И јас почнав од денес да ја држам оваа диета Само ме интересира дали телешкото месо може да се јаде печено наместо варено или пак да се замени со некое др месо??? Што мислите вие ?
еве јас ја почнувам од утре. незнам колку време сум на некакви диети али или нема резултати или си ги прекршувам како и да е, овој пат се надевам на добри и брзи резултати, брзи-бидејќи за една недела одам на одмор. пуштете ми среќа! инаку само едно прашање имам: дали мора да си пие тој филџан кафе или чај кај појадокот. бидејќи кафе не пијам, а чај не ми е најомилено али ако мора ќе пијам поздрав и ќе ве известам за резултатите.
Јас јадев пилешко варено месо цело време,а од риба,панга варена.А мислам дека кафето ако го замениш со зелен чај,супер ќе биде.
Видов каква е диетава и јас не знам како ги јадете намирниците, од благо одма на солено. Па тоа ти се шокови за организмот. Ај размислете малку што правите. навистина ли сакате да завршите на инфузија? Јас ќе отидев за малку таму и тоа не од диети и не е баш најнајпрекрасно место. Еднаш се живее па немојте да си го скратувате животот важи. Јадете толку колку што ви се јади бидејќи гладот и апетитот не се непријатели на вашето здравје туку потреба која не одржува во живот.
хахахха и јас конечноооо.... си купив двопек(ја со двопек ке ја праам) кисело млекце...и за 5 дена видимо се
и јас ја почнав денес (гладна сум ) А да прашам нешто. Ништо ама ништо не смее да се грицка измеѓу? Овошје, сок??
Втор ден, супер се чувствувам, скратив на јајца а додадов на портокали друго се според правилата јадам. Вчера вежбав еден саат фитнес а кога дојдов дома бев полна енергија...рипав како луда уште цел саат Сега за сега добро ја поднесувам диетава, не чувствувам глад... ама само втор ден е . Ќе ве известам како ќе се одвива понатаму.
Ја една недела издржав да јадам само зеленчук и ослабев некое килце али после пак почнав да си гнетам и качив едно пола од тоа што го ослабев и од утре одам на оваа диета,ми се чини добра оти ја може у исто време да јадам благо,солено и кисело и ништо да не ми биде така да нема да ми биде проблем да мешам портокал со плескавица и јајце и тн.... Ај срекно нека ми е
хахаахха ни ја немам проблем да мешам различни храни.. абе гудиња мене ми заврши 2от ден и малце е тешка ама ајде се трпи
не прашувај 3 ден е се гура некако, се мерев сабајле ми вика 1,5 кг помалце... ама тоа е само водата знам ... а кажи ми лилит, ти врати некое кило од кога ја прекина диетава, и ме инт дали ослабе во градите или не?? мене само тоа ми е страв ако симнам некои 7кг дали ке ми се смалат градите