Ехх..епа супер чим така Па не знам..таков период имам само на јадење мислам, или пак - забранетото е послатко Добро помина третиов ден..ајде утре четврти !!
Абе дечки имам држено илјадници диети, и џабе е верувајте!!! На крај пак се враќаат килограмите, башка и крвта слабее што било тоа еден потокал, пола чаша јогурт едно јајце па тоа ли е јадење?? На крај в болница ќе се заврши. Најдобра диета, - пола од тоа што јадете. Смалете се на пола и ќе видете дека така е најдобро. Се слабее, јадеш се, само треба малку да се вежба. Јас така ослабев 18 кила, а јадев дури и благо кога ќе ме фатеше криза.
ретко кој е вака паметен. За слабеење треба само да се внимава што се јаде и да се вежба, без никакви диети и чаеве, а за хемикалии некои не доаѓа во обзир
Ја почнав диетава, 3ти ден ми е ама сум тотално омалаксана! Имунитетот ми е на 0, али ќе се издржи уште 2 дена некако Инаку си ја заменив плескавицата со сојна шницла на скара приготвена, дека сум вегетаријанка.
Јас кога ја држев диетава јадев од едни " Пардон " мали крекери. Можат да се најдат по маркетиве. Еве сликичка
Ја ја знам диетава малце изменета на вујко ми од кардиологија му ја дадоа и одсабајле немаш крекери туку двопек и се држи од понеделник до петок а во сабота и недела имаш пауза и си јадеш нормално.
Jас ја држев оваа диета и за три недели ослабев 9кг само што јас наместо плескавица имав варено пилешко а јогуртче си пиев малку повеке оти го обожавам.Инаку се осекав многу убаво и лесно уште првата недела а и не ми се јадеше.Според мене е добра но диета си е диета килограмите се вракаат ,после подолго време но се вракаат.
Во кам има убави крекери,тамам доаѓаат и се пакувани по 5 во целофанче и сите заедно во едно големо пакување. Јас деновиве сум на една диета тн нервоза,ама од онаа што не се познава,а ти тлее...за два дена 2 килограми.На храна не ти текнува,а па не да ја конзумираш,а кога ќе ја видиш ти се слошува.
јас полоша диета од оваа неам држено. Ја држев 5 дена и ослабев некои 3-4 кила, но не вредеше. Ова е чисто гладување и грозотии никад нема да ја држам пак. Секој ден додека ја држев бев мизерна и плачев и ништо не ми беше по ќејф шо се вика така да мислам дека доволно е да се јаде здрава храна повеќе и да се вежба и не ви треба диета
Најлошата диета што ја имам држено. Прво цело време гледав во листот со пропишаните намирници...од што ми беше малку храна ни мозокот не ми функционираше како што треба па не можев 3 работи да запамтам. Второ некои комбинации беа одвратни па не ми се ни јадеа па седев гладна како волк. Трето за викенд јадев нормално а имав чувство дека се што сум симнала во текот на неделата пак се наталожило, што беше чиста вистина. Значи не мрднаав ни кило....џабе маката...
Прво ги прочитав сите 14 страни пред да се нафатам на диетава, гледам сите викаат има негативни ефекти, ама брзиот резултат ептен ме привлече. Денес ми е трет ден, и не сум гладна, можеби малце навечер, ама ништо страшно, омалаксана исто не сум, можеби уште е рано, не знам. Планирам да пијам витамини од утре, треба да си купам. Инаку се се трудам да јадам по ред, само што нешто исфрлам, не ми се јадат толку многу домати и јајца, и наместо телешко месо јадев риба и пилешко овие 2 дена, телешко месо не јадам. Не се измерив првиот ден, така да не знам колку точно намалив за овие 3 дена, ама сепак полесно се чуствувам.
Nekoi ja narekuvaat medicinska,a nekoi na Zan Mitrev...bitno stanuva zbor za istata dieta. Ja imam drzeno nekolku pati,mnogu e naporna,no navistina dava rezultati. Najbitno e da ne se preteruva so jadenje za vreme na vikendite. Majka mi oslabe 15 kg so ovaa dieta,jas za dve nedeli 10 i posle dolgo vreme gi nemav povrateno. Mene mi e problem sto veceram.Ako na nekoj ne mu e problem vecerata,sigurno ke ja izdrzi.
Девојки оваа диета има уште еден дел кој вели:килограмите после диетата нема да ги вратите доколку јадете нормално,освен секој понеделник кога треба да јадете: доручек:1 чаша сок од лимон ручек:1 јаболко,1 двопек вечера:1 варено јајце,1 домат,1 двопек.
Изгледа диетава функционира.Денес ми е трет ден и -2кг на вага.. Скептик бев..ми требаа 4-5кг помалце.И сеуште си велам вагата не е во ред
диетата е супер јас ја имам дрзено ама баш 3 недели и ослабнав малку но трајно мислам и дека тоа е баш така затоа што и немав несто многу за симнување ослабнав4-5 кила иако многу строго ја дрзев колку пишува толку по редослед итн..везбав и по 45 мин аеробик не се осеќав слабо него бас супер.само тоа бесе пред 6 години отприлика па сеа ми се наметна едно прашање до вас кои знаат бидејќи тогаш не пиев кафе а сега да тука си има и кафето строго ред..па дали доколку излезам на кафе со друштво во било која доба во денот мозе кафе?кисела вода?или смао обична?фала ви ако некој ми одговори..баш се потсетив читајки ја темава дека мозе е време да се понови зашто да не сепак ако не за друго шовек се става во ред...поздрав дечки Срекна нова