инаку, кај мене резултатот беше одличен, за 5 дена симнав скоро 4 kg, па не е малку. Само треба некој да внимава после тоа, а јас и јо-јо ефектот сме први другарки :D
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ја држам оваа диета една недела. Имам околу 4 кила за симнување, мислам дека ќе успеам да ги симнам. А инаку пазам на храна, особено сега кога има свежо овошје и зеленчук воопшто немам потреба од тестенини, леб и месо.
    Утре сум на роденден, денес на мекици па затоа најпаметно ми е од понеделник да ја почнам.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.084
    Допаѓања:
    155.522
    И јас симнав 4 кг.за 5 дена,денес би требало да ми биде 7 ден,ама вчера направив пауза,ми се слоши.Денес продолжувам малце модифицирано,со тоа што поретко ќе јадам крекери,а ќе вклучам свежи печурки,печени во рерна на хартија,без маснотии,содржат аминокиселини,лани од нив се стопив.Се на се,одев по пропис,но си додадов и сенф,а во јогуртот рендав целер,ама пазете да не претерате ќе ви се слоши,јак е вкусот.
    Инаку и на орбитрек вртев по пола саат,а со диетава требало да ги симнувате килограмите и без физичка активност,но мене ми беше страв да не губам и мускулна маса,место масти,па затоа вртев на потежок отпор за да не ги губам нив туку салцето.
    Ок е диетава,ама што се однесува до редоследот...се трудев да одам по тој редослед,но мислам дека и нема некоја особена врска.Тој е внесот на калории,од 500 до 600,кој е каде каде помалку од потребите на базалниот метаболизам,што значи сто посто губиш на тежина.Јас од тоа што пресметав за себе,со ич физичка активност потребни ми се околу 2000 калории дневно,а со 500-600 и те како ќе ослабеш ако држиш на долги стази.Барем јас мислам дека ми нема некоја логика во редоследот,ама ај нека им биде.

    Едит.Ослабев многу во стомакот,малце во спојлерите,видно во колковите,но сеуште ме мачат спојлерчињата и делот кај колениците...а целулитчево да не зборувам...Откако се здебелив првиот пат и покрај тоа што си доаѓам на идеалната тежина(50-51) eве неколку пати,сеуште ме мачат и не се симнуваат,а претходно ги немав...дали меѓувремено телото ми се сменило,зошто сепак не сум девојчица,туку веќе станувам женче,па затоа ми е невообичаено и тешко да го прифатам,а не сум можела да забележам од вишокот кг. дека настанале промени,не знам,ама ако имате некој совет плус,на драго срце ќе го прифатам.
     
  6. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Евее ја денес почнав со диетава..Значи ако ослабам од оваа ( а сите можни диети и апчиња и чаеви ги имам пробано) те частам Лилит 100гр милка хех ;)
     
  7. Mariachi

    Mariachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ја имам држено диетава и тоа не јадев по редослед како што пишува и ослабев 4кг за 5 дена. Доколку не правите пауза помеѓу деновите односно откако ќе ги завршите првите 5 дена, нема да слабеете толку, поточно не се слабее скоро ич, што значи паузата се препорачува. Сега за сега ги немам сеуште вратено килограмите, па со среќа на сите што ќе се решат на оваа диета :)
     
  8. Mariachi

    Mariachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ќе заборавев :D Јас диетата што ја држев е иста скроз само наместо плескавица требаше 125гр телешко или пилешко варено или 1 туна исцедена од зејтинот. А пауза се прави: 5 дена па 2 дена пауза каде доручекот треба да ти биде цеден лимон, кафе и 1 парче двопек а остатокот од денот се јаде се но умерено (не да се прејадете во стилот леле супер имам слободен ден) :) За да не се вратат килограмите се препорачува откако ке ја завршите диетата секој понеделник да јадете:
    Доручек: 1 чаша сок од цеден лимон без шеќер
    Ручек: 1 јаболко и 1 парче двопек
    Вечера: 1 јајце, 1 парче двопек и 1 домат
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.084
    Допаѓања:
    155.522
    Да не ви кршам филм,килограми се симнуваат...ама ич не се осеќам добро после диетава...Афти ми е полна устата,раце и нозе ми се тресат и ми се врти.Сигурна сум дека е од неа.Не ни имам ич апетит па после неа,што е уште полошо.
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    137.636
    Ми се држи диетава, ама страв ми е да ја почнам. Секогаш се разболувам после диета, страшно ми паѓа имунитетот. Варени јајца многу мразам, а од портокали на гладно имам киселини.
    Од друга страна 2-5 кг за 5 дена звучи многу примамливо. Знам дека најдоброе да се јаде умерено и да се вежба, ама ова брзиве резултати знаат да залажат.

