Не ги вратив,ама не јадам нормално (ок,ми се случи да јадам и пица и во мекдоналдс,ама само еднаш во цел месец),не јадам благо,не јадам леб,не пијам газирано и вежбам...не ги вратив,дури и послаба сум од тогаш.Ама ок и терапијата ми ја сменија за жлездата,па и од тоа ми е.Јас имам здравствен проблем што се дебелеам,не од јадење,па не знам,ми рече докторката ќе мораш да се научиш на гладување ако сакаш витка фигура и тоа е сега... Инаку,да градите ми се намалија,ама добија и поубава форма,што ме теши. Абе секој си е различен...не се води по туѓи искуства за било што. Ама диетчево се трпи.
ауууу имаш проблеми со жлездата( тироидната мислам беше)?? и вујна ми има ист проблем и стварно се здебели, ама она си јаде нормално, и пак се дебелее....ама диетата не е тешка онака се трпи, јас на еден српски форум ја начекав, ама таму па за појадок имаше кифла, се друго исто (со канче кисело млеко) и таа кажа дека си ја јадела кифлата, а сестра и само со овошје, не јадела она кифла а исто ослабеле сеа нз ама ја не јадам кифла..... сеа нема да се мерам 1 недела па да видам резултат
Абе можеш да јадеш кифла,ама гледај да не биде лисната зошто таа има путер или маргарин.Обична млечна,без полнење. И јас скроз не се придржував,па ослабев 4 кг за 5 дена.И пиј вода,многу вода,можеш и еден лимон да си исцедиш и да си капнуваш по неколку капки во водата.
Сакам да ја почнам диетава .. деновиве ќе се снабдам со потребните намирници ама не јадам телешко месо Може ли некоја замена за тоа ?
јас си се откажав. Од диетава. Си правам сеа некоја моја диета, те јадам за појадок мусли , за ручек нешто манџичка и за вечера ништо. Возам точак по два ипол саата дневно и пијам 4л вода. Се осеќам ослабено, ама ке видиме колку страв ми е уште да се измерам.
хахаха абе немам јас трпение вака по список да јадам, а и сакам резултати одма. Ке си терам вака полека полека и ке ги симнам ваљда. Ај ти пишувај како оди медицинскава па може ке се мотивирам
аааааааааа не се мерам уште 7 дена па ке ти кажам од коа ке се измерам.... вчера се мерев ми вика 1.5 кг ама тоа е вода сеа уште 7 дена па ке ти кажам
Мене ме и поубаво кога сум на диета и имам стриктно мени. Јас јадам навечер и ако не сум на диета се некои тестенини или благо гнетам навечер, поубаво ми е кога точно знам што треба да јадам и ретко правам мали отстапки. Еве сега со диетава немам проблем, планирам да ја држам 5 дена. Викендите ми се критични затоа што не сум дома , па од понеделник пак ќе ја продолжам .
денес 4ти ден- за ручек напвив мала промена, со тоа што наместо јајце и портокал јадев варен ориз (едно тацниче за кафе) и 4 големи лажици кисело млеко
Оваа диета е скоро иста со таа од Жан Митрев која исто така се држи 5 дена, само што овде 6 и 7 ден ти се слободни (значи можеш да јадеш што сакаш) и после тоа пак ја почнуваш одново.
Во понеделникот ја почнав, значи денес ми е четврти ден. Не се мерев до сега, планирам утре да се мерам. Плус вежбам фитнес три пати неделно а кога сум дома по пола саат вежбам со тегчиња. Ќе видиме резултати, планирам во три серии по 5 дена да ја држам.
Мене ми е денес 5ти ден и нема некоја разлика, само едно килце. Јас не знам зошто вака, а не правам некои отстапки, ако се рачуна тоа што пијам цедевита еднаш дневно ? Може не ми одговара диетава, ај ќе пробам уште 5дена да ја држам па ќе видиме, може треба време за да се видат резултати.
Јас денес ја почнувам само место крекери двопек јадам интегрален .. на пример 4 крекери јас јадам 2 двопека