Дали ви е тешка за држење оваа диета? Јас сакам да ја почнам ама ми е страв да не си го зафркнам здравјево нешто, да не ми ослаби крвта или да имам вртоглавици, па сакав да ве прашам дали ви се случило вам нешто од ова. Поздрав
^^ Мене не ми се случило досега да имам вртоглавици или било какви други тегоби од оваа диета, освен да ми се згади засекогаш од домат со сол и од варени јајца. Споменав некаде дека најтешко ми беше да ги јадам работите по редослед. Има некаде мислам месо па портокал, или домат па портокал, и тоа дефинитивно ми е проблем. Ама резултати има, така да...
Најмногу сакам да ја држам дека има брзи резултати, а моментално мислам дека треба да намалам 2-3 кила, па затоа подолго време ја меркам оваа диета. Ке ја пробам, ке почнам од утре, па ќе видам како ќе е Tnx Трендафилка
Голема грешка,ти мислиш ништо не е,ама двопоекот е страшно многу калоричен.Мит е тврдењето дека е диетален,плус 4 крекери ни приближно не се колку 2 двопека. Инаку,мене најтешко ми беше да јадам протокал...не можам да го смислам...ме потсетува на зима и настинки и не го сакам,ниту мирисот му го поднесувам.Само сок од портокал сакам,а инаку воопшто по торти,како овошје бљак...не го можам,а во суштина така за сите цитрусни овошја.
Тоа е мноооогу,половина од калориите во вкупната диета...а во еден крекер има 10 калории...барем така пишуваше на тие што јас ги јадев.
ај кажи ми како се викаат тие крекери? јас со двопек ја праев ама јадев 50 гр на ден... од оние малите шо се, едно парче е 8 грами, ја јадев 6-7 такви малечки на ден
И јас мислев со двопек, наместо крекери! Ама ако не смее ќе купам крекери! Иначе прво психички се подготвувам за диетава Здравје, од вторник најкасно среда ја почнувам.. па ќе ви пишам како ќе напредувам ...
Мене диетава не ми успеа, јас имам брз метаболизам, често одам во веце. Ама со диетава и со мешањето на овошје со месо, јајца и кекси ептен ми се успори. Се чудев како е можно ни еднаш во денот да не отидам во веце. А баш мерак ми беше кога ја почнав, мислев дека ќе успеам да симнам некое килце
Ја почнав денес. Значи прв ден Само затоа што немав крекери, земав двопек! Знам дека не треба, ама немав а сакав да ја почнам, затоа подоцна ќе одам и ќе купам. Иначе добро е сеа за сеа Портокал, па двопек и сега еве пијам кафе незасладено Ќе ви кажувам како ќе напредувам.. поздрав
Еве денес ми е втор ден, сега ручам..можда е малку доцна, ама па во 13и30h ми беше доручекот Вчера поминав супер, имавв кризи за јадење..мммм благо Ама не земав ништо.. а денес..леле имав гости, полна маса најразлични јадења, а јас седам со нив и пијам незасладено кафе морам да ви признаам се чудеа Иначе да ви кажам кризите за храна се навечер.. И гледам да не сум дома, затоа што ако остана... НЕ ЗНАММ!! Вчера ја викнав братучедка ми да играме карти, а веднаш штом ме напушти она, отидов кај другарка ми, гледавме филмови Истото го планирам и вечерва.. поздрав
охоооо ајде со среќа! јас 2-3 дена пак ја издржав и после ..... хахаха на одмор сум на 2ри август па имам време да ја почнам пак лол
Ахаамм..мене еве веќе вториов ден заврши добро, не земав ништо ван диетата Па и јас ќе идам во август на одмор.. Ама не се откажувам бе.. сакам да си бидам згодна.. а не прасе Планирам барем 10 дена да ја држам..па ќе видиме Имам кризи бе..ми се јаде Ама ќе издржамм..МОРА !! Обично кризите се навечер.. Уфф. Не се издржува..Особено денес кога гостите се прејадоа од разновидната храна и благите.. Мммм колку сакав да земам и јас, ама не земав Ајде утре 3 ден. Се надевам деќа ќе издржаммм.. А прочитав дека многу се иде во WC па јас и вчера само два пати бев.. Онака баш ми е нормално.. А и да морам да кажам дека стомачево, многууу малце ми е намалено..тоа ме теши. Не се забележува, ама така се осеќамм..
види, првите 2-3 дена е водата после мастите... ти цепај си и гајле немаш, од утре морална поддршка од мене ке добиеш, морам 10 дена барем... абе јас имам само 5-6кг вишок барем според мене и срамота е да не ослабам така да од утре тука сум, онака со голема надеж сум и ја дека веќе стварно ке ја фатам асално диетава
Да да знаммм Договорено бе..ќе си се тешиме една со друга Па и мене, не ми фали многу..и јас сакам 5-6 кг. Сакам да имам рамно стомаче..затоа почнав да ја држам диетава..па стварно е срамота, ако не успеемее.. Јас па првв пат ја почнувам и не се откажувамм Ајде почни и ти..и известувај ме како иде.. поздрав
Лудото19 ја почна ли? До кај си? Јас дури сега ручав, касно е знам..ама што да правам касно станав Не знам..ама некако омалаксана сум.. и ми кркорат цревата..ми се јаде