    Веројатно ќе ја пробам од следниот викенд, и тоа само еден циклус. За 5 дена не би требало нешто драматично да ми се случи. А пред тоа и после тоа не можам, пат, прослави... нема шанси.
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас три дена го пиев јаворовиот сируп и ништо не јадев, а плус и учам овие денови, утре полагам и изгледа од стрес и плус од нејадењето, денес кога станав сабајле и јас имав афта на устата и жлебините ме болат а и ми се вртеше свест :( И денес ја прекинав, преска јадев, ми требаше енергија за да можам да учам :worried: Утре изгледа пак ќе почнам одново.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Мене денеска ми е 6ти ден со јаворовиот сируп и доста е, утре понеделнички си започнувам со јадење, но не со оваа медицинскава диета, туку со УН диетата, ама скратената верзија. ;)
    Издржав некако, не каснав ништо, ама веќе чувствувам мачнина, посебно денеска, зашто и не планирав повеќе од 7 денови.
    Резултатот е изгубени 5,5 кг, ама се мачкав со антицелулитниот лосион од Garnier и се забележува огромна разлика. :)

    Само да не се удри на неконтролирано јадење од утре. :^)
     
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Бравооо :clap: :clap: :clap:
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.084
    Допаѓања:
    155.522
    Браво Трендафилка!
    Мене уште 1-2 кг ќе ми беа тамам,ама еве ич не јадам деновиве,немам апетит,не се имам мерено,ама изгледа и тие ги имам симнато по облеката забележувам,а и вака доста се забележува,главата ми е како лижавче.
    Во вторник ќе одам крвна слика да проверам,воопшто не ми е добро,за 5 дена не може чудо да се деси со имунитетов,ама крв може да ослабе,а и срцебиење често имам,притисокот ми е многу паднат,дома ме подбраа квалитетно.Не сум била мала да правам вакви глупости,имало и разумни начини на слабеење...доброооо.... :lol:
    Инаку од Гарние уште не стигнав да си го земам ролонот,Трендафилка ако можеш да ми кажеш во точно кое веро го зема,зошто мајка ми ја пратив во Веро гтц и немало таква акција.Ама сега во блур ми текнува,пред еден месец ги гледав така споени во Веро Палома Бјанка,па ќе проверам и таму утре.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Јас пред една недела го видов баш таму, ама си купив во моето Веро, во Аеродром. Претпоставувам го има во секое Веро, освен ако не го разграбале, ко луди :lol:
     
  16. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    ve chitam.... I idam da se meram na vaga i iam oslabnato 1 kilo yeaaaaaaa hapy happy :party: .....a inace mi e 2 den i sega za sega super e, se izdrzuva...planiram 10 dena da ja drzam pa ke vidime ;)
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.180
    Допаѓања:
    247.458
    Ah Lilit i mene mi se sluci istoto jas na 9 den veke padnav.Pritisokot mi padna i direktno vo bolnica na infuzija,a potoa edvaj si dojdov na sebe :( Se slabee,ama losa dieta e defenitivno
     
  18. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Lele be devojki zosto uporno gi drzite dietite cim vi se losi i imate macnini prekinuvajte znaci ili dietata e premnogu rigorozna ili ne vi odgovara na vasiot metabolizam, a ne citam nekoi loso im e ke prekinele sea pa planiraat pak da prodolzuvaat, ne si igrajte so zdravjeto :!: , 5 kila plus minus ne se tolku vredni za naruseno zdravje(da ve iskaram malku ;) :) )
    pozz :*
     
  19. zAjChI

    zAjChI Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Не се согласувам со претходниот цитат, 5kg, помалку или повише многу значат не само на физичкиот изглед туку и на физиолошката состојба на личноста. Диетата не треба да значи гладување, таа е само здрав начин на исхрана. Секој треба дневно да внесува доволно количини од основните хранливи материи за да го одражи метаболниот баланс. Исто така при диета треба да се избегнуваат мрсните храни односно холестеролот, брзата храна и слаткиот шеќер. Со здрава исхрана, витамини, јаглехидрати, масти, протеини се во свои граници и со физичка активност не само што ќе постигнете видливи резултати на физичкит изглед, туку, и ќе се чуствувате поздрави, поенергични.
     
  20. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Ne vikam deka sum protiv dieta no nekoi od devojkive sto gi citav pisuvaat deka im se slosuvalo, ne se custvuvale dobro i pak prodolzuvaat so dietata, vo kontekst na toa kazav deka tie 5 kila ne se tolku bitni za da si go narusis zdravjeto, podobro 5 kila plus otkolku naruseno zdravje.
    Pa jas istoto go zborev ako primetis deka ti se losi znaci nesto ne ti odgovara ili dietata ili premnogu gladuvas zatoa treba da ja prekinas i da probas druga a ne uporno so istata da prodolzuvas